Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да одиме со Исус

 <<    >> 
САБОТА, 15 АВГУСТ 2026. 7. ЛЕКЦИЈА
Испитот на учеништвото ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото“ (2 Коринтјаните 5:17).
Предлагаме да прочитате:   Патот кон Христа, седмо поглавје, стр. 57–65. 
„Карактерот не се открива преку повремени добри дела и повремени погрешки, туку преку насоката на нашите вообичаени зборови и дела.“ — Патот кон Христа, стр. 57- 65.

1. ДЕЛОТО НА ДУХОТ Нед ела, 9 август
а. Каква поука ни дал Христос опишувајќи го делото на обратувањето? Јован 3:5–8. „Некој можеби не ќе може да го наведе точното време и место на своето обратување, или сите околности кои довеле до него; но тоа не докажува дека не се обратил... Како невидливиот ветер, чие делување јасно се гледа и се чувствува, така и Божјиот Дух работи на човечкото срце. Таа обновувачка сила, која ниедно човечко око не може да ја види, зачнува нов живот во човекот; создава нов лик по Божјиот облик.“ — Патот кон Христа, стр. 57. б. Какви промени ќе се видат во животот на оној што е вистински обратен? Римјаните 12:9–18; 2 Коринтјаните 5:17. „Иако ние самите не можеме ништо да сториме да го промениме своето срце, или пак себеси да се доведеме во склад со Бога, иако не смееме да се потпираме на себеси или на своите добри дела, нашиот живот ќе покаже дали Божјата благодат пребива во нас. Ќе се види промена во карактерот, навиките и стремежите. Ќе се види јасна разлика меѓу она што тие биле и она што се сега...Вистина е дека луѓето можат наизглед беспрекорно да се однесуваат и без Христовата обновувачка сила. Желбата за влијателност во општеството и за почит од другите може да го поттикне некого да живее уреден живот. Самопочитувањето може да нè натера привидно да се чуваме од злото. И себичното срце може да прави великодушни дела. На кој начин тогаш можеме да заклучиме на чија страна сме?Кому му припаѓа нашето срце? Кому му се посветени нашите мисли?“ — Патот кон Христа, стр. 57, 58.

2. ДА СЕ БИДЕ НОВО СОЗДАНИЕ Пон еделник, 10 август
а. Каков плод донесуваат оние што се исполнети со Духот? Галатјаните 5:22, 23. „Оние кои стануваат нови суштества во Исуса Христа ќе донесуваат и плодови на Духот... Она што некогаш го мразеле, сега го сакаат, а она што некогаш го сакале сега го мразат. Горделивите и наметливите сега стануваат кротки и понизни. Суетните и дрските сега стануваат сериозни и скромни. Пијаниот станува трезен, а разузданиот чист. Суетните обичаи и световни стилови се отфрлени настрана. Христијаните нема да копнеат по ’надворешното украсување’, туку по ’скриениот човек на срцето, непропадливиот украс на кроткиот и мирен дух’ (1 Петрово 3:3, 4).“ — Патот кон Христа, стр. 58, 59.„Влијанието на Светиот Дух го претставува Христовиот живот во душата. Ние сега не Го гледаме Христа ниту разговараме со Него, но Неговиот Свети Дух ни е исто толку близок и пристапен на секое место. Тој делува во и преку секој кој Го прима Христа. Оние во кои престојува Светиот Дух, ги откриваат духовните плодови – љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, добрина, вера.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1112 б. Што е доказ за вистинско покајание? Езекиел 33:14,15. „Нема никаков доказ дека покајанието е искрено ако не донесе реформа. Ако грешникот го обнови заветот, го врати она што го одзел, ги признае своите гревови, и почне да го сака Бога и своите ближни, може да биде сигурен дека преминал од смрт во живот.Кога како заблудени грешни суштества ќе дојдеме кај Христа и ќе добиеме простување и благодат, љубовта се раѓа во нашето срце. Секој товар ни е лесен; бидејќи е лесен јаремот што го нуди Христос. Должноста станува уживање, а жртвата задоволство. Патот кој порано ни се гледаше мрачен, сега е осветлен со зраците на Сонцето на Праведноста.Милноста на карактерот Христов ќе се види и кај Неговите следбеници. Нему му беше задоволство да ја исполнува Божјата волја. Љубовта кон Бога, ревнувањето за Неговата слава, тоа е силата што управувала со животот на нашиот Спасител. Љубовта ги разубавила и облагородила сите Негови постапки. Љубовта е од Бога. Таа не може да се зачне во непосветено срце, не може да се создаде. Таа се наоѓа единствено во срцето во кое владее Исус. „Ние имаме љубов кон Него, зашто Тој прво нè возљуби нас“ (1 Јованово 4:19). Во срцето кое е обновено со Божјата благодат, љубовта е правило на однесување. Таа го менува карактерот, управува со мотивите, владее со страстите, го отстранува непријателството, ги облагородува чувствата. Оваа љубов ако се негува во срцето, го разубавува животот и насекаде околу себе шири благородно влијание.“ — Патот кон Христа, стр. 59.

