Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ВТОР ДЕЛ)

 <<    >> 
САБОТА, 14. ЈУНИ 2025. 11 ЛЕКЦИЈА
Исус – Добриот Пастир „Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага својата душа за овците“ (Јован 10:11).
Предлагаме да прочитате:   Копнежот на вековите, 476–484. 
„Христос е и вратата и пастирот. Тој влегува преку Себе Самиот. Жртвувајќи се Себеси, Тој станува пастир на овците.“ — Копнежот на вековите, 478.

1.КРАДЕЦОТ И ПАСТИРОТ Нед 8 јуни
а. На кој начин Исус го разликува крадецот од пастирот и каква духовна поука ни открива со тоа? Јован 10:1, 2. „Христос го применил ова пророштво (кое се однесува на пасторалната мисија на Месијата, како што е запишано во Исаија 40:9–11; Псалм 23:1 и Езекиел 34:23, 16, 25, 28) на Себе и ја истакнал спротивноста меѓу Својот карактер и карактерот на израелските водачи. Токму во тој момент, фарисеите отфрлија еден човек од стадото, затоа што се осмелил да сведочи за Христовата сила. Отфрлија една душа што Вистинскиот Пастир ја привлече кон Себе. Со тоа покажаа дека не го разбираат делото што им е доверено и дека се недостојни да бидат пастири на стадото. Тогаш Исус им ја посочи спротивноста меѓу нив и Добриот Пастир, укажувајќи на Себе како на вистинскиот чувар на Господовото стадо.“ — Копнежот на вековите, 477.„Христос нè сака затоа што сме беспомошни и зависни.“ — Sermons and Talks, vol. 1, p. 248. б. Каква врска постои помеѓу овците и нивниот пастир? Јован 10:3, 4. Што ќе направат овците кога ќе се соочат со странец? Јован 10:5.

2. ВРАТА НА СТАДОТО Пон 9 јуни
а. Како Исус откри колку е поразличен од фарисеите? Јован 10:7–10. „Христос е вратата на Божјото трло. Низ таа врата влегле сите Негови деца од најраните времиња. Во Христа, како што е прикажано во сликите, како што е прикажано во симболите, како што е манифестирано во откровенијата на пророците, како што е откриено во поуките дадени на Неговите ученици и во чудата извршени за човечките синови, тие го гледале ‘Божјото јагне, Кое ги зема на Себе гревовите на светот’ (Јован 1:29), и преку Него се примени во трлото на Неговата благодат. Многумина изнесувале разни други нешта во кои треба да има вера светот; измислувале церемонии и системи преку кои луѓето се надеваат дека ќе примат оправдание и мир со Бога и дека така ќе добијат пристап во Неговото трло. Но, Христос е единствениот влез и сите кои поставиле нешто друго наместо Христа, сите кои се обидуваат да влезат во трлото на некој друг начин се крадци и разбојници.Фарисеите не влегле низ таа врата. Се вовлекле во стадото по некој друг пат, а не преку Христа и поради тоа не го вршеле делото на вистинскиот пастир. Свештениците и поглаварите, книжевниците и фарисеите ги уништувале живите пасишта и ги оскверниле изворите на водата на животот. Вдахновените зборови убаво ги опишуваат тие лажни пастири: ‘Немоќни не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувавте, истерани не враќавте... туку насилно и свирепо господарите над нив’ (Езекиел 34:4).“ — Копнежот на вековите, 477, 478. б. На кој начин вистинскиот пастир се разликува од наемникот? Јован 10:11–13. „Тука се потребни не само луѓе кои знаат да држат проповеди, туку и оние кои од искуство знаат што претставува тајната на побожноста, и оние кои се во состојба да ги задоволат итните потреби на народот – оние кои се свесни за одговорноста и значењето на својот повик како слуги на Исуса и кои радосно го земаат врз себе крстот, како што Тој ги научил.Од најголема важност е проповедникот да дојде во непосреден допир со луѓето, за на тој начин да се запознае со разновидноста на човечката природа. Тој треба да го проучува дејствувањето на умот за да може своето учење да го приспособи на разбирањето на своите слушатели. На тој начин ќе стекне појасна претстава за големата братска љубов, претстава што ја имаат само оние кои

3. ТИПИЧЕН ДОБАР ПАСТИР Вто 10 јуни
а. Кои други карактеристики на добриот пастир ги покажува Исус? Јован 10:14, 15. „Како што земниот пастир ги познава своите овци, така и божествениот Пастир го познава Своето стадо, кое е распространето низ целиот свет. ‘Вие сте овци Мои, овци на Моето пасиште, а Јас сум вашиот Бог, вели Господ, Бог.’ Исус вели: ‘Јас те повикав по име: ти си Мој.’ ‘Јас те врежав на дланките на Моите раце’ (Езекиел 34:31; Исаија 43:1; 49:16).Исус нè познава лично и е трогнат од нашите слабости. Тој нè знае сите нас по име. Го знае домот во кој живееме и имињата на сите што се во него. Во одредени времиња, Тој им дал упатства на Своите слуги да одат на одредена улица, во одреден град, во одредена куќа и да најдат една од Неговите овци.Исус, исто така, секоја душа ја познава совршено, како да е единствената заради која умрел. Неволјите на секоја душа го допираат Неговото срце. Секој повик за помош стигнува до Неговото уво. Тој дошол за да ги привлече сите луѓе кон Себе. Ги повикува: ‘Следете Ме’, а Неговиот Дух влијае на нивните срца и ги привлекува да Му пријдат. Многумина го одбиваат повикот, и Исус знае кои се тие. Но, Тој исто така знае кој радосно го слуша Неговиот глас и кој е подготвен да се предаде на Неговата пастирска грижа.Тој вели: ‘Овците Мои го слушаат Мојот глас. Јас ги познавам и тие одат по Мене.’ За секоја овца се грижи поединечно, како да не постои ниту една друга на светот.“ — Копнежот на вековите, 479, 480. б. За кои други овци се грижеше Исус? Јован 10:16. „„Исус мислел на душите од целиот свет кои биле заведени од лажните пастири. Тие, за кои Тој копнеел да ги собере како овци на Своето пасиште, биле расфрлани меѓу волците. Тогаш Тој рекол: ‘Имам и други овци, што не се од ова трло; и нив треба да ги доведам; тие ќе го чујат Мојот глас, и ќе биде едно стадо и еден пастир’ (Јован 10:16).“ — Копнежот на вековите, 483.„Бог има драгоцени души во сите цркви, и не е наше да го осудуваме таканаречениот христијански свет набрзина, туку со понизност и љубов да им ја претставиме вистината каква што е во Исус. Нека луѓето ја видат богобојазливоста и вистинската побожност, нека го забележат карактерот сличен на Христовиот – тоа ќе ги привлече кон вистината.“ — The SDA Bible Commentary (E. G. White Comments), vol. 4, p. 1184.

