Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
13. лекција Сабота, 26. јуни 2021

Да излеземе од нашата комфорна зона

„Следната сабота се собра скоро целиот град да го слушне словото Божјо” (Дела 13:44).

„Никој нема да може да каже, кога сфатил дека Божјиот Дух делува на него, во која насока или преку кого ќе се манифестира ... За еден ден ќе има илјадници кои ќе се обратат во вистината, кои во единаесеттиот час ќе ја препознаат и прифатат вистината и делувањето на Божјиот Дух”. – The Ellen G. White 1888 Materials, pp. 754, 755.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 169-179. 

Недела 20. јуни

1. СВЕТЛИНА ЗА ОНИЕ ВО ТЕМНИНАТА

а. Од Пафос на островот Кипар – па сè до Перга (на јужниот медитерански брег на денешна Турција) - каде отидоа Павле и неговите соработници, како мисионери во саботата? Дела 13:13,14 (далеку од сирискиот град што го носи истото име во Дела 11).

„Павле и неговите придружници го продолжиле своето пату¬вање и стигнале во Перга Памфилиска. Нивното патување било напорно. Поминувале низ невољи и поднесувале скудност, а опасности им се заканувале од сите страни. Во големите и малите градови, низ кои поминувале, и на пустите патишта, ги опкружувале видливи и невидливи опасности. Но Павле и Вар¬нава навикнале со сигурност да се потпрат врз Божјата сила која секогаш ги избавувала. Срцата им биле исполнети со то¬пла љубов кон душите што пропаѓаат. Како верни пастири кои ги бараат загубените овци, тие и не помислувале на некаква своја удобност. Заборавајќи на себе, тие не се колебале ниту пак губеле храброст кога биле уморни, гладни и настинати. Пред очи имале само една цел - спасување на оние што далеку заталкале од стадото”. – Делата на апостолите, 169.

б. Што се случило со Јован Марко во тоа време? Дела 12:25; 13:5,13.


Понеделник 21. јуни

2. ЕВРЕИТЕ И НЕЗНАБОШЦИТЕ ВО САБОТНИОТ ДЕН

а. Која можност му се укажала на Павле во синагогата во Антиохија и што ние денес можеме да научиме од тој пример? Дела 13:15.

„Можеби ќе имате можност да зборувате во други цркви. Додека ги користите овие можности, запомнете ги зборовите на Спасителот: ‘Бидете мудри како змии и незлобни како гулаби’. Не предизвикувајте ја злобата на непријателот со обвинувачки говори. Така, ја затворате вратата за влезот на вистината. Треба да се пренесат јасни пораки. Но внимавајте да не предизвикате непријателство. Има многу души што треба да се спасат. Воздржете се од сите груби изрази. Со зборови и дела бидете мудри кон спасението, претставувајќи го Христос пред сите со кои ќе стапите во контакт. Сите нека видат дека вашите нозе се обуени во подготовката на евангелието за мирот и добрата волја за сите луѓе. Прекрасни се резултатите што ќе ги видиме ако влеземе во работата исполнети со Христовиот Дух. Ако ја завршиме нашата работа во правда, милост и љубов, помошта ќе ни дојде таму каде што ни е потребна. Вистината ќе триумфира и ќе ја однесе победата”. – Evan-gelism, pp. 563, 564.

„Нека верните, богобојазливи, искрени работници, чии животи се скриени со Христа во Бога, се молат и работат за чесните проповедници кои биле погрешно научени да го толкуваат Зборот на животот”. – Evan¬gelism, pp. 562.

„Проповедниците и мудрите луѓе во светот треба да бидат тестирани според светлината на сегашната вистина. Третата ангелска порака треба да им ја објавиме мудро и достоинствено”. – Evan-gelism, pp. 563.

б. Додека Павле ја раскажувал историјата на еврејската нација и љубезно ги воведувал во Христовата порака – сето тоа засновано на Светото Писмо - кој бил неговиот завршен апел? Дела 13:38-41.

в. Како биле трогнати разните срца во таа плодна сабота? Дела 13:42,43.

„(Дела 13:38,39). Божјиот Дух ги придружувал зборовите што биле изговорени и срцата биле трогнати”. – Evan¬gelism, pp. 172.


Вторник 22. јуни

3. ДУХОВНА БИТКА

а. Како резултат на пораката на Павле за сегашната вистина во саботата како за евреите, така и за незнабошците, што се случило следната сабота? Дела 13:44. Каква љубоморна реакција го следела овој излив на ентузијазам? Дела 13:45.

б. Што конечно бил принуден да изјави Павле, и со какви последици? Дела 13:46-49. Што треба да разбереме со оглед на неговата цел?

„(Незнабошците) најмногу се израдувале поради тоа што Христос ги признава за синови Божји и со благодарно срце го слушале проповедањето. Оние што поверувале ревносно им ја пренесувале пораката на евангелието и на други и ‘речта Гос¬подова се распространуваше по целата земја’...

Обраќајќи им се на незнабошците во Антиохија Писидиска, Павле и Варнава не престанале да се залагаат и за Евреите секаде каде што постоела надеж дека ќе ги слушаат. Подоцна, во Солун, Коринт, Ефес и во другите значајни центри, Павле и неговите соработници настојувале евангелието да им го проповедаат и на Евреите и на незнабошците. Но од тогаш своите главни напори ги насочиле кон изградување на Божјото царство на незнабожечка почва, меѓу народите кои речиси ништо не знаеле за вистинскиот Бог и за неговиот Син”. – Делата на апостолите, 173-175.

