Недела
17. мај
1. ОДЛОЖЕН ВЛЕЗ ВО ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА
а. Колку долго синовите на Израел талкале во пустината пред да дојдат повторно во Кадис и да го преминат потокот Зеред? Второзаконие 2:14. Зошто им било потребно толку многу време?
„Бог дал позитивен доказ дека Тој владее на небото, и бунтот бил казнет со смрт. Само двајца од оние кои биле возрасни го напуштиле Египет и ја виделе ветената земја. Талкањето на народот било продолжено сè додека сите останати не биле погребани во пустината.“ – Коментари на библиските текстови, 81.
„Доколку Израелците ги почитувале упатствата што им ги дал Мојсеј, никој од оние што тргнале на пат од Египет не би паднал во пустината како плен на болест или смрт. Тие имале верен Водач. Самиот Христос ветил дека безбедно ќе ги одведе во ветената земја ако го следат Неговото водство. Ова огромно мноштво, кое брои повеќе од милион луѓе, било под Негово непосредно владеење. Тие биле како Негово семејство. За секој од нив Тој бил заинтересиран.“ – Коментари на библиските текстови, 90.
Понеделник
18. мај
2. БОГ СЕ ГРИЖИ И ПОУЧУВА
а. Какви докази имаме за Божјата грижа за Неговиот народ за време на талкањето во пустината? Неемија 9:19-21; Псалм 105:37.
б. Како талкањето во пустината претставувало дисциплинска мерка за растечката генерација? Второзаконие 8:2,3.
„Бог ги дозволил овие осамени патувања низ пустината со цел Неговиот народ од лично искуство да научи да поднесува неволји и тешкотии и кога ќе паднат во опасност, олеснување и ослободување да очекуваат само во Бога. На тој начин тие можат да научат да се потпрат и да му веруваат на Бога и да му служат со жива вера.“ – Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 409.
„Додека народот патувал низ пустината, многу скапоцени поуки биле врежани во нивниот ум со помош на песна... Заповедите, кои биле објавени од Синај, заедно со ветувањата за Божјата наклонетост и известувањата за Неговите прекрасни дела наменети за нивно избавување биле, според Божјото упатство изразени во песна и пеени со звуци на инструменти, а народот при тоа чекорел обединувајќи ги своите гласови во песни на фалба.
Така нивните мисли биле подигани од неволјите и тешкотиите на патот, нивниот немирен и нескротен дух бил ублажуван и смируван, принципите на вистината им се всадувале во сеќавањето, а верата зајакнувала. Во таа заедничка активност се учеле на ред и единство, и биле доведени во потесна врска со Бога и едни со други.“ – Воспитување, 39.
в. Која била главната причина зошто мнозина од Израелци не можеле да влезат во ветената земја? Евреите 3:7-14.
„Божја волја не била Израел да талка четириесет години во пустина... Исто така, не е Божја волја повторното Христово доаѓање толку да се оддолжува и Неговиот народ толку долго да остане на овој свет полн со грев и со неволји. Но неверството ги оддели од Бога. Кога одбија да ја извршат задачата што им беше доверена, други беа повикани да ја проповедаат оваа вест. Од милост кон светот Христос го одложува Своето доаѓање за грешниците да имаат можност да ја слушнат опомената и во Него да најдат прибежиште пред да се излее Божјиот гнев.“ – Големата борба, 458.
Вторник
19. мај
3. ВЛИЈАНИЕТО НА НЕОБРАТЕНИТЕ
а. Која класа на луѓе често се покажала како проблематична? Броеви 11:4.
„Припадниците на светината оние што се помешале со Израелците при излегувањето од Египет претставувале постојан извор на искушенија и неволји. Тие тврделе дека се откажале од своите идоли и дека му се молат само на вистинскиот Бог, но нивното поранешно воспитување оставило траги врз нивниот карактер и врз нивните навики, што во поголема или помала мера се гледало во склоноста кон многубоштвото и во непочитувањето на Бога. Обично тие биле оние што почнувале караници и први да се жалат, па така целиот логор би го заразиле со своите незнабожечки навики и со мрморење против Бога.“ – Патријарси и пророци, 408.
б. Која била Божјата заповед во поглед на обединувањето со неверниците? Второзаконие 7:3,4; 2. Коринтјаните 6:14. Каков е случајот денес?
„Бог ги предупредил (Израелците) да немаат никаква врска со идолопоклониците, да не стапуваат во брачна врска со нив, ниту на кој било начин да не се излагаат на опасност да бидат погодени и расипани од нивните гнасотии. Ги советувал и да се отстрануваат од она што само наликува на зло, не приближувајќи се ниту до границата на недозволеното, бидејќи тоа е најсигурниот пат да не паднат во бездната на гревот и пропаста.“ – Коментари на библиските текстови, 114.
„На Својот народ од дамнешни времиња Бог строго му забранил да стапува во мешани брачни врски со други народи... Меѓутоа, незнабошците од тоа време биле во многу поповолна положба отколку непокајаните престапници на Божјиот закон во нашите денови кои, иако имаат толкава светлина на вистината, упорно одбиваат да ја прифатат.“ – 4. Сведоштво, 508.
