Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да одиме со Исус

 <<    >> 
САБОТА, 11 ЈУЛИ 2026. 2. ЛЕКЦИЈА
Потребата на грешникот од Христос ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „Исус му одговори и рече: ’Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо’“ (Јован 3:3).
Предлагаме да прочитате:   Патот кон Христа, второ поглавје, стр. 17–22. 
„Единствената надеж за откупувањето на нашиот паднат човечки род се наоѓа само во Христа.“ — Копнежот на вековите, стр. 147.

1. ЧОВЕКОВАТА ПРВОБИТНА СОСТОЈБА Нед ела, 5 јули
а. Опишете ја човековата првобитна состојба во Едем. Создавање 1:26, 27, 31; Псалм 8:4-6. „Човекот првобитно бил надарен со благородни способности и добро урамнотежен ум. Тој бил совршен во своето битие и во хармонија со Бога.“ — Патот кон Христа, стр. 17.„На човекот му било доделено да биде Божја слика и според надворешниот изглед и според карактерот. Единствено Христос е „сјај на славата” (Евреите 1:3) на битието на Отецот додека човекот е создаден според Божјиот лик. Неговата природа била во целосна хармонија со Божјата волја. Неговиот ум бил во состојба да го сфати она што е божествено. Склоностите му биле чисти; разумот владеел над неговите желби и страсти. Чувствувал среќа и светиња во тоа што на себе го носел Божјиот лик и што живеел во полна хармонија со неговата волја.“ — Патријарси и пророци, стр. 45. б. На кој начин сатаната успеал да го осуети Божјиот план при создавањето на човекот? Создавање 3:1-7; Римјаните 6:16; 1 Јованово 2:16. „Но, непослушноста ги изопачила неговите способности и наместо љубовта, се појавила себичност. Престапот во толкава мера ја ослабел неговата природа, што со своја сила воопшто не можел повеќе да ѝ се спротивстави на силата на злото. Станал роб на сатаната и засекогаш би останал таков кога самиот Бог не би се вмешал. Искушувачот имал намера да го осуети божествениот план во создавањето на човекот и Земјата да ја исполни со тага и очај. Сите тие зла сакал да ги претстави како последица на Божјото дело во создавањето на човекот.“ — Патот кон Христа, стр. 17.

2. БЕГСТВО ОД БОЖЈОТО ПРИСУСТВО Пон еделник, 6 јули
а. Како реагирале Адам и Ева по својот грев кога го слушнале Божјиот глас? Создавање 3:8-10. б. Зошто грешните човечки суштества не можат да опстанат во присуството на Бесконечниот? Излез 33:20; Второзаконие 4:23, 24. „Во својата безгрешна состојба, човекот одржувал радосна врска со Оној „во Кого се скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето“ (Колосјаните 2:3). Но, по сторениот грев, светоста не му причинувала повеќе радост, и тој се обидел да се скрие од Божјото присуство. Непрепороденото срце и сега се наоѓа во таква состојба. Тоа не е во хармонија со Бога, ниту пак наоѓа радост во заедницата со Него. Грешникот не би можел да биде среќен во Божјо присуство; нему друштвото на светите суштества би му било непријатно. И кога би му било дозволено да дојде на Небо, тоа не би му пружило никаква радост. Духот на несебичната љубов што владее таму - секое срце соединето со срцето на бескрајната Љубов - не би нашол одглас во неговата душа. Неговите мисли, неговите интереси, неговите побуди, би биле во расчекор со она што ги раздвижува безгрешните небесни жители. Тој би бил нескладна нота во небесната мелодија. За него небото би било место на мачење; тој би копнеел да се сокрие од Оној кој е светлина и центар на радоста на небото. Бог не одлучил самоволно да ги исклучи грешните од небото; тие сами се исклучуваат со својата непогодност за небесната заедница. Божјата слава за нив би била оган, кој спалува.“ — Патот кон Христа, стр. 17. в. Зошто е невозможно човекот сам да се спаси од казната за гревот? Јов 14:4; Римјаните 8:7, 8; Исаија 64:6. „Ние не можеме сами да се избавиме од понорот на гревот во кој сме паднале. Нашите срца се зли и ние не можеме да ги промениме. ’Кој ќе извлече чисто од нечисто? Никој!’ (Јов 14:4)... Образованието, културата, користењето на волјата, човечките напори, сето тоа има своја сфера на делување, но тука тие се беспомошни. Можеби со тоа може да се постигне надворешна коректност во однесувањето, но не може да се промени срцето; не можат да се исчистат изворите на животот. Мора да постои сила која делува одвнатре, нов живот одозгора, за да може човекот да се промени, да го остави гревот и да стане свет. Таа сила е Христос. Само Неговата благодат може да ги оживее замрените способности на душата и да ја привлече кон Бога, кон светоста.“ — Патот кон Христа, стр. 18.

