Ревносно искачување по скалата „Затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност“ (2 Петрово 1:5,6).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:
Здравје и среќа, 497-502.
„Петар ни ја претставува скалата на вистинското посветување, чија основа лежи на земјата, додека највисокото скалило достигнува до престолот на Бесконечниот. Со еден напор не можеме да стигнеме до врвот на оваа скала. Мора да се искачуваме скалило по скалило. Во оваа борба ни се заканува опасност да станеме зашеметени, да се онесвестиме, па дури и да паднеме ако нашиот поглед не го насочиме нагоре, гледајќи кон Исуса, Зачетникот и Довршувачот на нашата вера“. – The Review and Herald, December 1, 1885.
1. СУШТИНСКИ ВАЖНА ХРИСТИЈАНСКА ОСОБИНА Недела 7. јули
а. Кој е следниот чекор во ревносно градење на нашата вера? 2 Петрово 1:5 (прв дел).„Кога сме ја примиле верата на евангелието, прва должност ни е на својата вера да додадеме доблести и чисти начела и на тој начин својот ум и срце да ги очистиме за да можеме да го примиме вистинското знаење“. – 1 Сведоштво, 552.„Да се биде секогаш на стража и да се спротивстави на злото претставува постојана борба; но се исплати да се извојува победа по победа над себе и над силите на темнината...Без чиста, неизвалкана доблест, никој никогаш не може да се искачи на почесна позиција. Сепак, благородните стремежи и љубовта кон праведноста не се наследени. Карактерот не може да се купи; тој мора да се формира со ригорозен напор да се спротивстави на искушенијата. Формирањето правилен карактер е дело на цел живот и е резултат на молитвено размислување поврзано со големата цел. Доблест на карактерот што го поседувате мора да биде резултат на вашите сопствени напори. Пријателите можат да ве охрабрат, но не можат да ја завршат работата наместо вас. Желбите, воздишките, соништата никогаш нема да те направат одличен или добар. Треба да се искачиш. Затоа, препаши ги бедрата на твојот ум и оди на работа со сета сила на волјата“. – Funda¬mentals of Christian Education, p. 187.
2. ЗНАЕЊЕ ПОТРЕБНО ЗА СПАСЕНИЕ Понеделник 8. јули
а. Опишете го видот на знаење што сме повикани да го постигнеме додека се искачуваме по скалата на Петар. 2 Петрово 1:5 (последен дел); Јован 17:3.„Апостолот пред верниците ги претставува скалилата на христијанското совршенство, чиј секој чекор претставува постојан напредок во спознанието на Бога, а во чие искачување нема застој...Првата задача на верникот откако ја примил верата во Евангелието е да додаде на својот карактер доблест, а со тоа да го очисти срцето и да го подготви умот да прими знаење за Бога. Ова знаење е основата на секое вистинско образование и секоја вистинска служба. Тоа е единствената вистинска одбрана од искушението и само таа може човекот да го направи сличен на Бога по карактер. Преку спознанието за Бога и Неговиот Син Исус Христос, на верникот му се дава ’сè што е потребно за животот и побожноста’. Ниту еден добар подарок не му се задржува на оној кој искрено сака да ја добие Божјата праведност“. – The Review and Herald, September 19, 1912.„Мораме да учиме за Христос. Мора да знаеме што е Тој за оние што ги откупил. Мораме да сфатиме дека преку верата во Него имаме привилегија да бидеме учесници во божествената природа и така да избегаме од расипаноста што постои во светот преку похота. Тогаш се чистиме од секаков грев, од сите недостатоци на карактерот. Не треба да задржиме ниту една грешна склоност...Како учесници во божествената природа, ќе ги искорениме сите наследени и негувани склоности кон злото од карактерот и ние стануваме жива сила за добро. Постојано учејќи од божествениот Учител, секојдневно причестувајќи се со Неговата природа, ние соработуваме со Бога во надминување на сатанските искушенија. Бог работи и човекот работи, за човекот да биде едно со Христа, како што Христос е едно со Бога“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Com¬ments], vol. 7, p. 943.б. Наведете друг вид на знаење кое е неопходно за христијанскиот раст. Псалм 77:6; 2 Коринтјаните 13:5.„Мораме да го согледаме своето сиромаштво и своите потреби за Христос да ни помогне. Мораме вистински да се познаваме самите себе. Христос може да го спаси само оној што е свесен дека е грешник. Само ако ја согледаме својата потполна беспомошност и ако се одречеме од самоувереноста, ќе можеме да се потпреме на божествената сила“. – 8 Сведоштво, 316.
