Дар во првата сабота
За Северен Киву, ДР Конго
Северен Киву е провинција во Демократска Република Конго (ДРК), која се наоѓа во централна Африка. Со оглед на својата положба на исток ДРК, Северен Киву се граничи со Република Руанда и Уганда, и како таква се поврзува со мисијата на Унијата на РДАСД Руанда.
Во 2006. година браќата од Руанда дошле во Северен Киву каде дистрибуирале памфлети и организирале библиски проучувања кои донеле одлични резултати.
Година дена подоцна, група од 156 души радосно се приклучила на црквата преку обредот на крштевање. Во моментов имаме 750 крстени членови. Делото во овој регион константно продолжува да расте.
За жал, меѓу оние кои и се придружиле на црквата имаше и 14 наставници од другите црковни заедници кои поради нивната вера биле исклучени од нивните цркви и на тој начин автоматски останале без работа. Тие сега се во своите домови преживуваат така што садат толку колку им е доволно да ги прехранат своите семејства. Нашите деца не се во состојба да одат на училиште поради саботата, и тоа е проблем кој ги погодува 80% од нашите млади луѓе.
Браќата би можеле да се снајдат за да преживеат, но поради постојаните војни што траат на овие простори не можат да живеат постојано на исто место. Дури и кога ќе наиде сезоната за сеење, браќата бегаат кога група на војници доаѓа и зема сè што расте во почвата.
Во светлината на сето ова, ние купивме четири хектари земја за браќата заедно да се занимаваат со земјоделство, како и да изградиме основно училиште и црква. Благодарение на Божјото провидение, веќе имаме наставници и ученици желни да стекнат образование, истовремено почитувајќи ги Неговите начела. Нам ни е кажано: „да основаме училишта за образование и обука на нашите деца, и да ги поттикнеме младите да одат во овие училишта. Учителите кои работат во нашите образовни институции мораат да бидат наставници кои се бојат од Бога и ги држат Неговите заповеди.“ -Manuscript Releases 4, 109.
Поради оваа причина апелираме до сите наши браќа, сестри и пријатели ширум светот за ваша љубезна помош. Се молиме Бог да ги поттикне вашите срца, така што донациите за овој проект можат да бидат изобилни – Господ да биде прославен и пораката на спасението да биде однесена до секое племе, народ и јазик.
Однапред ви благодариме за вашиот великодушен придонес кон овој проект за изградба.
Вашите браќа и сестри од Северниот регион на Африка