Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланието на апостол Јаков

 <<    >> 
Сабота, 12. октомври 2024. 2. лекција
Мудрост за справување „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање - и ќе му се даде“ (Јаков 1:5).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   1 Сведоштво, 120,121; 
  2 Сведоштво, 232-235. 
„Не мора да одите до краиштата на земјата за мудрост, бидејќи Бог е близу. Способностите што ги имате сега или што ќе ги стекнете допрва нема да ви обезбедат успех. Успех ќе ви обезбеди она што Бог може да го стори за вас... Тој сака да ви помогне да ги разберете и земните и духовните работи. Тој може да ја изостри вашата интелигенција. Тој може да ви даде тактичност и вештина. Употребете ги своите таленти во работата, барајте од Бога мудрост и таа ќе ви биде дадена“. – Христовите поуки, 146.

1. МОЛЕЊЕ ЗА МУДРОСТ Недела 6. октомври
а. Зошто навистина ни треба повеќе од човечка мудрост во животот, и како таа ни е достапна? Јаков 1:5. „Ние треба да имаме многу помалку доверба во она што човекот може да го стори, а многу повеќе доверба во она што може Бог да го стори за секоја душа што верува. Тој копнее да Го побарате со вера. Тој сака од Него да очекувате големи работи“. – Христовите поуки, 146.„Самото слушање проповеди од сабота во сабота, повторно и повторно читање на Библијата или нејзино објаснување стих по стих, нема да имаат никаква полза ниту за нас, ниту за оние што нѐ слушаат, освен ако ги внесеме библиските вистини во нашето лично искуство. Нашиот разум, волјата, наклоностите, мораат да бидат подложени на Божјата Реч. Тогаш, под влијание на Светиот Дух, исполнувањето на Словото ќе стане принцип на нашиот живот.Додека барате помош од Бога, почитувајте Го вашиот Спасител, така што ќе верувате дека ќе го примите Неговиот благослов. Сета моќ и сета мудрост ни стојат на дофат. Треба само да побараме“. – Здравје и среќа, 514.

2. ОСНАЖЕНИ СО ВЕРА Понеделник 7. октомври
а. Каква корист ќе имаме ако ја сметаме Божјата мудрост многу повисока од нашата, дури и во обичните работи во животот? Изреки 3:3-8. „’Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање - и ќе му се даде’ (Јаков 1:5). Ваквото ветување вреди повеќе од злато и сребро. Ако во понизност на срцето барате божествен совет во секоја неволја и несреќа, Неговото слово ветува дека милостиво ќе ви биде дадена. А Неговото слово не може да остане неисполнето. Небото и земјата можат да поминат, но Неговото слово никогаш нема да помине. Надевајте се на Господа и никогаш нема да се посрамите и да се разочарате. ’Подобро е да се надевам во Господ, отколку да се надевам во човек. Подобро е да се надеваш во Господ, отколку да се надеваш во кнезови’ (Псалм 118:8,9).Каква и да е положбата што ја заземате во животот, каква и да е вашата професија, секогаш мораме да бидеме понизни и да чувствуваме потреба за помош. Ние мораме да се потпреме на учењето на Божјата Реч, прифаќајќи го секогаш Неговото провидение, и верно да ја излеваме нашата душа пред Него во молитва. Ако, драги браќа, се потпрете само на вашето расудување, и ако одите по вашите патишта низ животот, ќе жнеете жалост и разочарување. Надевајте се во Господа со сето ваше срце и Тој мудро ќе управува со вашите чекори и вашите интереси ќе бидат безбедни во овој и во идниот живот. Потребни ви се светлина и сознание. Вие за совет ќе се обратите на Бога или на вашите срца; вие ќе одите во искрата што самите сте ја запалиле или ќе ги собирате зраците на божествената светлина кои доаѓаат од Сонцето на Праведноста“. – 5 Сведоштво, 427. б. Зошто треба да престанеме да се потпираме толку многу на други луѓе за водство? Еремија 17:5-8. „Кога сте збунети и кога ќе се соочите со тешкотии, не барајте луѓето да ви помогнат. Доверете му се на Бога. Обичајот да им ги кажуваме на другите нашите тешкотии само нè прави послаби, и не ни дава никаква сила. Со тоа и ним им го наметнуваме товарот на нашите духовни слабости од кои тие не можат да нè ослободат. Ние бараме сила од грешни, смртни луѓе, во мигот кога можеме да добиеме сила од непогрешливиот, бесконечен Бог“. – Христовите поуки, 146.

