Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
7. лекција Сабота, 15. мај 2021

Дарот на храброст

„И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат и да благовестат дека Исус е Христос” (Дела 5:42).

„Дозволете им на луѓето да сфатат дека имате порака што за нив значи живот, вечен живот, ако ја прифатат. Ако нешто треба да ја воодушеви душата, тоа е објавување на последната порака на милоста кон светот што пропаѓа”. – Evangelism, p. 297.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 77-86. 

Недела 9. мај

1. СÈ НА ОЛТАРОТ

а. Како пресудата на Ананија и Сапфира влијаела врз верниците? Дела 5:11. Што секој од нас треба да разгледа во врска со својот имот денес?

„Во времето на неволјите, куќите и земјата нема да им бидат од никаква корист на светиите, бидејќи ќе мораат да бегаат од разбеснетата толпа; нивниот имот тогаш нема да може да се употреби за унапредување на делото на сегашната вистина. Покажано ми е дека Божја волја е светиите, пред да дојде времето на неволјите, да се ослободат од она што ги оптоварува и со Господа да направат завет на жртва. Ако сѐ што имаат го положат на олтарот и сесрдно го запрашаат Господа за својата должност, Тој ќе ги поучи кога треба да се ослободат од својот имот. Така во времето на неволјите ќе бидат слободни, без ништо што би ги оптоварувало и успорувало.

Видов дека доколку некои се држат за својот имот и не прашуваат од Господа што треба да направат, Тој нема ни да им укаже на должноста. На нив ќе им биде дозволено да го задржат она што го имаат, но во времето на неволјите тоа ќе им се попречи на нивниот пат и како планина ќе им се закани дека ќе ги сотре; тие тогаш ќе се обидат да го распродадат својот имот, но нема да бидат во состојба тоа да го направат. Слушнав како некои се јадосуваат: „Делото Божјо малаксуваше и Божјиот народ гладуваше за вистината, а ние не вложивме никаков напор да го надоместиме тој недостиг; сега нашите имоти се бескорисни. О, да ги бевме дале тогаш и на тој начин да собиравме благо на небото!”. – Рани списи, 56,57.


Понеделник 10. мај

2. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДУХОВНАТА БИТКА

а. Како може да бидеме вдахновени гледајќи како Светиот Дух делувал во Ерусалим во времето на раната црква? Дела 5:12-16.

„Ние треба да се приближиме до луѓето преку лични залагања. Успехот ќе биде поголем, ако посветиме помалку време за проповедање, а повеќе во лична служба. На сиромашните треба да им се помогне, болните треба да бидат згрижени, тажните и нажалените треба да се утешат, неуките поучат, а неискусните посоветуваат. Треба да плачеме со оние што плачат и да се радуваме со оние што се радуваат. Таквото делување поткрепено со силата на убедувањето, силата на молитвата и силата на Божјата љубов, не може и нема да остане без плод.

Ние треба секогаш да имаме предвид дека целта на здравствено-мисионерската работа е да се насочат мажите и жените болни од грев кон Човекот од Голгота, Кој ги земал на Себе гревовите на светот. Гледајќи во Него, луѓето се менуваат и стануваат слични на Него. Ние треба да ги охрабриме болните и оние што страдаат, да гледаат кон Христа и да живеат”. – Здравје и среќа, 143,144.

б. Кај кого непријателот на душите предизвикал страв и љубомора поради личните интереси, со цел да го спречи напредокот на делото - и како ова се случува и денес? Дела 5:17,18.

„Мноштво од сите класи излегло да ги слуша проповедите на апостолите и сите биле излекувани од своите болести во името на Исус, чие име било толку омразено меѓу Евреите. Свештениците и поглаварите во своето спротивставување биле избезумени, бидејќи гледале дека болните се лекуваат, а Исус се возвишува како Принц на животот. Тие стравувале дека наскоро целиот свет ќе поверува во Него и дека потоа ќе ги обвинат за убиство на Семоќниот исцелител”. – The Sanctified Life, p. 62.

