Back to top

Sabbath Bible Lessons

Воспитување на последната генерација

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 10. август 2019

Темелот на вистинското воспитување

„Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Светиот е разум.“ – Изреки 9:10.

„Божјото Слово претставува најмоќно средство за образование како и највредниот извор на знаење кој му е на дофат на човекот.“ – The Review and Herald, September 25, 1883.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Воспитување, 123 – 127. 

Недела 4. август

1. БОЖЈАТА РЕЧ УПАТЕНА КОН ТЕБЕ

а. На кој начин Бог комуницира со човечкиот род? Амос 3:7; 2 Петрово 1:20,21.

„Библијата поседува воспитна сила која нема споредба. Во Божјата реч духот може да најде предмети за најдлабоки размислувања и за остварување на највозвишени стремежи...Таа го осветлува далечното минато низ кое напразно сака да проникне човечкото око...Ако со страхопочит ги проучува вистините што се наоѓаат во неговата Реч духот на ученикот се поврзува со духот на Оној кој нема ниту почеток ниту крај. Таквото проучување не само што ќе го усоврши и ќе го облагороди карактерот, туку и ќе ги развие и ќе ги зајакне духовните сили.“ – Патријарси и пророци, 596.

б. Кои се некои од карактеристиките на светите списи? 2. Тимотеј 3:16; Псалм 12:6,7.

„Бог не ја оставил својата Реч да биде чувана во сеќавањата на луѓето и усно пренесена од колено на колено и традиционално излагање. Ако го направел тоа, кон Божјата Реч постепено би било додавано она што е човечко... Му благодариме на Бога Неговата писмена реч.“ – The Upward Look, p. 52.

„Библијата е најсигурна историја за која луѓето знаат. Таа непосредно извира од изворот на вечната вистина, а Божјата рака ја сочувала нејзината чистота во текот на вековите.“ – Патријарси и пророци, 596.


Понеделник 5. август

2. РАЗБИРАЊЕ НА БИБЛИЈАТА

а. Со што е споредена Библијата? Псалм 119:105.

„Но Бог на земјата ќе има Свој народ кој ќе внимава на Библијата, и само на Библијата, како мерило за секое учење и темел на секоја Големата борба меѓу Христа и сатаната реформа. Ниту мислењата на учените луѓе, ниту тврдењата на науката, ниту верските догми или одлуки на црковните собори, толку многубројни и спротивни како и црквите што ги застапуваат, ниту гласот на мнозинството - ниту едно од ова, ниту сите заедно не можат да се сметаат како доказ за или против која и да е точка на верата. Пред да прифатиме кое било учење или пропис, треба да се увериме дека е во согласност со она јасното: „Така кажува Господ! “ – Големата Борба, 595.

б. Како е објаснета Речта? Исаија 28:10; Лука 24:27; Матеј 4:4.

„Ако некој го вреднува учењето на Библијата, нема да може да прочита ниту еден единствен стих од неа, а од него да нѐ извлече некоја полезна мисла. Но, највредните поуки од Библијата не можат да се добијат со повремено или неповрзано проучување. Нејзиниот голем систем на вистини не е прикажан така што ќе може да го разбере некој забрзан или невнимателен читател. Многу нејзини богатства лежат длабоко под површината и можат да се најдат само со вредно истражување и долготраен труд. Вистините, кои ја сочинуваат големата целина, мораат да се истражуваат и собираат ”малку тука, малку таму” (Исаија 28:10).“ – Воспитување, 123.

„Настојувал да се ослободи од сите свои поранешни размислувања

и без никаков коментар споредувал еден библиски стих со друг, служејќи се при тоа само со цитатите дадени за споредба и со библиски речник. Продолжил да проучува на одреден и систематски начин, почнувајќи со книгата Битие, читајќи стих по стих; не сакал да оди понатаму додека смислата на различните стихови не му била толку јасна за ништо повеќе да не го збунува. Кога наидувал на некој нејасен стих, имал обичај да го споредува со други стихови што биле во некаква врска со тој предмет. Го испитувал основното, историско-граматичко значење на секој збор во контекстот на целиот библиски текст; и кога видел дека неговото мислење се согласува со тие слични стихови, тогаш исчезнувала секоја тешкотија. Така постапувал кога наидувал на тешко разбирливи места; и секогаш на некое друго место во Светото Писмо наоѓал разјаснување.“ – Големата борба, 320.


Вторник 6. август

3. ПРЕБАРУВАЊЕ НА ПИСМОТО

а. Што треба ние постојано да правиме со Библијата? Јован 5:39.

„Проучувајќи го Светото Писмо вие не треба да гледате себе си да си објасните некои работи со цел да ги донесете во склад со вашите однапред смислени заклучоци, туку да пристапите како ученик со желба да ги разберете основните начела на верата во Христа.“ – Counsels on Sabbath School Work, p. 25.

б. На кој начин, како Божји работници, треба да се подготвуваме за длабоко разбирање на неговото Слово? 1. Петрова 3:15.

„ Ползата што умот ја има од проучувањето на Библијата не е само во истражувањето на вистините и во нивното заемно поврзување. Веќе самиот труд вложен во разбирањето на изнесените теми е полезен. Умот кој се занимава само со секојдневни предмети отапува и ослабнува. Ако никогаш не се труди да ги разбере големите и далекусежни вистини, тој по некое време ќе ја загуби способноста да се развива. Како заштита од ова пропаѓање, и како поттик на развој, ништо не може да се мери со проучувањето на Божјата Реч. Како средство за вежбање на умот, Библијата е поуспешна од било која друга книга, или од сите други книги заедно.“ – Воспитување, 124.

