Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 19. јуни 2021

Одбрана на Божјата вистина

„А словото Божјо сè повеќе растеше и се распространуваше” (Дела 12:24).

„Вдахновената вистина ја чува лично Бог и таа ќе триумфира над сето она што ѝ се противставува”. – Делата на апостолите, 12.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апост., 143-154, 166-169. Рани списи, 97-104. 

Недела 13. јуни

1. ИЗМАНИПУЛИРАНА ВЛАСТ

а. Поттикнат од злонамерни луѓе, какви политички потфати сторил царот над Јудеја, Ирод Агрипа I (внук и зет на Ирод, кој живеел во времето на Исус), против Божјото дело, и зошто? Дела 12:1-4.

„Додека го прославувале своето ослободување од Еги¬пет и навидум мошне ревносни за Божјиот закон, Евреите истовремено престапувале секое начело на тој закон, прогонувајќи и убивајќи ги оние кои верувале во Христа...

Евреите отворено го поддржувале Ирода поради убиството на Јакова, иако некои биле незадоволни со начинот на кој било извршено, тврдејќи дека јавното погубување посилно би ги заплашило верниците и оние што им биле наклонети. Затоа Ирод го држел Петар под посебна стража во затвор, имајќи намера уште повеќе да им угоди на Евреите со тоа што ќе го погуби на јавно место. Меѓутоа, некои забележале дека, во ин¬терес на општата сигурност, не е препорачливо погубувањето на овој огнен апостол да се изврши јавно пред целиот народ кој тогаш бил собран во Ерусалим. Се плашеле дека мнозина ќе се сожалат кога ќе видат како еден толку стар човек изведу¬ваат на губилиште.

Свештениците и старешините исто така се плашеле дека Петар би можел да упати еден од оние силни повици кои толку често луѓето ги наведувале да го проучуваат Исусовиот живот и карактер-од повикот што тие со сите свои сили и аргументи не биле во состојба да ги побијат”. – Делата на апостолите, 144.


Понеделник 14. јуни

2. КРИЗА ВО РАНАТА ЦРКВА

а. Зошто не треба да бидеме изненадени од прогонот со кој се соочувала раната црква? 1. Петрово 4:12,13.

„Луѓето Го презреле и отфрлиле нашиот голем Пример, Кој бил блесок на славата на Својот Татко. Го навредувале и Го клеветеле. Неговите избрани ученици биле жив пример на животот и духот на нивниот Господар; тие биле почестени со удари и со заробеништво и на крај својата служба ја запечатиле со сопствената крв”. – 2. Сведоштво, 345.

б. Како црквата одговорила на затворањето на Петар? Дела 12:5.

„Смртта на Јакова предизвикала голема жалост и вчудовиденост меѓу верниците. Кога Петар бил затворен, цела црква била во пост и молитва...

Додека под разни изговори погубувањето на Петар се одложувало за по празникот Пасха, верниците на црквата имале време длабоко и совесно да го испитаат своето срце и да му упа¬тат сесрдни молитви на Бога. Постојано се молеле за Петар, зашто чувствувале дека не може да биде поштеден од судење. Увидувале дека настапил миг кога Христовата црква, ако не биде поткрепена со посебна божествена помош, би можела да биде наполно уништена...

Најпосле бил одреден ден за погубување на Петар, но вер¬ниците сè уште упатувале топли молитви кон небото и додека тие со сета сила и љубов пекале пред Бога за помош, Божјите ангели бдееле над апостолот врзан во затворот”. – Делата на апостолите, 144,145.

в. Колку цврсто било обезбедено ропството на Петар? Дела 12:6.

„Спомнувајќи си како апостолите порано биле избавени од затвор, овој пат Ирод двојно ги зголемил мерките на претпазливост. За да се спречи секоја можност за ослободување, Петар е ставен под стража на шеснаесетмина војници кои на смена го чувале дење и ноќе... Бидејќи вратата на за¬творот била добро заклучена и дека пред неа била поставена силна стража, не постоела никаква можност за избавување или за бегство со човечки средства”. – Делата на апостолите, 145,146.


Вторник 15. јуни

3. БОГ ИМА КОНТРОЛА

а. Опишете го чудото извршено за Петар во затворот. Дела 12:7-11.

„Но резите, бравите и римската стража, кои ја исклучувале можноста од каква било човечка помош, само уште повеќе придонесувале за целосниот Божји триумф при ослободувањето на апостолот...

(Ангелот) пошол кон вратата, а по него и Петар кој, иако по природа обично бил многу зборлест, сега занемел од вчудовиденост. Тие поминале крај стражарот и стигнале до цврсто закатанчената врата која се отворила сама од себе и повторно веднаш се затворила, додека стражарите и од внатрешната и од надворешната страна неподвижно стоеле на своите места.

Стигнале и до втората врата, која исто така била чувана и одвнатре и однадвор. Вратата се отворила како и првата, а при тоа шарките не зачкрипиле ниту железните шипки заѕвечиле, и таа зад нив бесшумно се затворила. На ист начин поминале и низ третата капија и се нашле на отворена улица. Не бил изговорен ниту еден единствен збор, ниту се слушнал шум од нивните стапала. Ангелот лебдејќи предводел, опкружен со блескотна светлина, а Петар, збунет и сè уште верувајќи дека сонува, го следел својот спасител. Така поминале низ една улица, а потоа ангелот, бидејќи со ова ја завршил својата задача, одненадеж исчезнал...

На згло¬бовите на неговите раце, натечени од носењето на тешкото железо, немало веќе окови. Сфатил дека неговата слобода не е само измама, сон ниту призрак, туку благословена ствар¬ност”. – Делата на апостолите, 146-148.

