Совладување на пристраноста „Зашто Бог не е пристрасен“ (Римјаните 2:11).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:
3 Сведоштво, 304-309, 320-329.
„Бог не признава разлика во положбата. Кај Него нема каста. Во Неговите очи, луѓето се едноставно луѓе, добри или лоши. На денот на конечната пресметка, позицијата, чинот или богатството нема да ја сменат ничија судбина ниту за едно влакно. Бог кој гледа сè ќе им суди на луѓето според тоа колку се чисти, колку се благородни, колку го љубат Христа“. ¬– Counsels on Stewardship, p. 162.
1. ПРОБЛЕМАТИЧЕН СТАВ Недела 27. октомври
а. Опишете ја вообичаената земна склоност која, можеби и несвесно, можеме да ја поседуваме и поради тоа да бидеме виновни. Јаков 2:1-4.„Со сиромашните треба да се постапува со исто толку внимание и обѕир како и со богатите. Да им се укажува посебна почест на богатите, а да се запоставуваат сиромашните е вистинско злосторство во Божјите очи. Оние кои се опкружени со сите можни комфори во животот и кои сите ги галат затоа што се богати, не чувствуваат толку голема потреба за сочувство и нежен обѕир како личностите кои целиот свој живот го поминале во постојана борба со сиромаштвото“. ¬– 4 Сведоштво, 551.„Иако ги имал сите богатства на небесните дворови, Христос станал сиромав поради нас на овој свет, за да нè обогати со Своето сиромаштво. Тој им укажал голема чест на сиромашните, согласувајќи се со нив да ги дели нивните скромни животни услови. Од евангелските записи за Неговиот живот треба да учиме како да постапуваме со сиромашните“. ¬– 4 Сведоштво, 550.б. Што треба да разбереме за оние кои можеби се сиромашни со световни добра, но се богати со вера? Јаков 2:5.
2. ПРАВИЛНО РАСУДУВАЊЕ И ЧЕСНОСТ Понеделник 28. октомври
а. Објаснете го урамнотежениот пристап што го поучувал Христос во врска со помагањето на сиромашните. Марко 14:3-9.„Во должностите на добродетелство и милосрдие некои одат во крајност и така на сиромашните всушност им нанесуваат штета со претераното залагање за нив. Сиромашните не се секогаш толку вредни и трудољубиви во работата како што би требало да бидат. Ние не смееме да ги занемариме и да ги пуштиме да оскудеваат, но и тие мораат да научат сами себе да си помагаат.Не смееме да го занемариме Божјото дело за прво да им подариме внимание на сиромашните. Христос им дал многу значајна поука на Своите ученици по тоа прашање. Кога Марија го излеала скапоценото миризливо масло на Христовата глава, Јуда, во своето лакомство, лицемерно се заземал за сиромашните, мрморејќи против чинот кој, според негово мислење, бил расипничко трошење на пари. Но Исус ја оправдал оваа постапка, велејќи: ’Оставете ја, што ѝ пречите? Таа прави добро дело на Мене. Зашто сиромашните ги имате секогаш со себе, и секогаш кога сакате можете да им правите добро; а Мене ме немате секогаш’. ’Секаде каде што ќе се проповеда евангелието по сиот свет, ќе се кажува ова во нејзин спомен’. Од ова произлегува дека Христос треба да го почитуваме, посветувајќи Му го најдоброто што го имаме во својот живот. Ако своето внимание и сите свои напори ги насочиме само на ублажување на потребите на сиромашните, Божјото дело ќе биде занемарено. Доколку како Божји повереници, совесно ги извршуваме своите должности, никој нема да мора да трпи оскудица, но Божјото дело треба да ни биде на прво место“. ¬– 4 Сведоштво, 550,551.б. Каков став се барал во древниот Израел од оние што ја делеле правдата? Левитска 19:15; Второзаконие 1:17; 10:17.в. Како сите што денес управуваат со црквата на кој било начин треба да научат да го применуваат истиот принцип? 1 Петрово 1:17; Колосјаните 3:25.„Таквите кои својата наклонетост и внимание пристрасно ја укажуваат на еден или двајца на штета на другите, не би требало да се држат ниту еден ден на положба во редакцијата. Таквата несвета пристрасност кон оние кои можеби угодуваат на нашата вообразба на штета на другите, кои се совесни, кои се бојат од Бога и во Неговите очи се длабоко подобри, претставува навреда за Бога. Ние треба да го цениме она што Бог го цени. Украсот на тивок и понизен дух, Тој го цени многу повеќе отколку надворешната убавина, накитот, богатството или почестите на овој свет“. ¬– 3 Сведоштво, 23.