„Непријателот на секоја правда работел, и сè уште работи, користејќи ги сите средства што може да ги измисли за да ја попречи работата што треба да се направи за просветлување и едукација на луѓето; неговите сила се зголемуваат. Одложувањата му даваат предност на сатаната во ситуацијата, и овие одложувања предизвикале загуба на многу души. Господ не е задоволен со успорување на работата”. – Evangelism, p. 227.


Вторник 11. мај

3. БОЖЕСТВЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И АКЦИЈА

а. Кога апостолите биле затворени заради вршење на Божјото дело, како интервенирал Господ, и што можеме да научиме од ова? Дела 5:19,20.

„Но небесниот Бог, моќниот Владетел на вселената, ја презел работата во Свои раце; бидејќи луѓето се бореле против Неговото дело. Тој јасно им покажал дека има власт која е повисока од човечката и која мора да се почитува. Господ во ноќно време го пратил Својот ангел кој ја отворил вратата на затворот и ги извел луѓето на кои Бог им го доверил Своето дело. Властите рекле: ‘воопшто да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус’ (Дела 4:18), но небесниот гласник што го пратил Бог рекол: ‘Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој живот’ (Дела 5:20).

Тие што сакаат да ги присилат луѓето на покорување на една папска институција и на газење на Божјиот авторитет постапуваат исто како и еврејските водачи во деновите на апостолите. Кога законите на земните власти се во судир со законите на Највисокиот Законодавец во вселената, тогаш тие што се верни поданици на Бога ќе му останат верни Нему.

Ние како Божји народ не сме го извршиле делото што Тој ни го довери. Не се подготвивме за борбата која ќе мораме да ја издржиме кога неделниот закон ќе стапи на сила. Ние сме должни кога ќе ги забележиме знаците за опасноста која се приближува да станеме на работа. Никој нека не го очекува злото рамнодушно, тешејќи се дека делото ќе напредува затоа што така е проречено во пророштвото и дека Господ ќе го штити Својот народ. Ние не ја вршиме Божјата волја ако седиме со скрстени раце и не правиме ништо за да ја сочуваме слободата на совеста. Треба да упатуваме сесрдни молитви кон небото за да се одложи тоа додека не го извршиме делото кое толку долго беше запоставувано. Да се молиме најсесрдно и потоа да го прифатиме делото во согласност со нашите молитви”. – 5. Сведоштво, 713,714.

б. Како апостолите одговориле на Божјиот налог? Дела 5:21 (прв дел). Каков бил резултатот? Дела 5:21-26.

„Ако свештениците и поглаварите се осмелеа да ги пројават своите чувства кон апостолите, ќе имаше поинаков запис; зашто ангелот Божји беше набљудувач во таа прилика, за да го прослави Неговото име, доколку пробаа било какво насилство над Неговите слуги”. – Testimonies to Ministers, pp. 71, 72.


Среда 12. мај

4. ИЗРАЗУВАЊЕ НА ВРВНА ПОСЛУШНОСТ

а. Што можеме да научиме од Петар соочен со спротивставувањето? Дела 5:27-29.

„Во нивните зборови и во нивното држење, кога и по вторпат биле изведени пред луѓето кои ја барале нивната смрт, немале ниту малку страв и нерешителност.”. – Делата на апостолите, 81.

„Наша должност е во сѐ да се покоруваме на законите на нашата земја, освен кога тоа е во спротивност со повисоките заповеди што Бог ги изговорил со јасен глас од планината Синај, а потоа со Својот прст ги запишал на камен. „Ќе ги ставам Моите закони во нивните мисли и ќе ги напишам во срцата нивни, и ќе им бидам Бог, и тие ќе бидат Мој народ”. Оние, кај кои Божјиот закон е запишан во нивното срце, со поголемо задоволство ќе Му се покоруваат на Бог, отколку на луѓето и попрво ќ е ја откажат својата послушност на секој човек, отколку и најмалку да отстапат од Божјите заповеди”. – 1. Сведоштво, 361.