3. НАМЕСТО ГУБЕЊЕ КОНТРОЛА - САМОКОНТРОЛА Вторник 9. јули
а. На која тема се фокусираат вдахновените учители на евангелието? Дела 24:24,25; Филипјаните 4:5.„Зборував со луѓето околу час и половина за Петровата скала на посветувањето, која се состои од осум скалила. Се осврнав на умереноста и важноста родителите да ги учат своите деца на самоодрекување и самоконтрола, како и да не им се препуштат на апетитот и вкусот на сметка на менталната, моралната и физичката сила.Поуките за самоконтрола и самоодрекување мора да се стекнуваат преку воспитувањето во детството и младоста. Апетитот мора да се заузда и негува, а оваа одговорна работа им е дадена на родителите. Младите во минатите генерации беа показател за општата состојба на општеството.Кога родителите би ја извршиле својата должност да постават трпеза со здрава храна, отфрлајќи ги надразнувачите и стимулансите, а во исто време ги научиле своите деца на самоконтрола и ги тренирале нивните карактери да развијат морална сила, сега немаше да се занимаваат со лавот на неумереноста. Откако ќе се формираат навиките на уживање, кои со текот на времето ќе станат се посилни, колку е тешко тогаш за оние кои не биле соодветно обучени во младоста да ги прекинат своите грешни навики и да научат да се зауздаат себеси и своите неприродни апетити! Колку е тешко да се поучуваат таквите и да се натераат да ја почувствуваат потребата од христијанска воздржаност, кога ќе достигнат зрелост! Часовите за воздржување треба да започнат додека бебето е сè уште во лулка“. – The Review and Herald, May 11, 1876.б. Кое е следното скалило на скалата - и зошто? 2 Петрово 1:6 (прв дел).„Бог не му дава на човекот дозвола да ги крши законите на неговото битие. Но, попуштајќи им на искушенијата на сатаната да се препушти на неумереноста, човекот ги потчинува своите повисоки способности на животинските апетити и страсти, а кога тие ќе добијат надмоќ, човекот, кој е создаден малку пониско од ангелите, со особини што можел на највозвишен начин да ги облагороди, се потчинува на сатанската власт. Непријателот лесно допира до оние кои се робови на апетитот. Преку неумереноста, некои жртвуваат половина, а некои две третини од своите телесни, ментални и морални способности. Оние кои сакаат да имаат бистар ум за да ги препознаат измамите на сатаната, мораат да ги потчинат своите телесни желби на разумот и совеста. Моралот и енергичното делување на повисоките сили на умот се од суштинска важност за усовршување на христијанскиот карактер“. – The Health Reformer, March 1, 1878.
