Божјата љубов кон човекот Запомнете го стихот: „Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот - да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нè знае, зашто не Го спозна Него“ (1 Јованово 3:1).
Предлагаме да прочитате:
Патот кон Христа, прво поглавје, стр. 9–15.
„Бог е љубов. И како што сонцето ги праќа сончевите зраци, така и љубовта, светлината и радоста се излеваат од Него врз сите Негови созданија.“ — Мисли од Гората на блаженствата, стр. 77.
1. БОГ Е ЉУБОВ Недела, 28 јуни
а. Каков доказ за Божјата љубов му е даден на човечкиот род? Излез 34:6,7; Јона 4:2 (последен дел); Еремија 31:3.„Божјото слово го открива Неговиот карактер. Самиот Тој ја објавил Својата неограничена љубов и милосрдие. Кога Мојсеј се молел: „Покажи ми ја својата слава“, Господ му одговорил: „Ќе ја покажам пред тебе сета Моја слава“ (Излез 33:18,19). Ова е Негова слава. Господ поминал пред Мојсеја и објавил: „Господ, Господ, Бог милостив, жалостив, долготрпелив и обилен со добрина и вистина, кој покажува милост кон илјадници, простува беззаконија, неправди и гревови“ (Излез 34:6,7). Тој е „спор на гнев и богат со милосрдие“, „Тој ужива да искажува милост“ (Јона 4:2; Михеј 7:18).“ — Патот кон Христа, стр. 10.б. Која била Божјата цел кога Го испратил Својот Син? Матеј 11:27; Јован 14:8, 9.„Сатаната ги навел луѓето Бога да го замислуваат како суштество, чијашто основна особина е крута праведност – како суров судија, неумолив и строг доверител. Тој Творецот го претставувал како суштество кое со сомничаво око ги набљудува луѓето за да ги пронајде нивните заблуди и грешки и да ги излее врз нив Своите судови. За да ја отстрани оваа темна сенка, Исус дошол да живее меѓу луѓето, откривајќи му ја на светот бескрајната Божја љубов.“ — Патот кон Христа, стр. 10.
2. ХРИСТОВАТА МИСИЈА Понеделник, 29 јуни
а. Како Исус ја опишал Својата земна мисија? Лука 4:16–18.„[Се наведува Лука 4:18.] Тоа било Негово дело. Тој помина правејќи добро и исцелувајќи ги сите што беа надвладеани од сатаната. Имало цели села во кои не се слушнал извик на болка од ниедна куќа, бидејќи Тој поминал низ нив и ги излекувал сите болни. Неговото дело било доказ за Неговото божествено помазание. Во секое дело на Неговиот живот се откривале љубов, милосрдие и сомилост; Неговото срце било полно со нежно сочувство кон човечките синови. Тој ја зел човечката природа за да може да ги сфати потребите на човекот. Најсиромашните и најпонижените не се плашеле да му пристапат. Дури и малечките деца ја чувствувале Неговата привлечност. Тие сакале да се качуваат на Неговите колена и да го гледаат Неговото замислено лице, добродушно и полно со љубов.“ — Патот кон Христа, стр. 11.„Исус сметал дека секоја душа мора да се повика да дојде во Неговото царство. Тој ги придобивал срцата на народот на тој начин што им покажувал дека им посакува добро. Ги барал по улиците, во домовите, на чамците, во синагогите, на брегот на езерото, па и на свадбената свеченост. Се среќавал со нив додека се одморале и покажувал интерес за нивните земни работи. Ги внесувал своите поуки во домаќинството, доведувајќи ги семејствата во нивните сопствени домови под влијание на Своето божествено присуство. Неговата силна лична наклонетост му помогнала да придобие срца. Често се повлекувал во планините за да се моли, но тоа била само подготовка за Неговата работа помеѓу луѓето во активниот живот. Од така поминатото време, Тој доаѓал да ги исцелува болните, да ги поучува неуките и да ги раскине оковите од заробениците на сатаната.“ — Копнежот на вековите, стр. 151.б. Иако бил полн со љубов и сочувство, каков пример ни дал Христос за верност во укорувањето на злото? Јован 9:39–41; Матеј 21:12, 13.„Исус не се притеснувал да ја каже вистината, но тоа секогаш го правел со љубов. Во своето однесување со луѓето бил мошне тактичен и им укажувал промислено и љубезно внимание. Тој никогаш не бил груб, никогаш не изговорил непотребно некој остар збор, никогаш не ѝ нанел непотребна болка на чувствителната душа. Не ги осудувал човечките слабости. Ја зборувал вистината, но секогаш со љубов. Ги осудувал лицемерството, неверувањето и беззаконието; но во Неговиот глас се чувствувала болка, додека ги изговарал своите остри прекори... Секоја душа била драгоцена во Неговите очи. Иако секогаш внимавал на своето божествено достоинство, со најнежно внимание се наведнувал над секој припадник на Божјото семејство. Во секој човек гледал падната душа заради чие што спасение дошол.“ — Патот кон Христа, стр. 12.
