Божја порака преку Јаков „Јаков, слуга на Бога и на Господ Исус Христос, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени“ (Јаков 1:1).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:
9 Сведоштво, 190–203.
„Ниту една личност, ниту еден народ не е совршен вo секоја своја постапка и секоја помисла. Секој мора по нешто да научи од другиот. Според тоа, Бог сака различните народности тесно да се поврзат, подеднакво да расудуваат и да се стремат кон една иста цел. Тогаш ќе се покаже единство кое е во Христа“. – 9 Сведоштво, 180,181.
1. ХРИСТОВИТЕ УЧЕНИЦИ Недела 29. септември
а. Кои биле тројцата мажи по име „Јаков“ кои биле поврзани со Христос - и на кој од нив обично се фокусираме? Матеј 10:2,3; 13:55.б. Наведете неколку посебни моменти со Исус што ги доживеал Јаков, братот на Јован. Лука 8:51-55; Матеј 17:1,2; Марко 14:32-34.„Јован, Зеведеевиот син, бил еден од првите двајца ученици кои тргнале по Исуса. Тој со својот брат Јаков и припаѓал на онаа прва група која оставила сѐ заради Неговата служба. Радосно тие ги оставиле својот дом и своите пријатели за да бидат со Него; тие со Него патувале и разговарале; со Него биле во приватноста на домашниот живот и на јавните собири. Тој ги смирувал нивните стравови, ги ослободувал од опасност, им ги олеснувал страдањата, ги тешел во тагата и ги поучувал со трпение и нежност, додека срцата не им прираснале за Него до таа мера, што во својата огнена љубов посакале да бидат најблиску до Него во Неговото царство“. – Копнежот на вековите, 548.„Близу до влезот на градината Исус се одвоил од сите ученици, освен од тројца, кои ги повикал да се молат за себе и за Него. Со Петар, Јаков и Јован, Тој се повлекол во најосамениот дел од градината. Овие тројца ученици биле Негови најблиски придружници... сега, во Својата голема борба, Христос сакал тие да бидат во Негова близина. На ова место, тие често минувале ноќи заедно со Него“. – Копнежот на вековите, 686.
2. ПИЈТЕ ОД ЧАШАТА Понеделник 30. септември
а. Опишете ја првобитната цел на Јаков, синот на Зеведеј, и неговиот брат Јован. Марко 10:35-38.„Во секоја прилика Јован заземал место најблизу до Спасителот, а Јаков копнеел по тоа да биде почестен со исто толку Близок однос со Него.Нивната мајка била Христов следбеник и доброволно му служела Нему со својот имот. Со мајчинска љубов и амбициозност за своите синови, за нив посакувала најпочесни места во новото царство. Затоа ги поттикнувала да го постават своето барање.Мајката и синовите дошле заедно кај Исуса со молба да исполни едно нивно барање кое многу им значело.’Што сакате да ви сторам?’ прашал Тој.Мајката одговорила: ’Заповедај овие мои два сина да седнат во Твоето царство едниот десно, а другиот лево од Тебе.’Исус постапувал нежно кон нив, не укорувајќи ги поради нивната себичност што побарале да бидат над своите браќа. Ги прочитал нивните срца и знаел колку е длабока нивната приврзаност кон Него. Нивната љубов не била само едно човечко чувство; иако осквернета од земноста на човечкиот канал, таа сепак извирала од изворот на Неговата сопствена откупувачка љубов. Тој не сакал да укори, туку да продлабочи и очисти. Тој рекол: ’Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас и да се крстите со крштевањето со кое ќе се крстам Јас?’ Се сетиле на Неговите загадочни зборови кои навестувале неволји и страдање, но самоуверено одговориле: ’Можеме’. Сметале дека е најголема чест што можат да ја докажат својата лојалност, учествувајќи во сѐ што треба да му се случи на нивниот Господ.’Мојата чаша навистина ќе ја пиете и ќе бидете крстени со крштевањето со кое ќе се крстам Јас,’ рекол Тој; пред Него бил крст наместо престол, двајца разбојници, како придружници од Неговата десна и лева страна“. – Копнежот на вековите, 548,549.б. Што се случило со Јаков и неговиот брат Јован, по Господовото вознесение - токму како што прорекол Христос? Дела 12:1,2; Откровение 1:9.„Јован и Јаков требало да учествуваат во страдањата на својот Учител; првиот брат загинал од меч, а другиот, најдолго од сите морал да поднесува маки, прекори и прогонство“. – Копнежот на вековите, 549.
3. КОЈ ГО НАПИШАЛ ПОСЛАНИЕТО? Вторник 1. октомври
а. Како вдахновението го опишува Јаков, синот на Алфеј - еден од дванаесетте ученици (тоа не е Зеведеевиот син, братот на Јован)? Марко 15:40.„Тука бил Леви Матеј, цариник, повикан од еден живот на деловна активност и подложност на Рим; ревнителот Симон, непопустливиот непријател на царскиот авторитет; Петар, избувлив, самоуверен и со добро срце и Андрија, неговиот брат; Јуда Јудеецот, угладен, способен, но со алчен дух; Филип и Тома, верни и искрени, но со срце бавно за верба; Јаков Алфеев и Јуда Јаковов, помалку истакнати меѓу браќата, но енергични луѓе, упорни и во своите мани и во доблестите; Натанаил, како дете по искреноста и довербата; и синовите Заведееви, честољубиви, но со верни срца“. – Воспитување, 85.б. Зошто е веројатно дека авторот на посланието на Јаков (кој бил наречен апостол затоа што лично го познавал Господ) бил полубрат на Христос - и како неговиот опис на самиот себеси покажува дека неговиот карактер бил преобразен од Господовото влијание? Јаков 1:1 (прв дел).„Христос беше погрешно разбран од своите браќа, зашто Тој не бил како нив. Тој работеше на олеснување на страдањата што ги видел и секогаш беше успешен. Немал многу пари за подарување, но често ја делел својата скромна храна со оние за кои сметал дека им е повеќе потребна. Неговите браќа сметале дека Неговото влијание е целосно спротивно на нивното; додека тие грубо им се обраќале на сиромашните, понизни души со кои стапуваа во контакт, Христос ги бараше токму таквите и им зборуваше зборови на охрабрување. Кога во кругот на семејството не можеше да направи повеќе, Тој, во тишина и тајност, ќе им дадеше на бедните луѓе на кои се обидуваше да им помогне, чаша ладна вода, а потоа ќе им го дадеше сопствениот оброк во нивните раце“. – This Day With God, p. 59.в. Како Павле ја покажал својата почит кон Јаков, братот на Исус? Галатјаните 1:17-19; Дела 21:18.
