Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ВТОР ДЕЛ)

 <<    >> 
САБОТА, 12. АПРИЛ 2025. 2 ЛЕКЦИЈА
Криза во Галилеја „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе“ (Јован 6:53).
Предлагаме да прочитате:   5 Сведоштво, 573–580. 
„Животворна е само онаа вера што ја прифаќа вистината со срцето, впивајќи ја како здрав организам што ја прима храната, и се поистоветува со неа сè додека таа не стане составен дел од верниковото битие и движечка сила на неговиот живот и делување.“ — 5 Сведоштво, 576.

1. ЖИВОТ ВО ХРИСТОВОТО ТЕЛО И КРВ Нед 6 апр
а. Какво влијание имале Христовите зборови врз верските водачи? Јован 6:52. Што им објаснил Исус во врска со Своето тело и крв? Јован 6:53–55. „Тогаш рабините луто повикале: ‘Како може овој Човек да ни го даде Своето тело да го јадеме?’ Тие се преправале дека ги разбираат Неговите зборови во буквална смисла, на ист начин како што Никодим рекол: ‘Како може човек да се роди кога е стар?’ (Јован 3:4). Всушност, во извесна мера ја сфаќале смислата на Исусовите зборови, но не сакале да го признаат тоа. Извртувајќи ги Неговите зборови, тие се надевале дека ќе го поттикнат народот да се разбесни против Него.“ — Копнежот на вековите, 389. б. Што всушност значи да се јаде телото и да се пие крвта на Синот Божји? Јован 6:56, 57; 1. Јованово 3:24; 5:12. „Да се јаде Христовото тело и да се пие Неговата крв значи да Го примиме како личен Спасител, да веруваме дека Тој ни ги простува гревовите и дека сме совршени во Него. Набљудувајќи ја Неговата љубов, размислувајќи за неа и напојувајќи се од неа, ние стануваме учесници во Неговата природа. Она што е храната за телото, тоа Христос мора да биде за душата.“ — Копнежот на вековите, 389.

2. БОЖЈАТА РЕЧ Пон 7 апр
а. Со кое дополнително објаснување Христос недвосмислено го растолкувал значењето на Своите зборови? Јован 6:63. „Храната не ни е од полза ако не ја јадеме, ако не стане дел од нашето битие. На ист начин, Христос нема да ни биде од никаква полза ако не Го примиме како свој личен Спасител. Теоретското знаење само по себе не ни користи. Мораме да се храниме со Него, да Го примиме во своето срце, така што Неговиот живот да стане наш живот. Неговата љубов и Неговата благодат мора да станат дел од нас...Христовиот живот, кој му дава живот на светот, се наоѓа во Неговата Реч. Со Својата Реч, Исус лекувал болни и истерувал демони. Со Својата Реч ја стивнал бурата и ги подигал мртвите. Народот бил сведок дека Неговата Реч имала сила. Тој ја зборувал Божјата Реч, како што зборувал преку сите пророци и учители во Стариот Завет. Целата Библија е манифестација на Христос, и Спасителот сакал верата на Своите следбеници да биде утврдена врз Речта. Кога Неговото видливо присуство ќе биде повлечено, Речта мора да биде извор на нивната сила. Како нивниот Учител, и тие требало да живеат според зборовите: ‘Човекот не живее само од леб, туку од секој збор што излегува од Божјата уста.’ (Матеј 4:4)Како што го одржуваме својот телесен живот со помош на храна, така и нашиот духовен живот се одржува со помош на Божјата Реч. Секоја душа треба да прима живот од Божјата Реч. Како што мораме сами да јадеме за да примиме сила, така и сами мораме да ја примиме Речта. Не можеме да ја добиеме преку посредство на некој друг. Треба внимателно да ја проучуваме Библијата, молејќи Му се на Бога со помош на Светиот Дух за да можеме да ја разбереме Неговата Реч. Треба да земеме еден стих и да ги насочиме мислите, трудејќи се да ја пронајдеме смислата што Бог ја ставил за нас во него. Треба да размислуваме за таа мисла сѐ додека не стане наша сопствена мисла и додека не дознаеме ‘што говори Господ.’“ — Копнежот на вековите, 389, 390. б. Како пророкот Еремија го опишува ова искуство? Еремија 15:16. „Ако со вера и молитва цврсто се повикуваме на Божјите ветувања, ќе видиме како Тој со радост нè спасува и избавува од секоја неволја... Ветувањата и барањата на Божјата Реч мораме и самите да ги прифатиме. Треба да се храниме со таа Реч – живата Реч, која е телото и крвта на Синот Божји. Да го јадеме Неговото тело и да ја пиеме Неговата крв значи со вера да ги примиме Неговите духовни својства.“ — 6 Сведоштво, 51, 52.

