Back to top

Sabbath Bible Lessons

Лутање низ пустината (II)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

„Бог сака Неговиот народ во овие денови со понизно срце и поучен дух да ги проучи искушенијата низ кои поминал стариот Израел за да може од тоа да извлече поука во својата подготовка за небесниот Ханан.“ – Патријарси и пророци, 293.

Додека продолжуваме со втората серија од два дела „Лутање низ пустината“, ќе ги проучуваме главните настани што се случија од заветот на Синај и смртта на Мојсеј, користејќи ги упатствата од книгите „Броеви“ и „Второзаконие“. „Книгата Второзаконие треба внимателно да ја проучуваат оние кои живеат денес на Земјата.“ – Коментари на библиските текстови, 89.

„Историјата на стариот Израел претставува највпечатливата илустрација за искуствата низ кои поминаа адвентистите. Бог го водеше Својот народ во адвентното движење како што ги водел и Израелците од Египет. За време на големото разочарување беше проверена нивната вера како што била проверена верата на Евреите пред Црвеното Море. Кога и понатаму би се држеле за раката што ги водеше во нивните поранешни искуства, би го виделе Божјото спасение. Кога сите тие што заеднички работеа на делото од 1844. година би ја прифатиле третата ангелска вест и би ја објавувале со силата на Светиот Дух, Господ силно би дејствувал преку нив, и светлината како незапирлив порој би го преплавила светот. Жителите на земјата би биле предупредени уште пред многу години, делото би било довршено и Христос веќе би дошол да го избави Својот народ.

Божја волја не била Израел да талка четириесет години во пустина; Тој сакал директно да го одведе во Хананската земја и таму да го насели како Свој свет и среќен народ. Но ние гледаме ‘дека тие не можеа да влезат поради неверието’ (Евреите 3:19). Поради постојаното застранување и отпад изгинале во пустината, и други биле подигнати да влезат во ветената земја. Исто така, не е Божја волја повторното Христово доаѓање толку да се оддолжува и Неговиот народ толку долго да остане на овој свет полн со грев и со неволји. Но неверството ги оддели од Бога.“ – Големата борба, 457,458.

Нека Бог ни помогне да се држиме до Исуса како наш личен Спасител и да го оставиме овој сериозен грев на неверување. Можеме да имаме доверба во раката што нè водеше во нашето минато и да одиме напред да ја пренесеме третата ангелска порака со сила. Ако не успееме да го извршиме делото што Бог ни го назначил, други ќе бидат подигнати за да ги заземат нашите места.

Оддел на Генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>