„Авраам многу посакувал да го види ветениот Спасител. Најсесрдно се молел пред својата смрт да го види Месијата. И тој го видел Христа.“ — Копнежот на вековите, 468.
1. СИНОВИ АВРААМОВИ Нед18 мај
а. Какво тврдење фарисеите постојано го повторуваа? Јован 8:33, 39 (прв дел). Што е доказ за таквата припадност? Јован 8:39 (последен дел; Римјаните 9:6–8.„Фарисеите тврделе дека се Авраамови деца. Исус им рекол дека тоа тврдење можат да го докажат само ако ги извршуваат Авраамовите дела. Вистинските Авраамови потомци би живееле онака како што живеел тој – живот на послушност кон Бога. Тие не би се обидувале да го убијат Оној Кој ја зборувал вистината што му ја дал Бог. Со тоа што ковале заговор против Христа, рабините не ги правеле делата на Авраам. Фактот дека потекнуваат од Авраам сам по себе нема никаква вредност. Без духовната поврзаност со него – што се манифестира во тоа да го имаат истиот дух и да вршат исти дела – тие не биле негови вистински деца.Ова начело е исто толку значајно за едно прашање што долго го возбудувало христијанскиот свет – прашањето за апостолската наследност. Потеклото од Авраам не се докажува со име и лоза, туку со сличноста на карактерот. Исто така, апостолската наследност не се заснова на пренесувањето на црковната власт, туку на духовното сродство. Вистинскиот доказ за апостолската наследност е животот поттикнат од апостолскиот дух, верата и вистината што тие ја поучувале. На тој начин луѓето стануваат наследници на првите проповедници на евангелието.“ — Копнежот на вековите, 466, 467.
2. НЕ СЕ ОНА ШТО СЕ ФАЛАТ ДЕКА СЕ Пон19 мај
а. Иако Евреите беа природни потомци на Авраам, чии синови всушност станаа кога го одбија Христос? Јован 8:41–44.„Исус го негирал тврдењето дека Евреите се Авраамови деца. Тој рекол: ‘Вие ги вршите делата на својот Татко’. Подбивајќи се, тие одговориле: ‘Ние не сме родени од блудство; ние имаме еден Татко Бог’. Овие зборови, како илузија на околностите на Христовото раѓање, требало да бидат стрела против Христа во присуство на оние кои почнувале да веруваат во Него. Исус не обрнувал внимание на тие подли навестувања, туку рекол: ‘Ако Бог беше ваш Татко, тогаш би ме сакале Мене, зашто Јас излегов и дојдов од Бога’.Нивните зборови и дела сведочеле за нивната врска со оној, кој бил лажливец и убиец. ‘Вашиот татко е ѓаволот’ рекол Исус, ‘и сакате да ги исполнувате желбите на својот татко. Тој беше убиец на луѓето од почеток и не стои во вистината, зашто во него нема вистина... Мене не ми верувате, зашто ви ја зборувам вистината’ (Јован 8:44,45). Фактот дека Исус ја зборувал вистината, и тоа со сигурност, била причина што еврејските водачи не го прифатиле. Тие самоправедни луѓе биле соблазнети од вистината. Вистината ја открила сета лажност на заблудата, го осудувала нивното учење и начин на живот и затоа не била добредојдена. Повеќе сакале да ги затворат своите очи пред вистината, отколку понизно да признаат дека биле во заблуда. Тие не ја сакале вистината. Не ја посакувале, иако била вистина.“ — Копнежот на вековите, 467.б. Што нè прави Авраамови деца и како еврејските водачи покажаа дека не биле вистински Авраамови деца? Галатјаните 3:6–9; Јован 8:40.„’Зашто не го примивте духот на ропство за да се плашите повторно; туку го примивте Духот на посинување, преку кој викаме: Ава, Оче’ (Римјаните 8:15). Духот на ропството произлегува од тежнеењето и настојувањето да се живее во склад со законската религија, трудејќи се да се исполнат барањата на законот со сопствена сила. За нас постои надеж само ако Авраамовиот завет – кој всушност е завет на милоста – го прифатиме со вера во Христос Исус. Евангелието кое му беше откриено на Авраам, преку кое тој имаше надеж, е истото евангелие што денес ни се проповеда и кое ни влева надеж. Авраам со вера го очекуваше Исуса, кој и за него и за нас беше Авторот и Завршителот на нашата вера.“ — The Youth’s Instructor, September 22, 1892.
