Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 12. јуни 2021

Надеж за оние „во светот“

„Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господ Исус Христос, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?” (Дела 11:17).

„Во нашата работа треба да ни пружа големо охрабрување помислата на сожалувањето и нежната Божја љубов кон оние кои копнеат за светлина и кои се молат за неа”. – 6. Сведоштво, 79.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апост., 131-142, 155-159. 
  6. Сведоштво, 76-84. 

Недела 6. јуни

1. ВО ЛИДА И ЈОПИЈА

а. Опишете го искуството на Петар при посетата на Лида. Дела 9:32-35.

б. Зошто сите можеме да бидеме охрабрени од чудото во Јопија, и зошто членовите на црквата, како Тавита, се толку важни за црквата? Дела 9:36-43.

„Во Јопа живеела една жена по име Тавита, чиишто вешти прсти биле поактивни од нејзиниот јазик. Таа знаела на кого му е потребна удобна облека, а на кого му е потребно сочувство - и едното и другото ги давала во изобилие. И кога Тавита умрела, црквата во Јопија сфатила што изгубила. Затоа не е никакво чудо што плачеле и жалеле и што топли солзи паѓале на нејзиното безживотно тело. Таа била од толку голема вредност што со Божја сила била повратена од земјата на непријателот, за да со својата вештина и енергија и понатаму биде благослов за другите.

Ретки се таквата трпеливост, побожност и верност какви што ги имале овие Божји верници, но сепак црквата не може да напредува без нив... На делото не му се потребни такви луѓе, бидејќи не се доверливи, туку се потребни постојани, богобојазливи работници кои нема да паднат со духот пред неволите”. – 5. Сведоштво, 304.


Понеделник 7. јуни

2. ИСКРЕН ТРАГАЧ

а. Кој бил Корнилиј, и зошто Бог зборувал со него? Дела 10:1-8.

„Корнилиј бил римски капетан. Бил богат и од благородничко потекло и заземал доверлива и почесна положба. Незнабожец по раѓање, по воспитување и образование, благодарение на својот контакт со Евреите тој се здобил со сознание за Бога и му се молел со сето срце, покажувајќи ја со сожалување кон сиромасите искреноста на својата вера. Бил надалеку прочуен по својата дарежливост и со својот праведен живот стекнал добар глас и меѓу Евреите и меѓу незнабошците. Неговото вли¬јание претставувало голем благослов за сите со кои доаѓал во допир...

Верувајќи во Бога како Творец на небото и земјата, Корнилиј го почитувал, го признавал неговиот авторитет и барал негов совет во сите животни околности. Му бил верен на Је¬хова во домашниот живот и на својата службена должност. Му подигнал олтар на Господа во својот дом, зашто не се осмелу¬вал без Божја помош да пристапува кон остварување на своите планови и кон вршење на доверените одговорности”. – Делата на апостолите, 132,133.

б. Во меѓувреме, во Јопија, користејќи ја храната како симбол (но всушност не се однесува на храната), која суштински важна поука Бог ја дал на Петар, за да биде прифатена од христијаните до крајот на времето? Дела 10:9-16,28,34,35.

„Да се биде ближен некому не значи само да се биде припадник на иста црква или на иста вера. Да се биде ближен не се однесува ниту на расата, на бојата на кожата, ниту на општествената класа. Наш ближен е секое лице на кое му е потребна нашата помош. Наш ближен е секоја душа која е ранета или загрозена од нашиот заеднички противник, сатаната. Наш ближен е секое суштество што му припаѓа на Бога”. – Христовите очигледни поуки, 376.

в. Како Бог го испратил Петар да им даде на Корнилиј и неговата група домашно проучување на Библијата во Кесарија? Дела 10:19-22,27.

г. Што ги поучувал Петар? Дела 10:36-43.

„Од ветувањето дадено на Адам, преку патријархалната линија и обредниот систем, величествена небесна светлина ги направила јасни стапките на Спасителот”. – Копнежот на вековите, 211.


Вторник 8. јуни

3. ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА БОЖЈИОТ ПОВИК

а. Како Корнилиј и групата собрани околу него донеле плод, откривајќи докази дека тие навистина ја прифатиле сегашната вистина за тоа време, исполнувајќи го условот за крштевање? Дела 10:44-48.

б. Со какво обвинение се соочил Петар од страна на своите браќа во Јудеја, по неговата мисионерска работа со Корнилиј? Дела 11:1-3.

„Кога браќата во Јудеја слушнале оти Петар влегол во куќа на незнабожец и таму им проповедал на собраните, биле изненадени и навредени. Тие се плашеле дека таквата постапка, што се сметала за пречекорување на дозволеното, би можела да има поразно дејство врз неговото учење. Потоа, кога првпат се сретнале со Петар, го пречекале со строг укор, велејќи: ‘Влезе при необрезани луѓе и јадеше со нив!’”. – Делата на апостолите, 141.

в. Откако им го раскажал своето искуство, почнувајќи од видението што го добил од Бога, што нагласил Петар, и како неговите браќа го примиле овој аргумент? Дела 11:15-18. Што ни кажува ова денес?

„Во нашата работа треба да ни пружа големо охрабрување помислата на сожалувањето и нежната Божја љубов кон оние кои копнеат за светлина и кои се молат за неа.