в. Каков е секогаш резултат од тесната поврзаност со необратените? 1. Коринтјаните 15:33,34.
„Погрешно е христијаните да се дружат со оние кои се со непостојан морал. Блиското дружење кое само одзема време, не поттикнува јакнење на моралот и не придонесува за јакнење на умните и духовните сили, е опасно. Ако моралната атмосфера која го опкружува поединецот не е чиста и света, туку загадена со изопаченост, оние кои вдишуваат таква атмосфера, ќе увидат дека таа речиси незабележително делува на умот и срцето, труејќи и изопачувајќи сè околу себе.“ – 3. Сведоштво, 125.
Среда
20. мај
4. ПРЕЗИР КОН БОЖЈИОТ АВТОРИТЕТ
а. Како се казнети презирот кон Божјиот авторитет и кршењето на третата заповед? Левитска 24:10-16,23.
„Еднаш, синот на некоја Израелка и Египќанец, кој и припаѓал на светината што пошла со Евреите од Египет, го напуштил местото во својот дел на логорот и влегол во логорот на Израелците, тврдејќи дека има право таму да го постави својот шатор. Божјата заповед тоа го забранувала; потомците на Египќаните до трето колено морале да бидат исклучени од собирот на Израел. Така почнала караница меѓу него и еден Израелец и проблемот дошол пред судиите кои го осудиле престапникот.
Лут поради таквата одлука, овој го пцуел судијата и во својата огнена расправија хулел на Божјото име... Пресудата ја изговорил сам Господ; по Божја наредба бил изведен од логорот и таму каменуван. Оние што сведочеле дека е виновен, ги ставиле своите раце на неговата глава и со тоа потврдиле дека обвинувањето против него е вистинито. Тогаш тие први фрлиле камење, а народот по нив и така е извршена казната.“ – Патријарси и пророци, 407,408.
б. Зошто казната за овие престапи била толку строга? Излез 20:7.
„Има луѓе кои ја оспоруваат Божјата љубов и праведност затоа што толку тешко ги казнува зборовите изречени во лутина и во миг на настап на страст. Но токму Божјата љубов и неговата правда бараат лошите зборови против Бога да се сметаат за голем грев. Казната над првиот престапник треба на другите да им послужи како опомена дека Божјото име мора да се почитува. Кога гревот на тој човек би останал неказнет, и други би се расипувале; а на крај можеби многу животи би морале да бидат жртвувани.“ – Патријарси и пророци, 408.
в. Како ние понекогаш покажуваме презир кон Божјиот авторитет денес? Судии 17:6.
„Гревот на овој век е непочитување на дадените Божји заповеди.“ – 3. Сведоштво, 483.
Четврток
21. мај
5. ДА ИЗБЕРЕМЕ ПОСЛУШНОСТ
а. Зошто Господ барал послушност од својот народ во минатото? Второзаконие 6:1,2,24,25. Од каде извира вистинската послушност? Второзаконие 6:5,6.
„Секоја вистинска послушност Доаѓа од срцето. Тоа значи да се соработува со Христа со сето срце. Ако Му се предадеме, Тој ќе ги поистовети нашите мисли и цели со Своите, а нашето срце и ум ќе ги усклади со Својата волја до таа мера што кога се покоруваме на Него всушност постапуваме во сообразност со своите побуди. Нашата волја станува облагородена и посветена и нашата најголема радост се состои во тоа да Му служиме Нему. Кога ќе го запознаеме Бога онака како што имаме привилегија да Го познаваме, нашиот живот станува живот на постојана послушност. Затоа што го познаваме и цениме Христовиот карактер и затоа што одржуваме постојана врска со Бога, гревот ќе ни стане одвратен.“ – Копнежот на вековите, 668.
б. Од каде треба да почнеме со проучување за послушноста и зошто? Второзаконие? 6:7-9.
„Од нивното најрано детство децата треба да бидат воспитувани да бидат послушни на своите родители, да го почитуваат нивниот збор и да имаат стравопочит кон нивниот авторитет... Во почитта и послушноста кон родителите, тие можат да научат како да го почитуваат и да му се покорат на својот небесен Татко.“ – Совети за детето, 82,83.
„Младите и децата треба да научат да си изберат царско руво, исткаено на небесен разбој – ‘светло и чисто ленено платно’ (Откровение 19:8), што ќе го носат сите светии од Земјата. Ова руво, Христовиот неосквернет карактер, бесплатно му е понудено на секое човечко суштество. Но, сите што ќе го примат, ќе го примат и ќе го носат уште на земјата.
Објаснете им на децата дека кога се занимаваат со непорочни мисли, кои се вдахнати со љубов, и кога прават љубезни и полезни дела, тие ја облекуваат прекрасната облека на Христовиот карактер.“ – Совети за детето, 190.
Петок
22. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога Израелците би го послушале Мојсеј, што би се случило со нив?
2. Каква улога имала песната во патувањето низ пустината?
3. Која треба да биде нашата единствена цел во дружењето со неверниците?
4. Како можеме да го почитуваме Божјото име денес?
5. Како можеме секојдневно да се облекуваме со Христовиот карактер?