4. ПОЈАСНУВАЊЕ НА НЕКОИ ПРАШАЊА Среда 2. октомври
а. Што открива дека Јаков, Христовиот брат, бил влијателен човек на важен собор во раната црква? Дела 15:5,6,13,19,20.„Во овој случај, по сè изгледа дека Јаков бил избран да ја објави одлуката што ја донеле делегатите на соборот. Суштина на таа одлука била - обредниот закон, особено прописот за обрезание - не треба да наметнува, па дури ни да им се препорачува на незнабошците. Јаков се трудел да ги увери своите браќа дека незнабошците, прифаќајќи го Бога, во голема мера го измениле својот живот, дека треба внимателно да се одбегнува да не се доведат во забуна со нејасни прашања од помалечко значење за да не се обесхрабрат во својата желба да го следат Христа“. – Делата на апостолите, 195.б. Кое вообичаено — но погрешно тврдење — е побиено со истакнатата улога на Јаков на овој важен совет? Матеј 16:18.„Јаков претседавал со соборот и неговата конечна одлука гласела: ’Затоа сметам дека не треба да ги вознемируваме незнабошците кои се обраќаат кон Бога.’Така е завршена дискусијата. Овој пример го побива и тврдењето на Римокатоличката црква дека Петар бил глава на црквата. Оние што тврдат, како папата, дека се негови наследници, за таа своја претензија немаат никаков библиски темел. Во животот на Петар нема ништо со што би се докажало дека тој бил издигнат над своите браќа, како заменик на Севишниот. Кога оние што тврдат дека се Петрови наследници би го следеле неговиот пример, секогаш би се задоволиле да останат рамноправни со своите браќа“. – Делата на апостолите, 194.„Спасителот не му го доверил делото на евангелието лично на Петар. Подоцна, повторувајќи ги зборовите што му ги изговорил на Петар, Тој ги аплицирал директно на црквата. И истото во суштина било изговорено на дванаесетмината, како на претставници на сите верници. Ако Исус му одредил некоја посебна власт на еден од учениците над другите, ние не би читале за тоа како често се расправале кој од нив треба да биде најголем. Тие би се покориле на желбата на својот Господ и би го почитувале оној што Тој го одбрал“. – Копнежот на вековите, 414.
5. БОЖЈИ ИЗРАЕЛ Четврток 3. октомври
а. До кого е напишано ова послание и како ги вклучува сите што го прифаќаат Исус како Господ? Јаков 1:1 (втор дел); Галатјаните 3:27-29.„Во Божјиот Израел мора да се вбројат и мнозина кои не се Аврамови потомци по крв“. – Пророци и цареви, 367.„Христос со Својот живот основал религија во која нема привилегирана група, религија која и Евреите и незнабошците, и слободните и робовите се поврзани во заедничко братство, еднакви пред Бога“. – 9 Сведиоштво, 191.„Христијанството создава силна врска на единство меѓу господарот и робот, меѓу царот и неговите приврзаници, меѓу проповедникот на евангелието и најпонижениот грешник кој во Христа се исчистил од сите свои гревови“. – Делата на апостолите, 460.б. Какво име е дадено во пророштвото на последниот духовен Израел — и како е опишано нивното искуство непосредно пред Христовото враќање? Откровение 7:4.„Наскоро потоа го слушаме Божјиот глас, сличен на бучење на силни води, кој го објавува денот и часот на Христовото доаѓање. Живите свети, 144.000 на број, го познаваат и разбираат гласот, додека непокајаните мислат дека тоа е грмотевица и земјотрес...Припадниците на групата од 144.000 се запечатени и совршено обединети. На нивните чела се запишани зборовите: ’Бог, Новиот Ерусалим,’ и блескоти по една величествена ѕвезда во која се наоѓа Исусовото ново име. Гледајќи ја нашата среќа и светост, безбожниците се гневат и жестоко навалуваат да не се струполат во провалијата, но ние ги подигаме рацете во името на Господ и тие беспомошно паѓаат на земјата. Тогаш оние од заедницата на сатаната увидуваат дека Бог навистина нѐ љуби, нас кои си ги миевме нозете еден на друг и кои ги поздравувавме браќата со свет бакнеж, и доаѓаат да се поклонат пред нашите нозе. (Откровение 3:9)“. – 1 Сведиоштво, 59.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок 4. октомври
1. Како Јаков, синот Заведеев, станал посличен на Христа?2. Како Јаков, полубратот на Исус, станал посличен на Христа?3. Кои докази во Светото писмо покажуваат дека Петар не бил главен апостол?4. Како Павле го објаснува единството и еднаквата вредност на сите христијани?5. Што ја илустрира конечната победа на Божјиот духовен Израел?