3. ПОТРЕБАТА ОД СПАСИТЕЛ Вто рник, 7 јули
а. Што треба да разбереме за човечкото срце? Псалм 14:1-3; Римјаните 3:9-11. „Божјото слово објавува: „Сите згрешија и лишени се од славата Божја“ (Римјаните 3:23). „Нема кој да прави добро, нема ниту еден“ (Римјаните 3:12). Многумина се измамени во врска со состојбата на своето срце. Не сфаќаат дека природното срце е измамливо повеќе од сè и очајно расипано. Се облекуваат во својата сопствена праведност и се задоволуваат кога ќе го достигнат сопственото човечко мерило на карактерот; но колку страшно пропаѓаат кога не го достигнуваат божественото мерило, бидејќи сами по себе не можат да ги исполнат Божјите барања.“ — Selected Messages, bk. 1, p. 320. б. Зошто ние, како човечки суштества, не можеме да го разбереме духовниот свет и да го видиме Божјото царство? 1 Коринтјаните 2:14; 2 Коринтјаните 4:4. „Спасителот рекол: ’Ако некој не се роди одозгора’, ако не прими ново срце, нови желби, нови намери и побуди што водат во нов живот, ’не може да го види царството Божјо’ (Јован 3:3). Идејата дека е доволно да се развива само доброто што по природа постои кај човекот, е опасна измама. ’Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е безумство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита’. ’Не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора’ (1 Коринтјаните 2:14; Јован 3:7). За Христа е напишано: ’Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето,’ - единственото ’име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме’“ (Јован 1:4; Дела 4:12).“ — Патот кон Христа, стр. 18. в. Иако не можеме самите да се спасиме, што можеме да направиме? Матеј 11:28-30; Јован 3:3. „Бог се открил во Христа и „го измири светот со Себе” (2 Коринтјаните 5:19). Гревот толку го понижил човекот, што тој сам во никој случај не можел да се помири и да се усогласи со Оној чијашто природа е само чистота и добрина. Меѓутоа, Христос, ослободувајќи ги луѓето од законската клетва, можел да им подари божествена сила за да ја здружат со своите човечки напори. Така, со покајание пред Бога и со вера во Христа, паднатите Адамови потомци повторно можеле да станат „чеда Божји” (1 Јованово 3:2).“ — Патријарси и пророци, стр. 64.