3. ФОРМИРАЊЕ ПОДОБРИ НАВИКИ Вторник 29. октомври
а. Каков укор дава Јаков во врска со материјалистичката пристрасност на оние што се изјаснуваат како верници - и зошто ова прашање е мошне сериозно? Јаков 2:6,7.„Бог пред луѓето и пред ангелите ве признал за Свои деца, затоа молете се да не го обесветите ’вашето добро име, со кое сте се нарекле’ (Јаков 2:7). Бог ве праќа во светот како свои претставници. Во секоја постапка во животот вие треба да го откривате Божјото име. Оваа молба бара од вас да го поседувате Неговиот карактер. Вие не можете да го светите Неговото име, не можете да го претставувате пред светот сѐ додека со својот живот и карактер не го прикажете самиот живот и карактер Божји. Ова можете да го направите само преку прифаќање на Христовата милост и праведност”. ¬– Мисли од гората, 107.б. Како само можеме да бидеме победници во правилното претставување на Христос? Римјаните 2:11; Изреки 23:7.„Внимателно проучувајте го Божествено - човечкиот карактер и постојано прашувајте се ’што би направил Исус на мое место?’ Тоа треба да биде мерило на нашата должност. Не впуштајте се непотребно во дружење со оние, кои со своето однесување ќе ја ослабнат вашата намера да правите добро, или ќе стават дамка на вашата совест. Помеѓу непознати, на улица, во воз, во домот, не правете ништо што барем малку ќе наликува на зло. Секој ден правете нешто да го подобрите, разубавите и облагородите животот што Христос го откупил со сопствената крв.Секогаш постапувајте според принципите, никогаш импулсивно. Смирете ја вашата природна раздразливост со кроткост и благост. Не постапувајте лекомислено ниту пак напразно зборувајте. Ни-каква недолична шега да не премине преку вашите усни. Ниту на мислите не смее да им се дозволи да се побунат. Тие мораат да бидат скротени, заробени во послушност на Христа; нека се занимаваат со свети нешта. Тогаш, преку Христовата благодат, ќе бидат чисти и вистинити.Потребна ни е постојана свест за облагородувачката моќ на чистите мисли. Единствената сигурност за секоја душа е правилното размислување...Негувајте навика да зборувате добро за другите. Задржувајте се на добрите страни на оние со кои се дружите и гледајте колку е можно помалку од нивните грешки и недостатоци”. ¬– Здравје и среќа, 491,492.
