Дар во првата сабота За одделот за литература на Генералната конференција
Сабота, 6. ноември 2024. Има една позната изрека: „Капка мастило може да натера милион луѓе да размислуваат“. Печатените материјали поради својата долговечност, честопати имаат поголема тежина од изговорените зборови. Со пишаните материјали, можеме да одвоиме време за читање со сопствено темпо, како и да се вратиме назад и подлабоко да ги разгледаме информациите што сакаме да ги научиме. Тоа помага кога се обидуваме да апсорбираме длабоки духовни теми.„Во тоа време вистината е објавена на народот и по пат на печатење. Лутеровото перо претставувало сила и неговите широко распространети списи го возбудиле светот. Истите тие орудија ни стојат и нам на располагање со стопати поголеми можности. Библијата, списите на многу јазици во кои е изложена вистината за ова време, ни се наоѓаат при рака и многу брзо можат да се растурат по цел свет“. – 6 Сведоштво, 403.„Со посредство на нашата издавачка дејност во голема мера треба да се изврши делото и на оној ангел кој доаѓа од небото со голема сила и кој со својата слава треба да ја осветли целата земја“. – 7 Сведоштво, 140.Во 1849 година, Џејмс Вајт изработи мала публикација наречена Сегашна вистина. „Еден куп хартии лежеше на подот. Тогаш браќата и сестрите се собраа околу нив и со солзи во очите го молеа Бога да го благослови малото ливче пред да биде испратено. Потоа хартиите беа превиткани, спакувани и адресирани, а Џејмс Вајт ги однесе осум милји до поштата во Мидлтон“. – Рани списи, xxv.Оваа акција беше одговор на пораката: „Морате да започнете со печатење мали трактати и да им ги испраќате на луѓето. Нека во почетокот тие бидат мали; Како што луѓето ќе читаат повеќе, тие ќе почнат да ви испраќаат средства за печатење и тоа ќе донесе моментален успех.“ – Рани списи, XXIV.Што се случува кога поштарината е прескапа, а пречките во вид на граници бараат уште поскапи видови на испорака? Нашата цена на претплата не ги покрива овие нови трошоци. Затоа, мораме да зависиме од великодушноста на другите верници за да го исполниме пророштвото дадено на првиот издавач: „Како што луѓето ќе читаат повеќе, тие ќе почнат да ви испраќаат средства“.Се молиме овој дар во првата сабота за Одделот за литература на Генералната конференција да ги допре вашите срца и дадете великодушно за душите ширум светот кои треба да ја читаат сегашната вистина. Ви благодариме!
Одделот за литература на Генералната конференција