Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ВТОР ДЕЛ)

 <<    >> 
  Сабота, 7 јуни 2025.

Дар во првата сабота

За две цркви во Тамил Наду, Индија

„Археолошките докази сведочат дека уште во 2600 година пред нашата ера, високо урбанизираната цивилизација на Индската долина го населила потконтинентот што денес е познат како Индија. Главното религиозно влијание на ова подрачје долго време бил хиндуизмот (79,8%), а потоа следуваат исламот (14,2%), христијанството (2,3%), сикизмот (1,7%) и други. Иако постојат одредени извештаи за контакт на тамошното население со РДАСД помеѓу 1920 и 1950 година, дури во 1987 година северна Индија за првпат официјално била претставена на делегатската сесија на Генералната конференција на РДАСД. Најјужната индиска држава, Тамил Наду, се смета за лидер и во индустријата и во земјоделството. Божјото дело овде напредува со години, но, бидејќи во оваа држава живеат над 72 милиони луѓе, постои голема потреба за проширување на делото.

Според пописот спроведен во 2001 година во Индија, во селото Пативеранпати живееле 7.744 жители. Просечниот степен на писменост таму изнесува 83%, што е повисоко од националниот просек од 59,5% (што е погодно за ширење на литературата). Главни извори на приходи во оваа област се кафето, а потоа следуваат бананите, портокалите, кардамомот, биберот и други зачини. Палапати е големо село со население од 13.701 жител.

Од 1998 година, неуморната работа на мисионерите од Перијаклам помогнала во зголемување на бројот на членови во црквата, особено во овие области. Многу предизвици го отежнаа престојот во изнајмените простории, па во овој момент на браќата во селата Пативеранпати и Палапати им е потребно сопствено место за богослужение.

Духот на пророштвото посебно ја спомнува Индија како место каде што „милиони и милиони никогаш не слушнале за Бога или за Неговата љубов која се открила во Христа. Нивно право е да го добијат тоа знаење. Тие имаат исто право на милоста на Спасителот како и ние.“—Воспитување, 261.

Од тоа, со почит ги молиме нашите браќа и сестри ширум светот да ги приложат своите великодушни дарови за изградба на светилник за Господа, кој овде ќе свети.

„Покрај задачата да ги браниме Божјите заповеди и да ги заѕидуваме урнатините направени во Неговиот закон, наша должност е исто така и да сочувствуваме со оние кои страдаат и патат во овој свет. Треба да покажуваме врховна љубов кон Бога; треба да го возвишуваме Неговиот спомен.“—Welfare Ministry, 32.

Ви благодариме, и нека Господ ги благослови даровите и дарителите!

Вашите браќа и сестри од Пативеранпати и Палапати

 <<    >>