Постојат многумина кои ми се прикажани како Корнелие, луѓе кои по Божја волја треба да дојдат во допир со Неговата црква. Тие се наклонети кон народот кој ги држи Господовите заповеди, но се цврсти врските кои ги спојуваат со светот. Тие немаат морална храброст да застанат на страна на понизните. Мораме да вложиме посебни напори за душите кои поради своите одговорности се изложени на посебни искушенија и тешкотии.

Врз основа на светлината која Господ ми ја даде, знам дека сега треба да им се изложи на луѓето кои имаат влијание и власт во светот она јасното: ‘Така вели Господ’. Тие се повереници на кои Бог им доверил значајни одговорности. Ако го примат Божјиот повик, Тој ќе ги користи во Неговото дело”. – 6. Сведоштво, 79,80.


Среда 9. јуни

4. ИСКОРИСТУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ

а. Како резултат на расејувањето поради прогонството, како црквата се проширила на медитеранските острови и северно од Јудеја? Дела 11:19-21.

б. Кој град бил особено плодна почва за евангелието, каков план бил направен за негов уште поголем развој, и зошто? Дела 11:22-26 (прв дел).

„Варнава... бил испратен во Антиохија, сириска метропола... за да и помогне на тамошната црква. Тој работел таму со голем успех. Како што напредувала работата, тој побарал и добил помош од Павле; и двајцата ученици работеле заедно во тој град една година, поучувајќи го народот и додавајќи нови верници во бројот на Христовата црква.

Антиохија имала многу еврејско и паганско население. Поради својата здрава околина, прекрасните предели, богатството, културата и софистицираноста, Антиохија била место каде се собирале љубителите на лесниот живот и задоволствата. Високо развиената трговија го направила исклучително важен центар каде што можеле да се најдат луѓе од сите националности. Сепак, тој бил исто така и град на луксуз и порок”. – The Story of Redemption, p. 301.

в. Со што се одликувала црквата во Антиохија? Дела 11:26 (последен дел).

„Тука учениците за првпат биле наречени христијани. Тие го добиле тоа име поради Христос, кој бил главната тема во нивното проповедање, поучување и разговор. Тие постојано раскажувале за настаните од Неговиот живот, од времето кога, како Негови ученици, биле благословени да се дружат лично со Него. Тие неуморно зборувале за Неговото учење, за Неговите чуда во лекувањето на болните, истерувањето на демони и воскреснувањето на мртвите. Со растреперени усни и насолзени очи, тие зборувале за Неговата агонија во градината, предавството, судењето и погубувањето, за трпението и понизноста со кои ги поднесувал навредите и тортурата на Своите злосторници, како и и за божествената милост со која се молел за оние што Го мачеле. За нив, Неговото воскресение и вознесение и Неговата посредничка служба за паднатиот човек биле радосни теми. Незнабошците навистина можеле да ги нарекуваат христијани”. – The Story of Redemption, p. 301.


Четврток 10. јуни

5. СОЧУВСТВО КОН СИРОМАШНИТЕ

а. Каква добротворна акција презеле браќата од Антиохија кога го слушнале пророштвото дека ќе настане глад во целиот свет? Дела 11:27-30. Како ова претставува пример за христијаните во сите векови? Дела 20:35.

„Некои кои го љубат Бога и ги држат Неговите заповеди, осиромашуваат под одредени околности. Некои не внимаваат како што треба, не знаат да управуваат со своето домаќинство. Други се сиромашни поради болест или несреќа. Каква и да е причината, тие се наоѓаат во неволја и пружањето на помош на таквите, претставува значајна гранка на мисионерската работа.

Сите наши цркви треба да се грижат за своите сиромашни членови. Нашата љубов кон Бога треба да најде израз во добрите дела кон сиромашните и страдалниците кои ни се домашни во верата, чии потреби ни се познати и на кои им е потребна нашата поддршка. Секоја душа има посебна обврска кон Бога да им посвети посебно внимание и сочувство на Неговите достојни сиромаси. Тие сиромаси во ни кој случај не смеат да останат незабележани...

Во Ерусалим владеел голем глад и Павле знаел дека многумина од христијаните се разишле по околните земји, а дека оние што ќе останат (во градот) веројатно ќе бидат лишени од човечко сочувство и ќе бидат изложени на верска омраза. Поради тоа, тој ги поттикнувал црквите да испратат парична помош на своите браќа во Ерусалим. Вкупниот износ кој го собрале црквите, го надминало очекувањето на апостолите. Поттикнати од Христовата љубов, верниците великодушно давале и станувале исполнети со радост затоа што на тој начин можат да ја изразат својата благодарност на Откупителот и својата љубов кон браќата. Тоа е вистински темел на добродетелство во склад со Божјата Реч”. – 6. Сведоштво, 271,272.


Петок 11. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можам да направам влијание слично на Тавита во мојата црква?

2. По што се истакнувал Корнилиј?

3. Која истакната личност ја познавам, која всушност може да биде отворена за вистината?

4. Можеби има град како Антиохија близу мене на кој му е потребна вистината? Каде се наоѓа?

5. Зошто секогаш треба да ја имам во предвид важноста на христијанското милосрдие?

 <<    >>