Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до: Коринтјаните

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Во текот на овој квартал, учениците на саботната школа ширум светот ќе го проучуваат Павловото евангелие откриено во неговите посланија до Коринтјаните.

Повремено, Павле работел сам на своите мисионерски патувања. По неговата посета на Атина, околу 51. година од новата ера, тој пристигнал во Коринт, напредниот центар на управување и трговија на римската провинција Ахаја. Овој раздвижен град во тоа време бил пет пати поголем од Атина. Неговите улици биле полни со Грци, Евреи, Римјани и патници кои биле желни за трговија и задоволство, не размислувајќи или грижејќи се многу за она што е над земното. Овој град бил речиси целосно препуштен на идолопоклонство, особено на сетилните задоволства.

Додека престојувал во овој град на странци, Павле се издржувал со физичка работа, за да не може никој погрешно да ги протолкува неговите мотиви во проповедањето на Евангелието. Таму се сретнал со двајца христијански верници, Акила и Прискила, соработници во изработка на шатори кај кои престојувал (Дела 18:1-3). Тој работел цел ден, а ноќе поучувал и „се расправаше по синагогите секоја сабота и ги победуваше Евреите и Грците“ (Дела 18:4).

Какви аргументи користел Павле за да придобие души во Коринт? Во Атина, тој користел разработени аргументи со логика и наука за да ги привлече интелектуалните умови на овој софистициран центар на уметноста и науката - но без ефектот што тој го сакал. Затоа, за разлика од тоа, објаснувајќи го својот пристап кон Коринтјаните, тој сведочел: „И јас, браќа, кога дојдов кај вас, не дојдов да ви го соопштам Божјото сведоштво со возвишена беседа или мудрост, бидејќи бев решил да не знам меѓу вас ништо друго освен за Исус Христос, и тоа - Распнатиот. И јас пристапив меѓу вас со немоќ, и страв, и со голема растрепереност. И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата, та верата ваша да не почива на човечката мудрост, туку на силата Божја“ (1 Коринтјаните 2:1-5).

Зошто оваа тема би ни била корисна денес? Интересно е што филозофијата и начинот на живот во Коринт се многу слични со оние кои преовладуваат во нашето општество. Зарем луѓето денес не се „себељубиви... повеќе сластољубиви отколку богољубиви, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај“ (2. Тимотеј 3:2,4,5)? Во Коринт, навиките и обичаите на грчката култура биле вткаени во главите на луѓето, а одвратните, неморални практики спротивни на јудео-христијанските норми на однесување биле широко распространети. Народот требало да биде поучен и целосно втемелен во чистите, неизвалкани вистини за Христа и тоа распнатиот - како што и сите ние правиме денес.

Имајќи го ова на ум, нашата молитва е учениците на саботната школа ширум светот да бидат зајакнати и благословени со изучувањето на овие важни лекции!

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>