Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Давидовиот живот

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 30. јануари 2021

Развој на карактерот

„Кој е долготрпелив подобар е од јунакот, и кој владее со себе, подобар е од освојувачот на град” (Изреки 16:32).

„Ниту еден порок нема толку погубно влијание врз карактерот како човечките страсти што не се под контрола на Светиот Дух. Ниту една победа што можеме да ја освоиме, нема да биде толку скапоцена, како победата над себеси”. ¬– Здравје и среќа, 485.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 661-668. 

Недела 24. јануари

1. ВО СКЛАД СО БОЖЈИОТ ДУХ

а. Како Бог му помогнал на Давид кај Кеила и Маон и што се забележува во молитвениот живот на Давид во ова тешко време? 1 Самоилова 23:1,2,5, 10-14, 26-28.

б. Што се случило кога Саул влегол во Енгадската пештера. 1 Самоилова 1:29, 1 Самоилова 24:1-6.

„Давид имал сѐ на сѐ шестотини луѓе со себе додека Саул повел против него војска од три илјади војници. Во една осамена пештера синот на Есеја со своите луѓе очекувал Божји упатства. Кога Саул навлегол во планините, застанал и наполно сам влегол токму во онаа пештера но која биле скриени Давид и неговите луѓе. Кога го виделе тоа Давидовите луѓе, го навалиле Давида да го убие Саула. Фактот што царот сега бил во нивна власт го сметале за сигурен доказ дека сам Бог им го предал непријателот во раце за да го уништат. Давид се нашол во искушение и самиот работата да ја посматра од исто становиште, но гласот на совеста му зборувал: ‘Не дигај своја рака против Господовиот помазаник’.

Давидовите луѓе сепак не се согласиле да го остават Саула на мир. (1 Самоилова 24:4) Но подоцна го мачела совеста дури и поради тоа што ја оштетил царевата облека”. ¬– Патријарси и пророци, 661.

Понеделник 25. јануари

2. ВРАЌАЊЕ НА ДОБРОТО ЗА ЗЛОТО

а. Што можеме да научиме од милостивата воздржаност на Давид кон Саул? Изреки 16:32; Римјаните 12:19-21.

„Однесувањето на Давид кон Саул содржи поука. Со Божја наредба, Саул бил помазан за цар на Израел. Поради неговата непослушност, Бог објавил дека ќе му биде одземена таа позиција; а сепак колку бил односот на Давид кон него нежен, љубезен и воздржан”. ¬– Здравје и среќа, 484.

„Однесувањето на Давид покажало дека тој има Владетел кому му се покорувал. Тој не дозволил природните склоности да добијат победа над него; зашто знаел дека ‘тој што владее над духот свој е поголем од оној кој освоил град’. Кога би бил воден и контролиран од човечки чувства, тој би заклучил дека самиот Господ го предал непријателот во рацете да го убие и да ја преземе власта над Израел. Духовната состојба на Саул била таква така што неговиот авторитет повеќе не се почитувал, а народот станал нерелигиозен и деморализиран. Сепак, фактот дека бил од Бога избран цар го чувала во безбедност, зашто Давид совесно му служел на Бога и никако не сакал да крене рака на Божјиот помазаник”. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 2, p. 1021.

б. Опишете како Давид се обратил на Сауловото срце. 1 Самоилова 24:8-16.

в. Што треба да научиме од претпазливоста на Давид во поглед на Сауловиот наизглед топол одговор на неговото милосрдие? 1 Самоилова 24:17-23; Матеј 10:16.

„Кога ги ислушал Давидовите зборови, Саул се скршил и не можел да не ја признае нивната вистинитост. Неговите чувства биле длабоко поттикнати кога сфатил дека целосно бил под власт на човекот што сакал да го убие...

Имајќи го на ум Сауловото однесување во минатото Давид не можел да се потпре врз ветувањата на дарот ниту да се надева дека неговата покајничка состојба долго ќе потрае. Затоа Давид, по Сауловото заминување, и понатаму останал во планинските засолништа.

Непријателството што го негуваат против Божјите слуги луѓето кои му се предале на сатаната понекогаш преминува во чувство на помирливост и наклоност, но таа промена не е секогаш трајна”. ¬– Патријарси и пророци, 662.

Вторник 26. јануари

3. УШТЕ РАЗОЧАРУВАЊА

а. Што се случило во време кога се чинело дека Израел имал најмногу потреба од водство и безбедност? 1 Самоилова 25:1 (прв дел).

„Во мигот кога народот поради внатрешни несогласија сѐ повеќе бил разединуван, а мудриот и богобојазлив совет на Самоил најпотребен, Бог својот стар слуга го повикал на починка. Горчливи мисли го обземале народот додека стоел крај гробот и размислувал за својата лудост што го отфрлиле како народен водач; а тој бил во толку близок допир со небото, што се чинело дека цел Израел го врзува со престолот на Јехова. Самоил бил тој кој ги учел да го љубат Бога и да му се покоруваат; а сега, по неговата смрт, народот чувствувал дека е препуштен на милост и немилост на царот кој се здружил со сатаната и кој нацијата потполно ќе ја одвои од Бога и од небото”. ¬– Патријарси и пророци, 664.

„Споредувајќи го однесувањето на Саула со Самоиловото држење, народот увидел колку голема била грешката што барале цар...

Народот чувствувал дека Бог го напуштил. Царот се чинело дека бил на работ на лудило. Правдата е извртувана, а редот се повлекол пред презирот и срамот”. ¬– Патријарси и пророци, 663.