„Непосредната примена на обуката стекната во Библиската школа (од страна на Даниел и неговите другари), била богато наградена. Додека вредно вложувале напори да стекнат знаење, Господ им дарувал небесна мудрост. Знаењето кое го стекнале им било од голема корист кога подоцна биле доведени во тесно. Господ, небесниот Бог, никогаш нема да ги надоместува недостатоците кои настануваат поради духовна или ментална немарност. Кога луѓето ќе ги вложат сите свои сили за да стекнат знаење, да станат луѓе со длабоки мисли, кога, како највозвишени сведоци за Бога и Неговата вистина, ќе постигнат победа на подрачјето на истражувањето на доктрините кои се од животно значење за спасување на душите, така што може да му се одаде слава на Бога како највозвишен, при што дури и царевите и судиите ќе бидат наведени да признаат, во судовите, во парламентите и советите, дека Бог кој ги создал небото и земјата навистина е единствениот жив и вистински Бог, зачетник на христијанството, зачетник на секоја вистина, Оној кој ја воспоставил саботата кога ги поставил темелите на светот, кога пееле заедно сите утрински ѕвезди и сите Божји синови заедно воскликнувале.“ – Fundamentals of Christian Education, pp.374, 375.


Среда 7. август

4. СВЕТЛИНАТА КОЈА НАПРЕДУВА

а. На кој начин Бог продолжува да му открива нова светлост на својот народ? Изреки 4:18.

„Никој нека не доаѓа до заклучок дека повеќе нема светлост која може да се открие... Многу скапоцени камења се расфрлени и треба да се соберат заедно за да станат сопственост на остатокот од Божјиот народ.“ – Counsels on Sabbath School Work, p. 34.

б. Што треба да правиме со светлината која ја имаме? 1. Солунјаните 5:21.

„Ние немаме од што да се плашиме во иднина, освен ако го заборавиме патот по кој не водел Бог и Неговите поуки во минатото.“ – Life Sketches, .

„Има многумина кои толку малку ја познаваат Библијата па станале несигурни во верата. Таквите ги поместуваат старите граници, така што лагите и ветровите ги расфрлаат наваму – натаму.“ – Evangelism, p. 362.

„Не смее да се ослаби ниту една точка на вистината врз основа на која адвентистите на седмиот ден станале она што се. Ние ги поседуваме старите меѓи на вистината, искуствата и должностите и затоа мораме цврсто да стоиме во одбрана на нашите начела, пред целосен поглед на свет.“ – 6. Сведоштво, 17.

„Кога Божјата сила ќе посведочи дека нешто е вистина, тоа треба засекогаш да биде вистина. Не смееме да си поигруваме со дополнителни претпоставки кои се во спротивност со светлината која Бог ни ја дал... Ќе се јавуваат еден по друг со нова светлост која ќе биде спротивна на светлината која ја дал Бог со посредство на Светиот Дух.“ – Counsels to Writers and Editors, pp. 31, 32.

в. Каква подготовка ни е потребна за делото на евангелието? Евреите 5:11-14.

„Преку искрени молитви, и длабоко и сериозно истражување, ние мораме да станеме утврдени, вкоренети и втемелени во верата, и да знаеме, секој за себе, дека ја имаме вистината. Ако сме на тој начин утврдени, нема да се откажеме од верата и во моментите на искушенија и на проба, како што направиле некои.“ – The Review and Herald, September 4, 1888.


Четврток 8. август

5. ЗАЕДНИЧКО ПРОУЧУВАЊЕ

а. Каква воспитна околина сакаме да поттикнеме во саботната школа? 2. Тимотеј 2:15.

„Нашите саботни школи навистина се вистински библиски здруженија и со светата задача која ја имаат во ширењето на Божјата Реч можат да постигнат многу повеќе отколку што имаат постигнато до сега.“ – Counsels on Sabbath School Work, p. 9.

„Доколку сте повикани да бидете учител во било која гранка од Божјото дело, истовремено сте повикани да бидете и ученик во Христовата школа. Доколку врз себе превземете света должност да ги учите другите, тогаш превземате должност да навлезете во сржта на секој предмет што сакате да го предавате. Ако им изнесувате некоја тема од Божјата реч на своите ученици во саботната школа, морате причината за својата вера да ја изнесете толку јасно така што вашите ученици ќе бидат осведочени во вистината која ја изнесувате. Треба внимателно да истражуваме и да ги споредуваме доказите во Божјата Реч за пораките кои ѝ ги испратил на својата црква, со цел да ја осознаеме вистината и да бидеме во состојба да ја насочиме кон патот на праведноста на оние кои гледаат на нас.“ – Исто, 31.

„Оние кои прифатиле да ги подучуваат другите или оние кои се повикани да заземат било какова одговорна положба, не смеат да се задоволат да се задоволат со преземање на готов производ од истражувањето на други умови, туку сами треба да ја истражуваат вистината. Доколку не ја развијат навиката самите да ги истражуваат темите на вистината, ќе станат површни во својот живот и достигнувањата... Треба да ја испитувате вистините кои сте биле наведени да ја прифатите сѐ додека не утврдите дека се без мана.“ – Counsels on Sabbath School Work, p. 9.


Петок 9. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто било толку важно Божјата Реч да биде запишана?

2. Како треба ние да проучуваме за да ги спознаеме Божјите вистини?

3. Какви ментални и духовни придобивки можеме да стекнеме со длабоко проучување на Библијата?

4. На кој начин Бог продолжува да го подучува својот народ?

5. На кој начин можеме да ја подобриме воспитната околина во својата црква?

 <<    >>