3. ЖИВОТ НА САМОПОЖРТВУВАНОСТ Вторник, 30 јуни
а. Каков тежок товар носел нашиот Спасител во текот на Својот живот? Исаија 53:5-7; Лука 2:48, 49.„Исус го носел страшниот товар на одговорноста за спасението на луѓето. Тој знаел дека, ако не дојде до решителна промена во начелата и целите на човечкиот род, сè ќе биде изгубено. Тоа било бремето на Неговата душа, и никој не можел да ја сфати тежината што почивала врз Него. Низ детството, младоста и зрелата возраст, Тој одел сам. Сепак, да се биде во Негово присуство значело да се биде на небо. Од ден на ден се среќавал со искушенија и проби; од ден на ден доаѓал во допир со злото и ја гледал неговата сила врз оние што настојувал да ги благослови и спаси. Сепак, Тој не потклекнал ниту се обесхрабрил.Во сè, Тој ги потчинувал Своите желби на Својата мисија. Неговиот живот бил прославен со тоа што сè во него било подредено на волјата на Неговиот Отец. Кога во Својата младост, Неговата мајка, наоѓајќи Го во училиштето на рабините, Му рекла: „Сине, зошто ни направи така?“, Тој одговорил — а Неговиот одговор е основниот тон на Неговото животно дело: ’Зошто сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во делото на Мојот Отец?’Неговиот живот бил живот на постојано самопожртвување. Тој немал дом на овој свет, освен кога добрината на пријателите Му обезбедувала престој како на патник. Дошол заради нас да живее живот на најсиромашните, и да оди и работи меѓу сиромашните и страдалниците. Непризнаен и без почести, Тој одел меѓу луѓето за кои направил толку многу.“ — Слуги на евангелието, стр. 42, 43.б. Што ни открива излевањето на Божјата неизмерна љубов за нашиот небесен Отец? Јован 3:16; 1 Јованово 4:9,10.„Но, оваа голема жртва не била принесена за да се разбуди во срцето на Отецот љубов кон човекот или пак желба да го спаси. Не, не! „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син”. (Јован 3:16). Отецот нè сака, но не заради таа голема жртва на помирување, туку Тој се погрижил за жртвата на помирување, затоа што нè љуби. Христос бил посредник преку кого Тој ја излеал својата бескрајна љубов кон паднатиот свет. „Зашто Бог беше во Христа, и светот го помири со себе“ (2 Коринтјаните 5:19). Бог страдал со Својот Син. Во агонијата во Гетсиманија, смртта на Голгота, срцето на бесконечната Љубов ја платило цената за нашето откупување.“ — Патот кон Христа, стр. 13.