3. ХРИСТОВИОТ КАРАКТЕР Вто20 мај
а. На кое прашање за Исусовиот чист и неизвалкан карактер Неговите непријатели не можеа да одговорат? Јован 8:46, прв дел.„Во Својот живот на оваа земја, Христос разви совршен карактер, покажувајќи совршена послушност кон заповедите на Својот Отец. Иако дојде во светот во човечки облик и стана подложен на законот, Тој им откри на луѓето дека ги носи нивните болести, нивните таги и нивната вина, но сепак, не стана грешник! Пред фарисеите можеше да каже: ‘Кој од вас ќе ме укори за грев?’ Ниедна дамка на грев не се најде врз Него. Тој стоеше пред светот како непорочното Божјо Јагне.“ — Sons and Daughters of God, p. 25.„Исус живеел според законот пред очите на Небото, пред очите на световите кои не паднале во грев и пред очите на грешните луѓе. Пред ангелите, демоните и луѓето, Тој изговорил зборови кои никој не можел да ги побие, зборови кои од кои било други усни би биле богохулство: ‘Јас секогаш го чинам она што Нему му е угодно’ (Јован 8:29).“ — Копнежот на вековите, 467, 468.б. Освен она што Исус го изговорил како Син Човечки, што сведочи Светото Писмо за Христовиот карактер? Евреите 4:15; 1 Петрово 1:18, 19.„Верата на луѓето во Христа како Месија не се засноваше на видливи докази, ниту поверуваа во Него поради Неговата надворешна привлечност, туку поради блескавите доблести на Неговиот карактер – доблести какви дотогаш никој друг не покажал.“ — The SDA Bible Commentary (E. G. White Comments), vol. 7, p. 904.в. Како и нас треба да нè допре Христовиот живот? Филипјаните 2:6–8.„Зар Христос, како наш Пример, не одеше по тешкиот пат на самоодрекување, самопожртвуваност и понизност – заради нас, за да нè спаси? Во Неговите напори да нè спаси, Тој се соочи со тешкотии, искуси разочарувања и поднесуваше потсмев и понижување. Тогаш, треба ли ние да го избегнуваме патот по кој одеше Царот на славата? Имајќи го предвид сето она што Искупителот го поднесе за нас – во пустината на искушението, во Гетсиманската градина и на Голгота – треба ли да се жалиме на неволјите и искушенијата кои се неизбежни во процесот на нашата победа?“ — 3 Сведоштво, 371.
