Back to top

Sabbath Bible Lessons

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН (ТРЕТ ДЕЛ)

 <<    >> 
САБОТА, 12 ЈУЛИ 2025 2 ЛЕКЦИЈА
Триумфално влегување „Кажете и на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток, качен на магарица со младо магаре“ (Матеј 21:5).
Предлагаме да прочитате:   Копнежот на вековите, 558–564. 
„Христос дошол да го спаси Ерусалим со неговите деца, но фарисејската горделивост, лицемерност, љубомора и злоба Го спречиле да ја оствари Својата намера.“ — Копнежот на вековите, стр. 577.

1. НА МАСЛИНОВАТА ГОРА Нед , 6 јули
а. Додека Исус и учениците се приближувале кон Ерусалим, со какви упатства испратил двајца од нив напред? Матеј 21:1-5. „Со намера јавајќи да влезе во Ерусалим, Исус испратил двајца Свои ученици да му доведат една магарица и осле. При Своето раѓање, Спасителот зависел од гостопримството на туѓинците. Јаслите во кои лежел биле позајмени од друг. Сега, иако добитокот по илјадниците ридови е Негов, Тој зависел од љубезноста на непознат човек, кој требало да му даде животно на кое ќе влезе во Ерусалим како негов Цар.“ — Копнежот на вековите, 569, 570. б. Опишете што направиле учениците. Матеј 21:6,7. „Учениците со големо воодушевување ја ставиле својата облека на магарето и го качиле на него својот Учител. Дотогаш, Исус секогаш патувал пеш и затоа учениците се чуделе што сега се согласил да јава. Меѓутоа, надежта на нивното срце била разведрена од радосната мисла дека Тој наскоро ќе влезе во престолнината, да се прогласи за Цар и да ја преземе Својата царска власт.“ — Копнежот на вековите, 569.

2. РАДОСЕН МОМЕНТ Пон , 7 јули
а. Што направило мноштвото луѓе кога слушнало дека Исус доаѓа во Ерусалим? Јован 12:12,13. „Попатно, тие ги известувале Исусовите пријатели за своите блескави надежи, така што возбудата толку се раширила, што очекувањата на народот достигнале кулминација.“ — Копнежот на вековите, 569. б. Што го поттикнало народот на таа радосна прилика да Го прославува Исус како Месија? Захаријa 9:9; Јован 12:14, 15. „Христос се придржувал кон еврејскиот обичај за царско доаѓање. Животното на кое Тој јавал било истото на кое јавале и израелските цареви, и пророштвото велело дека и Месијата така ќе дојде во Своето царство. Кога се качил на магарето, низ воздухот се разнел гласен победоносен извик. Мноштвото го поздравувало како Месија, нивниот Цар. Исус тогаш го примил поклонението кое никогаш дотогаш не го дозволил, а учениците тоа го сметале како доказ дека нивните радосни надежи ќе бидат остварени со тоа што Тој ќе седне на престолот.“ — — Копнежот на вековите, 570. в. Како народот, копнеејќи по избавување, со радост ги повторувал зборовите на псалмистот? Матеј 21:9; Псалм 118:26. „Мноштвото било уверено дека е близу моментот на нивното ослободување. Во својата фантазија, луѓето веќе гледале како римските армии се протерани од Ерусалим и како Израел уште еднаш станува независна нација. Сите биле среќни и возбудени; луѓето се натпреварувале кој ќе Му укаже поголема чест. Тие не можеле да му пружат надворешен раскош и елеганција, но Го обожавале во своите среќни срца. Не биле во можност да Му даруваат скапи подароци, но ги постилале на патот своите облеки како килим и го опсипувале патот со маслинови и палмови гранчиња. Не можеле да одат пред триумфалната поворка со царски знамиња, туку сечеле широки палмови гранки природен симбол на победа и мавтале со нив заедно со нивните гласни извици и повици на пофалба.“ — Копнежот на вековите, 570.

3. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРОРОШТВОТО Вто , 8 јули
а. Како реагирале некои од фарисеите кога луѓето Му оддавале пофалби на Христос? Јован 12:19; Лука 19:39. „Многумина од фарисеите биле сведоци на сцената и горејќи од завист и злоба, се обидувале да ги потиснат чувствата на народот. Со сиот свој авторитет се труделе да го замолчат народот, но нивните апели и закани само уште повеќе го зголемувале воодушевувањето. Тие се плашеле дека тоа мноштво, потпирајќи се на својата бројка, ќе го прогласи Исуса за цар. Користејќи го како последно можно средство, тие се пробиле низ мноштвото до Христа и Му се обратиле со зборови на прекор и закана: „Учителу, забрани им на Твоите ученици”. Тие тврделе дека таквата врева е незаконска и дека властите нема да ја толерираат.“ — Копнежот на вековите, 572. б. Кој одговор им го дал Христос? Лука 19:40. „Самиот Бог ја одредил таа триумфална сцена. Тоа го претскажал пророкот, а човекот бил немоќен да ја спречи Божјата цел. Кога луѓето не би го оствариле Неговиот план, Бог би дал глас на безживотните камења и тие би го поздравиле Неговиот Син со извици на благодарност.“ — Копнежот на вековите, 572.„Како што свештениците и управниците не можат да ја лишат земјата од сјајот на сонцето, така не можат ни да го запрат зрачењето на славата од Сонцето на Правдата. И покрај сето противење, народот го призна царството на Христос.“ — God’s Amazing Grace, p. 47.„Делото Божјо секогаш ќе напредува, и покрај сè што луѓето можат да направат со намера да го спречат или урнат.“ — The Story of Jesus, p. 85. в. На кој начин овој прекрасен излив на радост претставувал исполнување на пророштвото, како што тоа го препознале мнозина од народот? Захарија 9:9. „Додека замолкнатите фарисеи се повлекуваа, зборовите на Захарија беа подигнати од стотици гласови (Цитиран Захарија 9:9).“ — The Story of Jesus, 572–575.

