Недела
2. мај
1. ОД БОГА ВДАХНОВЕНА МИЛОСТ
а. Опишете ја искрената љубов на ранохристијанската црква. Дела 4:32-35.
„Додека учениците ги објавувале вистините на евангелието во Ерусалим, Бог нивните зборови ги потврдувал со чуда и мнозина поверувале. Под влијание на верскиот фанатизам и ограниченост на Евреите, голем број меѓу тие први верници веднаш биле исфрлени од своите семејства и од кругот на своите пријатели па било неопходно ним да им се даде храна и засолниште.
Библиските записи сведочат дека ‘ниту еден меѓу нив не беше сиромашен’ и дека нивните потреби биле задоволени. Оние меѓу верниците што имале пари и имот, радо ги жртвувале за да ги задоволат потребите на сите...
Таа великодушна дарежливост на верниците била последица од излевањето на Светиот Дух. Оние што го прифатиле евангелието биле ‘едно срце и една душа’. Нив ги раководела една заедничка желба -успехот на мисијата што им била до¬верена, и алчноста немала место во нивниот живот. Големата љубов кон браќата и кон делото што го прифатиле била многу поголема од љубовта кон парите и имотот. Со своите дела тие сведочеле дека вредноста на човечката душа ја ценат повеќе од секое земно богатство. Така е секогаш кога Божјиот Дух владее со човечкото срце и живот”. – Делата на апостолите, 70,71.
Понеделник
3. мај
2. ОТКАЖУВАЊЕ ОД МАТЕРИЈАЛНИ ДОБРА
а. Зошто можеме да бидеме вдахновени од радосната подготвеност на учениците од ранохристијанската црква да споделат сè со своите браќа и сестри? 1. Јованово 3:11,16; Филипјаните 2:3,4.
„Оние, чиишто срца ги исполнува Христовата љубов, ќе го следат примерот на Оној кој осиромашил за ние да се збогатиме со неговото сиромаштво. Парите, времето, угледот и влијанието-сите дарови што ги примиле од Божјите раце-тие ќе ги ценат само како средство за напредок на неговото дело. Така било во првата црква. А кога во црквата на нашите денови ќе се покаже дека верниците, благодарение на силата на Духот, се одвратиле од земните работи и дека се подготвени да поднесат жртва за нивните ближни да можат да го слушнат евангелието, тогаш објавувањето на вистината ќе има силно влијание врз слушателите”. – Делата на апостолите, 71.
„Пребарајте го и небото и земјата, и нема да најдете посилно откривање на вистината од ова, а тоа се гледа во делата на милосрдието кон оние на кои им е потребно нашето соучество и нашата помош. Тоа е онаа вистина каква што е во Исуса”. – Мисли од гората на блаженството, 137.
б. Наведете еден вистински пример за ваков вид милост на дело, за разлика од друг пример за кој во почетокот само Бог знаел дека е лажен. Дела 4:36,37; 5:1.
„Во остра спротивност со великодушноста и со доброчинствата на тогашните верници била постапката на Ананија и Сафира, чиешто однесување е забележано со перото на вдахновението. Нивната постапка остава темна дамка во историјата на првата црква. Тие таканаречени ученици, заедно со другите имале предимство да го чујат евангелието што го пропове¬дале апостолите. Тие со другите верници биле присутни кога, по молитвата на апостолите, се затресло ‘местото каде што беа собрани и сите се наполнија со Свети Дух’. Сите присутни биле длабоко осведочени, и под силно влијание на Божјиот Дух Ананија и Сафира сториле завет дека на Господа ќе му ги да¬дат парите од една своја нива што ја продале (Дела 4:31)”. – Делата на апостолите, 71,72.
Вторник
4. мај
3. ОД СРЦЕ ИЛИ НЕ?
а. Што направиле Ананија и Сапфира со приходите од имотот што го ветиле дека ќе го донираат на црквата, и зошто? Дела 5:2.
„Меѓутоа, Ананија и Сапфира подоцна го ожалостиле Све¬тиот Дух, оддавајќи се на грев и лакомост. Почнале да жалат што воопшто дале завет и набргу го загубиле благотворното влијание на благословот што ги загреал нивните срца со желба да сторат нешто големо во полза на Христовото дело. Им се чинело дека избрзале и дека мора повторно да размислат за својата одлука. Разговарале за тоа и решиле да не го испол¬нат своето ветување. Меѓутоа, забележале дека верниците високо ги ценат оние што изделуваат од својот имот за да ги задо¬волат потребите на своите сиромашни браќа. Сакајќи браќата да не дознаат дека нивните себични души мрморат поради она што свечено му го ветиле на Бога, тие решиле да ја прода¬дат нивата и, преправајќи се дека сите пари ги приложуваат во заедничкиот фонд, всушност голем дел задржале за себе. Сметале дека на тој начин ќе си обезбедат себеси издржување од заедничките средства и едновремено ќе се здобијат со ви¬сока почит кај своите браќа”. – Делата на апостолите, 72.
б. Од кои плитки мотиви мора да се пазиме сите? Јован 12:43.
