Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 1. мај 2021

Плашете се само од Бога

„Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе отколку Бог; зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.” (Дела 4:19,20).

„По излевањето на Светиот Дух, учениците, облечени во оружје Божјо, излегле како сведоци, за да ја раскажат прекрасната историја за јаслите и крстот. Тоа биле скромни луѓе, но луѓе кои ја имале вистината”. ¬– Testimonies to Ministers, p. 66.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 60-69. 
  6. Сведоштво, 394-401. 

Недела 25. април

1. ДА СЕ ЖИВЕЕ СПОРЕД ЦЕЛОСНАТА СВЕТЛИНА

а. Каков е нашиот повик во ова време на обнова која треба да се случи пред Христовото доаѓање? Дела 3:20-25. Објаснете ја нашата должност во врска со светлината што му е доверена на секој од нас поединечно. Дела 3:26.

„Нашата одговорност е поголема од онаа на нашите предци. Ние сме одговорни за светлината и знаењето што тие ја примиле и нам ни ја предале во наследство, но и за дополнителната светлина, која сега допира до нас од Божјото слово”. ¬– Големата борба, 164.

„Ако го напуштиме сведоштвото на Божјото слово и ако ги прифатиме лажните учења затоа што така учеле и нашите татковци, тогаш паѓаме под осудата изречена над Вавилон; пиеме од виното на неговото блудство”. ¬– Големата борба, 536.

„Ти си одговорна само за начинот на кој, независно од останатите, ја користиш светлината која ја осветлува твојата патека. Недостатокот на посветеност кај другите нема да претставува никакво оправдување за тебе. Фактот дека тие ја изопачуваат вистината со својот погрешен став во животот, бидејќи не се посветени со неа, не ја намалува твојата одговорност”. ¬– 2. Сведоштво, 490.


Понеделник 26. април

2. ПОВРЕДЕНА ГОРДОСТ

а. Како водачите во храмот реагирале на моќната порака што ја дал Петар? Дела 4:1-4.

„Откако Христос воскреснал од мртвите, свештениците ја ширеле лажната вест низ целата земја дека учениците го украле Неговото тело додека римските чувари спиеле... Управителот на храмот и некои други служители во него биле садукејци. Тие биле многу возбудени од проповедањето на учениците. Тие сметале дека нивната омилена доктрина е загрозена, и нивната репутација е доведена во прашање...

Противниците на учениците не можеле да не поверуваат дека Христос воскреснал од мртвите. Доказите биле премногу убедливи за да се сомневаат. Сепак, многумина го стврднале своето срце, одбивајќи да се покајат за ужасното дело што го сториле осудувајќи го Христа на смрт. Кога сила од небото се спуштила врз апостолите на таков славен начин, стравот ги спречил еврејските водачи од насилство, но нивната горчина и злоба останале непроменети.

Пет илјади луѓе веќе ја прифатиле вистината проповедана од учениците, а фарисеите и садукеите заклучиле дека ако на овие учители им се дозволи да работат непречено, нивното влијание ќе биде загрозено дури и повеќе отколку кога Исус бил на земјата”. ¬– The Review and Herald, June 8, 1911.

б. Како гордоста и бунтот можат да доведат до духовно слепило? 2. Цареви 17:13,14.

„Светиот Дух често се одбива затоа што доаѓа на неочекуван начин. На еврејските водачи им биле дадени многу докази дека апостолите зборувале и постапувале според божествената инспирација, но тие цврсто се спротивставиле на пораката за вистината. Христос не дошол како што очекувале, и иако на моменти биле убедени дека Тој е Божји Син, сепак тие го задушиле убедувањето и на крајот го распнале на крст. Бог во својата милост им дал дополнителни докази и уште една можност да се свртат кон Него. Тој ги испратил учениците да им кажат што сториле, и во тоа страшно обвинување дека го убиле Принцот на животот, повторно ги повикале на покајание. Но, чувствувајќи се сигурни во својата самоправедност, еврејските учители не биле подготвени да признаат дека луѓето што ги товарат за Христовото распнување зборувале водени од Светиот Дух”. ¬– The Review and Herald, June 8, 1911.


