Back to top

Sabbath Bible Lessons

Воспитување на последната генерација

 <<    >> 
8. лекција Сабота, 24. август 2019

Упатства за воспитувачите во домот

„Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што треба.“ – 3. Јованово 1:4.

„Децата во голема мера ќе бидат она што се нивните родители. Физичката состојба на родителите, нивните склоности и желби, нивните ментални и морални склоности, во поголема или помала мерка се репродуцираат во нивните деца.“ – Здравје и среќа, 371.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Child Guidance, pp. 17–25, 119–136. 

Недела 18. август

1. УЧЕТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО

а. Каква одговорност имаат родителите како први учители на децата? Повторени закони 6:6-9.

„Бог им заповеда на родителите да ги чуваат Неговите уредби во своите срца за да бидат подготвени да им ги пренесат на другите. Тој вели: "Овие зборови, што денес ти ги заповедам, нека ти се врежат во срцето. Пренесувај им ги на своите деца...” (5. Мојсеева 6:6, 7). За да ги

заинтересираме нашите деца за Библијата, ние самите мораме да бидеме заинтересирани за неа. За да разбудиме кај нив љубов за проучување на Библијата, ние самите мораме да го сакаме тоа.“ – Воспитување, 187.

б. Кој бил искористен како орудие за утврдување на верата кај Тимотеј? 2. Тимотеј 1:5. Каква важна улога имаат мајките од секој аспект на образованитето?

„Оваа одговорност посебно почива врз мајката. Таа од чија крв се хранело детето е во чие тело се изградувало – во него вградува и ментални и духовни влијанија што водат кон формирање на умот и карактерот.“ – Здравје и среќа, 372.


Понеделник 19. август

2. МЕСТОТО НА ДОМОТ

а. Имајќи ги во предвид примерите на Авраам и Лот, што треба да ни биде приоритетно во избирањето на домот? Создавање 13:11,12.

„При одбирањето на место за наш дом, Бог сака да ги имаме на ум моралните и верските влијанија кои ќе не опкружуваат нас и нашите семејства...

„Наместо да живеете таму каде што можат да се видат само делата на човечките раце, каде што бучавата и метежот предизвикуваат замор и немир, одете таму каде што ќе ги гледате Божјите дела. Побарајте мир за духот во убавината и тишината на природата...

„Домот на нашите први прародители требало да стане пример за домовите на нивните деца, кога би заминале да ја населат целата земја... Синото небо било свод, земјата, украсена со прекрасни цвеќиња и тепих од живо зеленило била под, додека пак лиснатите гранки на дрвјата биле тенда. Ѕидовите на тој дом биле украсени со величествени украси – дело на големиот Уметник. Околината на домот на светиот пар била поука за сите времиња: вистинска среќа не се наоѓа во гордоста и луксузот, туку во заедница со Бога преку Неговите дела.“ – Темели на среќниот дом, 105,106.

б. Какво живеалиште за себе одбрал Јован Крстител имајќи ја во предвид својата мисија? Матеј 3:1.

„Христовиот претходник, Јован Крстител, добил вистинско воспитување од своите родители. Најголемиот дел од своето време го поминал во пустина... Самиот одлучил да се откаже од уживањето и раскошот на градскиот живот, кој го заменил со строг живот во пустина. Таа околина му помогнала да создаде навики на едноставност и самоодрекување.“ – Темели на среќниот дом, 107.

„Не постои ниту едно семејство помеѓу стотина, кое физички, умствено и духовно ќе напредува живеејќи во градот.“ – Country Living, p. 13.

„Родителите можат да обезбедат мали домови на село, со обработливо земјиште, каде што ќе можат да направат овоштарници и да одгледуваат зеленчук и зрнесто овошје... Бог ќе му помогне на својот народ да најде такви домови надвор од градовите.“ – Medical Ministry, p. 310.


Вторник 20. август

3. ПРВОТО УЧИЛИШТЕ НА ДЕЦАТА

а. Кого го назначил Бог за први учители на децата? Изреки 1:8.

„ До осмата или десеттата година од животот, на децата единствени учители треба да им бидат нивните родители. Колку што нивниот ум е во состојба тоа да го сфати, родителите треба да ја отвораат пред нив големата Божја книга на природата. Мајката треба помалку љубов и внимание да подарува на вештачкото украсување на домот и во подготвување на раскошна облека, за да имаат време и во себе и во своите деца да будат љубов за нежните пупки и миризливото цвеќе. Свртувајќи го вниманието на своите деца на разновидноста на боите и облиците, може да ги запознае со Бога Кој го создал сето тоа толку прекрасно и толку привлечно. На тој начин таа може да ги насочи нивните мисли кон Творецот и во нивното младо срце да пробуди љубов кон Него. Во сè што е создадено, родителите можат да им укажуваат на своите деца на Бога како на Создател. Единствена училница за деца до осум или десет години живот треба да биде слободното движење во природа, на чист воздух, во цвеќето и прекрасните глетки на природната декорација, а најпознат учебник треба да им биде ризницата на природата. Поуките втиснати во мислите на малото дете опкружено со пријатни и привлечни сцени од природата, нема лесно да се заборават.“ – 3. Сведоштво, 137.

