Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да одиме со Исус

 <<    >> 
САБОТА, 25 ЈУЛИ 2026 4. ЛЕКЦИЈА
Признавање ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван“ (Изреки 28:13).
Предлагаме да прочитате:   Патот кон Христа, четврто поглавје, стр. 37–41. 
„Признавањето, поттикнато од длабочината на душата ќе го најде својот пат до Бога кој е полн со бескрајна сомилост.“ — Патот кон Христа, стр. 38.

1. БОЖЈАТА МИЛОСТ Нед ела, 19 јули
а. Што треба да направиме кога ќе бидеме осведочени за грев? Изреки 28:13; Јаков 5:16. „Условите за добивање на Божјата милост се едноставни, праведни и разумни. Господ не бара од нас да се изложуваме на маки за да добиеме простување на гревот. Не мораме да одиме на долги и исцрпувачки поклоненија, или пак да вршиме мачни покори за да му ја препорачаме нашата душа на небесниот Бог или пак да ги окаеме своите престапи, туку оној кој признава и го остава својот грев добива милост“. — Патот кон Христа, стр. 37. б. Каков став бара ова од нас? Изреки 15:33; 19:23; Псалм 34:18. „Оние кои не се понизиле пред Бога со признавање на својата вина, не го исполниле ни првиот услов да бидат примени. Ако не се покаеме вистински и неповратно, ако во длабока понизност и потиштеност на срцето не сме си ги признале гревовите, згрозувајќи се од своето беззаконие, ние никогаш навистина не сме побарале простување на гревовите; а ако никогаш не сме побарале, никогаш не сме нашле мир од Бог. Единствена причина што не сме добиле простување на минатите гревови е нашата неподготвеност да го потчиниме нашето срце и да ги исполниме условите на Словото на вистината. За тоа ни се дадени точни упатства. Признавањето на гревовите, било јавни или тајни, мора да биде дадено од срце и јасно изразено.“ — Патот кон Христа, стр. 37, 38.

2. ПРИЗНАВАЊЕ И ПРОСТУВАЊЕ Пон еделник, 20 јули
а. Кога сме навредиле некого, кого уште сме навредиле? Псалм 51:4. „Апостолот вели: ’Исповедајте си ги грешките еден на друг, и молете се на Бога еден за друг, да оздравите’ (Јаков 5:16). Признајте му ги своите гревови на Бога, кој единствено може да ви прости, а своите грешки еден на друг. Ако сте го навредиле својот пријател или сосед, треба да ја признаете својата вина, а негова должност е од срце да ви прости. Потоа треба да побарате простување и од Бога, бидејќи братот што сте го повредиле е Божја сопственост, па ранувајќи го него сте му згрешиле и на неговиот Создател и Откупител.“ — Патот кон Христа, стр. 37. б. Зошто мораме да им простуваме на другите? Матеј 6:14,15; Ефесјаните 4:32. „Оној кој не е подготвен да прости, го затвора единствениот канал низ кој и самиот може од Бога да добие милост. Никогаш не смееме да помислиме дека имаме право да им го ускратиме простувањето на оние кои нè навредиле, затоа што не ни ја признале својата вина. Без сомнеж, нивна должност е да ги понизат своите срца во покајание и признавање, но ние мораме да покажеме сожалив дух кон оние кои ни згрешиле, без оглед дали ги признале своите грешки или не. Колку и болно да нè раниле, не смееме да тагуваме и да се сожалуваме себеси поради навредите кои ни се нанесени. Како што очекуваме Бог да ни ги прости нашите навреди кои сме му ги нанеле, и ние мораме да им простиме на сите оние кои ни нанеле некое.“ — Мисли од гората на блаженствата, стр. 113. в. Што треба да нè научи за нашата должност кон човечкиот род? 1 Петрово 4:8; Римјаните 13:8. „Нека Христос, божествениот Живот, престојува во вас и преку вас да ја открие небесната љубов која ќе им влее надеж на оние кои ја изгубиле и ќе им донесе небесен мир на срцата ранети од гревот. Кога доаѓаме кај Бога, веќе на самиот праг ни се поставува услов, примајќи ја Неговата милост, мораме да се согласиме да ја покажеме Неговата милост кон другите.“ — Мисли од гората на блаженствата, стр. 114, 115.„Наш најголем грев е нехуманоста на човек кон човек. Постојат многумина, кои мислат дека ја застапуваат Божјата правда, иако сосема ги занемаруваат Неговата нежност и голема љубов. Тие, честопати постапуваат сурово и строго со души, кои се наоѓаат под бремето на остри искушенија. Сатаната се бори со овие души, а нашите нељубезни зборови можат толку да ги обесхрабрат, така што тие ќе паднат и ќе станат жртва на силата на искушувачот.“ — Здравје и среќа, стр. 163.