4. БОЖЕСТВЕНА СИЛА Сре 11 јуни
а. Која божествена сила објави Исус дека ја поседува? Јован 10:17, 18. „‘Таткото Ме љуби затоа што Јас го давам животот за повторно да го земам.’ Тоа значи: ‘Мојот Татко толку ве засакал, што Ме љуби уште повеќе затоа што го давам Својот живот за да ве спасам. Со тоа што станав ваш заменик и гаранција, што го дадов Својот живот, што ги зедов врз Себе вашите слабости и вашите престапи, уште повеќе Му станав мил на Својот Татко.’Јас го давам Својот живот за повторно да го земам. Никој не Ми го одзема, туку Јас Сам го давам. Имам власт да го дадам и имам власт повторно да го земам. Иако како член на човечкото семејство бил смртен, Тој, како Бог, бил извор на живот за целиот свет. Можел да ѝ се спротивстави на смртта и да одбие да се покори на нејзината власт. Но, Тој доброволно умрел за да донесе светлина во животот и да ја открие бесмртноста..“ — Копнежот на вековите, 483, 484. б. Што е тоа што ги наведува луѓето да го следат Христос? Јован 10:27; 1 Јованово 4:10, 19. „„Христовите ученици не го следат затоа што се плашат од казни или затоа што се надеваат на вечна награда. Тие ја гледаат неспоредливата љубов на Спасителот, откриена во Неговото патување на Земјата – од витлеемските јасли до крстот на Голгота. Неговата појава ја привлекува, омекнува и ја покорува душата. Тие што го гледаат тоа, во нивните срца се буди љубов. Го слушаат Неговиот глас и одат по Него.“ — Копнежот на вековите, 480.„Размислувајќи за неговиот живот на земјата, за Неговата жртва за нас, за големото дело што го врши Тој на небото како наш застапник и за дворовите што ги приготвува за тие што го љубат, можеме само да извикнеме: О, височино и длабино на Христовата љубов!“ — Делата на апостолите, 333.

5. СИГУРНОСТА НА СПАСЕНИЕТО Чет 12 јуни
а. Каква сигурност им дава Христос на Своите овци? Јован 10:28, 29. „Иако сега се вознел пред Божјото лице и го дели престолот на вселената, Исус ништо не изгубил од Својата сочувствителна природа. И денес Тој има исто толку нежно и сожалително срце, отворено за секоја болка на човечкиот род. Денес, истата таа рака што била прободена е испружена за обилно да го благослови Неговиот народ кој е во светот. ‘Тие никогаш нема да загинат, ниту пак некој ќе ги оттргне од Моите раце.’ Душата што Му се предала на Христа, во Неговите очи е подрагоцена од целиот свет. Спасителот би поминал низ агонијата на Голгота само за да спаси една единствена душа за Неговото царство. Тој никогаш нема да напушти ниту една душа за која умрел. Освен ако Неговите следбеници сами не одлучат да Го напуштат, Тој цврсто ќе ги држи во Своите раце.“ — Копнежот на вековите, 480. б. На што се заснова нашата духовна сигурност и уверението за спасението? Римјаните 8:31–39. „Христос е во небесните дворови и посредува за својата црква - залагајќи се за оние за кои платил откуп со својата крв. Ниту вековите, ниту милениумите не можат да ја намалат силата на Неговата откупителска жртва. Ниту животот, ниту смртта, ниту висината, ниту длабината, не можат нас да нè одделат од Божјата љубов која е во Исуса Христа; но не затоа што ние се држиме толку цврсто за него, туку затоа што Тој нас нè држи толку цврсто. Кога нашето спасение би зависело само од нашите напори, ние не би можеле да бидеме спасени; меѓутоа, спасени¬ето зависи од Оној кој стои зад секое свое ветување. Врската со која ние сме се фатиле за него може да изгледа слаба и не¬сигурна, но Тој нас нè сака како наш постар Брат, и сè додека одржуваме таква заедница со него, никој не може да нè оттргне од неговите раце.“ — Делата на апостолите, 552, 553.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА: Пет 13 јуни
1. Објасни ја разликата во однесувањето на пастирот и крадецот. 2. Преку кој друг симбол се прикажал Исус? 3. На кој начин вистинските пастири се однесуваат кон своите овци? 4. Зошто овците го следат пастирот, а не странецот? 5. Објасни како треба да имаме сигурност во спасението.
 <<    >>