Настојувајте! „Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите“ (2 Петрово 1:10).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:
9 Сведоштво, 186-188, 191-194.
„Оние кои вистински се преобратиле, со крштевањето се погребуваат со Христос како што Тој бил положен во гробот, а од водениот гроб стануваат како што Тој воскреснал од гробот, за да живеат нов живот. Со верна послушност кон вистината тие треба да го потврдат својот повик и избор“. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1115.
1. ПОВИК ЗА ТРУДОЉУБИВОСТ Недела 28. јули
а. Кој треба да биде најсериозниот приоритет во нашиот христијански живот? 2 Петрово 1:10. Зошто ова го вклучува крстот во нашето искуство? Матеј 10:38.„Бог поставил одредени карактерни црти како стандард; и секој кој со Христовата благодат ќе го достигне стандардот на Неговото барање, ќе има изобилен пристап во царството на славата. Сите што сакаат да го достигнат овој стандард на карактерот ќе мора да ги користат средствата што Бог ги дал за таа цел. Ако сакате да го наследите спокојот кој останува за Божјите деца, мора да станете Негов соработник. Ти си избран да го носиш Христовото јарем - да го носиш Неговото бреме, да го кренеш Неговиот крст. Треба да бидете трудољубиви да го ’зајакнете вашиот позив и избор.’ Пребарувајте го Светото писмо и ќе видите дека ниту еден син или ќерка на Адам не се избрани за да бидат спасени во непослушност кон Божјиот закон. Светот го отфрла Божјиот закон и го прогласува за неважечки; но христијаните се избрани за посветување преку послушност кон вистината. Тие се избрани да го носат крстот, ако сакаат да ја носат круната“. ¬– Fundamentals of Christian Education, p. 126.„Оној кој го избегнува крстот ја избегнува и наградата ветена на верните“. ¬– Sons and Daughters of God, p. 248.
2. БОРЕЊЕ СО БОГА Понеделник 29. јули
а. Додека се трудиме да ги совладаме нашите карактерни недостатоци - и со тоа да го зајакнеме нашиот повик и избор - каков пример ни дал Исус како Син Човечки додека бил на земјата? Евреите 5:7,8.„Градот бил обвиткан со тишина, учениците се вратиле во своите домови за да се освежат со сон, но Исус не спиел. Тој од Маслинската Гора упатувал на Својот Татко божествени молитви да ги сочува Неговите ученици од злото влијание на кое секојдневно наидуваат во светот, да ја зајакне Неговата сопствена душа и да Го зајакне за должноста и неволјите на утрешниот ден. Додека следбениците спиеле, нивниот божествен Учител се молел цела ноќ. Ноќната роса и слана паѓале на Неговата глава наведната во молитва. Неговиот пример треба да им послужи на Неговите следбеници.Вршејќи ја својата должност, Височеството на небото, Исус често се обраќал на Бога во сесрдна молитва. Тој секогаш не заминувал на Маслинската Гора, бидејќи Неговите ученици дознале за Неговото омилено засолниште и често оделе по Него. Одлучил да оди во тишината на ноќта, кога никој нема да Го вознемирува. Исус можел да исцелува болни и да подига мртви. Тој сам бил извор на благослови и сила. Им заповедал дури на бурата и грмотевиците и тие Му се покорувале. Бил без мани, чист од грев. А сепак се молел и тоа често со болни воздишки и солзи. Се молел за Своите ученици и за Себе самиот, поистоветувајќи се со нашите потреби, слабости и недостатоци кои се толку својствени за човечкиот род. Тој бил голем молител, без страстите на нашата падната, човечка природа, но опкружен со истите слабости, искушуван во сè како и ние. Исус преживувал маки поради кои му биле потребни помошта и поддршката на Неговиот Татко.Христос е наш Пример“. ¬– 2 Сведоштво, 508.б. Објаснете го резултатот од таквиот силен молитвен живот. Дела 4:13.„Исус живеел со живот на постојана доверба, поддржуван од постојана заедница; и Неговата служба била без пропуст или колебање и за Небото и за Земјата.Како човек, понизно се обраќал до Божјиот престол сѐ додека она што е човечко во Него не било исполнето со небесна струја, која го поврзувала човечкото со божественото. Примајќи живот од Бога, Тој им давал живот на луѓето“. ¬– Воспитување, 80.
3. ИСТРАЈНИ ВО ВЕРАТА Вторник 30. јули
а. Што се случува секогаш кога не успеваме да одржуваме постојана трудољубивост за да го зајакнеме нашиот повик и избор? Езекиел 33:13. Наведете пример.„Бог го покажал Своето незадоволство од тоа што Давид имал многу жени, со тоа што испратил казни врз него и дозволил злото од неговиот дом да се крене против него. Страшната несреќа што Бог дозволил да го снајде Давид, кој поради неговата чесност некогаш беше наречен човек според Божјото срце, е доказ за идните генерации дека Бог не оправдува никого што ги прекршува Неговите заповеди; виновникот сигурно ќе биде казнет, без разлика колку бил праведен и угоден на Бога во минатото додека го следел Господа во чистота на срцето. Кога праведникот ќе отстапи од својата праведност и ќе почне да прави зло, неговата поранешна праведност нема да го спаси од гневот на праведниот и свет Бог”. ¬– The Spirit of Prophecy, vol. 1, p. 379.„Постои вистина која мора да се прифати ако сакаме душите да се спасат. Држењето на Божјите заповеди е вечен живот за оној што ги прима. Меѓутоа, Светото писмо јасно покажува дека оние кои некогаш го знаеле патот на животот и се радувале на вистината се во опасност да паднат и да бидат изгубени. Затоа, потребно е одлучно, секојдневно обраќање кон Бога...Сите кои се обидуваат да ја поддржат доктрината за избор – еднаш во благодатта, секогаш во благодатта - го прават тоа против јасното: ’Така вели Господ’“. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1114.б. Наспроти ова, опишете каков треба да биде нашиот став и зошто секогаш мораме да имаме на ум една важна вистина. Езекиел 18:21; 1 Коринтјаните 15:1,2 (прв дел).„Мнозина сметаат дека заборавноста е доволен изговор и за најголемите пропусти. Но, зар тие не се надарени со умни способности како и другите? Ако е така, тогаш мора да го дисциплинираат својот ум да памети. Грев е да се биде заборавен, грев е да се биде немарен! Ако ја усвоите немарноста како навика, лесно можете да го занемарите и спасението на својата душа и на крај да утврдите дека не сте подготвени за Божјото царство”. ¬– Христовите поуки, 358.„Кога ќе ви се укаже можност, читајте ја; врежувајте ги текстовите во своето помнење. Дури и кога одите по улица, можете да издвоите некој стих и да го читате, да размислувате за него и така да го врежете во меморијата”. ¬– Патот кон Христа, 90.