4. МОЛИТВАТА НА ГРЕШНИКОТ Сре да, 8 јули
а. Со каков проблем се соочил апостол Павле кога целосно ја сфатил својата состојба како грешник пред Бога? Римјаните 7:12, 14, 24. „Не е доволно да се почувствува Божјата благост, да се види добронамерноста и татковската нежност на Неговиот карактер. Не е доволно да се препознае мудроста и праведноста на Неговиот закон, да се разбере дека е втемелен врз вечното начело на љубовта. Апостол Павле сето тоа го видел кога извикал: ’Се согласувам со Законот дека е добар!’ ’Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра!’ Но, исполнет со горчината на своите душевни маки и со очај, додава: ’А јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб!’ (Римјаните 7:16,12,14). Тој копнеел за чистота, праведност, кои не можел да ги постигне со своја сила, и извикнува: ’Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта?’ (Стих 24). Истиот извик им се истргнувал од обремените срца во сите земји и во сите векови. За сите, постои само еден одговор: ’Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!’ (Јован 1:29).“ — Патот кон Христа, стр. 19.„Многу луѓе увидуваат дека се беспомошни и копнеат по оној духовен живот, кој ќе ги доведе во склад со Бога; тие попусто се обидуваат да го постигнат тоа... Спасителот се наведнува над оние, кои ги откупил со Својата крв и со неискажана нежност и сочувство вели: ’Сакаш ли да оздравиш?’“ — Копнежот на вековите, стр. 203. б. На кој начин Бог го уверил Јаков дека не бил оставен кога бегал од својот брат Исав? Создавање 28:10-13. „(Јаков) чувствувал дека е изгнаник и знаел дека сите тие маки му ги донеле само неговите погрешни постапки. Темнина на очај му ја притискала душата и тој одвај се осмелувал да му се моли на Бога. Но, останувајќи наполно сам, тој, повеќе од кога и да е порано, чувствувал потреба од Божја заштита. Плачејќи и во длабока понизност го признал својот грев и најсесрдно се молел за некаков видлив доказ дека не е потполно напуштен. Но сепак неговото потиштено срце уште не нашло олеснение. Загубил секаква доверба во самиот себе, а се плашел дека го отфрлил и Бог - Бог на неговите татковци.Но Бог не го напуштил Јакова. Тој сѐ уште бил милозливо наклонет кон својот заблуден и недоверлив слуга. Полн со милост, Господ на Јакова му го открил токму она што му било потребно му го открил Спасителот. Тој згрешил, но срцето му било исполнето со благодарност кога пред себе го видел откриен патот по кој можел повторно да ја задобие Божјата наклоност.“ — Патријарси и пророци, стр. 183.

5. ПОВРЗУВАЊЕ НА НЕБОТО И ЗЕМЈАТА Чет врток, 9 јули
а. Каква поука треба да ја извлечеме од скалата што Јаков ја видел во пустината? Создавање 28:16, 17; Јован 1:51. „Во оваа визија на Јакова му бил откриен планот на откупувањето, но не во целост, туку само во онаа мера колку што му било потребно во тоа време нему. Таинствената скала што ја видел на сон била истото она на што укажал Христос во својот разговор со Натанаила: ’Отсега’, кажал Тој, ’ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат над Човечкиот Син’ (Јован 1:51). Сѐ до мигот на човековиот бунт против Божјото владеење, човекот слободно и непречено одржувал врска со Бога. Но гревот на Адама и Ева ја одделил земјата од небото, така што човекот не можел веќе да разговара со својот Творец. Сепак, светот не е оставен во осаменост и безнадежност. Оваа скала го претставува Исуса, одбраниот Посредник за општење со небото.“ — Патријарси и пророци, стр. 184. б. Опишете ја поврзаноста што Христовото посредување ја воспоставило. Римјаните 3:23-26; Евреите 1:14. „Одметнувајќи се, човекот се одвоил од Бога; Земјата била отсечена од Небото. Преку бездната што ги разделувала, не можело да има заедница. Но преку Христа, Земјата повторно е поврзана со Небото. Со Своите заслуги Христос ја премостил бездната што ја направил гревот, така што ангелите - служители можат да одржуваат врска со луѓето. Христос го поврзал грешниот човек во својата слабост и беспомошност, со Изворот на бескрајната сила.Божјото срце копнее по Неговите деца на земјата со љубов, која е посилна од смртта. Давајќи го Својот Син, во тој еден дар Тој ни го подарил целото Небо. Животот на Спасителот, Неговата смрт и посредувањето, службата на ангелите, заземањето на Духот, делувањето на Отецот над и преку сите, постојаниот интерес на небесните суштества - сето тоа е ставено во служба за откуп на човекот.“ — Патот кон Христа, стр. 20, 21.

ПРАШАЊА ЗА ЛИЧНО РАЗМИСЛУВАЊЕ Пет ок, 10 јули
1. Спореди ја состојбата на човечкиот род пред и по падот. 2. Што направил човекот по падот и зошто? 3. Кој бил единствениот одговор на проблемот со гревот? 4. Објасни го значењето на прекрасниот симбол што му бил даден на Јаков во неговиот сон. 5. Со кои средства Бог одржува врска со човечкиот род?
 <<    >>