„Во својата мудрост Господ одредил семејството да биде најголема воспитна установа. Воспитувањето на детето треба да започне во домот. Тоа е неговото прво училиште.“ – Темели на среќниот дом, 147.

б. Кој совет може да ги охрабри родителите да ги воспитуваат своите деца колку што е можно подолго? Псалм 34:13,14.

„Некои родители се толку рамнодушни, толку невнимателни така што сеедно им е во кое училиште одат нивните деца. Тие викаат: Ние дел од светот и не можеме да го напуштиме. Но, родители, ние можеме делумно да излеземе од светот, ако одлучиме. Ние можеме да избегнеме да видиме многу зла кои навистина брзо се множат во овие последни денови. Ние можеме да избегнеме да слушаме за злото и злосторствата кои се случуваат околу нас.“ – Темели на среќниот дом, 331.

„Ниту една школа во општеството, ниту било кој интернат, немаат можност да го положат темелот за изградба на карактерот на едно дете толку добро и толку успешно како што може тоа да го направи семејството.“ – Child Guidance, p. 170.


Среда 21. август

4. ПОУКИ ЗА ОДГОВОРНОСТ И ТРУДОЉУБИВОСТ

а. На кој начин родителите треба да ги воспитаат своите деца со цел подобро да ги подготват да станат одговорни луѓе? Изреки 22:6.

„Децата како и родителите имаат важни должности во домот. Тие треба да знаат дека се дел од едно семејство. Тука се нахранети, облечени, сакани и згрижени. Тие треба да возвратат за сѐ ова, носејќи го својот дел од товарот.

„Секоја мајка нека им посочи на своите деца дека се членови на семејството, и дека во тоа семејство тие имаат своја одговорност. Секој член на семејството треба верно да го носи овие одговорности на ист начин како што верниците во црква ги носат своите одговорности.

„Децата треба да знаат дека со извршување на малите должности тие им помагаат на своите родители. Дајте им да завршат некоја работа а потоа кажете им дека можат да си играат.

„Децата имаат активен ум и тој треба да биде вработен со носењето на товарот на секојдневниот живот... Никогаш не треба да ги оставите самите да си најдат работа. Родителите мораат свесно да се грижат за ова.“ – Темели на среќниот дом, 230.

„Дозволете им да ви помагаат кога и да можат и покажете им дека ја цените нивната помош. Нека чувствуваат дека се дел од семејството. Поучете ги како што повеќе да го користат својот ум за планирање на брзо и темелно извршување на работите.“ – Child Guidance, p. 126.

б. Која карактерна црта е неопходна за трудоњубивост? Изреки 22:29.

„Една од најкорисните заштитни мерки за младите претставува некој корисен занает. Децата кои се навикнати внимателно да работат, така што целото свое време ќе го поминат во некој корисен и пријатен занает... помалку се изложени на опасностите од лошо друштво и пороци.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 98.

„Навиките на внимателност и совесност за младите ќе бидат неискажлива благодат во високата животна школа, која ќе мора да ја продолжат и кога ќе бидат возрасни.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 99.


Четврток 22. август

5. СВЕТО ДЕЛО

а. Како го опишува Библијата светото дело на управителите на семејството? Псалм 128; Исаија 8:18.

„Родители вие носите одговорности какви што никој друг не може да ги носи освен вас. Додека сте живи, вие сте одговорни пред Бога да се држите до Неговиот пат... Родителите на кои што Божјата Реч им е водич, кои се свесни дека нивните деца при изградбата на својот карактер зависни се само од нив, ќе се потрудат да дадат пример што ќе можат нивните деца верно да го следат. “ – Темели на среќниот дом, 151.

„Кога проповедникот ќе направи сѐ што може за црквата преку советување со љубов, со трпеливо поучување и со сесрдни молитви да ги спаси душите, и сепак во тоа нема успех, татковците и мајките често вината ја префрлуваат на него затоа што нивните деца не се обратени, додека можеби тоа е последица на нивната немарност. Врз родителите почива товар; ќе сакаат ли да ги прифатат делата што им ги доверил Бог или ќе ги извршуваат ли верно тие дела?“ – 5. Сведоштво, 494.

„Не очекувајте од учителите на саботната школа да ја извршуваат вашата работна задача да ги поучувате вашите деца за да зачекорат по патот по кој што треба да одат. Саботните богослуженија се голем благослов, тие можат да ви помогнат во работата, но не можат да ве заменат. Бог на сите родители им дал одговорност своите деца да ги доведат кај Исуса, учејќи ги како да се молат и да веруваат во Божјата Реч.“ – Темели на среќниот дом, 152,153.


Петок 23. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто родителите се сметаат за први учители на децата?

2. На кој начин околината на домот е поврзана со делото на воспитување?

3. Кои се потенцијалните последици кои ќе произлезат доколку децата го поминуваат секој ден надвор од дома?

4. На кој начин домашното воспитување е од суштествена важност за целиот живот?

5. Зошто некои родители се во искушение да ја обвинуваат црквата за сопствениот неуспех?

 <<    >>