Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 
  Сабота, 3. септември 2022.

Дар во првата сабота за црквата во Света Луција

Света Луција е суверен остров кој припаѓа на Антилите, се наоѓа во источниот дел на Карибите, североисточно од Сент Винсент, северозападно од Барбадос и јужно од Мартиник, со површина од 617 км² со население од над 183.000 жители.

Островот наизменично бил под британска и француска управа, сè додека дефинитивно не станал британски, во 1814. година. На 22. февруари 1979. година, Света Луција станала независна држава и членка на земјите на Комонвелтот. Денес, нејзината економија се заснова на туризам, индустрија, производство на банани и банкарство.

Официјален јазик е англискиот. Сент Луциан Француско Креолскиот јазик (Kwéyòl), кој колоквијално се нарекува Patois („Patwa“), го зборува и 95% од населението.

Околу 61,5% од населението се римокатолици; 25,5% се протестанти (адвентисти на седмиот ден 10,4%, пентекосталци 8,9%, баптисти 2,2%, англиканите 1,6%, членовите на Божјата црква 1,5% и останати 0,9%). Околу 1,9% од населението му припаѓа на движењето растафари. Други религии ги вклучуваат Јеховините сведоци, исламот, бахајската вера, јудаизмот и будизмот.Во

Во 1994. година, како одговор на искрените молитви од душите кои копнеат за оживување и реформација, саботно библиските лекции пристигнаа на островот, по што следеа посети на членовите на РДАСД.

Во 2000. година се крстија пет драги души. Иако непријателот на различни начини се обидел да го саботира делото, Господ победил. Во 2017. година еден проповедник, заедно со своето семејство, бил испратен таму за да го одржува и развива делото. Сега имаме јасна потреба од црква и централа за да го претставиме Господовото дело на вистински начин.

„Како народ мора да практикуваме самоодрекување и штедливост... Времето е кратко, и секој денар што не е потребен за обезбедување на основните потреби, треба да се искористи како дар на благодарност на Бога. Тие пари се Господови, и Господ ми покажа дека низ целата земја и на островите треба да се подигнат молитвени домови и училишта.“ - Пастирска служба, 244, 245.

Затоа ве повикуваме да нѐ поддржите во оваа благородна работа, за што однапред ви се заблагодаруваме.

Вашите браќа и сестри од Света Луција

 <<    >>