Чудесно бегство „Преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет“ (2 Петрово 1:4).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:
9 Сведоштво, 737–746.
Мисли од гората, 76-78.
„О, кога оние на кои толку им недостасува духовност, би можеле да сфатат дека вечниот живот може да им се даде само на оние што ќе станат соучесници во божествената природа, на оние што ќе ја избегнат расипаноста што постои во светот заради телесните желби“. – 9 Сведоштво, 155.
1. ПОСЛАНИЕ ИСПРАТЕНО СО ЦЕЛ Недела 30. јуни
а. Кому и зошто е упатено ова послание и како и на кој начин тоа било овозможено? 2 Петрово 1:1.„Колку величествена тема за размислување – праведноста на Бога и нашиот Спасител Исус Христос. Размислување за Христа и Неговата праведност не остава простор за самоправедност и самопрославување. Во постепениот, но континуиран напредок во познавањето на Исус Христос, како што е прикажано во ова поглавје, нема никаков застој“. – The SDA Bible Commen¬tary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 942.б. Додека искрено и горливо го бараме Бога во Неговата Реч, какви благослови изобилно ќе течат во нашите срца? 2 Петрово 1:2.„Ако човекот копнее по божествена природа, работејќи според планот на додавање, додавајќи особини кон особините во усовршување на христијанскиот карактер, Бог ќе работи според планот на умножување. Тој кажува во Својата Реч: ’Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат’ (2 Петрово 1:2)“. – 6 Сведоштво, 148.
2. БЛАГОСЛОВ НА ПОЗНАВАЊЕТО НА БОГА Понеделник 1. јули
а. Каква благословена надеж доаѓа до секој од нас и е особено добредојдена во тешки времиња? Еремија 24:7; Јов 22:21-23,29.„Нашата надеж постојано треба да ја поткрепува и засилува сознанието дека Христос е нашата правда. Нашата вера треба да лежи на тој темел, кој ќе постои вечно. Наместо да размислуваме за сатанскиот мрак и да се заплашуваме себеси со неговата сила, треба да ги отвориме срцата за примање на Христовата светлина и со таа светлина треба да го осветлиме светот, објавувајќи дека Христос е над моќта на сатаната, дека Неговата моќна рака ќе го поддржи секого кој се надева во Него“. – 5 Сведоштво, 742.б. Како што се повеќе и повеќе се запознаваме со Исус, каков ќе биде резултатот? Осија 13:4; Ефесјаните 3:17-19.„Ограничените погледи на мнозина за возвишениот карактер и служба на Христа, го намалуваат нивното верско искуство, и во голема мера го спречуваат нивното напредување во живеење побожен живот. Личната вера на нашиот народ е на низок степен. Формализмот и верата само со зборови се застапени во голема мера. Нашето верско искуство мора да биде подлабоко и потрајно“. – 5 Сведоштво, 743.„Исус рекол: ’бидејќи Отецот Сам ве сака’ (Јован 16:27). Ако нашата вера во Бога се зацврсти преку Христа, таа ќе се покаже ’а која е за нашата душа цврста и сигурна котва, и кој влегува дури зад завесата, каде што Исус за нас влезе најнапред’ (Евреите 6:19,20). Вистина е дека ќе доживуваме разочарувања, дека мораме да очекуваме неволи, но сето тоа треба да му го препуштиме на Бога, без разлика дали е мало или големо. Тој нема да се збуни од нашите бројни и разновидни жалби, ниту нашето бреме ќе Му биде претешко. Тој се грижи за секое семејство и го штити секој поединец, Тој сочувствува со нас во секоја наша грижа и жалост. Тој ја забележува секоја солза и има сомилост кон нашите слабости. Сите неволи и искушенија што нѐ снаоѓаат, Тој ги дозволил од љубов кон нас, за да ги спроведе Своите намери, ’да станеме учесници во Неговата светост’, а со тоа и соучесници во радоста што ја дава Неговото присуство.’Богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благовестието за славата на Христос, Кој е слика на (невидливиот) Бог’ (2 Коринтјаните 4:4). Но Библијата со најодлучни зборови ни зборува колку е важно да се стекне познание на Бога и Христа“. – 5 Сведоштво, 742.
