Back to top

Sabbath Bible Lessons

Воспитување на последната генерација

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 21. септември 2019

Градење за вечноста

„Уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос.“ – Филипјаните 1:6.

„Оној што соработува во остварувањето на божествената цел да им се пренесе на младите знаење за Бога и да се изгради нивниот карактер во согласност со Божјиот, извршува возвишена и благородна работа. Будејќи желба да се досегне Божјиот идеал, тој дава воспитување кое е високо како небото и широко како вселената; воспитување кое не може да биде завршено во овој, туку ќе продолжи во следниот живот; воспитување кое на успешниот ученик му дава препорака да помине од подготвителното училиште на Земјата во повисокото училиште, училиштето на Небото.“ – Воспитување, 19.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 515-517. 

Недела 15. септември

1. ПОВОЗВИШЕНА ЦЕЛ

а. На што треба да се радуваме во иднина? 1. Коринтјаните 2:9; Исаија 64:4.

„Божјиот идеал за Неговите деца е повозвишен, отколку што може да досегне највозвишената човечка мисла. „Бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.“ Таа заповед е и ветување. Планот на откупување го прави возможно нашето целосно избавување од силата на сатаната.“ – Копнежот на вековите, 311.

„ Воспитувањето што отпочнало овде нема да се заврши во овој живот; тоа со постојано напредување ќе продолжи низ целата вечност, и никогаш нема да се заврши. Од ден во ден на умот ќе му се откриваат нови убавини на Божјите чудни дела, доказите на Неговата чудотворна сила со која ја создал вселената и ја одржува. Во светлината која свети од престолот ќе исчезнат тајните и душата ќе се исполни со восхитување заради едноставноста на појавите кои порано никогаш не можел да ги сфати.“ – 8. Сведоштво, 328.


Понеделник 16. септември

2. ГРАДБАТА НА ВАШЕТО ЖИВОТНО ИСКУСТВО

а. Што е она што често нѐ придружува во текот на нашиот христијански живот, и како резултат на тоа каков треба да биде нашиот став? Зошто? 1. Петрово 4:12,13.

„Божјите деца секогаш биле искушувани и тестирани во огнена печка од неволји и страдања. Оние кои ќе го издржат првиот тест, не мора и по втор пат да поминат низ исто искушение, но оние кои ќе подлегнат на искушението ќе бидат тестирани повторно и повторно, а искушенијата секој нареден пат ќе бидат се потешки и потешки. На тој начин, секогаш им се дава нова можност и прилика да извојуваат победа, и да се покажат исправни пред Бога. Но ако тие продолжат да манифестираат револт, Бог на крај ќе биде принуден да ја отстрани светлината и Светиот Дух од нив.“ – Коментари на библиски текстови, 329.

б. Што се тестира во огнот од искушенија? 1. Коринтјаните 3:9,10,12.

„Секој треба да внимава каков материјал употребува во изградба на карактерот. Долго очекуваниот ден на Божјиот суд наскоро ќе го провери делото на секој поединец. 'И огнот ќе покаже секое дело на човекот какво е.' Како што ја открива огнот разликата помеѓу тешко горечките материјали: злато, сребро и дијаманти, и лесно запаливите: дрво, слама и сено, така судот ќе го провери карактерот, откривајќи ја разликата помеѓу карактерот кој е формиран по примерот на Христа и карактерот кој е формиран според себичните желби на не препороденото срце. Секоја себичност и секоја лажна религиозност тогаш ќе се покажат во своето вистинско светло. Безвредните материјали ќе изгорат, но златото на вистинската, едноставна и исправна вера никогаш нема да ја изгуби својата вредност. Тоа нема никогаш да изгори, затоа што е нераспадливо. Еден момент на престап ќе се покаже како голема загуба, додека стравот од Бога ќе се покаже како почеток на вистинската мудрост. Земните себични задоволства ќе пропаднат како слама, додека златото на цврстите начела, одржани по секоја цена, ќе остане засекогаш.“ – Коментари на библиски текстови, 670, 671.