б. Каде побегнал Давид по смртта на Самоил, и што му го притискало неговото срце таму? 1 Самоилова 25:1 (последен дел); Псалм 120:1,2; 121:2,7,8.

„Давид ја искористил приликата да побара посигурно место каде што ќе се засолни и побегнал во пустината Фаран. Таму ги составил псалмите 120 и 121”. ¬– Патријарси и пророци, 664.

в. Како љубезниот дух на Давид бил тестиран во Фаран? 1 Самоилова 25:4-12.

„Давид со своите луѓе претставувал: за стадата на Навала еден вид заштитен ѕид; и сега го замолил тој богаташ да издели нешто од својот вишок за да им ги олесни потребите на луѓето кои му направиле толку драгоцени услуги. Давид и неговите луѓе сами можеле да земат од стадото колку што им било потребно, но тие тоа не го сториле. Се однесувале чесно. Меѓутоа, Навал не ја ценел нивната добрина”. ¬– Патријарси и пророци, 665.

Среда 27. јануари

4. ОМЕКНУВАЧКО ВЛИЈАНИЕ

а. Опишете ја реакцијата на Давид на неблагодарноста на Навал. 1 Самоилова 25:13,21,22.

„(Давид) им наредил на своите луѓе да се приготват за борба; решил да го казни човекот кој одбил да му го пружи она што со право го побарал и кој кон неправдата додал и навреда. Таа брза одлука повеќе му одговарала на Сауловиот карактер отколку на Давидовиот, но синот на Есеја сѐ уште морал да се учи на трпение во школата на патилата”. ¬– Патријарси и пророци, 665.

б. Како реагирала сопругата на Навал, Авигеја? 1 Самоилова 25:14-20.

в. Што можеме да научиме од Авигеја, кога таа се сретнала со Давид? 1 Самоилова 25:23-31.

„Побожноста на Авигеја се чувствувала како мирис на цвеќе, потполно несвесно во изразот на нејзиното лице, во нејзините зборови и движења. Во нејзината душа престојувал Духот на Божјиот Син. Нејзините зборови, полни со милост, со добрина и мир, имале небесно влијание. Давида го опфатиле подобри чувства и тој затреперил при помислата на последиците што би можел да ги има неговиот непромислен потфат. ‘Блазе на оние што градат мир, зашто ќе се наречат синови Божји’ (Матеј 5:9). Бог нека даде да има повеќе такви каква што била оваа Израелка, такви кои ги стивнуваат возбудените чувства, ги спречуваат непромислените постапки и со смирувачки зборови на вистинска мудрост отстрануваат големо зло.

Посветениот христијански живот секогаш шири светлина, утеха и мир. Негови обележја се чистота, тактичност, едноставност и полезност. Со нив управува онаа несебична љубов која го посветува влијанието. Таквиот живот е исполнет со Христов Дух и остава светли траги зад себе секаде каде што се движи човекот што го поседува. Авигеја била мудар учител и советодавец. Давидовата страст исчезнала под влијанието на нејзините зборови. Се уверил дека не постапил мудро и дека ја загубил власта над својот дух.

Со кротко срце го примил прекорот, што бил во сообразност со неговите зборови. ‘Тебе, Господе, те призивам и велам: Праведник нека ме удри тоа е љубезност за мене; нека ме искара тоа е мирисно миро за мојата глава и нема да го одбијам!’ (Псалм 141:5)”. ¬– Патријарси и пророци, 667.

Четврток 28. јануари

5. ПРИМАЊЕ НА УКОР СО БЛАГОДАРНОСТ

а. Објаснете ја длабочината на Давидовата почит кон омекнувачкиот дух на Авигеја и поуката во неа за нас. 1 Самоилова 25:32-35.

„Има многу луѓе кои, кога ќе бидат укорени, себеси се сметаат за достојни за пофалба затоа што укорот го примиле без навреда; но малку има такви кои искрено им се благодарни на оние кои ги исправаат и сакаат да ги сочуваат од лоши постапки”. ¬– Патријарси и пророци, 667.

б. Како растел Давид во сите овие искуства? Римјаните 5:3-5.

„Давид се заколнал дека Навал и неговото семејство ќе загинат; но сега видел дека погрешно било не само давањето на таква заклетва, туку дека погрешно би било и нејзиното извршување”. ¬– The Signs of the Times, October 26, 1888.

в. Иако резултатите од влијанието на Авигеја биле прекрасни, кој следен чекор Давид го презел и зошто тоа било погрешно? 1 Самоилова 25:38-44.

„Подоцна Давид се оженил со Авигеја. Тој веќе бил женет, но обичаите во тоа време влијаеле врз неговото расудување и неговите постапки. Дури и големите и добри луѓе грешеле што се придржувале кон световните обичаи. Давид во целиот свој живот ги чувствувал горките последици на многуженството“ ¬– Патријарси и пророци, 668.

Петок 29. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како Бог многу пати ме заштитил на начинот на кој го заштитил Давид?

2. Што го спречило Давид да му наштети на Саул, и како Саул одговорил на тоа?

3. Како прераната смрт на пророкот исто така се случила во време на духовна криза меѓу Адвентистите на седмиот ден?

4. Што треба да научам од ситуацијата кога треба да се справам со некој како Навал?

5. Што треба да се сетам следниот пат кога ќе бидам укорен за нешто?

 <<    >> 
1 Самоилова 24:1-6.