3. БАРАЊЕ И НАОЃАЊЕ Вторник 2. јули
а. Опишете ја состојбата на светот денес. 1 Јованово 5:19. Сепак, колку Бог дал во Својата Реч? 2 Петрово 1:3.„Сатаната постојано се труди мислите на луѓето да ги обземе со оние работи кои ќе ги спречат да добијат знаење за Бога. Тој настојува да им наметне мисли кои ќе го помрачат нивното сфаќање и да ги обесхрабри нивните души. Ние се наоѓаме во свет на гревот и расипаноста, опкружени со влијанија кои ги примамуваат и обесхрабруваат Христовите следбеници. Спасителот рекол: ’и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади’ (Матеј 24:12). Мнозина ги концентрираат своите погледи на ужасното беззаконие кое постои околу нив, на отпадништвото и слабостите кои преовладуваат на сите страни, и постојано зборуваат за тоа, сѐ додека нивните срца не станат обземени со тага и сомнеж. Тие обрнуваат најголемо внимание на работата на архи-измамникот и се задржуваат на обесхрабрувачките факти од своето искуство, а притоа се чини дека ја губат од вид моќта на Небесниот Татко и Неговата неспоредлива љубов; сатаната токму тоа го сака. Голема грешка е да се мисли за непријателот на правдата како за некој кој поседува голема моќ, а истовремено малку да се размислува за љубовта на Бога и за Неговата сила. Мораме да зборуваме за Христовата сила. Ние сме потполно немоќни сами да се спасиме од мрежите на сатаната; меѓутоа, Бог ни го покажа патот по кој можеме да се спасиме. Синот на Највозвишениот доволно е силен за да се бори за нас; и преку Него ’Кој нѐ возљуби’ (Римјаните 8:37), можеме да бидеме повеќе од победници“. – 5 Сведоштво, 740,741.б. Како духовната победа е директно поврзана со искрената потрага по поголемо спознание за Бога? Дела 9:10; 15:14 (прв дел).„Познавањето на Бога е основа на секое вистинско обучување и секоја вистинска служба. Тоа е единствениот сигурен штит против искушенијата. Единствено тоа може да нè направи како Него во карактерот.Тоа е знаење што им е потребно на сите што работат за издигнување на своите ближни. Преобразувањето на карактерот, чистотата на животот, успехот во службата, верноста на вистинските принципи, сето тоа зависи од вистинското познавање на Бога. Ова познавање е најдобрата подготовка за овој и за животот што доаѓа“. – Здравје и среќа, 409.
