Недела
22. септември
1. РАН И ДОЦЕН ДОЖД
а. На кој начин е спречено излевањето на Светиот Дух во раната црква? Лука 24:49; Јоил 2:23.
„Преку симболичната претстава за раниот и позниот дожд кои во источните земји паѓаат за време на сеидба и жетва, еврејските пророци во извонредна мера го претскажале излевањето на духовните благодети кои ќе се излеат врз Божјата Заедница.“ – Делата на апостолите 40.
б. Кое пророштво двојно ќе се исполни во последното време? Што треба да правиме додека го чекаме тоа време? Захарија 10:1.
„Големото дело на евангелието нема да се заврши со помала манифестација на Божјата сила од онаа што го одбележала неговиот почеток. Пророштвата што се исполниле со излевањето на раниот дожд во почетокот. Последно предупредување на евангелието пак ќе се исполнат со позниот дожд и при неговото завршување.“ – Големата борба, 541.
Понеделник
23. септември
2. ДЕЛОТО НА ДУХОТ – ВОСПИТУВАЊЕ И ПРЕОБРАЗБА
а. Кое дело Светиот Дух го извршува денес? Јован 16:13.
„Утешителот е наречен „Духот на вистината.“ Негова задача е да ја открие и разјасни вистината. Тој прво престојува во срцето како Дух на вистината и на тој начин станува Утешител. Вистината донесува мир и утеха, но вистинскиот мир и утеха не можат да се најдат во лагата. Со посредство на лажни теории и традиции сатаната стекнува власт над душите на многумина. Упатувајќи ги луѓето на лажни идеали, тој го изопачува карактерот. Меѓутоа, Светиот Дух и зборува на душата преку Светото Писмо и ја втиснува вистината во срцето. На тој начин Тој ја разоткрива заблудата и ја протерува од душата. Со Духот на вистината, кој делува преку пишаната Божја Реч, Христос ги потчинува Своите избраници.“ – Копнежот на вековите, 671.
б. Каква промена прави Духот во срцето на верникот? 2. Солунјаните 2:13.
„Доколку луѓето сакаат да ѝ се потчиат на Неговата сила, Духот ќе изврши посветување на целото битие. Духот ќе го втисне во душата на човекот она што е божествено. Со Неговата сила патот на животот ќе стане толку јасен така што никој не мора да залута.“ – Делата на апостолите, 39.
„Само оние кои постојано примаат ново изобилие од благодати ќе имаат сила која е во сообразност со нивните секојдневни потреби и ќе имаат способност таа сила да ја употребат. Наместо да чекаат некое време во кое на необичен начин ќе добијат чудесна способност за придобивање на души, тие секојдневно му се предаваат на Бога за да ги направи соодветни садови за употреба. Тие ја користат секоја прилика која им се дава за работа, посветено работат за Учителот каде и да се наоѓаат, во некој скромен делокруг, во домот или на полето на јавно делување...
„Секојдневно, додека весниците на евангелието клечат пред Господарот и го обновуваат заветот на посветеност кон Него и кон Неговото дело, Тој ќе им ја дава силата на својот Дух чија моќ оживува и посветува. Кога би ја обавувале својата секојдневна должност, ќе бидат осведочени дека невидливата сила на Светиот Дух ги оспособува да бидат 'помагачи на Бога'.“ – Делата на апостолите, 41.
Вторник
24. септември
3. ПЛОДОВИТЕ НА ДУХОТ ОТКРИЕНИ
а. Каков род носи Светиот Дух? Галатјаните 5:22,23. На кој начин?
„Опишувајќи им го на Своите ученици делото на Светиот Дух, Исус настојувал да ги израдува и охрабри со радоста и надежта која го исполнувала Неговото срце. Се радувал што на Неговата црква и е обезбедена изобилна помош. Светиот Дух е највозвишен од сите дарови кои можел да ги побара од Таткото со цел да ги воздигне Своите следбеници. Духот ќе им биде даруван заради преродување, а без тоа Христовата жртва би била безуспешна. Моќта на злото зајакнувала низ вековите и било неверојатно колку луѓето немоќно се потчинувале на ропството на сатаната. Да се пружи отпор на гревот и да се совлада може само со моќното делување на Третото Лице на Божеството, Кој не Доаѓа со никаква ограничена енергија, туку со целосна божествена сила. Духот го спроведува во дело она што го извојувал Спасителот на светот. Со силата на Светиот Дух срцето се чисти од гревот. Со помош на Светиот Дух верникот станува учесник во божествената природа. На Своите следбеници Христос им го дава Својот Дух, како божествена сила, за да ги совладаат сите наследени и стекнати склоности кон злото и црквата да го прими печатот на Неговиот карактер.“ - Копнежот на вековите 671.
„Каков бил резултатот од излевањето на Светиот Дух на Педесетница?... Секој христијанин во својот брат гледал откривање на божествена љубов и милост. Сите покажувале интерес само за еден предмет, и тоа засенувало сѐ останато. Верниците настојувале да покажат сличност со Христовиот карактер, да придонесат за ширење на Неговото царство.“ – Делата на апостолите, 35, 36.
б. Што може да направи Бог за оние кои целосно ќе Му се предадат? Ефесјаните 5:18 (последен дел).