„Бог не сака твојата светлина да свети така што твоите добри зборови и дела да ти донесат пофалби од луѓето; туку да биде прославен и издигнат Зачетникот на секое добро. Во својот живот Исус им дал на луѓето модел на карактер. Колку мала моќ имал светот врз Него, за да го обликува според своите стандарди! Целото негово влијание било отфрлено. Тој изјавил: ‘Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело’. Ако бевме толку посветени на Божјото дело, правејќи го тоа само за да ја зголемиме Неговата слава, ние ќе можевме да кажеме со Христа: ‘Јас не барам Своја слава’. Неговиот живот бил полн со добри дела и наша должност е да живееме така, како што живеел нашиот голем Пример. Нашиот живот треба да биде сокриен со Христа во Бога, и тогаш светлината ќе се рефлектира од Исуса кон нас и ние ќе ја рефлектираме на оние околу нас, не само во разговори и изјави, туку во добри дела и со манифестирање на Христовиот карактер”. – Reflecting Christ, p. 41.
Среда
5. мај
4. ДРАСТИЧНИ МЕРКИ
а. Како треба да го сфатиме и разбереме проблемот со Ананија и Сапфира? 2. Коринтјаните 9:7; Дела 5:3,4.
„Врз Ананија не бил вршен никаков притисок својот имот да го жртвува за општото добро. Тој постапил по своја сло¬бодна волја. Но, обидувајќи се да ги измами учениците, тој го излагал Семожниот”. – Делата на апостолите, 73.
„Сатаната ги навел Ананија и Сапфира да го излажат Светиот Дух. Луѓето кои не се посветиле целосно на Бога можат да му служат на сатаната, но сепак тие си ласкаат дека му служат на Христа”. – 5. Сведоштво, 103.
„Но срцата на луѓето стануваат тврди поради себичноста и тие, како Ананија и Сапфира, паѓаат во искушение еден дел да задржат за себе, преправајќи се едновремено дека ги исполнуваат Божјите барања. Мнозина растурливо ги трошат парите за да ги задоволат своите незаситни желби. Мажите и жените водат сметка само за своите задоволства, за телесните склоности, за своите незауздани желби и за својот личен вкус, додека на Бога му даваат мошне нерадо и скржаво. Тие забораваат дека Бог еден ден ќе побара точно да му дадат сметка како ги употребу¬вале неговите добра и дека нивниот дар, како некој вид ми¬лостина што ја приложуваат во неговата ризница, нема да го прими, исто онака како што не го примил дарот на Ананија и Сапфира”. – Делата на апостолите, 75.
б. Објаснете го драстичниот начин на кој Господ морал да ја заштити својата рана црква од намерите на овој лицемерен пар, и зошто. Дела 5:5-10; Матеј 6:24.
„Во својата бесконечна мудрост Бог видел дека вака очигледниот доказ на неговиот гнев бил потребен за младата црква да се сочува од растурање. Бројот на верниците нагло се зголему¬вал. Црквата би се изложила на опасност ако кон брзиот пораст на обратеници би пристапиле оние што тврдат дека му служат на Бога, а всушност му служат на мамонот. Таа казна докажува дека Бог не може да се прелаже, дека Тој ги открива гревовите скриени длабоко во срцето и не дозволува некој да му се под¬бива. Тоа требало да послужи како опомена за целата црква да се чува од преправање и од лицемерство и да не го закинува Бога”. – Делата на апостолите, 73,74.
Четврток
6. мај
5. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАС ДЕНЕС
а. Каков минимум бара Бог од нас денес во врска со нашите финансии и ветувања? Проповедник 5:4-6; Малахија 3:8-12.
„На луѓето треба да им се втисне во душата светоста на нивните завети и ветувања за Божјото дело. Таквите ветувања обично не се сметаат за толку задолжителни како писмените обврски од човек на човек. Но, дали ветувањето е помалку свето и помалку задолжително затоа што му е дадено на Бога? Дали христијанинот, во отсуство на некои технички клаузули и законски обврски, треба да ги занемари обврските што ги дал усно? Ниту еден правен документ или договор не е повеќе обврзувачки од заветот со кој нешто е ветено за Божјото дело”. – The SDA Bible Commentary E. G. White Comments], vol. 6, p. 1056.
„ Новиот завет не го донесува одново законот за десетокот, ниту за саботата, бидејќи нивната валидност се подразбира, нивното длабоко духовно значење е веќе објаснето”. – Counsels on Stewardship, p. 66.
„Срцата на луѓето стануваат тврди заради себичноста и тие како Ананија и Сафира доаѓаат во искушение да задржат еден дел притоа зборувајќи дека го извршуваат законот за десетокот”. – 5. Сведоштво, 150.
„Во случајот на Ананија и Сафира гревот, односно лагата и измамата на Бога бил секавично казнет. Истиот грев често е повторуван во подоцнежната историја на црквата, а мнозина го прават и во наше време. Но, иако веднаш не се покажува видлив знак на Божје негодување, тој грев исто толку е одвратен пред Божјoто лице како што бил и во деновите на апостолите. Опомената е дадена: Бог јасно покажал колку одвратен му е тој грев, и сите што се преправаат или се алчни, можат да би¬дат сигурни дека со тоа ја уништуваат својата душа”. – Делата на апостолите, 76.
Петок
7. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како можам да го развијам и негувам ставот манифестиран во Дела 4:32-35?
2. Објаснете ја разликата помеѓу дарот на Јосиф, Варнава и на Ананија?
3. Кои мотиви ги натерале Ананија и неговата сопруга да го излажат Светиот Дух?
4. Зошто Дарителот на животот го убил виновниот пар, и зошто тоа не го прави денес?
5. Што треба да сфатам за моите завети, ветувања, десетоци и дарови?