Доброволен прилог во првата сабота За мисионерско – библиската школа „Светилник“ во Италија
Не е доволно да имате само вера и доблест за да бидете мисионер во овој свет. Потребно е да имате и знаење. Без него Божјиот народ ќе „гине“ (Осија 4:6). Имајќи го тоа на ум, во 2013 година основана е Scuola Biblica Missionaria IL FARO [библиско-мисионерската школа „Светилник“] како воспитна институција на Италијанската Конференција на РДАСД. „Вие сте светлината на светот“ (Матеј 5:14) е библиски стих што го инспирираше мотото на училиштето: „Прими светлина за да дадеш светлина“. Оваа установа им нуди на нашите млади и на членовите во црква шанса да стекнат знаење и да бидат корисни во мисионерското волонтерско дело.
Првата серија предавања кои ги организирала школата започнале во 2013 година, а завршиле во 2016 година. Студиите ги посетувале студенти од Франција, Италија, Португалија, Шпанија, Боливија, Конго, Еквадор, Перу и Романија. Иако многумина од нив сѐ уште не биле крстени, до добивањето на диплома се крстиле сите освен еден. Денеска дипломираните се вклучени во многу црковни активности, а некои од нив станале служители во своите локални цркви или конференции. Многу сме му благодарни на Бога на овие првични резултати.
Првиот тек на студии одржан е во просториите на црквата во местото Попи. Меѓутоа, еден брат минатата година го подари својот имот во местото Брико Мартино, Тиљоле Д’Асти (Асти), да се користи во воспитните програми на мисионерската школа, како и за други настани во црква. Овој имот содржи и зграда која се наоѓа на добро селско земјиште.
За да можеме да продолжиме со училишната програма, мораме да ја реновираме половина зграда, со цел да можат да се сместат 20-25 луѓе, како и училницата во црква. Италијанската Конференција нема доволно финансиски средства за реновирање. Од таа причина апелираме до вас, драги браќа, сестри и пријатели, великодушно да придонесете за овој проект. Тоа ќе овозможи воспитниот програм на библиско – мисионерската школа „Светилник“, единствената воспитна установа на РДАСД која се води на италијански јазик, да продолжи да ги припрема луѓето да бидат светлост во овој мрачен свет, да ги проповеда добрите вести и да го забрза доаѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Вашите браќа и сестри од Италијанската Конференција