ДАР ВО ПРВАТА САБОТА
Сабота, 1 август 2026 Оддел за образование при Генералната конференција„Поучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари“ (Изреки 22:6).Живееме во свечени времиња. Среде општество кое станува сè посекуларизирано, одговорноста да ги воспитуваме нашите деца и млади во страв Господов е поитна од кога било. Како родители, воспитувачи и членови на Христовото тело, имаме света мисија да подготвиме генерација која ќе може да ја брани верата со цврстина, понизност и длабоко осведочување.„Науката на вистинското образование е вистината, која треба длабоко да се всади во срцето, така што нема да може да ја искорени заблудата која се шири насекаде.“ — Сведоштва за црквата, том 6, стр. 131.Во овој контекст, Образовниот оддел при Генералната конференција вредно работи на зајакнување и проширување на нашите мисионски училишта низ целиот свет. На многу од нашите образовни центри им недостига соодветна инфраструктура, современи наставни програми и материјали приспособени на духовните потреби на нашите ученици. Покрај тоа, неколку земји побараа отворање нови образовни установи што ќе промовираат не само академско знаење, туку и начелата на вечното евангелие.Затоа, овој посебен дар ќе поддржи три клучни области:1. Преструктуирање на постојните мисионски училишта;2. Основање нови училишта во региони каде што е потребен пристап до христијанско образование на РДАСД;3. Унапредување на проектот за превод и приспособување на образовните материјали што ги развива нашиот педагошки тим, за да можат да служат и во световни и во мисионски училишта, на различни јазици и во различни културни околности.„Воспитувањето е обучување за служба. Секој Божји син и ќерка е повикан да биде мисионер; повикани сме да Му служиме на Бога и нашите ближни; и целта на нашето воспитување треба да биде пракса, која ќе нè оспособи за оваа служба.“ — Здравје и среќа, стр. 395.Затоа ве повикуваме, драги браќа и сестри, да го принесете својот дар великодушно и со мисионска визија. Вложувањето во образованието на нашите деца и млади е вложување во иднината на црквата, во објавувањето на евангелието и во конечната жетва.Нека Господ го умножи вашиот прилог и нека ја зајакне оваа суштински важна служба — и нека нашите училишта навистина бидат светила што светат во темнината, подготвувајќи верна генерација за скорото враќање на нашиот Спасител.
Оддел за образование при Генералната конференција