4. ИЗБРАНИ ПО СВОЈ ИЗБОР Среда 31. јули
а. Каков ќе биде резултатот ако ги исполниме условите под кои го зајакнуваме нашиот позив и избор? 2 Петрово 1:10 (последен дел), 11.„Божјиот идеал за Неговите деца е повозвишен, отколку што може да досегне највозвишената човечка мисла. ’Бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко’. Таа заповед е и ветување. Планот на откупување го прави возможно нашето целосно избавување од силата на сатаната. Христос секогаш ја одвојува покајничката душа од гревот. Тој дошол да ги уништи делата на сатаната и овозможил Светиот Дух да биде даден на секоја покајничка душа за да ја чува од грешење.Не смее да се мисли дека моќта на искушувачот претставува извинување за некое лошо дело. Сатаната ликува, кога слуша како луѓето, кои се нарекуваат Христови следбеници ги оправдуваат маните во својот карактер. Токму тие оправдувања водат во грев. Нема оправдување за гревот. Светиот темперамент и животот сличен на Христовиот, му е достапен на секое Божјо дете што се кае и што верува”. ¬– Копнежот на вековите, 311.б. Како изборот на благодатта преку моќта на нашиот избор е прикажан во животот на Јаков и Исав? 1 Петрово 1:2 (прв дел); Римјаните 9:10–14; 11:4, 5.„Исав и Јаков добиле потполно исто воспитание и сознание за Бога и обајцата слободно можеле да живеат според Божјите заповеди и да заслужат негова наклоност, но не постапиле обајцата на ист начин. Двајцата браќа се упатиле по различни патишта и нивните патеки сѐ повеќе се оддалечувале една од друга.Затоа што имал можност да бира, Бог не го отфрлил тирански Исава лишувајќи го од правото на благословите на спасението. Даровите на неговата милост преку Христа слободно му се достапни на секого. Човекот се запустува единствено ако сам, со сопствен избор, јури во пропаст. Бог во својата Реч ги изнел условите под кои секоја душа може да биде избрана за вечен живот послушност на неговите заповеди со вера во Христа. Бог го избрал карактерот кој е во целосна хармонија со неговите закони, и на секого што ќе ја постигне мерката поставена во неговото барање ќе му биде дозволено да влезе во царството на славата... ’Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат низ портите во градот’ (Откровение 22:14). Тоа е единствена можност на избор изложена во Божјата реч во врска со конечното спасение на човекот”. ¬– Патријарси и пророци, 207.
5. ДРЖЕТЕ СЕ ДО ПОБЕДНИКОТ Четврток 1. август
а. Како апостол Павле го опишува својот духовен напредок? Филипјаните 3:12-14.б. Како знаеме дека победата е можна во Христа? Филипјаните 1:6; Јуда 24; 1 Коринтјаните 1:30.„Ние се спасуваме искачувајќи се скалило по скалило по тие скали, угледувајќи се на Христа, држејќи се цврсто за Него, качувајќи се чекор по чекор до Неговата висина, така што Тој ќе ни стане мудрост, праведност, посветување и откупување. Верата, разумот, воздржувањето, трпението, побожноста, братољубието и љубовта кон Бога тоа се скалила на овие скали...Не е лесно да се заслужи непроценливото богатство на вечниот живот. Никој не може тоа да го заслужи, ако се препушти по струјата на овој свет. Ние мора да излеземе од светот, да се одвоиме и да не се допираме до ништо нечисто. Никој не може да постапува како светот, а световната струја да не го понесе со себе. Никој не може да се из дигне без истрајни напори. Секој кој сака да победи, мора цврсто да се држи за Христа. Тој не смее да гледа наназад, туку својот поглед мора да го држи постојано насочен нагоре, стекнувајќи позитивни особини една по друга. Личната будност е цена на безбедноста. Сатаната игра животна игра за вашата душа. Не свртувајте ниту малку на негова страна, за со тоа да не му дадете предност над себе.Ако некогаш стигнеме на небо, тоа ќе биде само благодарение на поврзувањето на своите души со Христа, на потпирањето на Него, како и на одвојувањето од светот, од неговите лудости и заведувања. Во таа цел мораме да соработуваме со небесните битија“. – ¬6 Сведоштво, 147,148.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок 2. август
1. Каква врска има крстот со мојот живот?2. Зошто интензитетот на мојот молитвен живот е толку важен за спасение?3. Што предизвикува човекот да падне пред искушението?4. Објасни зошто Бог го прифатил Јаков кој погрешил, а Исав бил отфрлен.5. Цитирај некои ветувања што треба да ги имаш на ум додека се трудиш да ги надминеш?