в. Која била следната тактика на завидливите луѓе? Дела 13:50. Како реагирале верниците, и кои зборови на нивниот Учител тоа им го овозможиле? Дела 13:51,52; Матеј 5:11,12.

„Кога некој во својот живот ја открива Христовата љубов и убавината на светоста, тој на тој начин ги оттргнува поданиците од царството на сатаната, а кнезот на злото станува да му се спротивстави. Сите оние кои се исполнети со Христовиот дух ги очекува прогонство и понижување. Карактерот на прогонството се менува со текот на времето, но во основата на сето тоа се наоѓа оној ист дух кој почнувајќи од Авел, постојано ги прогонува Божјите избраници”. – Мисли од гората на блаженството, 29.


Среда 23. јуни

4. ИКОНИЈА

а. Зошто секој еден од нас може да биде вдахновен од резултатите постигнати при мисионерската посета на Иконија? Дела 14:1.

„Секој мора да учи од големиот Учител, а потоа знаењето што го стекнал да го пренесува и на други. На секој свој весник Бог му доверил лична задача. Постојат различни да¬рови, но сите работници мора да дејствуваат хармонично, кон¬тролирани од Светиот Дух кој посветува. Додека тие на светот му го објавуваат евангелието на спасението, мнозина ќ е бидат осведочени и обратени со божествената сила. Човечкото орудие е скриено со Христа во Бога, а Христос се појавува како ‘поубав од десет илјади други’ и како оној кој ‘целиот е прекрасен’ (Песна над песните 5:10,16)”. – Делата на апостолите, 274,275.

б. Зошто не треба да бидеме обесхрабрени од она што веднаш уследило по успехот во Иконија? Дела 14:2; Псалм 69:7-9.

„Никој не бил толку свирепо клеветен како Синот човечки. Тој бил исмејуван и му се подбивале поради Неговата непоколеблива послушност кон начелата на светиот Божји Закон. го мразеле без причина. Сепак, Тој мирно стоел пред своите непријатели изјавувајќи дека понижувањето е дел од христијанското наследство, советувајќи ги Неговите следбеници како да ги пресретнат стрелите на злобата, повикувајќи ги да не потклекнат на прогонството.

Иако клеветењето може да го оцрни угледот, тоа не може да го извалка карактерот бидејќи тој е во Божја власт. Сè додека не му потклекнеме на гревот, нема таква сила ни човечка ни сатанска, која би можела да ја извалка душата. Човекот чие срце се потпира на Бога, и во часот на најболни искушенија и под најтешки околности, останува потполно ист како и во благосостојба, кога изгледа дека го осветлува светлината и Божјата милост. Неговите зборови, неговите мотиви и постапки можат да бидат лажно прикажувани и погрешно толкувани, но тој на тоа не обрнува внимание затоа што мора да се залага за нешто многу повозвишено...

Христос е запознаен со сето она што луѓето погрешно го сфатиле и погрешно го прикажувале. Неговите деца можат да најдат сила стрпливо и мирно чекајќи во надеж, без оглед на тоа колку ги омаловажуваат и презираат”. – Мисли од гората на блаженството, 32.


Четврток 24. јуни

5. ХРИСТОВАТА ЉУБОВ СЕ МАНИФЕСТИРАЛА

а. Како апостолите успеале да разбијат многу предрасуди со кои се соочиле поради злонамерните гласини? Дела 14:3,4.

„Со лажни и предимензионирани извештаи, тие кај надлежните власти разбудиле страв дека на цел град му се заканува бунт. Тврделе дека на апостолите им се приклучува огромно мноштво народ и предупредувале дека тоа се прави со некаква тајна и опасна цел.

Поради овие обвинувања, учениците повторно биле изведени пред властите, но нивната одбрана била толку јасна и природна, а изнесувањето на учењето толку мирно и разбирливо, што се појавила една силна струја во нивна полза. Иако град¬ските поглавари биле недоверливи кон нив поради лажните обвинувања што ги слушнале, сепак, не се осмелувале да ги осудат. Не можеле да откажат дека учењето на Павле и Варнава има за цел луѓето да ги стори чесни и примерни граѓани и дека во градот би се поправила и моралната состојба и поредокот кога би биле прифатени вистините што ги проповедале апостолите”. – Делата на апостолите, 178.

б. Што апостолите конечно требале да направат? Дела 14:5-7; Матеј 10:23.

„Пријателите на апостолите, иако неверници, им обрнале внимание на подлите намери на Евреите и ги советувале без потреба да не се изложуваат на бесот на избувливата толпа, туку да го спасуваат животот со бегство. И така Павле и Варнава ја напуштиле тајно Иконија, препуштајќи им на тамошните верници извесно време сами да ја продолжат работата. Меѓутоа, тоа во никој случај не значело дека заминуваат за¬секогаш; планирале да се вратат штом ќе се смири возбудувањето да го продолжат започнатото дело”. – Делата на апостолите, 179.


Петок 25. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можам, како Јован Марко, да бидам во искушение да се повлечам пред тешкотиите?

2. Зошто треба да се молам за можностите што му биле дадени на Павле во Антиохија?

3. Исто како што незнабошците се радувале на евангелието, како многумина наскоро ќе го сторат истото?

4. На што секогаш треба да се сеќавам кога сум соочен со лажна клевета?

5. Зошто можам да се инспирирам од огромната љубов што ја покажале апостолите?

 <<    >>