3. ДВЕ ЗАБЛУДИ Вто рник, 11 август
а. Кои опасни заблуди ги прифаќаат многу таканаречени христијани? Филипјаните 3:9; Римјаните 10:3; Јаков 2:17. „Постојат две заблуди од кои Божјите деца - особено оние кои само што почнале да се потпираат на Неговата благодат – посебно мораат да се чуваат. Првата, за која веќе се зборуваше, е гледањето на своите дела, верување во она што тие дела можат да сторат за да нè доведат во склад со Бога. Оној што се обидува да стане свет со своите дела, со држење на Законот, се обидува да стори нешто што е невозможно. Сè што би можел човекот да направи без Христа е извалкано со себичност и грев. Само Христовата благодат, преку вера, може да нè стори свети.Втората, не помалку опасна крајност е заблудата дека верувањето во Христа го ослободува човекот од држењето на Законот; и дека, нашите дела немаат никакво влијание врз нашето спасение бидејќи само со вера ја добиваме Христовата благодат.“ — Патот кон Христа, стр. 60. б. Како новозаветното ветување јасно покажува дека Христовата благодат не нè ослободува од послушност кон Божјиот закон? Евреите 8:10; 10:16. „Божјиот закон е израз на Неговата вистинска природа; тој е олицетворение на големото правило на љубовта и според тоа темел на Неговото владеење на Небото и Земјата. Ако нашите срца се обновени според ликот на Бога, ако Божјата љубов е всадена во нашата душа, нема ли и Божјиот закон да се остварува во нашиот живот? Ако начелото на љубовта е всадено во срцето, ако човекот е обновен по ликот на Оној што го создал, тогаш е исполнето и новозаветното ветување: ’Ќе ги ставам Моите закони во нивните срца и ќе ги напишам во нивните мисли’ (Евреите 10:16). А ако Законот е впишан во срцето, зарем тој нема да го обликува животот? Послушноста, служењето и верноста од љубов, се вистински знак дека сме Негови ученици.“ — Патот кон Христа, стр. 60.„Бог денес го бара истото што го барал и од светиот пар во Едем — совршена послушност на Неговите барања. Неговиот закон останува ист во сите векови. Големото мерило на праведноста претставено во Стариот завет не е намалено во Новиот. Делото на евангелието не е да ги ослабне барањата на Божјиот свет закон, туку да ги издигне луѓето таму каде што ќе можат да ги држат неговите заповеди.Верата во Христа што ја спасува душата не е онаква каква што многумина ја претставуваат. ’Верувај, верувај’, велат тие, ’само верувај во Христа и ќе бидеш спасен; тоа е сè што треба да правиш.’ Иако вистинската вера целосно се потпира на Христа за спасение, таа ќе доведе до целосна усогласеност со Божјиот закон.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1073.

