Недела
28. март
1. ПОВИКАНИ ДА БИДЕМЕ БЛАГОСЛОВ
а. Каков отсекогаш бил Божјиот план за малкумината што ќе Го прифатат? Михеј 5:7.
„Бог го избрал Израел. Тој го повикал за да го сочува меѓу луѓето знаењето за Својот закон и симболите и пророштвата што укажувале на Спасителот. Тој посакувал тие да бидат извор на спасение за светот. Она што бил Авраам за земјата во која престојувал, она што бил Јосиф за Египет, а Даниел за вавилонскиот двор, тоа требало да биде еврејскиот народ меѓу народите. Тие требало да им го откријат Бога на луѓето“. – Копнежот на вековите, 27.
б. Како Христос го опишал начинот на кој еврејската нација не успеала да го спроведе Неговиот план - и какво предупредување треба да извлечеме од тоа? Лука 20:9-18.
„Треба да внимаваме да не ја доживееме истата судбината како и древниот Израел. Историјата на нивната непослушност и пропаст е запишана за наша поука, да не ги повторуваме нивните постапки“. – The Review and Herald, July 10, 1900.
Понеделник
29. март
2. ОСОБИНИТЕ НА ИЗБРАНИТЕ
а. Што треба да научиме во врска со конкретните замки на кои древниот Израел бил особено изложен? Изреки 11:2; 29:23.
„Кога идолопоклониците се дигнале да ја уништат вистината, Господ ги довел Своите слуги пред лицето на царевите и владетелите, со цел тие и нивниот народ да ја примат светлината. Многупати, најголемите владетели биле доведени во ситуација да ја прогласат врховната надмоќ на Бога, Кого го обожавале нивните еврејски робови.
Со вавилонското ропство Израелците биле ефикасно лекувани од обожавање на киповите. Во текот на следните векови тие страдале поради угнетувањата од страна на незнабожечките непријатели, така што стекнале цврсто уверување дека нивниот напредок зависи од нивната послушност на Божјиот закон. Меѓутоа, кај многумина од нив послушноста не произлегувала од љубов. Нивните побуди биле себични. Тие му служеле на Бога само со надворешни знаци, како средства за постигнување на национална големина. Тие не станале светлина на светот, туку се оддалечувале од светот, за да не паднат во искушение да станат идолопоклоници. Во упатствата дадени преку Мојсеј, Бог ги одредил ограничувањата во поглед на нивното дружење со идолопоклониците, но тоа учење било погрешно протолкувано. Неговата цел била да ги спречи да не се прилагодат на обичаите на незнабошците. Меѓутоа, тоа било употребено за да се подигне ѕид кој го одвојува Израел од сите други народи. Евреите гледале на Ерусалим како на свое небо и всушност тие биле љубоморни што Господ сакал да ја искажува Својата милост и кон незнабошците“. – Копнежот на вековите, 28,29.
б. Опишете ги понизноста и достоинството на духот, потребни за прифаќање на Божјиот повик. Матеј 11:28-30
„Еврејските водачи сметале дека се премногу мудри за да им бидат потребни какви било совети; премногу праведни за да им се понуди спасение и премногу славни за да ја прифатат онаа слава што доаѓала од Христа. Спасителот ги напуштил нив за да им ги довери на други предимствата што тие ги злоупотребиле и делото што тие не знаеле да го ценат. Божјата слава морала да се открие и неговите зборови да се исполнат. Во светот морало да се воспостави Христовото царство. Божјото спасение морало да се објави во сите градови. Затоа Исус повикал и од¬брал дванаесет ученици да го извршат делото кое еврејските водачи не го извршиле“. – Делата на апостолите, 16.
Вторник
30. март
3. ЈАСНА ЗАДАЧА
а. Која е целта на Божјите деца на оваа земја и од каде почнуваме да ја остваруваме? Матеј 5:14-16.
„Учениците требало да го започнат своето дело таму каде што се наоѓале. Не смееле да го заобиколат најтешкото поле, кое најмалку ветувало. Така, секој Христов работник треба да започне таму каде што се наоѓа. Во нашето семејство можеби има души кои се жедни за сочувство, души кои гладуваат за лебот на животот. Можеби има деца кои треба да се воспитаат за Христа. Постојат незнабошци покрај нашите порти. Да ја извршиме верно задачата која ни е најблиска. Потоа нашите напори треба да се прошируваат онолку далеку колку што нè води Божјата рака. Делото на многумина можеби изгледа ограничено од постоечките околности, но каде и да е, ако се врши верно и ревносно, влијанието на таквото дело ќе се почувствува и во најоддалечените краеви на светот“. – Копнежот на вековите, 822.
б. Што треба да нè тргне за да ги преиспитаме своите мотиви и приоритети во животот? 1. Коринтјаните 9:16; 2. Коринтјаните 10:16-18.
„Меѓутоа, не смееме да ја изгубиме од вид заповедта: ‘Одете по сиот свет’. Повикани сме да го подигнеме својот поглед и на пределите од другата страна. Христос го срушил ѕидот на одвојување, поделеноста од националните предрасуди и не учи да ги сакаме сите членови на човечкото семејство. Тој ги подига луѓето од тесниот круг што ја одредува нивната себичност и ги укинува сите територијални граници и вештачки создадени бариери во општеството. Тој не прави никаква разлика помеѓу соседите и странците, помеѓу пријателите и непријателите. Тој нè учи дека секому кому му е потребна помош да го сметаме за свој брат, а цел свет за свое работно поле“. – Копнежот на вековите, 823.