„Кога се одрекол од себеси за да го спаси изгубеното човештво, на Исуса му бил даден Светиот Дух без мерка. Така ќе му биде даруван и на секој Христов следбеник кој своето срце целосно ќе му го предаде на Бога да биде Негово живеалиште. Самиот Господ ни заповеда: „Но исполнете се со Дух” (Ефесјаните 5:18), а таа заповед истовремено претставува и ветување дека ќе биде исполнета. „Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота”, „и вие да бидете исполнети во Него” (Колосјаните 1:19; 2:10).“ – Мисли од Гората на Блаженствата, 20.
Среда
25. септември
4. ДА СЕ БИДЕ СПРЕМЕН
а. Што треба да правиме очекувајќи го доцниот дожд? Лука 11:13.
„Истекувањето на времето ни малку не го променило ветувањето кое го дал Христос пред своето заминување - дека ќе го испарти Светиот Дух како Негов претставник. Доколку изобилието на божествената милост не се излева на луѓето, тоа не е поради тоа што Тој ограничува или затега. Доколку исполнувањето на Неговите ветувања не е во толкава мера како што би можело да биде, тоа значи дека тие не се ценат доволно. Сите би можеле да бидеат исполнети со Светиот Дух кога би го сакале тоа. Таму каде што не се чувствува потреба за Светиот Дух ќе завладее пустош, темнина, опаѓање и духовна смрт. Таму каде што луѓето обрнуваат многу внимание на ситниците, таму нема божествена сила неопходна за раст и напредок на Црквата, сила која со себе би ги донела и сите останати благослови кои ни се понудени во неограничени количини.“ – Делата на апосолите, 37.
„Не треба да се грижиме за доцниот дожд. Треба само да се грижиме садовите да останат чисти и исправени, спремни да го примат доцниот дожд, и да се молиме: 'Доцниот дожд нека падне во мојот сад'“ – The Upward Look, 283.
„Видов дека мнозина ја занемаруваат толку потребната подготовка очекувајќи дека “освежувањето” или “позниот дожд” ќе ги оспособи да опстанат во Господовиот ден и да живеат во Негово присуство... Видов дека во “освежувањето” ќе учествуваат само оние кои што ќе победат и ќе го оттргнат секој вкоренет грев: гордост, себичност, љубов кон светот и секој лош збор и постапка. Заради тоа мораме сѐ повеќе да се приближуваме кон Господа и сесрдно да настојуваме да извршиме неопходна подготовка која што ќе ни овозможи да опстанеме во борбата во денот Господов.“ – Рани списи, 71.
б. Што можеме да научиме од молитвата на Илија за дождот? 1. Цареви 18:41-44.
„(Илија) го преиспитувал својот живот, за да согледа каде пропуштил да го прослави Бога, ги признал своите гревови и така продолжил да ја излева својата душа пред Бога, барајќи знак дали молитвата му е услишена. Додека го испитувал своето срце, се чинело дека се повеќе се смалувал, и во своите и во Божјите очи. Му се чинело дека тој е ништо, а Бог е сѐ, и кога успеал целосно да се откаже од себе, кога се фатил за Спасителот како за своја единствена сила и праведност, му бил даден одговор.“ – The Review and Herald, May 26, 1891.
Четврток
26. септември
5. ЧУДЕСНА ПОБЕДА
а. Кое завршно дело на воспитување и понатаму стои пред нас? Авакум 2:14.
„Така ќе се објавува и третата ангелска вест. Кога ќе дојде време да се проповеда со најголема сила, Бог ќе се послужи со скромни орудија, ќе го води умот на оние што се посветиле на Неговата служба. Работниците повеќе ќе бидат оспособени со помазанието на Светиот Дух отколку со образованието во школите. Луѓе од вера и молитва ќе бидат поттикнати да појдат со света ревност и да ги проповедаат зборовите што Бог им ги дава. Гревовите на Вавилон ќе бидат разоткриени. Страшните последици од присилното наметнување на црковните обичаи со посредство на граѓанските власти, навлегувањето на спиритизмот, тајниот, но брз развој на папската власт - сето тоа ќе биде демаскирано. Овие свечени предупредувања ќе го разнишаат народот. Илјадници и илјадници ќе слушаат такви зборови какви што никогаш не слушнале.“ – Големата борба, 606.
„Веста ќе се шири не толку со докажување колку со длабоко осведочување на Божјиот Дух. Доказите се изнесени. Семето е посеано и сега ќе никне и ќе донесе плод. Списите што ги распространиле мисионерските соработници го извршиле своето влијание, но мнозина врз кои вистината имала длабок впечаток, биле спречени вистината потполно да ја сфатат или да ја послушаат. Меѓутоа, сега зраците на светлината проникнуваат насекаде и вистината се гледа кристално јасна, а искрените Божји деца ги кинат врските што ги задржувале до сега. Семејните и црковните врски сега се немоќни да ги задржат. Вистината им е подрагоцена од сè друго. И покрај силите што се здружиле против вистината, голем е бројот на оние што ќе застанат на Господова страна.“ – Големата борба, 612.
Петок
27. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. На кој начин искуството на ранохристијанската црква (опишано во Лекцијата 1) ќе биде од особено значење за последното созревање?
2. Зошто примањето на раниот и доцниот дожд е дело на вистинско воспитување?
3. Каков род треба да донесе делувањето на Светиот Дух??
4. На кој начин јас можам да бидам спремен за доцниот дожд?
5. На кој начин делото на воспитување на Црквата ќе се заврши на оваа земја?