4. СИТЕ ОЧИ НАСОЧЕНИ КОН ХРИСТОС Сре , 9 јули
а. Со каква цел Исус дозволил толку голема поворка на денот на Неговото триумфално влегување во Ерусалим? Јован 12:16, 23–28. „Никогаш порано во Својот земен живот, Исус не дозволил таква демонстрација. Тој јасно ги предвидел последиците. Тоа ќе Го одведе на крст. Меѓутоа, Негова цел била на тој начин јавно да се прикаже како Откупител. Сакал да го сврти вниманието на жртвата која ќе ја круниса Неговата мисија во паднатиот свет. Додека народот се собирал во Ерусалим за да ја прослави Пасха, Тој остварувањето на симболот, вистинското Јагне доброволно се дал Себеси за жртва. Неговата смрт за гревовите на светот, ќе мора во сите наредни векови да биде предмет на длабоко размислување и проучување во Неговата црква. Секој факт во врска со тоа мора да биде проверен, така што нема да остане ниту сенка на сомнеж. Затоа, во тоа време било потребно очите на сиот народ да бидат насочени кон Него, па настаните кои претходат на Неговата голема жртва да бидат такви, што ќе го свртат вниманието на самата жртва. По таквото Негово влегување во Ерусалим, сите внимателно ќе набљудуваат како Тој бргу се приближува кон завршната сцена на Својата мисија.Настаните поврзани со тоа триумфално јавање ќе бидат предмет на секој разговор и Исус ќе биде предочен на нивното внимание. По Неговото распнување, многумина ќе се сетат на овие настани во врска со Неговото судење и смрт. Тие ќе бидат поттикнати да ги испитуваат пророштвата и на тој начин ќе стекнат уверување дека Тој навистина бил Месијата и во сите земји ќе се зголеми бројот на оние кои пристапуваат на верата.“ — Копнежот на вековите, 571. б. На општо изненадување, што направил Исус додека го посматрал целиот град и зошто? Лука 19:41-44. „Среде општата радост, кога сите Му оддавале почест, Царот на Израел бил во солзи, а тоа не биле тивки солзи радосници, туку солзи и офкања на неконтролирана агонија. Одеднаш мноштвото го обзела тага. Нивните извици стивнале. Многумина плачеле од сочувство кон една болка која не можеле да ја сфатат.Исус не плачел заради страдањата што го очекувале... Исусовото срце било прободено од сцената на Ерусалим, Ерусалим кој го отфрлил Божјиот Син и ја презрел Неговата љубов кој не сакал да биде убеден од Неговите моќни чуда и кој се подготвувал да му го одземе животот. Тој видел дека градот е виновен за отфрлање на својот Спасител.“ — Копнежот на вековите, 576.

5. ДОАЃАЊЕТО ВО ЕРУСАЛИМ Чет , 10 јули
а. Кога Исус влегол во Ерусалим, кое прашање го поставиле старешините и каков одговор добиле среде тој метеж? Матеј 21:10,11. „Кога поворката скоро почнала да слегува од Маслиновата Гора, поглаварите ги пресретнале, распрашувајќи се за причините на таа гласна радост. Кога прашале: ‘Кој е тој?’ учениците, исполнети со духот на вдахновение, одговарале елоквентно, повторувајќи вдахновени пророштва за Христа.“ — Копнежот на вековите, 578. б. Штом влегол Исус во градот, што направил во храмот? Матеј 21:12-16; Псалм 8:2. „Три години порано, поглаварите на храмот биле засрамени од тоа што бегале пред Неговата заповед. Подоцна се чуделе на својот страв и на своето безусловно покорување на еден понизен Човек. Сметале дека нивното недостоинствено покорување не можело да се повтори. Меѓутоа, Сепак биле исплашени повеќе од првиот пат, па брзо се покориле на Неговата заповед. Немало човек што би се осмелил да го доведе во прашање Неговиот авторитет. Свештениците и трговците побегнале од Неговото присуство, гонејќи го пред себе својот добиток...Кога мноштвото избегало, мнозина останале во храмот. Ним им се придружиле придојдените. Тремот на храмот бил повторно преполн со болни и со оние на умирање и Исус уште еднаш им служеше.“ — Копнежот на вековите, 591, 592.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет , 11 јули
1. На кој начин однесувањето на фарисеите често се повторува и денес? 2. Која била одликата на оние што му укажале чест на Исус како на ветениот Цар? 3. Зошто Исус можеби плаче над мене, како што плачел за Ерусалим? 4. Како пророштвото од Захарија 9:9 се исполни во оваа прилика? 5. Зошто Христос во оваа прилика дозволил толку радосна поворка и гласно славење?
 <<    >>