„Наместо да ги прошируваме постоечките и да градиме нови згради... во кои веќе има наши институции, би требало да ги ограничиме нашите желби. Нека средствата и работниците се расеат, за да ја објавуваат вистината и да ја дадат веста на опомена во подалечните региони“. – 8. Сведоштво, 50.
„И додека вие ги трошите парите на задоволување на своите желби - Божјите пари - за кои ќе морате да дадете одговор, мисионерската работа е во застој, бидејќи нема доволно средства ниту работници за да го постават знамето на вистината во места каде што луѓето сè уште не слушнале за веста на предупредување“. – 8. Сведоштво, 51.
„Кој ќе го остави удобниот дом и драгите роднини, и ќе ја однесе скапоцената светлина на вистината во оддалечените земји?“ – 8. Сведоштво, 54.
Среда
31. март
4. ТАЈНАТА НА СИЛАТА
а. Објаснете го значењето на визијата дадена на пророкот Захарија, која го претставува Божјото дело на оваа земја. Захарија 4:1-3.
„Треба да се изврши едно големо дело за да му се изнесе на народот спасоносната вистина на евангелието. Тоа е средство со кое Бог сака да ја запре плимата на морална расипаност и повторно да го воспостави Својот морален лик во човекот. Тоа е Неговиот лек за општото пореметување…
Сета светлина, откриена во Божјата Реч од минатото, како и светлината која блеска во сегашноста и се протега кон иднината, наменета е на секоја душа која сака да ја прими. Славата на таа светлина, која е самата слава на Христовиот карактер, треба да се манифестира во секој христијанин, во семејството, во црквата, во проповедништвото и во секоја установа која ја основал Божјиот народ, и за кои Бог сака да бидат симболи на спасоносната сила на евангелската вистина и на она што може да се направи за светот. Тие се орудија во исполнувањето на Божјата цел за човечкиот род.
Божјиот народ треба да биде орудие за спроведување на најзвозвишеното влијание во вселената. Во визијата на Захарија, двете маслинови дрвја кои стојат пред Бога се претставени како го излеваат златното масло преку златни цевчиња во чинијата на светилиштето. Од нив се налеваат светилниците на светилиштето, за да можат постојано да ја шират својата сјајна и блескава светлина. Така, од помазаниците кои стојат во Божје присуство преоѓа полнината на божествената светлина, љубов и сила на Неговиот народ, за и тие на други да пренесуваат светлина, радост и освежување. Тие треба да бидат канали преку кои божествените орудија му ја пренесуваат на светот плимата на Божјата љубов“. – 6. Сведоштво, 11,12.
б. Која е „батеријата“ што ни дава енергија да ја исполниме задачата да го просветлиме светот? Захарија 4:6.
„Небесната вселена работи на подготовка на душите за обратување и тоа многу повеќе отколку што ние можеме да замислиме. Ние треба да работиме во хармонија со небесните гласници. Нам ни е потребно поголема помош од Господа и не смееме да мислиме дека работата може да се врши само со говори и проповедање. Без Негова помош, никогаш не би допреле до народот“. – 6. Сведоштво, 50.
Четврток
1. април
5. СРЦА ШТО ПЛАМТАТ
а. Објаснете ја нашата најголема потреба во овој момент. Јован 1:12,13; 3:5-8; 4:14.
„Соработници, во нашите срца мора многу повеќе да пребива Исус, драгиот Исус, ако сакаме со успех да го прикажуваме Него пред народот. Нам многу ни е потребно небесното влијание на Божјиот Свет Дух, кој ќе подари сила и успех на нашата работа. Треба своите срца да му ги отвориме на Христа и да имаме многу поцврста вера и многу по сесрдна посветеност. Ние треба да умреме за себеси и во срцето и умот да негуваме длабока љубов кон својот Спасител. Ако го бараме Господа со сето свое срце, ќе го најдеме, и нашите срца ќе бидат озарени од Неговата љубов. Нашето сопствено јас ќе стане безначајно и Исус ќе биде сè во нашата душа“. – 6. Сведоштво, 51.
„Вистински обратената душа прима светлина одозгора, а Христос во таа душа е: ‘Извор на вода што тече во вечен живот’ (Јован 4:14). Луѓето можат лажно да ги прикажуваат и толкуваат зборовите, побудите и делата на таквата душа, но таа нема тоа да го става на ум, затоа што знае дека се работи за значајни нешта. Таа не гледа на сегашноста, не копнее за слава и не се грижи дали луѓето ќе ја фалат. Нејзината надеж е на небото; и таа оди право, со очи насочени кон Исуса. Ја застапува правдата затоа што тоа е исправно и затоа што само оние што творат правда ќе влезат во Божјото царство. Таа е блага и кротка и сака да ги усреќи другите. Никогаш не зборува: ‘Зар јас сум чувар на брат ми’ (Создавање 4:9), туку го сака својот ближен како себе самиот. Не е груба и наклонета да го наметнува своето мислење на другите како непобожните луѓе, туку со небесна светлина им свети и на другите. Таа е искрен, храбар војник на Христовиот крст што ја
проповеда речта на Животот“. – 5. Сведоштво, 569.
Петок
2. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога сум во искушение да мислам дека немам влијание врз другите, што треба да сфатам?
2. Која клучна карактеристика може да го направи моето сведоштво за Христа поефективно?
3. Што, во Божји очи, треба да биде најголемиот приоритет за Неговиот народ?
4. Како визијата на Захарија за маслото што тече треба да влијае врз мене?
5. Опишете еден вистински обратен христијанин.