Вторник 27. април

3. ВИСТИНАТА ОТКРИЕНА

а. Што барале еврејските водачи следниот ден, и како можеме навистина да бидеме вдахновени од храбрите, сеопфатни зборови на Петар? Дела 4:5-11.

„Токму на тоа место и пред некои од тие исти луѓе Петар порано срамно се откажал од својот Господ и сега тој јасно си спомнал за тоа кога е изведен на ова судење. Сега му е дадена можност да се покае за својата некогашна страшливост.

Меѓу присутните имало и луѓе кои си спомнувале за држењето на Петар за време на судењето на неговиот Учител и сметале дека и сега ќе го заплашат со закани, со затвор и смрт. Но Петар, кој се откажал од Христа во мигот на неговата најголема неволја, кој бил избувлив и самоуверен човек, бил сосем поинаков од овој Петар кого сега го извеле пред Синедрионот заради сослушување. По својот пад, тој се обратил и наполно се изменил. Не бил веќе горделив и фалбаџија, туку скромен и без доверба во себе. Бил исполнет со Светиот Дух и решен со таа сила да ја отстрани дамката на својот отпад и да го про¬слави името од кое некогаш толку срамно се откажал”. ¬– Делата на апостолите, 62,63.

б. Која била незаборавната кулминација на одговорот на Петар и како тој издржува и денес пред опасните популарни теории? Дела 4:12.

„Постои само една сила која може да ја скрши моќта на злото во човечкото срце, а тоа е Божјата сила низ Исуса Христа. Само со крвта на Распнатиот можеме да се очистиме од гревот. Единствено Неговата благодат може да нè оспособи да се спротивставиме на склоностите на нашата падната природа и да ги покориме. Спиритистичките теории за Бога ја отфрлаат оваа сила на делување. Ако Бог е суштество што проникнува во целата природа, тогаш Тој е во сите луѓе; и за да постигне светост, човекот не треба да направи ништо друго, туку само да ја развива силата што е во него...

Овие теории, следејќи ги своите логични заклучоци, го уништуваат целокупниот систем на христијанството. Тие ја отфрлаат потребата за откупување и човекот го прават негов спасител. Овие теории за Бога го поништуваат Божјото Слово и тие што ги прифаќаат запаѓаат во голема опасност на крај целата Библија да почнат да ја сметаат за измислица...

Самата човечка волја без помош (од Бога) навистина нема сила да се спротивстави на злото и да го победи. Срушена е одбраната на душата. Човекот повеќе нема ништо што ќе го брани од гревот. Ние не знаеме колку длабоко може да падне и да потоне човекот кој го отфрлил ограничувањето на Божјото Слово и Неговиот Дух”. ¬– 8. Сведоштво, 291,292.


Среда 28. април

4. СИЛА ВО СВЕТОТ

а. Зошто еврејските водачи биле воодушевени од Петар и Јован, и на какво размислување, со молитва, ова треба да нè наведе сите нас, и проповедниците и обичните луѓе? Дела 4:13,14; 1. Коринтјаните 1:27.

„По Христовото вознесување, најучените луѓе, старешините, свештениците и теолозите ги слушале со вчудовидување зборовите на мудрост и сила кои ги зборувале неуки и скромни луѓе. Овие мудри луѓе се восхитувале на успехот на понизните ученици, и конечно, на свое задоволство, дошле до констатација дека тоа е така заради фактот дека тие биле со Исуса и од Него учеле. Нивниот карактер и едноставноста на нивното учење биле слични на Христовиот карактер и учење...

Човечкото срце е најчесто полно со горделивост и суета. До промена и реформа во тој поглед може да дојде само благодарение на влијанието и делувањето на Божјата благодат.