4. КАРАКТЕРОТ НА ХРИСТОВИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ Сре21 мај
а. Кој е целта на сите вистински Христови следбеници? 1. Петрово 1:13–16.„Нашата задача е да се стремиме во нашето подрачје на делување да го достигнеме совршенството кое Христос го постигна во текот на Својот живот на земјата – во секоја фаза на Својот карактер.“ — That I May Know Him, p. 130.б. Како можеме да ја постигнеме оваа цел? Евреите 12:1–4; Галатјаните 5:6 (последен дел); Филипјаните 3:12–15; 4:13.„Како можеме да го достигнеме совршенството за кое ни зборува нашиот Господ и Спасител, Исус Христос – нашиот Голем Учител? Можеме ли да го исполниме Неговиот повик и да достигнеме таков возвишен стандард? Можеме! Во спротивно, Христос не би ни заповедал да го направиме тоа. Тој е нашата праведност. Во Својата човечка природа, Тој ја утврди патеката пред нас и за нас го изгради совршенството на карактерот. Мораме да имаме вера во Него – вера што делува преку љубовта и ја чисти душата. Совршенството на карактерот се заснова на тоа што Христос претставува за нас. Ако сме постојано зависни од заслугите на нашиот Спасител и ако чекориме по Неговите стапки, ќе бидеме слични на Него – чисти и неосквернети.“ — That I May Know Him, p. 130.в. Како навистина можеме да станеме чисти и без мана пред Бога? Римјаните 5:18–20; Евреите 10:14.„Христос може да ги помилува само оние кои се каат, но оние кои ги помилува, Тој најпрво ги прави покајници.“ — Selected Messages, bk. 1, pp. 393, 394.„Грешникот мора постојано да гледа кон Голгота; со едноставна вера, како на мало дете, треба да почива под закрилата на Христовите заслуги, прифаќајќи ја Неговата праведност и доверувајќи се во Неговата милост...Каква љубов – каква величествена, незамислива љубов – што го наведе Христос да умре за нас додека уште бевме грешници! Колку е загубена душата која ги разбира строгите барања на законот, но не успева да ја согледа Христовата милост, која е уште поизобилна!“ — Selected Messages, bk. 1, pp. 384.
5. НАШИОТ КАРАКТЕР СТАНУВА СЛИЧЕН НА НЕГОВИОТ Чет22 мај
а. На кој начин да ја утврдиме својата служба и повик? 2. Петрово 1:4–11; Откровение 19:8.„Бог и денес го бара истото што го барал и од Адам – совршена послушност, беспрекорна праведност, без мана во Неговите очи. Нека ни помогне Бог да Му возвратиме сè што Неговиот закон бара од нас. Ние тоа не можеме да го направиме без верата – вера која секојдневно се повикува на Христовата праведност и ја применува во животот.“ — Selected Messages, bk. 2, p. 381.„Сè додека живее и владее сатаната, ние мораме да се бориме против соп¬ственото „јас” и против гревот кој постојано нè опседнува. Сè додека живееме, нема здивнување ниту застој во борбата, нема место до кое, кога ќе стигнеме, можеме да кажеме:„Постигнав сè !” Посветеноста е дело на доживотна послушност.“ — Делата на апостолите, 560.„Мораме да разбереме дека преку верата во Него стекнуваме привилегија да станеме учесници во божествената природа и на тој начин можеме да ја избегнеме расипаноста што произлегува од похотата и попуштањето на телесните желби. Тогаш ќе се очистиме од секој грев, од сите недостатоци и карактерни мани. Нема да чувствуваме потреба да поддржуваме ниту една склоност кон гревот...Како учесници во божествената природа, ќе ги отфрлиме сите вродени и стекнати склоности кон злото и ќе станеме жива сила за доброто. Учејќи постојано од божествениот Учител и учествувајќи секојдневно во Неговата природа, соработуваме со Бога во надминувањето на искушенијата што постојано ни ги подметнува сатаната. Бог работи, и човекот работи; и на тој начин човекот станува едно со Христос, како што Христос е едно со Отецот...Бог е Оној кој ни дава сила да победиме. Тие што го слушаат Неговиот глас и им се покоруваат на Неговите заповеди, градат карактер што Тој може да го одобри.“ — The SDA Bible Commentary (E. G. White Comments), vol. 7, p. 943.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА: Пет23 мај
1. Зошто фарисеите не можеа да полагаат право на вечен живот врз основа на својата крвна лоза – исто како што и никој денес не може да се потпре на потекло или ДНК како залог за спасение?2. Објасни ги карактеристиките на вистинските Авраамови деца.3. Што можеше Исус да изјави во однос на Својот карактер?4. Која цел е поставена пред секој христијанин?5. Како можеме да бидеме најдени совршени и без мана пред Бога?