Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 
  Сабота, 2. јули 2022.

Дар во првата сабота за Винчестер, Кентаки, САД

Ни беше кажано: „Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи“ (Матеј 5:14,15).

Државата Кентаки (над 4,5 милиони жители) се наоѓа во југоисточниот дел на САД, и е можеби најпозна по „сината трева“ Кентаки, посебен вид трева особено хранлива за чистокрвните коњи - главен извор на приход за државата.

Повеќе од половина од населението на Кентаки се смета себеси за „високо религиозно“ - повеќето од нив исповедаат христијанство. Над 25% од нив се баптисти, 8,4% католици, 1,8% пентекосталци и 1,1% презвитеријанци, а останатите припаѓаат на други христијански и нехристијански деноминации. Тогаш, колку е важно да се има споменик на вистинскиот и жив Бог во оваа држава!

Пораката за реформација дојде во Кентаки во деведесеттите години и Господ ги отвори вратите на чудесен начин во тие први години. Една куќа со површина од два хектари која е претворена во црква беше купена по чудесно ниска цена. Нашиот прв сосед потоа купи дел од имотот, како и пар верски артефакти од таа зграда кои беа продадени на аукција, и на тој начин ја исплативме полната цена на црквата - и кога членовите се преселија/починаа, имотот беше продаден по повисока цена отколку што беше купен. Преку уште едно чудо Господ набрзо ни обезбеди огромна, прекрасна црква во главниот град за бесплатно користење.

Сепак, со текот на времето, нашето членство претежно се пресели во Лексингтон, така што сите собрани средства сега беа фокусирани на оваа област. Во оваа земја земјиштето и зградите се прилично скапи, па Бог направи уште едно чудо: Во блискиот град Винчестер, една црква беше ставена на продажба. Нашите членови од Кентаки, неколку на број, вложија големи напори да ја купат. Тие дадоа сѐ од себе во овој проект и овде вечното евангелие и се презентира на локалната заедница, а на саботните богослужби редовно доаѓаат нови посетители. Охрабрени сме да го имаме овој светилник во Кентаки - и едвај чекаме да се подмират сите долгови што е можно поскоро за да може да се почитува Божјото име.

Ги цениме вашите дарежливи дарови за оваа намена!

Вашите браќа и сестри од црквата во Винчестер, Кентаки

 <<    >>