Твоја задача, мој брате, е самиот да се понизиш, а не да чекаш Бог да те понизи. Божјата рака понекогаш тешко ги притиска поединците, за во понизност пред Него да го заземат местото кое по правило им припаѓа; но колку е подобро во своето срце секој ден да сме понизни пред Бога! На нас е или самите да се понизиме, или во својата горделивост ќе чекаме сè додека Бог не нè понизи. Проповедниците на евангелието денес малку поднесуваат поради вистината. Кога би биле прогонети како апостолите и светите Божји луѓе во подоцнежните времиња, тогаш поцврсто би се држеле за Христа и таа тесна поврзаност со Спасителот би дала на нивните зборови поголема сила и влијание во светот”. ¬– 4. Сведоштво, 378,379.

б. Во својата збунетост, на што биле принудени свештениците? Дела 4:15-18.

в. Каков бил храбриот одговор на учениците, и што единствено им преостанало на свештениците? Дела 4:19-22.

„Свештениците со задоволство би ги казниле овие луѓе поради нивната непоколеблива преданост кон нивниот свет позив, но се плашеле од народот. ‘Тие се исполнија со восхит и беа вон себеси поради тоа што му се случи’. И така, откако повторно им ги нагласиле заканите и судската забрана, сепак, апостолите се пуштени на слобода”. ¬– Делата на апостолите, 67.


Четврток 29. април

5. ХРАБРО ДА СТОИШ ЗА ХРИСТА

а. Каде отишле учениците по нивното ослободување, и како можеме да бидеме вдахновени од нивната молитва? Дела 4:23-30. Што се случило како резултат на тоа? Дела 4:31.

б. Како и со реформаторите во минатите векови, каква треба да биде молитвата на оние, на кои им е доверена свечената вистина за сегашното време? Псалм 60:3-5.

„Во 1529. година, кога германските кнезови се со¬брале во Шпаер, објавен е царски едикт со кој се ограничува верската слобода и се забранува натамошното ширење на нау¬ката на реформацијата. Се чинело дека надежта на светот ќе биде уништена... Дали многу илјадници луѓе, кои сè уште се наоѓале во мрак, ќе бидат лишени од евангелската светлина? Во прашање бил исход од огромно значење за светот. Оние што ја прифатиле реформи¬раната вера се обединиле и донеле еднодушна одлука: ‘Го от¬фрламе овој декрет. Во прашањата на совеста мнозинството нема власт’.

И ние денеска мораме решително да се придржуваме кон ова начело. Знамето на вистината и на верската слобода, кое во минатите векови основачите на евангелската црква и Божјите сведоци го држеле толку високо, во овие последни судири до¬верено ни е токму нам. Одговорноста за тој голем дар лежи врз оние што ги благословил Бог со познавање на неговата Реч. Таа Реч ние мораме да ја примиме како врховен авторитет. Човечката власт мораме да ја признаеме како институција од Бога одредена и покорувањето на власта да ја проповедаме како света должност во границите на нејзините легитимни права. Но, кога нејзините барања ќе дојдат во судир со Божјите барања, ние мораме да му се покориме на Бога а не на луѓето. Божјата реч мора да се признае како нешто што е над секое човечко законодавство. Геслото: ‘Така кажува Господ’ не смее да му го отстапи местото на вообичаеното: ‘Така кажува црквата’ или ‘така кажува државата’. Христовата круна мора да се из¬дигне над било каква власт на земните силници”. ¬– Делата на апостолите, 68,69.


Петок 30. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која е мојата должност дури и кога другите верници не ги извршуваат своите христијански должности?

2. Какво искушение може да ме доведе во опасност да го отфрлам Светиот Дух?

3. Како можам да добијам шанса поразот да го претворам во победа, како што тоа го сторил Петар?

4. Како можам да добијам храброст од сведоштвата на апостолите соочени со закани?

5. Зошто учењето на протестантската реформа е извор на сила?

 <<    >>