3. ОДРЕДЕНО И ИСКРЕНО Вто рник, 21 јули
а. Кои гревови треба јавно да ги признаеме, а кои треба да ги признаеме само пред Бога? Псалм 32:5; Матеј 5:23,24. „Вистинското признание е секогаш изрично и се однесува на одредени гревови. Тие се понекогаш од таков карактер што можат да се признаат само на Бога; или пак тоа се зли дела кои мораат да им се признаат и на оние кои поради нив претрпеле штета; или тоа можат да бидат јавни гревови кои треба јавно да се признаат. Сите признанија мораат да бидат јасни и целосни, мораме да ги признаеме токму оние гревови за кои сме виновни.“ — Патот кон Христа, стр. 38.„Гревовите од личен карактер треба да му се признаат на Христос, единствениот посредник меѓу Бога и човекот... Секој грев е навреда против Бога и треба да Му се признае преку Христос. Секој јавно сторен грев треба јавно да се признае.“ — Gospel Workers, p. 216. б. Која е целта на вистинското признавање? 1 Самоилова 12:19. „Во Самоиловите дни Израелците се оддалечиле од Бога. Ги поднесувале последиците на гревот затоа што ја изгубиле својата вера во Бога, својата способност да ја видат Неговата сила и мудрост во управувањето со народот, како и довербата во Неговата способност да го брани и оправда Своето дело. Го отфрлиле големиот Владетел на вселената и посакале да имаат ист облик на владеење како и околните народи. Пред да стекнат мир го дале ова одредено признание: ’Кон своите гревови додадовме зло, посакувајќи си цар!’ (1 Самоилова 12:19). Морале да го признаат токму оној грев за кој биле виновни.“ — Патот кон Христа, стр. 38. в. Кое практично дело треба да следи по признавањето? Исаија 1:16,17; Езекиел 33:15. „Бог не може да го прифати признанието без искрено покајание и промена. Мора да се видат решителни промени во животот; сè што го навредува Бога мора да биде отфрлено. Тоа ќе биде последица на вистинското жалење поради гревот.“ — Патот кон Христа, стр. 39.Како Закхеј, секој обратен човек покажува дека Христос влегол во неговото срце со тоа што ги напушта неправедните постапки, кои дотогаш го обележувале неговиот живот. Слично на началникот на цариниците, таквиот човек ќе даде доказ за својата искреност со тоа што ќе ја надомести нанесената штета.“ — Копнежот на вековите, стр. 566.