3. КРИЗА ВО МЛАДАТА ЦРКВА Вто 8 апр
а. Каква криза предизвикал Христос меѓу Своите ученици – и на кој начин тоа претставува предупредување и за нас денес? Јован 6:60, 61, 65, 66. „Испитувањетобилопремногутешко. Исчезналовоодушевувањето на оние што се обидувале со сила да Го прогласат за цар. Тие зборувале дека таа беседа во синагогата им ги отворила очите. Сега, конечно, се отрезниле. Според нивното мислење, Неговите зборови биле директно признание дека Тој не е Месијата и дека никаква земна награда не може да се постигне преку поврзаноста со Него. Тие со радост ја прифаќале Неговата чудотворна моќ, биле желни да бидат ослободени од болести и страдања, но не сакале да го прифатат Неговиот самопожртвуван живот. Не им било грижа за таинственото духовно царство за кое Тој зборувал. Оние неискрените и себичните што Го барале, повеќе не Го посакувале. Кога виделе дека Тој не сака да ја искористи Својата сила и влијание за да издејствува нивно ослободување од Римјаните, тие решиле дека не сакаат да имаат ништо со Него.Кога вистината ќе се открие во нивното срце, тие увидуваат дека нивниот живот не е во склад со Божјата волја. Тие сфаќаат дека е потребна промена, но не се подготвени да го започнат делото на самооткажување. Затоа, кога нивните гревови ќе бидат разоткриени, тие се гневни. Тие заминуваат соблазнети, како што и некои од учениците Го напуштиле Христос, мрморејќи: ‘Тешки се овие зборови; кој може да ги слуша?’“ — Копнежот на вековите, 391–392. б. Откако тие ученици Го напуштиле, што ги прашал Исус дванаесеттмината? Јован 6:67. Како и ние денес можеме да го повториме мудриот одговор на Петар? Јован 6:68, 69. „Низ сите добри и лоши извештаи, низ сета темнина и противење на сатанските орудија, продираат зраците на Сонцето на Правдата, откривајќи го злото, задушувајќи го гревот и оживувајќи ги духовите на кротките и понизните. ‘Господи, кај кого да одиме? Ти имаш зборови на вечен живот.’“ — Testimonies to Ministers, 285.