4. ТРПЕНИЕТО Е НЕВОЗМОЖНО БЕЗ ВОЗДРЖУВАЊЕ Среда 10. јули
а. Како воздржаноста (умереноста) води до следната важна особина на скалата? 2 Петрово 1:6 (среден дел); Лука 21:19.„Секоја навика или практика што ги ослабува нервните и мозочните сили, или физичката сила, го спречува развојот на следната благодат што доаѓа по воздржаноста - трпението...Човек кој е неумерен, кој користи стимулативни задоволства - пиво, вино, силни пијалаци, чај и кафе, опиум, тутун или која било од овие штетни материи - не може да биде трпелив човек. Тогаш, воздржаноста е скалилото на скалата на кое мораме да ги поставиме нашите нозе, пред да можеме да ја додадеме благодатта на трпението. Во храната, во облекувањето, во работата, во редовното работно време, во здравото вежбање, мора да бидеме водени од знаењето што сме должни да го стекнеме, за да можеме со сериозен напор да се поставиме во правилен однос кон животот и здравјето“. – Our High Calling, p. 69.б. Како воздржаноста помага да се развие трпеливост — и зошто и двете особини се толку важни во последните денови од историјата на Земјата? Откровение 14:12.„Злоупотребата на желудникот и попуштањето на апетитот се најчести причини за повеќето црковни неволји. Оние што се неумерени и неразумни во јадењето и работата, неразумни се и во своите зборови и постапки. Неумерениот човек не може да биде трпелив. Неумерени не се само оние што пијат алкохолни пијалаци. Гревот на неумереноста во јадењето, пречестите и преобилни оброци, јадење премногу богата и нездрава храна го попречува здравото функционирање на органите за варење, неповолно влијае на мозокот, го изопачува расудувањето, и човекот станува неспособен разумно, трезвено и здраво да мисли и работи. Токму тоа е извор на постојани тешкотии и расправии во црквата. Поради тоа, за припадниците на Божјиот народ да Му бидат угодни, прославувајќи го и со телото и со душата, мораат ревно да се спротивставуваат на задоволувањето на апетитот, трудејќи се во сѐ да бидат умерени. Тогаш ќе бидат во состојба јасно да ја сфатат вистината во сета нејзина убавина и да живеат според неа, и со својот разумен, мудар и доследен живот да не им даваат на нашите непријатели никаква прилика да ја напаѓаат и исмеваат вистината“. – 1 Сведоштво, 618.
5. ПРЕКРАСЕН РЕЗУЛТАТ НА ТРПЕНИЕТО Четврток 11. јули
а. Што треба да развие вежбањето на трпението кај нас? 2 Петрово 1:6 (последен дел).„Нетрпеливоста води до расправии, обвинувања и тага; а трпението го истура мелемот на мирот и љубовта во искуствата од домашниот живот. Кога ја применуваме скапоцената благодат на трпение кон другите, тие ќе го одразуваат нашиот дух и ќе бидеме собрани кај Христа. Трпението ќе се залага за единство во црквата, во семејството и во заедницата. Оваа благодат мора да биде вткаена во нашите животи. Секој мора да се качи на ова скалило на христијанскиот напредок и на верата, добродетелта и воздржаноста да ја додаде благодатта на трпението.„’Кон трпението побожност.’ Побожноста е плод на христијанскиот карактер. Ако останеме на Лозата, ќе го донесеме плодот на Духот. Животот на Лозата ќе се манифестира преку гранките. Ако сакаме да ја носиме благодатта на побожноста, ние мора да имаме близок и интимен однос со небото. Исус мора да биде гостин во нашите домови, член на нашето домаќинство, ако го одразуваме Неговиот лик и покажеме дека сме синови и ќерки на Севишниот. Побожноста е прекрасна доблест во домот. Ако Господ остане со нас, ќе чувствуваме дека сме членови на Христовото семејство. Ќе сфатиме дека ангелите нѐ набљудуваат и нашето однесување ќе биде љубезно и трпеливо. Негувајќи учтивост и побожност, ќе се подготвиме за влез во небесните дворови. Нашиот разговор ќе биде свет, а нашите мисли насочени кон она што е небесно.Енох одел со Бога. Тој го почитувал Бога во секоја сфера од својот живот. И дома и додека бил зафатен со работа, тој се прашувал: ’Дали ова ќе му биде угодно на Бога?’ Сеќавајќи се на Бога и следејќи ги Неговите совети, неговиот карактер се променил и станал побожен човек чии патишта му биле угодни на Бога“. – The Review and Herald, February 21, 1888.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок 12. јули
1. Зошто треба да негувам активни и пасивни христијански доблести?2. Како можам подобро да го запознаам Бог - и зошто е тоа неопходно сега?3. Во кои области од мојот живот треба да покажам поголема воздржаност?4. Зошто е толку важно трпението во едно сѐ понепријателско и агресивно општество?5. Каде и како се манифестира побожноста, како што се гледа во примерот на Енох?