4. ОПАСНОСТА ОД САМООПРАВДУВАЊЕТО Сре да, 22 јули
а. Кога Господ ги прашал Адам и Ева за нивниот грев, како тие навестиле дека тоа всушност не била нивна вина? Создавање 3:12,13. „Адам не можел својот грев ниту да го побие ниту да го оправда. Меѓутоа, наместо да покаже дека се кае, се обидел вината да ја префрли врз својата жена, а со тоа и врз Бога. ’Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде плод од дрвото, и јас јадев.’“ — Патријарси и пророци, стр. 58.Бидејќи јаделе од забранетиот плод, Адам и Ева ги исполнило чувство на срам и ужас. Најпрвин размислувале за тоа како да го оправдаат својот грев и да ја избегнат смртната казна од која се ужасувале. Кога Господ ги распрашал за нивниот грев, Адам одговорил, префрлувајќи ја вината делумно на Бога, а делумно на својата другарка: ’Жената која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев’. Жената ја префрлила вината на змијата велејќи: ’Змијата ме измами, и јас јадев“ (Создавање 3:12,13). Зошто си ја создал змијата? Зошто си дозволил да влезе во Едем? Овие прашања биле вклучени во нејзиниот изговор поради направениот грев прогласувајќи го Бога одговорен за нивниот пад.“ — Патот кон Христа, стр. 40. б. Зошто самооправдувањето го прави признавањето безуспешно? Јов 9:20; Лука 16:15. „Духот на самооправдување потекнува од таткото на лагата и се има покажано во сите синови и ќерки Адамови. Ваквите признанија не се вдахновени со божествениот Дух и Бог не може да ги прифати. Вистинското покајание го наведува човекот сам да ја понесе својата вина и да ја признае без измама или лицемерие.“ — Патот кон Христа, стр. 40.Ние не треба да се обидуваме да ја намалиме нашата вина барајќи некаков изговор за гревот. Ние мораме да ја прифатиме Божјата проценка за гревот, а таа е навистина тешка. Единствено Голгота може да ни ја открие страшната грозотија на гревот. Кога би морале сами да ја носиме сопствената вина, тоа ќе нè уништи. Меѓутоа, Безгрешниот го зазеде нашето место, иако недолжен, Тој ги понесе нашите неправди. ’Ако ги исповедаме гревовите свои’, Бог е „верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда’ (1 Јованово 1:9). Каква величествена вистина! Праведен на сопствениот Закон, а сепак ги оправдува сите оние што веруваат во Исуса. ’Кој Бог е како Тебе, за да ги простува беззаконијата, да мине преку престапите на остатокот од Своето наследство? Тој вечно не се гневи, зашто Тој со радост се смилува’ (Михеј 7:18).“ — Мисли од гората на блаженствата, стр. 116.

5. ОТВОРЕНО ПРИЗНАВАЊЕ Чет врток, 23 јули
а. Како Павле понизно и јасно го признал својот грев? Дела 26:10,11. „Примерите на вистинско покајание и понизност, запишани во Божјото слово, ни откриваат подготвеност за признавање без изговор за гревот или обид за самооправдување. Павле не се обидел да се оправда; тој го слика својот грев во најтемни бои, не обидувајќи се да ја намали својата вина. (Дела 26:10,11).“ — Патот кон Христа, стр. 41. б. Што изјавил Павле во своето Прво послание до Тимотеј? 1 Тимотеј 1:15. „Ние во себе не можеме да видиме ништо освен слабост, ништо што би нè препорачало на Бога, а сатаната ни вели дека сите наши настојувања се бескорисни и дека не сме во состојба да ги исправиме маните во нашиот карактер. Кога ќе се обидеме да дојдеме кај Бога, непријателот ќе шепне: Нема никаква полза да се молиш, зарем не се сеќаваш дека си го направил она зло дело? Зарем не си му згрешил на Бога и си работел против сопствената совест? Но ние со право можеме да му одговориме на непријателот: ’Крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нè очистува од секаков грев’ (1 Јованово 1:7). Кога ќе почувствуваме дека сме грешни и не можеме да се молиме, токму тоа е момент за молитва. Кога сме можеби засрамени во чувството на сопствената ништожност, сепак мораме да се молиме и да веруваме. (1 Тимотеј 1:15). Простувањето... е дар кој се темели на Христовата беспрекорна праведност.“ — Мисли од гората на блаженствата, стр. 115. в. Што ни ветува Бог ако ги признаеме своите гревови? 1 Јованово 1:9. „Понизното и скршено срце, скротено со вистинското покајание, ќе сфати, иако не целосно, колкава е Божјата љубов и цената на Голгота; и како што синот исповеда на саканиот татко, така и вистинскиот покајник ќе ги изнесе своите гревови пред Бога. Стои напишано: ’Ако ги признаеме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите наши, и да нè очисти од секаква неправда!’ (1 Јованово 1:9).“ — Патот кон Христа, стр. 41.

ПРАШАЊА ЗА ЛИЧНО РАЗМИСЛУВАЊЕ Пет ок, 24 јули
1. Кога искрено ги признаваме своите гревови пред Бога, каков е нашиот однос пред Него? 2. Во кои околности некои признанија треба да се направат пред други луѓе, и зошто? 3. Зошто е важно признавањето да биде јасно и конкретно? 4. Опиши ја опасноста од самооправдувањето. 5. Кој е резултатот од понизното признавање?
 <<    >>