Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 
1. лекција Сабота, 2. јули 2022.

Управител

„Надевај се на Господ од сè срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки“ (Изреки 3:5,6).

„За да не остане човекот без благословените резултати на милосрдието, нашиот Спасител смислил план и го ангажирал за свој соработник“. – The Re¬view and Herald, August 25, 1874.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Здравје и среќа, 500-502. 

Недела 26. јуни

1. ПОСВЕТЕНОСТ

а. Која е основата на христијанското управување? Псалм 37:4-6; 24:1.

„Ако Словото Божјо се негува како владејачко начело во срцето и се држи цврсто во сите околности, човекот, заедно со способностите што му се доверени, е подложен на Господ Исус Христос. Сите негови сили, дури и неговите мисли, се доведени во заробеништво на Христа. Ова е вистинска посветеност. Сите негови искуства се спојуваат во совршена хармонија. На човекот ништо не му недостасува. Не чува дел за себе да прави како што сака“. – In Heavenly Places, p. 190.

б. Објасни ги основните мотиви на христијанскиот управител и главните предности по кои тој копнее. Матеј 6:33,34; Филипјаните 3:8.

„Ние сме Христови сведоци и не смееме да дозволиме световните интереси да ни го окупираат времето и вниманието толку многу што нема да се грижиме за работите што Бог рекол дека мора да бидат на прво место. Во прашање се вечни интереси. ‘Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда’. Христос дал сè од Себе за делото што дошол да го изврши, а Неговите зборови до нас се: ‘Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене’. ‘Така ќе бидете Мои ученици’“. – Messages to Young People, p. 314.


Понеделник 27. јуни

2. СЛУЖБАТА НА УПРАВИТЕЛОТ

а. Управителот управува со туѓ имот. Наведете некои важни работи со кои управуваме. 1 Коринтјаните 4:1,2.

„Оние на кои Бог им ја доверил Својата вистина мора да го имаат истиот благонаклонет дух што го покажал Христос. Тие треба да ги усвојат истите широки акциони планови. Тие треба да имаат љубезен, дарежлив дух кон сиромашните, секогаш имајќи на ум дека тие се само Божји управители. Сè што имаат - материјални добра, умствени и духовни способности - не треба да го сметаат за свој имот, туку како дар што им е даден за да го унапредат Христовото дело на земјата. Како и самиот Христос, тие не треба да го избегнуваат друштвото на своите ближни, туку да го бараат за да ги споделат со нив небесните благослови што ги примиле од Бога“. – Gospel Workers, p. 335.

б. Каде христијанскиот управител собира богатство? Матеј 6:19-21,24,33.

„Бог сака да го избереме небесното наместо земното. Тој пред нас отвора можности за небесна инвестиција. Тој нè поттикнува и храбри да се стремиме кон највисоки цели и да си го обезбедиме најскапоценото богатство, изјавувајќи: ‘Ќе направам така, што луѓето да бидат поретки од чисто злато, а мажите - поретки од офирско злато’ (Исаија 13:12). Кога ќе исчезнат богатствата што ги јаде молецот и ’рѓата расипува, Христовите следбеници ќе можат да се радуваат на своето небесното богатство, богатството кое не може да пропадне“. – Христовите поуки, 374.

в. Како христијанските управители управуваат со богатството што им го доверил нивниот Господар? 1 Тимотеј 6:18,19; Изреки 19:17.

„Сите треба да знаат дека не се сопственици, туку само повереници и дека доаѓа време кога ќе мораат да дадат сметка за начинот на кој го трошеле Божјиот имот. На Божјото дело му се потребни средства. Сите би требало да кажат заедно со Давид: ‘Од Тебе е сè, и откако примивме од Твоите раце, Ти дадовме Тебе’ (1 Летописи 29:14)“. – 5 Сведоштво, 382.


Вторник 28. јуни

3. ПОЗИТИВЕН СТАВ

а. За што треба да размислува христијанскиот управител кога ќе се соочи со економски пад? Филипјаните 4:13; Римјаните 8:28.

б. Зошто е толку важен нашиот пристап кон финансиските прашања? Изреки 16:2.

в. Какви предупредувања се упатени до христијанските управители во врска со нивните ставови и мотиви? 1 Јованово 2:15,16.

„Сатаната не престанува да измислува некои нови изуми со кои настојува вниманието на Божјиот народ да го сврти од сериозното дело на подготовка за настаните што ни претстојат. Тој е измамник во потполна смисла на зборот и вешт маѓепсничар. Своите планови и стапици ги покрива со наметка на светлина што личи на небесна. Ја навел Ева да вкуси од плодот на забранетото дрво уверувајќи ја дека тоа ќе ѝ донесе големо предимство. На своите агенти им наложува да измислуваат разни пронајдоци, патентни права и слични потфати, за и адвентистите кои сакаат брзо да се збогатат да паднат во искушение, да бидат вовлечени во неговите стапици и да си навлечат на себе големи маки. Тој е мошне буден и неуморен во настојувањето луѓето од овој свет постојано да ги држи во свое ропство, за преку нив со пријатни возбудувања да ги привлече и невнимателните верници да им се придружат во тие суетни задоволства. Желбата на очите, копнежот по возбудувања и пријатни забави, се вистински искушенија и стапици за Божјиот народ. Сатаната има многу фино испреплетени, но опасни мрежи кои изгледаат потполно невини и со кои тој вешто ги залудува припадниците на Божјиот народ, како што се: разни привлечни претстави, приредби, предавања од френологијата и уште безбројни слични потфати, замислени Божјиот народ да биде наведен да го сака светот и сѐ што е во светот. Со таквото поврзување со светот, верата станува сѐ послаба, а парите со кои треба да се потпомага делото на сегашната вистина се одлеваат во редовите на непријателот. Преку такви и слични канали сатаната вешто ги извлекува парите од рацете на Божјиот народ, и поради тоа врз нив е Божјото незадоволство“. – 1 Сведоштво, 550,551.