4. НАШИОТ ЗАМЕНИК И ГАРАНТ Среда, 1 јули
а. Што е темелот на спасението на нашите души? 1 Коринтјаните 1:30; Дела 16:31.„О, со каква глад и копнеж во душата Христос сакал да го спаси она што било изгубено! Телото распнато на крстот не одзело ништо од Неговата божественост, ниту од Божјата сила дадена да ги спаси, преку Неговата човечка жртва, сите што ќе ја прифатат Неговата праведност. Умирајќи на крстот, Тој ја пренел вината од престапникот врз божествениот Заменик — преку вера во Него како личен Искупител. Гревовите на виновниот свет, кои симболично се прикажани како „црвени како пурпур“, му биле припишани на божествениот Гарант.“ — Овој ден со Бога, стр. 236.б. Што направил Христос за нашето откупување — нешто што ја надминува секоја човечка мудрост и секој човечки напор? Јован 10:17; Римјаните 5:6-8.„’Мојот Отец толку ве сакаше, што дури и Мене уште повеќе ме засака, затоа што го дадов Својот живот за да ве откупам. Му станав мил на Мојот Отец станувајќи ваш Заменик и ваша Гаранција, положувајќи го Мојот живот, преземајќи ги вашите долгови, вашите престапи; Јас сум љубен од Својот Отец; затоа што со Мојата жртва Бог може да биде праведен, а сепак да го оправда оној што верува во Исуса!’Никој, освен Божјиот Син, не би можел да нè откупи; бидејќи Отецот можел да го објави само Оној, кој бил во Неговите прегратки. Божјата љубов можел да ја објави само Оној, кој ги запознал нејзините длабочини и висини. Само бесконечната жртва принесена од Христа во корист на паднатиот човек можела да ја изрази љубовта на Отецот кон изгубеното човештво.“ — Патот кон Христа, стр. 14.в. Што можел Јован да посведочи за нашиот Застапник пред Божјиот престол? 1 Јованово 1:1-3.„Малкумина ја разбираат тежината на гревот и ја сфаќаат големината на пропаста што настанала со престапувањето на Божјиот закон. Проучувајќи го Божјиот чудесен план на откупување, чија цел е во грешникот повторно да го обнови Божјиот морален лик, можеме да видиме дека единственото средство за избавување на човекот било обезбедено преку самопожртвуваноста, неспоредливото понижување и љубовта на Божјиот Син. Само Тој имал сила да ги води битките против големиот непријател на Бога и човекот; и како наш Заменик и Гарант, им дал сила на оние што со вера се држат за Него, во Негово име и преку Неговите заслуги, да станат победници.“ —Christian Education, p. 112.
5. ИСУС ЈА ПЛАТИЛ ЦЕНАТА Четврток, 2 јули
а. Што му овозможило на Христос да ја плати цената на нашето откупување? 1 Петрово 1:18, 19; Евреите 5:8, 9.„Цената платена за нашиот откуп, бескрајната жртва што ја принесол нашиот небесен Отец, давајќи го Својот Син да умре за нас, сето тоа би требало да нè вдахне со возвишени мисли за она што би можеле да станеме во Христа. Гледајќи ја височината, длабочината и широчината на љубовта на Отецот кон родот што умира, вдахновениот апостол Јован бил исполнет со обожавање и со стравопочит; и не наоѓајќи згодни зборови да ја изрази големината и нежноста на таа љубов, го повикал светот да ја набљудува... Каква вредност му дава тоа на човекот! Преку престапот, човечките синови станале поданици на сатаната. Со вера во Христовата жртва на помирување, Адамовите синови можат да станат синови Божји. Земајќи ја човечката природа, Христос го воздигнал човештвото. Паднатите луѓе, поврзани со Христа, добиле можност навистина да станат достојни за името „синови Божји.“ — Патот кон Христа, стр. 15.б. Кои зборови ги употребил апостол Јован за да ја опише големината на Божјата љубов? 1 Јованово 3:1, 2.„Таквата љубов е неспоредлива. Деца на небесниот Цар! Драгоцено ветување! Тема за најдлабоко размислување! Неспоредлива Божја љубов кон светот што не го љубел! Оваа мисла има моќ да ја скроти душата и умот да го наведе на покорност на Божјата волја. Колку повеќе го проучуваме божествениот карактер во светлината на крстот, толку повеќе гледаме милост, нежност и простување, поврзани со непристрасност и правда; сè појасни ни стануваат безбројните докази за неограничената љубов и нежната милост, кои го надминуваат сочувството на мајката кон своето заскитано дете.“ — Патот кон Христа, стр. 15.
ПРАШАЊА ЗА ЛИЧНО РАЗМИСЛУВАЊЕ Петок, 3 јули
1. Опиши ги најважните особини на Божјиот карактер.2. Како Исус го открил Божјиот карактер додека бил на земјата?3. Како Христовата мисија влијаела врз Неговите избори?4. Станувајќи наш Заменик, на кои поуки нè учи Исус?5. Опиши го Христовиот најголем дар за нас.