Дар во првата сабота за црквата и централата во Јоханесбург
Јоханесбург е трговска престолнина на Јужна Африка но и порта помеѓу Африка и остатокот на светот. Од вкупно 56 милиони жители на Јужна Африка, 10 милиони луѓе живеат во Јоханесбург. Јужна Африка сè уште ужива верска слобода, бидејќи тоа е загарантирано во уставот на земјата. Христијанството е доминантна религија во Јужна Африка: повеќето се припадници на Римокатоличката црква, со помал број на разни харизматични Христијански цркви. Освен христијанството, застапени се и древните домородни религии, како и исламот и јудаизмот.
Пораката на реформацијата дошла до Јоханесбург во 1944. година кога двајца браќа од Зимбабве ја посетиле Јужна Африка. Оттогаш пораката се ширела низ Јужна Африка и стигнала до соседните земји како што се Лесото и Свазиленд. Овдешното дело е организирано под конференцијата на Јужноафриканската поле со седиште во Јоханесбург. Сепак, поради високата цена на имотот во Јоханесбург, полската конференција не беше во можност да поседува свое земјиште, туку делува од изнајмени простории со површина од околу 36м2). Покрај тоа, повеќето од нашите цркви во Јоханесбург немаат свои места за богослужба, туку изнајмуваат простории од другите цркви или ги користат државните училишта за саботните служби.
Пред неколку години, со милост Божја, купивме парцела со површина од 5 хектари со постоечка куќа, со помош на донации на браќата од Јужна Африка. Парцелата се наоѓа на околу 10 километри од центарот на Јоханесбург. Постојната куќа е стара и има потреба од некои реновирања. Проектот вклучува постојана централа, централен молитвен дом, а во наредните години и училиште со спални соби. За реализацијата на овој проект ќе бидат потребни значителни финансиски трошоци во текот на неколку години. Сите наши средства се искористени за купување на парцела и затоа апелираме до вас, нашите браќа и сестри ширум светот, да ни помогнете да го реализираме овој проект.
Се молиме Бог богато да ве благослови додека великодушно дарувате средства за овој проект и ви благодариме со сето срце за помошта со која вашите дарови ќе го унапредат Божјото дело овде во Јужна Африка.
Вашите браќа и сестри од Јужноафриканската конференција