4. МНОГУ ГОЛЕМИ И ДРАГОЦЕНИ ВЕТУВАЊА Среда 3. јули
а. Што можеме за жал да потцениме во нашиот христијански живот? 2 Петрово 1:4.„Ако сакаме да ги избегнеме тешките и непријатни искуства, мораме сесрдно и без одлагање да го градиме своето спасение со страв и трепет. Има мнозина што не даваат очигледни докази дека се верни на заветот направен при крштавањето. Формализмот, стремежот за почести во светот, гордоста и самољубието ја ослабнале нивната ревност. Нивната свест повремено се буди, но тие не паѓаат на Карпата - Исуса Христа. Тие не му приоѓаат на Бога со скршени срца во покајание и признавање. Тие што во срцето ќе го почувствуваат делувањето на вистинско обратување, во својот живот ќе покажуваат плодови на Духот“. – 9 Сведоштво, 155.„Кога цврсто ќе се потпреме на Христа, тогаш имаме власт и сила која ниедно човечко суштество не може да ја одземе. Зошто е тоа така? - Затоа што сме соучесници во божествената природа. Затоа што сме ја избегнале расипаноста која владее во светот заради телесните желби - учесници во природата на Оној што дошол на оваа Земја облечен во човечка природа, за да стане поглавар на човечкиот род и изгради карактер без ниедна дамка на грев.Зошто мнозина меѓу нас се толку слаби и неделотворни? Затоа што го насочуваме погледот само на себе, затоа што го проучуваме сопствениот карактер, затоа што се трудиме да си направиме место за себе, за својата личност и за своите особини, наместо да го проучуваме Христа и Неговиот карактер“. – 9 Сведоштво, 187.б. Каква промена се случува кај нас кога навистина цврсто се држиме до овие ветувања? Римјаните 3:31; 8:14.„Како христијани, ние се обврзавме дека ќе ги препознаеме и исполнуваме нашите одговорности и ќе му покажеме на светот дека сме тесно поврзани со Бога. На овој начин Христос треба да се открие преку побожните зборови и постапки на Неговите ученици..Бог бара од нас совршена послушност на Неговиот закон - израз на Неговиот карактер... Овој закон е одглас на Божјиот глас кој ни кажува: Посвети, да уште посвети. Посакајте ја полнотата на Христовата благодат; да бидете гладни и жедни за правда. Ветувањето гласи: ’Ќе се наситите.’ Нека вашето срце биде исполнето со силна желба за оваа праведност, чие дело, според словото Божјо, е мир, а нејзините ефекти ќе ви дадат вечна смиреност и доверба.Наша привилегија е да бидеме соучесници во божествената природа, откако избегавме од расипаноста што е во светот преку похота“. – Bible Training School, February 1, 1904.
5. ЧУДЕСНО ОДДЕЛЕНИ Четврток 4. јули
а. Објаснете ја Божјата волја за секое дете на човечкиот род. Јован 17:17; Псалм 119:151.„Бог бара да бидеме усогласени со Неговиот лик. Светоста е одраз на светлите зраци на Неговата слава од Неговиот народ. Но, за да ја одразиме таа слава, мора да соработуваме со Бога. Нашето срце и ум мора да бидат испразнети од сѐ што води кон погрешно. Божјата реч мора да се чита и проучува со искрена желба да се стекне духовна сила од неа. Небесниот леб мора да се јаде и асимилира за да стане дел од животот. На тој начин добиваме вечен живот. Тогаш се слуша молитвата на Спасителот: ’Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина.’Ангелите не можат да ги заземат нашите места; но тие се подготвени да соработуваат со нас во привлекувањето души кон Христа; и бараат да работиме во заедница со нив“. – Bible Training School, February 1, 1904.„Бог јасно кажал дека Тој бара од нас да бидеме совршени; и бидејќи тоа го бара, Тој имал намера да бидеме учесници во божествената природа. Само на тој начин можеме да бидеме успешни во нашата потрага по вечен живот. Христос ни дава сила за тоа“. – Bible Training School, February 1, 1904.б. Каков е Божјиот повик кон нас во моментов? 2 Коринтјаните 6:15-18; 7:1.„Творецот на вселената ти се обраќа како Татко полн со љубов. Ако во твоите склоности се одвоиш од светот, ако не дозволиш тој да те извалка, ако избегаш од расипаноста на светот во која тој западнал заради телесните желби, Бог ќе биде твој Татко, ќе те прими во Своето семејство и ти ќе станеш негов наследник. Наместо овој свет, доколку живееш живот во послушност, тој ќе ти го даде небесното царство, блаженство и вечен живот“. – 2 Сведоштво, 44.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок 5. јули
1. Од каде доаѓа поголема вера?2. Што можеби не успеав целосно да сфатам во врска со Божјата љубов кон мене?3. Како ми го одвлекуваат вниманието денешните „дрвја на спознанието на доброто и злото“?4. Што ќе се случи ако сум цврсто закотвен во Христа како никогаш досега?5. Според оваа лекција, како може да се усоврши мојот несовршен карактер?