„Десетте заповеди на Јехова претставуваат основа на сите праведни и добри закони. Оние што ги љубат Божјите заповеди ќе се прилагодат на секој добар закон на својата земја. Меѓутоа, ако барањата на властите доаѓаат во судир со Божјите закони, единствено прашање што во тој момент треба да се реши е: Дали ќе му бидеме послушни на Бога, или на човекот?” – 1. Сведоштво, 361,362.

б. Како апостолите понатаму го објасниле евангелието и ја откриле најважната тајна за тоа како да се прими Светиот Дух? Дела 5:30-32.

„Оние што ќе му ги посветат својата душа, тело и дух на Бога, прочистувајќи ги своите мисли со почитување на Божјиот закон, постојано ќе добиваат нови количини на физичка и ментална сила. Нивните срца копнеат по Бога и ќе направат искрени молитви кон небото за да добијат појасна перцепција за да можат да ја препознаат службата и делото на Светиот Дух. Не е наше да го користиме Светиот Дух, но Светиот Дух треба да ни служи, обликувајќи и прилагодувајќи ја секоја наша способност”. – Counsels on Sabbath School Work, p. 40.

„Пред нас е голема работа што треба да се изврши во секоја црква. Верниците треба да бидат целосно посветени на Бога, покажувајќи послушност кон секоја црта и секоја буква од Неговиот свет закон. Така тие ќе станат Негови соработници, исполнети со сета Божја полнота. Самозадоволниот, себичен дух, кој ги наведува луѓето да се стремат кон моќ, треба да биде протеран од душата. Секоја несвета амбиција треба да се остави по страна”. – Manuscript 162, 1905.


Четврток 13. мај

5. БОЖЕСТВЕНО ВОДСТВО

а. Како Господ ја искористил мудроста на еден зрел фарисеј да го вразуми соборот во својот бес против христијаните? Дела 5:33-39. Зошто можеме да бидеме навистина вдахновени од резултатот? Дела 5:40-42.

„Учениците биле само скромни луѓе, без богатство и без никакво друго оружје, освен Божјата реч. Но тие сепак со Христовата сила успеале да ја објават чудесната историја од јаслите до крстот и триумфално да ѝ преодолеат на секоја противничка сила. Без земни почести и признанија, тие биле херои на верата. Од нивните усни излегувале зборови на божествена убедливост-зборови што го потресле светот”. – Делата на апостолите, 77.

„Каде лежела силата на оние кои во минатото биле прогонувани заради Христа? Во единството со Бога, со Христа и со Светиот Дух. Нападите и прогоните мнозина одвоиле од зем¬ните пријатели, но никогаш не од Христовата љубов. Душата која се бори во борбата на искушенијата никогаш на Спаси¬телот не му била помила отколку кога е изложена на напади поради вистината. ‘И јас ќе го љубам’, вели Христос, ‘и јас самиот ќе му се објавам’ (Јован 14:21). Кога верникот седи на обвинителна клупа поради вистината, Христос стои крај него. Кога се наоѓа меѓу затворски ѕидови, Христос му се открива и со својата љубов го загрева неговото срце. Ако поаѓа и во смрт заради Христа, Спасителот му вели: ‘Но бидете храбри, јас го победив светот’ (Јован 16,33)”. – Делата на апостолите, 85,86.

„Небесна светлина можеме да примиме само ако сме волни да ја отфрлиме себичноста и сопственото јас. Можеме да го спознаеме Божјиот карактер и да го прифатиме Христа преку вера, само ако се согласиме секоја мисла да ја потчиниме на Христа. На сите што го прават тоа, Светиот Дух им се дава без мерка”. – Maranatha, p. 117.


Петок 14. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што треба сите да сфатиме за нашите земни поседи?

2. Освен проповедањето, опишете ја нашата работа како христијански мисионери?

3. Зошто Господ ги избавил апостолите од затворот?

4. Објаснете ја нашата должност кон земните власти, и кон нашиот Творец?

5. Што треба ние секогаш да имаме во предвид во пресрет на претстојното прогонство?

 <<    >>