4. ОД УЧЕНИЦИ ДО ОТВОРЕНИ НЕПРИЈАТЕЛИ Сре 9 апр
а. Што, воопштено, можеме да кажеме за оние кои Го напуштаат Христос? 1. Јованово 2:19. Каков разочарувачки став зазеле незадоволните ученици? „Кога овие незадоволни ученици се одвратиле од Христос, со нив завладеал поинаков дух. Веќе не наоѓале ништо привлечно во Оној што порано толку ги привлекувал. Тие ги побарале Неговите непријатели, бидејќи биле во хармонија со нивниот дух и дела. Почнале погрешно да ги толкуваат Неговите зборови, да ги изопачуваат Неговите изјави и да ги оспоруваат Неговите побуди. Своето однесување го оправдувале со тоа што собирале сè што би можело да се употреби против Него. Овие лажни извештаи предизвикале таков гнев, што Неговиот живот бил во опасност.“ — Копнежот на вековите, 392. б. Што се случува со телесните срца? Римјаните 16:17, 18. „Пофалбите и ласкањата би биле пријатни за нивните уши, но вистината им била непожелна; не можеле да ја поднесат. Кога ги следел многу народ, кога мноштвото било нахрането и одекнувале извици на триумф, нивните гласови силно се слушале во пофалба. Но, кога Божјиот Дух го разоткрил нивниот грев и ги повикал да се откажат од него, тие ѝ свртеле грб на вистината и повеќе не оделе по Исуса.“ — Копнежот на вековите, 392. в. Освен оние што Го напуштиле Исуса, кој уште во своето срце се соединил со Неговите непријатели, и како се покажала таа негова половична приврзаност? Јован 6:70, 71. „Христовиот јавен говор во синагогата за лебот на животот бил пресвртница во историјата на Јуда... Тој сфатил дека Исус не нуди земни, туку духовни благодети. Сметајќи се за далекусежен, заклучил дека Исус никогаш нема да дојде до чест и дека нема да може да им обезбеди високи позиции на Своите следбеници. Затоа одлучил да не се врзува премногу за Христос, за да може да се повлече доколку тоа му стане неопходно. Одлучил да биде внимателен. И така и направил.Од време на време давал израз на сомневањата кои создавале збрка кај учениците. Воведувал расправи и завидливи мислења, повторувајќи ги доказите кои книжевниците и фарисиете ги изнесувале против Христовите тврдења. Сите мали и големи неволји, тешкотии и привидни препреки кон напредокот на евангелието, Јуда ги толкувал како доказ против неговата вистинитост.“ — Копнежот на вековите, 719

5. ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ПРЕДАВНИКОТ Чет 10 апр
а. Објасни ги карактерните особини што ги негувал Јуда. Јован 12:4–6; Изреки 3:32. „(Јуда) истакнувал стихови од Светото Писмо што немале никаква врска со вистините што Христос ги презентирал. Овие стихови, извадени од својот контекст, внесувале забуна меѓу учениците и ја зголемувале нивната малодушност, која постојано ги притискала. Но, Јуда го правел сето тоа на таков начин што изгледало како да е совесен човек.“ — Копнежот на вековите, 719. б. Кое ветување често се потврдува во нашето верско искуство – дури и во случаи како оваа криза во Галилеја? Римјаните 8:28. „Кога Исус ја изнел пробната вистина која предизвикала толкав број Негови ученици да се одвратат, Тој знаел каков ќе биде резултатот на Неговите зборови, но сакал да изврши една цел на милоста. Тој видел дека во часот на искушението секој од Неговите љубени ученици ќе биде ставен на страшна проба. Неговата агонија во Гетсиманија, предавството, судењето и распнувањето, за нив ќе претставуваат најголема проба. Кога не би постоел претходен тест, со учениците би биле поврзани мнозина поттикнати само од себични побуди. Кога нивниот Господ ќе биде осуден во судницата; кога мноштвото луѓе, кои некогаш го поздравувале Него како нивен цар му се исмејувале и го навредувале; кога мноштвото народ што се подбивал, викал:„Распни го!“ кога се разочарале во своите световни амбиции овие себични луѓе, откажувајќи ја својата верност кон Исуса, би им нанеле на учениците уште една горчлива и тешка болка, како додаток на нивната тага и разочарување поради пропаѓање на нивните најдраги надежи. Во тој час на темнина, примерот на оние што се одвратиле од Него, можел да повлече и други со нив. Затоа Исус ја предизвикал оваа криза уште додека со Своето лично присуство можел да ја зајакне верата на Своите вистински следбеници. Копнежот на вековите, 394.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА: Пет 11 апр
1. Како треба да го „јадеме телото на Синот Човечки и да ја пиеме Неговата крв“? 2. Што значи да се гледа на Исус? 3. Зошто некои луѓе се навредиле од Христовите зборови? 4. Што направиле потоа и на кој начин тоа претставува предупредување за нас? 5. Опиши ја духовната состојба на Јуда по овој настан и неговото влијание.
 <<    >>