3. РАЗВИВАЊЕ ПОГОЛЕМА СТАБИЛНОСТ Вторник 8. октомври
а. Кој услов треба да го исполниме пред Господ да може да одговори на нашата молитва? Јаков 1:6 (прв дел); Марко 11:24. Објаснете со пример за тоа како можеме да одлучиме да развиеме сила во овој поглед. 1 Коринтјаните 6:3-5. „Меѓутоа, малку луѓе ги сфаќаат одговорностите кои лежат на малиот број на проповедници кои го носат товарот на делото. Браќата често ги одвојуваат овие луѓе од нивната работа за да помогнат во нивните ситни тешкотии или за да решат некој спор во црквата, кој тие би можеле и кој би требало сами да го извршат. ’Ако некому од вас му недостига премудрост, нека бара од Бога Кој му дава секому без разлика и не кори никого и ќе му се даде. Но нека бара со вера, не сомневајќи се ништо’. Тој мора да биде ревен и истраен. Ако се двоуми и постојано сомнева дека Господ навистина ќе го прави она што ветил, нема да прими ништо.Многумина очекуваат нивните проповедници да им донесат светлина од Бога, сметајќи дека тоа е полесно отколку сами да му пријдат на Бога и да ја побараат од Него. Таквите луѓе многу губат. Кога би сакале секој ден да Го следат Христа и да Го земат за свој водач и советник, би стекнале јасно познавање на Неговата волја, а со тоа и драгоцено искуство. Токму затоа што го немаат тоа вистинско искуство, браќата кои ја исповедаат вистината одат во искрите натуѓиот факел, не го признаваат гласот на Божјиот Дух и не знаат за Неговата волја. Затоа лесно можат да се оддалечат од верата. Тие се непостојани, затоа што очекуваат други да стекнат искуство за нив“. – 2 Сведоштво, 643,644. б. Со што се споредува таканаречениот христијанин чија вера почнува да се колеба? Јаков 1:6 (последен дел); Создавање 49:4 (прв дел); Како можеме да го избегнеме ова? „Христијаните кои постојано ги занемаруваат духовните состаноци и молитвата, во повеќето случаи стануваат колебливи и попуштаат во верата“. – 4 Сведоштво, 106.„Примете ја Христовата реч како ваша гаранција. Зарем Тој не ве повикал да дојдете кај Него? Никогаш немојте да изговарате зборови што обесхрабруваат и што ја уништуваат надежта! Ако постапувате така, ќе изгубите многу. Гледајќи ги само надворешните околности и жалејќи се кога ќе дојдат тешкотии и притисоци, вие докажувате дека вашата вера е болна и слаба. Зборувајте и однесувајте се како вашата вера да е непобедлива“. – Христовите поуки, 146,147.

4. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПОДЕЛЕНО СРЦЕ Среда 9. октомври
а. Како можеме да бидеме сигурни дека нашата молитва за мудрост ќе биде услишена? Лука 18:1; Јаков 1:6,7. „Нашата молитва во која бараме да ни се подари мудрост не смее да биде лекомислена, не смееме да заборавиме на неа штом ќе ја изговориме. Тоа мора да биде молитва која изразува силна, искрена желба на срцето, која потекнува од свеста дека ни недостасува мудрост со чија помош би ја разбрале Божјата волја.Ако веднаш не добиеме одговор на оваа молитва, не смееме да се измориме и да станеме колебливи. Не попуштајте. Држете се цврсто за ветувањето: „Верен е оној кој ве повика, кој тоа и ќе го направи”. Барајте како упорната вдовица, не попуштајте во своето барање и бидете постојани. Дали ви е битно тоа што го барате? Дали тоа ќе има големо влијание во вашиот живот? Сигурно дека ќе има. Тогаш не попуштајте, бидејќи тука може да се испитува вашата вера. Ако она што го барате е од голема важност, тогаш заслужува ваш истраен труд. Имате ветување, и затоа бдејте и молете се. Бидете истрајни и ќе добиете одговор на својата молитва. Зар не е Бог Тој што ви ветил? Ако нешто ве чини за да го примите тоа ветување, тогаш повеќе ќе го цените кога ќе го добиете. Јасно ви е речено дека нема ништо да примите од Господа ако се колебате. Имате опомена да не се уморите, туку цврсто да се потпрете на ветувањата. Ако барате, Бог обилно ќе ви даде и нема да ве прекорува.Овде мнозина прават грешка. Почнуваат да се колебаат и нивната вера слабее. Од таа причина и не добиваат ништо од Господа, кој е Извор на нашата сила. Никој не треба да оди во темнина и да се сопнува како слеп, бидејќи Господ праќа светлина на оние што сакаат да одат по Неговиот, а не по свој пат. Тој бара од сите совесно да ги исполнуваме своите секојдневни должности“. – 2 Сведоштво, 130,131. б. Зошто треба да избегнуваме двоумење? Јаков 1:8; Псалм 86:11. „Иако многумина се изјаснуваат дека се христијани, тие се под влијание на светот и нивните чувства не се насочени кон Бога. Тие со двојни мерила се обидуваат да му служат на Бога и на мамонот во исто време... Обидувајќи се да им служат на двајца господари, тие се нестабилни во секој поглед и на нив не може да се потпре...Која е користа од кажување пријатни зборови, жалење на делото на сатаната, а сепак истовремено да се влезе во исполнување на сите негови планови? Ова значи да се биде дволичен“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 938.

5. СЕЌАВАЊЕ НА ЈАКОВ Четврток 10. октомври
а. Како Исус го илустрира интензитетот со кој треба да се молиме за сила да ја вршиме Божјата волја? Матеј 11:12. „’Царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила.’ Ова насилство го опфаќа целото срце. Да се биде дволичен значи да се биде нестабилен. Делото на подготовка бара одлучност, самопожртвуваност и посветен напор. Разбирањето и совеста можат да бидат обединети, но ако волјата не функционира, ќе доживееме неуспех. Секоја способност и чувство мораат да бидат ангажирани. Стравот и сесрдната молитва мора да го заземат местото на безволноста и рамнодушноста. Само со сериозен, одлучен напор и вера во Христовите заслуги можеме да станеме победници и да го стекнеме царството небесно. Нашето време за работа е кратко. Христос наскоро ќе дојде по втор пат“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 1, p. 1096.„Со големата вистина што сме имале привилегија да ја примиме, и со силата на Светиот Дух би можеле да станеме живи канали на светлината. Тогаш би можеле да се приближиме до престолот на милоста; и, гледајќи во виножитото на ветувањето, клекнете со скрушени срца и барајте го царството небесно со духовно насилство што ќе донесе своја награда. Ќе го земеме Божјото царство со сила, како и Јаков. Тогаш нашата порака ќе ја претставува Божјата сила за спасение. Нашите молитви би биле полни со сериозност, полни со чувство на нашата голема потреба и нема да бидеме одбиени. Вистината би била откриена со нашиот живот и карактер и со усти допрени со живиот јаглен од Божјиот олтар.Кога ова искуство ќе стане наше, ќе бидеме издигнати од бедата и ништожноста на нашето ’јас’, кое толку нежно сме го чувале. Ќе ги испразниме нашите срца од себичноста што го нагризува како рѓа и ќе бидеме исполнети со пофалби и благодарност кон Бога. Ќе Го величаме Господа, Богот на секоја благодат, Кој Го возвеличи Христос. И преку нас ќе ја открие Својата сила, правејќи нè како остри српови на жетварското поле. Бог го повикува Својот народ да Го открие“. – Reflecting Christ, p. 217.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок 11. октомври
1. Опишете некои суштински важни чекори за добивање поголема мудрост од небото. 2. Што се случува кога сме задоволни да се потпреме на човечкото знаење? 3. Како можам да го направам мојот дел за да им дадам на проповедниците повеќе време да се фокусираат на новите души? 4. Во кои области од животот можам да покажам повеќе двоумење отколку што сфаќам? 5. Објаснете ја моќта и важноста на борењето на Јаков за последните денови.
 <<    >>