„Изградбата на карактерот претставува најважно дело. Тоа не е дело кое се завршува во овој живот, туку продолжува и во идниот живот. Тоа што ќе се постигне овде, по Христовите заслуги и Неговата милост, ќе се одржи низ целата вечност, и јас најискрено се молам да не се задоволувате со ниски стандарди. 'Научете се од Мене', вели Големиот Учител, 'јас сум кроток и смирен во срцето, и ќе најдете мир за душата своја'. Мирот што го дава Христос никогаш нема да донесе страдање.“ – This Day With God, p. 37.


Вторник 17. септември

3. НА КОЈ НАЧИН БОГ СЕ СЛУЖИ СО ОГНОТ

а. Што открива огнот? 1. Коринтјаните 3:13.

„Божјите ангели низ улиците на нашите градови верно ги забележуваат сите дела на луѓето. Во Божјата книга тие ги запишуваат делата на вера, љубов и понизност, и во оној ден кога сечие животно дело ќе се покаже онакво какво што е, делото на верниот Христов следбеник ќе биде проверено и ќе прими пофалба од Небото.“ – Коментари на библиски текстови, 945.

„Момчињата и девојките треба да го сметаат добриот карактер капитал повреден од злато и сребро. Тоа е неуништлив капитал и ќе претставува непроценлива добивка тогаш кога секое земно богатство ќе ја изгуби вредноста. Младите треба да имаат повозвишена и поблагородна претстава за вредноста на христијанскиот карактер. Гревот ги заслепува очите и го осквернува срцето. Честитост, цврстина и истрајност се особини кои треба најсесрдно да се негуваат; бидејќи тие особини претставуваат неодолива сила за оној кој ги поседува - сила која го прави силен да прави добро, да се спротивстави на злото и трпеливо да ги поднесува страдањата и неволите.“ – 4. Сведоштво, 655.

б. На кој начин Лот и Соломон биле спасени „како низ оган“? Создавање 19:16,17. 1. Цареви 11:4.

„Лот го избрал Содом како свој дом, затоа што повеќе значење им придавал на материјалните работи отколку на моралното влијание кое ќе го опкружува неговото семејство. Што стекнал во поглед на земните добра? Сѐ што имал било уништено, некои од неговите деца умреле при уништувањето на неморалниот град, а самиот Лот се спасил „како низ оган“. Но, тука не застанале лошите последици од неговиот избор. Карактерот на неговите ќерки бил толку заразен со неморал така што не знаеле како да го разликуваат доброто од злото, гревот од правдата.“ – Порака до младите христијани, 295.

„Соломон е спасен „како низ оган.“ Но „висините“ (олтарите на туѓите богови) кои ги подигнал не биле тргнати ниту пак биле разрушени камењата кои останале како очевиден доказ на неговото зло дело. Обесчестувајќи го Бога, Тој подраго со согласил да биде контролиран од страста, отколку да биде учесник во божествената природа.“ – Коментари на библиски текстови, 182.


Среда 18. септември

4. ВЕЧНИ ПОСЛЕДИЦИ

а. На кој начин огнот влијае на нашето поучување и на нашата иднина? 1. Коринтјаните 3:14,15.

„Вечноста е пред нас. Целиот напредок на нашите умствени способности што ќе го постигнеме овде, сите наши возвишени достигнувања на прочистување и воздигнување кои ќе ги оствариме при близок контакт со Небото, ќе бидат заедно со нас вознесени, но ако со неактивност ги смалиме нашите способности, ако ги закопаме нашите таленти кои сме можеле во најголема мера да ги развиеме, нема да можеме во оној подобар свет да ги надополниме загубите од нашата претходно запоставена работа на самите себе.

