Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Зошто не можеме да ги правиме работите на свој начин? Ние секако би можеле, но таквите начини нема секогаш да придонесат за нашето вечно спасение. Патиштата на паднатата човечка природа не се Божји патишта. Семоќниот објаснува: „Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли“ (Исаија 55:8,9).

Значи, не можеме да очекуваме дека Бог целосно ќе го одобри ограничениот, земен начин на живот. На крајот на краиштата, ние не сме свои! Библијата открива дека сме скапо откупени – со крвта на единородниот Божји Син.

Дури и нашата љубов кон другите можеби не е онаква каква би требало да биде. Сите можат да имаат корист од вдахновеното предупредување дадено на едно семејство:

„Нашата љубов често е одраз на себичност, бидејќи е ограничена во пропишани граници. Кога ќе се соединиме и блиску поврземе со Христа, нашата љубов и сочувство и нашите дела на добродетелство со постојана примена ќе бидат сè поделотворни и подлабоки. Љубовта и сочувството на Христовите следбеници не смеат да имаат никакви ограничувања. Оние кои живеат само за ‘себе и за своето’ нема да го наследат небесното царство. Бог ве повикува како семејство да негувате љубов, помалку да мислите на себе, а многу повеќе за страдањата и искушенијата на другите. Духот на себичност кој го негувате цел живот е соодветно прикажан во држењето на свештеникот и левитот кои поминале покрај несреќниот човек и преминале на другата страна. Тие виделе дека на тој човек му е потребна помош, но намерно го заобиколиле.

Секој од вас треба да се пробуди и потполно да го промени начинот на живеењето, за да може да излезе од опасноста која се нарекува себичност. Искористете го краткото време на милост и проба кое ви преостанува, правејќи сè што е во ваша моќ да ги исправите пропустите во својот досегашен живот. Бог ви дал живот на овој свет полн со страдања за да ве испита и да се види дали ќе се удостоите за дарот на вечниот живот“. – 3 Сведоштво, 530.

Од сите нас денес се бара да бидеме несебични за да можеме да ги ублажиме страдањата на оние кои страдаат и да им помогнеме на неуките, заблудени луѓе. Ние не сме свои - ние сме исклучиво сопственост на нашиот Создател, кој ни оставил пример во животот на Исус Христос. За правилно да ги претставиме карактерните црти на небото потребно е целото наше битие. Ние сме управители на Божјата благодат, управители на светлината, средствата и талентите што ни се дарувани.

Поради оваа причина, со цел да нè охрабрат да ги следиме чекорите на нашиот Учител, дадени ни се Библиските лекции за наредните две тримесечја на тема „Управители во последните денови“. Наша молитва е преку овие проучувања Бог да ни даде успех додека го следиме Христа во Неговото несебично дело!

Оддел на Генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>