4. СПАСЕНИЕТО Е БЕСПЛАТЕН ДАР Сре да, 12 август
а. Што се очекува од оние што сакаат да добијат вечен живот? 1 Јованово 5:2,3; 1 Коринтјаните 7:19. „Ако Му се предадете Нему и ако Го прифатите за свој Спасител, заради Него ќе бидете прогласени за праведни без оглед на сета грешност од поранешниот живот. Христовиот карактер ќе застане на местото на вашиот карактер и вие ќе бидете прифатени пред Бога како никогаш да не сте грешеле.И повеќе од тоа, Христос го менува срцето. Тој со вера живее во вашето срце. Со вера и постојано потчинување на својата волја на Христа треба да ја одржувате оваа врска со Него; и сè додека го правите тоа, Тој ќе делува на вас да го сакате и да го правите она што Му е пријатно. И така можете да кажете: ’А животот што сега го живеам во телото, го живеам преку вера во Божјиот Син, Кој ме возљуби, и се предаде Себеси за мене’ (Галатјаните 2:20). Така Исус им рекол на Своите ученици: ’Зашто нема да зборувате вие, туку од вас ќе зборува Духот на вашиот Отец’ (Матеј 10:20). И тогаш, кога Христос работи во вас, вие ќе покажете ист дух и ќе правите исти дела - дела на праведност и послушност.Според тоа, во себе немаме ништо со што би можеле да се фалиме. Немаме никаква причина да се воздигнуваме себеси. Единствена основа на нашата надеж е Христовата праведност што ни е дадена, и тоа што Неговиот Дух го прави во нас и преку нас.“ — Патот кон Христа, стр. 62,63. б. Иако Господ им овозможил спасение на сите, зошто некои не успеваат да го пронајдат патот? Ефесјаните 2:8, 9; Дела 4:12; Римјаните 9:30–33. „Наместо да нè ослободи од послушноста, токму верата, и само верата нè прави учесници во Христовата благодат, што нè оспособува да бидеме послушни...Онаа таканаречена вера во Христа која тврди дека го ослободува човекот од должноста да му биде послушен на Бога, не е вера туку дрскост. ’Зашто сте спасени со благодатта преку верата’. Меѓутоа ’верата, ако нема дела, е мртва по себе’ (Ефесјаните 2:8; Јаков 2:17). Пред да дојде на Земјата, Исус рекол за себе: ’Мило ми е да ја творам волјата Твоја, Боже мој, и Законот Твој е во моето срце’ (Псалм 40:8). Непосредно пред своето повторно заминување на Небо, Тој објавил: ’Јас ги запазив заповедите на мојот Отец и останувам во Неговата љубов’ (Јован 15:10). Писмото вели: ’Ние знаеме дека го познаваме ако ги држиме Неговите заповеди... Кој тврди дека пребива во Него, и тој треба да живее така како што живеел Тој’ (1 Јованово 2:3-6). ’Зашто и Христос пострада за нас и нам ни остави пример да одиме по Неговите стапки’ (1 Петрово 2:21).“ — Патот кон Христа, стр. 60,61.

5. ЖИВЕЕЊЕ ПРЕКУ ВЕРА Чет врток, 13 август
а. Како апостол Павле живеел победоносен живот? 1 Коринтјаните 15:30, 31. „Со вера и постојано потчинување на својата волја на Христа треба да ја одржувате оваа врска со Него; и сè додека го правите тоа, Тој ќе делува на вас да го сакате и да го правите она што Му е пријатно.“ — Патот кон Христа, стр. 62.„Христос во Својата човечка природа изградил совршен карактер и тој карактер Тој ни го нуди и нам. ’Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда - како извалкана облека’ (Исаија 64:6). Сè што можеме да сториме ние самите е извалкано со грев. Но Божјиот Син ’се јави за да ги земе нашите гревови; а грев во Него нема’... Христос бил послушен кон сите барања на законот. Самиот за Себе рекол: ’Со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот Закон е во срцето мое’ (Псалм 40:8)... Со Својата совршена послушност Христос на секое човечко суштество му овозможил да ги почитува Божјите заповеди. Кога ќе му се предадеме на Христа, срцето се соединува со Неговото срце, волјата се спојува со Неговата волја, умот станува едно со Неговиот ум, мислите се заробуваат покорувајќи се Нему; ние живееме Негов живот. Тоа значи дека сме облечени во облеката на Неговата праведност.“ — Христовите очигледни поуки, стр. 311. б. Каква радост изразил псалмистот во својот живот? Псалм 119:97. „Кога зборуваме за верата, мораме да имаме на ум една разлика. Имено, постои еден вид верување кое целосно се разликува од верата. Постоењето на Бога и Неговата моќ, вистината на Неговите зборови, сето тоа се факти што ни сатаната и неговата војска не можат сериозно да ги негираат. Библијата вели дека и ѓаволите веруваат и се тресат, но тоа не е вера. Таму каде што постои не само верување во Божјото слово, туку и прифаќање на Неговата волја, каде што срцето му се потчинило Нему, чувствата се насочиле кон Него, таму е верата - верата која работи низ љубовта и ја чисти душата. Со таа вера во срцето се обновува Божјиот лик.“ — Патот кон Христа, стр. 63.

ПРАШАЊА ЗА ЛИЧНО РАЗМИСЛУВАЊЕ Пет ок, 14 август
1. Опиши ги доказите за обратувањето. 2. Која е разликата помеѓу стариот и новиот човек? 3. Објасни две опасности што треба да ги избегнуваме во нашиот духовен живот. 4. Кога живееме под благодат, кое е местото на послушноста? 5. Кои мисли, желби и побуди ги негуваме кога Христос пребива во срцето?
 <<    >>