Среда 29. јуни

4. ДОВЕРБА

а. Што го опкружува вистинскиот христијански управител? Псалм 32:10.

б. Какви особини поседува верниот Господов управител? Изреки 3:5,6; Јов 23:12.

„Псалмистот вели: ‘Надевај се на Господа и прави добро, живеј на земјата и храни се со вистината’ (Псалм 37:3). ‘Надевај се во Господа!’ Секој ден има свој товар, свои грижи и недоумици; и кога ќе се сретнеме, зошто веднаш сме готови да раскажуваме за нашите тешкотии и неволји? Толку непотребни грижи нè оптоваруваат, толку стравови нè мачат, за такво бреме на маки зборуваме, што некој би можел да помисли дека немаме милостив, нежен Спасител, готов да ги чуе нашите молби и веднаш да ни укаже помош кога ќе ни затреба“. – Патот кон Христа, 121.

в. Опишете неколку лекции од природата кои можат да послужат како водич за христијанскиот управител. Матеј 6:25-30.

„Бидејќи сѐ во природата придонесува за животот во светот така и е и со вашиот живот. ‘Давајте и ќе ви се даде’ (Лука 6:38), гласи поуката која е исто толку јасно запишана во природата како и на страниците на Светото Писмо“. – Воспитување, 103.

„Погледнете, вели Исус, како растат полските кринови; како, кога никнуваат од студената, мрачна земја или од калта на речното корито, се развиваат во цветови полни со убавина и мирис! Кој би помислил во колку убав цвет може да се развие грубата, кафеава главица на кринот? Но кога животот од Бога, сокриен во него, се развие на Неговиот повик, благодарение на дождот и сонцето, луѓето се восхитуваат гледајќи ја неговата слава и убавина. Исто така ќе се развие и животот од Бога во секоја човечка душа која ќе ја прифати службата на Неговата милост, која изобилно, како дождот и сонцето, се спушта со своите благослови на сите. Божјата Реч е сила која го создава цвеќето, а таа иста реч ќе ги развие и во вас доблестите на Неговиот Дух.

Божјиот Закон е закон на љубовта. Бог ве опкружил со убавина за да ве поучи дека вие не сте дошле на земјата само да истражувате, да копате и градите, напорно да работите и ткаете, туку со Христовата љубов да го направите животот посветол, радосен и убав - слично на цвеќето да го развеселувате животот на другите со службата на љубовта“. – Мисли од гората, 97.


Четврток 30. јуни

5. БЛАГОДАРНОСТ

а. Што прави христијанскиот управител кога ги открива вистинските богатства на универзумот? Лука 15:8,9; 1 Солунјаните 5:18.

„Заборавајќи ги сопствените тешкотии и грижи, да го славиме Бога за можноста да живееме за слава на Неговото име. Нека свежите благослови на секој нов ден разбудат чувство на благодарност во нашите срца за овие знаци за Неговата татковска грижа. Кога ќе ги отворите очите наутро, заблагодарете му на Бога што ве чувал во текот на ноќта. Заблагодарете Му се за Неговиот мир во срцето. Наутро, напладне и навечер нека вашите изрази на благодарност се издигнуваат кон небото како сладок мирис“. – The Review and Herald, June 2, 1910.

„Зарем ние немаме причина да зборуваме за Божјата добрина и да ја воздигаме Неговата моќ? Кога некој од нашите пријатели ќе ни направи нешто добро, ние за свое право и чест го сметаме тоа, да им ја укажеме својата благодарност. Колку ли повеќе причини имаме со најголема радост да ја изразиме својата благодарност на Оној, Којшто ни го дава секој добар и совршен дар! Затоа, да не ја испуштиме можноста на секој собир и на секое богослужение да Му оддадеме благодарност на Бога. Да се учиме да Го славиме Господа и во семејниот круг“. – Мојот живот денес, 170.

б. За што христијанскиот управител ќе биде најмногу благодарен? Псалм 119:14,72,127.

„Славните можности поставени пред Израел можеле да се остварат само преку почитување на Божјите заповеди. Истото совршенство на карактерот, истата полнота на благословите, благословите на умот, душата и телото, благословите во домовите и полињата, благословите во овој живот и во животот што доаѓа, можеме да ги уживаме само ако сме послушни“. – Христовите поуки, 305.


Петок 1. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можете да покажете посветеност во делото на евангелието?

2. Каков е описот на работата на христијанскиот управител?

3. Како вашиот став влијае на вашите финансиски одлуки?

4. Што е потребно за да му дадете на Бога целосна контрола над вашите финансии?

5. Што откривате додека ги броите вашите благослови?

 <<    >>