б. Наоѓајќи се на познато место, што направил Петар? Дела 12:12-17. Што се случило со виновниот цар? Дела 12:21-23.

„Ирод знаел дека ниту најмалку не ја заслужува пофалбата и честа што му ги укажувале, па сепак, ова вистинско идолопоклонство од страна на народот го прифатил како нешто што со право му припаѓа...

Но наеднаш на него се видела страшна промена. Лицето му пребледело како во смртник и стравотно се искривил во смртни маки. Од сите пори на неговото тело избувнале дробни капки пот. За миг стоел прострелан со болка и ужас; а потоа, така смртно блед и помодрен, се свртел кон своите вчудовидени приврзаници, крикнал засипнат и со очаен тон: ‘Оној што го возвишувавте како бог е смртно погоден’... Почувствувал дека тој, неумолив прогонувач, сега ги расчистува сметките со Бога”. – Делата на апостолите, 151.


Среда 16. јуни

4. ЕВАНГЕЛСКИ РЕД

а. Како што евангелската порака се ширела на нови места, што станало потребно, и зошто? Дела 12:24,25; 13:1-3.

„Видов дека црквата според својата должност внимателно и грижливо треба да го преиспита животот, способностите и сите постапки на оние кои се декларираат за учители. Ако не постојат очигледни докази за тоа дека ги повикал Бог и ако тие не внимаваат на зборовите ‘тешко вам’ дека се однесуваат на нив, должност е на црквата да делува и нека се знае дека црквата таквите не ги признава за учители. Тоа е единствен начин на кој црквата може да постапува за да остане чиста во тој поглед, затоа што врз неа лежи товарот на одговорноста...

(Евангелскиот ред) е неминовна потреба за црквата да дојде во единство на верата. Видов дека на црквата и во времето на апостолите и се заканувала опасност да биде измамена и заведена од страна на лажни учители. Затоа браќата одбрале луѓе кои дале докази дека добро управуваат со својот дом и дека одржуваат ред во своето семејство, и кои можеле да ги просветлат оние кои се наоѓаат во темнина. Најпрво во врска со тоа го запрашаа Господа, и дури тогаш, во согласност со Светиот Дух и мислењето на црквата, извршија ракоположување. Примајќи такво овластување од Бога и одобрување од црквата можеа во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, да крштеваат и да вршат верски обреди, делејќи им на светиите симболи за изранетото тело и пролиената крв на распнатиот Спасител, во сеќавањето на Божјите деца постојано да ги освежуваат спомените на Неговите страдања и смрт.

Видов дека опасноста од лажните учители денес не е помала отколку во деновите на апостолите; ако не и повеќе, и ние мораме да ги преземеме оние исклучителни мерки кои тие ги применувале за да се обезбеди мир, хармонија и единство на стадото. Имаме нивен пример и треба да го следиме. Браќата кои имаат богато искуство и здрав суд, треба да се соберат и придржувајќи се кон Божјата Реч и одобрувањето на Светиот Дух, низ сесрдна молитва треба да ги положат рацете врз оние кои дале потполни докази дека се повикани од Бога, и дури тогаш треба да се одвојат и целосно да се посветат на Неговото дело. Со тој акт црквата потврдува дека тие можат како весници да одат и да ја објавуваат најсвечената вест која било кога им е дадена на луѓето”. – Рани списи, 100,101.


Четврток 17. јуни

5. ЗАЛАГАЊЕ ЗА ДУШАТА

а. Каде понатаму отишле Варнава и Павле во мисионерската работа, и со каква пречка се соочиле? Дела 13:4-8.

„Сатаната не дозволува царството Божјо на земјата да се подига без борби и мачни напори. Силите на злото постојано војуваат против оние кои како орудија во Божјите раце рабо¬тат ширејќи го евангелието; тие сили на темнината особено се активни кога вистината им се објавува на угледните и вистин¬ски чесните луѓе. Така било кога проконзулот на Кипар, Сергеј Павле, ја слушал пораката на евангелието. Проконзулот ги по¬викал апостолите за да го запознаат со пораката што дошле да ја објават. Тогаш силите на злото, дејствувајќи преку вражарот Елим, се обиделе со своите убиствени сугестии да го одвратат од верата и со тоа да ги оневозможат Божјите намери”. – Делата на апостолите, 167.

б. Како Павле смело го прекорил оној преку кого работел непријателот, и на тој начин извојувал победа за евангелието? Дела 13:9-12.

„Вражарот ги затворил очите и пред очигледните докази на евангелската вистина, а Господ, во својот праведен гнев, сто¬рил да се затворат и неговите физички очи, лишувајќи го од дневната светлина. Ова слепило не било трајно, туку привре¬мено, за да му послужи како опомена да се покае и да побара прошка од Бога кого толку тешко го навредил. Збунетоста во која западнал на овој начин ја осуетила неговата снаодливост и вештина со кои се служел против Христовата наука. Фактот што бил присилен да пипа околу слеп, претставувал доказ пред секого дека чудата што ги правеле апостолите... се вршени со Божја сила”. – Делата на апостолите, 168.


Петок 18. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како и денес се повторуваат заговори како оној меѓу Ирод и Евреите?

2. Што можеме да сториме пред непремостливите пречки, како што е затворањето на Петар?

3. Зошто деталите за избавувањето на Петар можат да ми донесат надеж?

4. Која клучна квалификација е неопходна за учителите на евангелието?

5. Зошто не треба да се обесхрабрувам кога работам за нови души?

 <<    >>