Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (II)

 <<    >> 
Дар во првата сабота Одделот за образование на Генералната конференција Сабота, 3. август 2024. Образованието, како и посветувањето, е доживотна задача и суштински дел од човечкото искуство. Оваа сабота, ја бараме вашата поддршка за да му помогнете на овој важен дел за црквата да го прошири своето влијание. Ние треба да научиме да бидеме мисионери уште од нашите најрани години. ’Секој вистински ученик се раѓа за Божјото царство како мисионер.’ - Копнежот на вековите, 195. ’И пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш.’ (Второзаконие 6:7). И кога победата ќе биде обезбедена, а гревот и грешниците ги нема, делото на образованието ќе продолжи. Сега, како никогаш досега, нашата црква мора да биде подготвена да обезбеди материјали што родителите можат да ги користат за да воспостават соодветна образовна основа за своите деца, младите да растат во познавањето на Божјата волја, а возрасните да продолжат да се збогатуваат. За жал, повеќето образовни институции се оддалечија од наставните основи и станаа центри за индоктринирање на световните вредности. Сфаќајќи колку големо влијание има школувањето врз нивните деца, многумина побараа материјали за да им помогнат да ги едуцираат своите деца во чест и слава на Бога. Затоа, одделот за образование на ГК креира цела наставна програма со фокус на оваа цел. Во соработка со нашите едукатори и различните унии и полски конференции, напорно работиме да ја подготвиме оваа наставна програма. Сепак, проектот е поголем од финансиите со кои располагаме. Ни треба вашиот дарежлив придонес за да ги подготвиме материјалите, да ги преведеме и да ги направиме достапни. Вашата поддршка ни овозможува да подготвиме материјали со највисок квалитет, така што учениците што ги користат во нашите училишта и домашни училишта ќе бидат „квалификувани за корисност во овој живот и за служба на Бога во текот на вечноста“. - Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 495. Ние разбираме дека овој проект е голем, но вреди. Со ваша поддршка ќе создадеме материјали за да ги опремиме најмладите меѓу нас ефективно да ја пренесуваат евангелската порака до целиот свет. Однапред ви благодариме и Бог нека ги благослови и даровите и дарителите. Одделот за образование на Генералната конференција
 <<    >>