4. ИМАЈТЕ ЦАРСКО ОДНЕСУВАЊЕ Среда 30. октомври
а. Што нагласува Светото писмо како навистина суштинско за нашата христијанска вера — и зошто? Јаков 2:8.„Многу верски учители тврдат дека Христос со Својата смрт го укинал Законот и дека оттогаш луѓето се ослободени од неговите барања. Има и такви кои го прикажуваат како тежок јарем, и наспроти робувањето на Законот, ја истакнуваат неограничената слобода што можат да ја уживаат под евангелието.Меѓутоа пророците и апостолите не гледале така на светиот Божји закон. Давид рекол: ’Ќе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди’ (Псалм 119:45). Апостол Јаков, кој пишувал по Христовата смрт, Десетте заповеди ги нарекува ’царски Закон’, ’совршен Закон на слободата’ (Јаков 2:8; 1:25). А писателот на Откровението, повеќе од половина век по Христовото распнување, изговорил благослов над оние „што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите” (Откровение 22:14). ¬– Големата борба, 466.„Кога некој се предава на Христа, неговиот ум се доведува под контрола на законот; тоа е царски закон што секој заробеник го прогласува за слободен. Човекот се ослободува станувајќи едно со Христа. Потчинувањето на Христовата волја, значи повторно воспоставување на првичното човечко совршенство.Почитувањето на Бога, значи ослободување од ропството на гревот, ослободување од страстите и лошите навики. Човекот може да стане победник над себеси, ослободен од сопствените навики и страсти и од ’управителите на темнината од овој век’ и ’поднебесните духови на злобата’“ (Ефесјаните 6:12). ¬– Здравје и среќа, 131.б. Како пристрасноста, фаворизирањето и/или предрасудите непријатно го расипуваат нашето сведоштво за Христос? Јаков 2:9.„Ние можеме да тврдиме дека сме Христови следбеници, можеме да тврдиме дека веруваме во секоја вистина содржана во Божјата реч, но тоа на нашите ближни нема да им донесе никакво добро ако нашето верување не се внесе во нашиот секојдневен живот. Нашето исповедање на верата може да биде високо дури до небото, но тоа нема да нè спаси ниту нас, ниту нашите ближни освен ако не бидеме христијани на дело. Вистинскиот пример ќе му донесе на светот многу поголема корист од самото наше исповедање”. ¬– Христовите поуки, 383.
5. МУДРО ПОУЧУВАЊЕ ВО СОЧУВСТВО Четврток 31. октомври
а. Што треба да имаме на ум кога самите го поддржуваме Божјиот морален закон – како и кога ја споделуваме оваа вистина со следната генерација? Проповедник 11:9; 12:13,14; Јаков 2:10-13.„На младите им е вродена љубов кон слободата; тие копнеат по независност; но мораат да сфатат дека тие непроценливи благослови можат да се уживаат единствено во послушноста кон Божјиот закон. Овој Закон е чувар на вистинската слобода и независност. Тој го набројува и забранува она што понижува и заробува, и така на послушниот му овозможува заштита од силата на злото.Псалмистот вели: ’Ќе одам слободно, зашто ги барам Твоите повелби’. ’Твоите сведоштва се моја наслада и мои советници’ (Псалм 119:45, 24).Во својот напор да го поправиме злото, мораме да се чуваме од склоноста да наоѓаме грешки и осудуваме. Постојаното осудување внесува немир, а не поправа. Атмосферата на немилосрдна критика кај мнозина, особено кај оние кои се најчувствителни, ја убива волјата за работа. Цветовите не расцутуваат под здивот на остриот ветер...Вистинската цел на укорот се постигнува дури кога самиот престапник е наведен да ја согледа својата грешка и кога неговата волја е поттикната да ја исправи. Кога ќе го постигнете ова, укажете му на изворот на простувањето и силата. Трудете се да ја сочувате неговата самопочит и да го вдахнете со храброст и надеж.Ова е најубавата, но и најтешка работа, која некогаш им била доверена на човечките суштества. Таа бара најнежна тактичност, најголема чувствителност, познавање на човековата природа и небесна вера и трпение, подготвеност за работа, за будност и за чекање. Според тоа, нема ниту една поважна работа од оваа”. ¬– Воспитување, 291,292.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок 1. ноември
1. Иако можеби немам многу, што треба да сфатам за оние кои имаат помалку од мене?2. Колку е лесно да се има слепа пристрасност или неправедна предрасуда кон некои луѓе?3. Како нашите шеми на размислување влијаат на начинот на кој постапуваме со таквите луѓе?4. Зошто Божјиот закон се нарекува закон на слободата?5. Објаснете го ставот што треба да го имаме кога ги поучуваме луѓето кои имаат погрешни идеи.