„Некои можеби ќе бидат спасени „како низ оган“. Нивниот бескорисен живот ќе им донесе вечна загуба. Во овој живот со помошта и милоста Божја треба да напредуваме во секој аспект во кој е тоа возможно, знаејќи дека тие подобрувања можеме да ги понесеме со нас на небото. Ние ќе го прославиме својот Отец на небото во согласност со тоа колку ќе го прочистиме и усовршиме нашиот карактер овде.“ – Manuscript Releases, vol. 9, p. 21.

„Да се зачекори во следниот живот, без половина од способностите кои би можеле да ги понесеме таму, е страшна помисла. Деновите на тест кои ќе ги изгубиме овде не подготвувајќи се за на небо, се ненадоместлива загуба. Способностите за уживање во идниот живот ќе бидат смалени поради прекршокот и злоупотребата на моралната сила во овој живот. Која висина и да ја достигнеме во идниот живот, би можеле да се издигнеме уште повисоко, кога би ги искористиле од Бога дадените предности и златните прилики.“ – This Day With God, p. 350.

б. На кој начин Даниел и неговите другари ги покажале резултатите од изградбата на својот карактер врз вечната Карпа?

„Младите треба да се поучуваат за идниот свет. Истрајноста во стекнувањето на знаења, предводена од стравот и љубовта кон Бога, ќе им дадат возвишени способности за добро во овој живот, а оние кои искористиле поголем дел од своите предности за да можат овде да достигнат најмногу цели, ќе ги понесат овие вредни достигнувања со себе во следниот живот. Тие барале и го добиле она што е нераспадливо. Способноста на вреднување на славата каква што „окото не виде, и увото не чу“ ќе биде сразмерна на достигнувањата во развојот на способностите во овој живот.“ – Fundamentals of Christian Education, p. 49.


Четврток 19. септември

5. НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

а. Како можеме да ги надоместиме пропуштените прилики? Ефесјаните 5:16.

„Нам ни е речено да го штедиме времето. Меѓутоа, никогаш не ќе можеме да го надоместиме времето што сме го потрошиле напарзно, никогаш нема да вратиме назад ниту еден единствен миг. Единсгвен начин да го заштедиме времето е на најдобар начин да ги искористиме миговите што ни преостанале да соработуваме со Бога при исполнувањето на неговиот план за откуп.“ – Христовите очигледни поуки, 342.

„Најголемото добро кое можеме да го направиме за нашите ближни е да ги победиме своите мани и да го подобриме својот карактер, правејќи го совршен и урамнотежен колку што е тоа можно.“ – Manuscript Releases, vol. 9, p. 21.

б. Колку време ни е дадено за да донесеме правилна одлука? Евреите 3:12-15.

„Мораме да бдееме, да работиме и да се молиме како тоа да е нашиот последен ден. Колку длабок и сесрден ќе биде тогаш нашиот живот. Како ќе го следиме тогаш Исуса во сите наши зборови и дела.“ – 5. Сведоштво, 200.

в. Што треба да биде наша молитва? Псалм 139:23,24.

„Господе, земи го моето срце, зашто јас не можам да ти го дадам! Тоа е твоја сопственост. Сочувај го од расипаност, зашто јас не можам да го сочувам за тебе! Спаси ме наспроти самиот мене, наспроти мојата слаба, нехристијанска стара природа! Обликувај ме, промени ме, подигни ме во чистата и света небесна атмосфера, така што низ мојата душа да можат да потечат изобилните количества на твојата љубов!.“ – Христовите очигледни поуки, 159.


Петок 20. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како нашето воспитување низ целиот живот претставува само почеток?

2. Каква цел имаат искушенијата и тестовите во делото на воспитување?

3. На кој начин нашите избори влијаат на нашата корисност, па дури и на нашата вечна судбина?

4. Што значи да се биде спасен „како низ оган“?

5. Како можеме да бидеме сигурни дека ја правиме најдобрата работа за вечноста?

 <<    >>