Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ВТОР ДЕЛ)

 <<    >> 
  Сабота, 3 мај 2025.

Дар во првата сабота

За светските мисии

И денес одѕвонува пораката за сите времиња:

„Во нашите цркви мора да оживее духот на мисионерството. Секој член на црквата треба да размислува за тоа како да го потпомогне напредокот на Божјото дело, како во домашните мисии, така и во странските земји. На мисионерските полиња е направен едвај илјадити дел од она што треба да се направи. Бог ги повикува Своите работници да придобиваат за Него нови полиња. Богати, обработливи полиња чекаат на верни работници, а ангелите служители ќе соработуваат со се кој член на црквата кој сака несебично да работи за Учителот.

Христовата заедница на Земјата е основана за мисионски цели и Господ сака цела црква да пронаоѓа патишта и средства за да можат високите и ниските, богатите и сиромашните да ја слушнат веста на вистината. Не се сите повикани на лична работа во странските полиња, но со своите молитви и своите дарови сите можат нешто да направат за да ја помогнат мисионерската работа.

Еден американски бизнисмен, кој беше сесрден христијанин, рече во разговор со еден свој пријател дека секојдневно дваесет и четири часа работи за Христа. ‘Се трудам во сите свои деловни работи,’ рече тој, ‘да го прикажам својот Господар. Секогаш кога ќе ми се пружи можност, се трудам да придобивам други за Него. Цел ден работам за Христа. А ноќе, додека спијам, имам човек кој работи за Него во Кина’.

Во објаснувањето додал: ‘Во младоста одлучив како мисионер да одам меѓу незнабошците. Меѓутоа, кога почина татко ми, морав да го преземам неговиот бизнис, за да можам да го издржувам семејството. Сега, наместо да одам самиот, јас издржувам еден мисионер. Мојот работник се наоѓа во одреден град во Кина. И така, дури и кога спијам, работам за Христа преку својот застапник.’“ — 6 Сведоштво, 29, 30.

Сега е, повеќе од кога било порано, време да вложуваме во небесната банка преку светските мисии. Подоцна нема да биде полесно, а можеби тогаш ќе биде предоцна. Душите пропаѓаат без Христос и сегашната вистина, а Господ ни ја довери драгоцената светлина што треба да ја однесеме на целиот свет.

Ве молиме великодушно да ги приложите вашите дарови, и нека Господ обилно ве благослови и вас и вашиот дар. Ви благодариме!

Вашите браќа од Генералната конференција

 <<    >>