Исус на празникот Сеници „И се чудеа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно“ (Лука 4:32).
Предлагаме да прочитате:
Мисли од гората на блаженството, 31–35.
„Исус знаел по што копнеат душите. Сјајот, богатството и почестите не можат да ја задоволат жедта на срцето. ‘Ако некој е жеден, нека дојде кај Мене.’ Богатите и сиромашните, моќните и скромните – сите се добредојдени. Тој ветува дека ќе го олесни товарот на душата, ќе го утеши оној што тагува и ќе му влее надеж на оној што е во очај.“ — Копнежот на вековите, 454.
1. ИСУСОВИОТ ЖИВОТ ВО ДОМОТ Нед13 април
а. Со каков сериозен предизвик се соочил Исус во Својот дом? Јован 7:5.„Уште од најраните денови, Исус почнал сам да го обликува Својот карактер. Дури ни почитта и љубовта кон Неговите родители не можеле да Го одвојат од послушноста кон Божјата Реч. ‘Пишано е’ – ова била Неговата причина за секоја постапка што се разликувала од семејните обичаи. Но, рабините со своето влијание му го загорчувале животот. Уште во Својата младост Тој морал да ја научи тешката лекција на молчење и трпелива истрајност.Неговите браќа – како што биле нарекувани Јосифовите синови – застанале на страната на рабините. Тие тврделе дека традициите мора да се почитуваат како Божји барања. Тие дури повеќе ги ценеле човечките одредби отколку Божјата Реч и чувствувале голема непријатност поради Неговата способност јасно да го разликува вистинското од лажното. Го осудувале Неговото строго покорување на Божјиот Закон и го сметале за тврдоглавост. Биле изненадени од знаењето и мудроста што Тој ги покажувал во разговорите со рабините. Тие знаеле дека Тој не примил образование од мудрите учители, но сепак увиделе дека Тој ним им бил учител. Сфаќале дека Неговото знаење е повозвишено од нивното. Но не разбрале дека Тој има пристап до дрвото на животот – изворот на знаењето што ним им бил непознат.“ — Копнежот на вековите, 86.
2. СИНОВИТЕ НА ЈОСИФ Пон14 апр
а. Што му предложиле на Исус Неговите браќа во исчекување на годишниот празник Сеници? Јован 7:3, 4.„Неговите браќа сметале дека греши што се отуѓува од големите и учени луѓе во народот. Тие верувале дека овие луѓе мора да бидат во право и дека Исус прави грешка поставувајќи Себеси во спротивставеност со нив. Сепак, биле сведоци на Неговиот беспрекорен живот, и Неговите дела оставиле длабок впечаток врз нив, иако не се сметале себеси за Негови ученици. Неговата популарност во Галилеја им годела на нивната амбиција, па се надевале дека Тој ќе даде јасен доказ за Својата сила – доказ што ќе ги принуди фарисеите да признаат дека Тој навистина е Она што тврдел дека е. А што ако Тој навистина е Месијата, Принцот на Израел? Оваа мисла горделиво ја негувале во своите срца.Толку многу го посакувале тоа, што го поттикнувале Христос да појде со нив во Ерусалим: ‘Излези одовде,’ велеле, ‘и оди во Јудеја, за да можат и Твоите ученици да ги видат Твоите дела што ги правиш. Зашто никој не прави нешто тајно, ако сака да биде познат јавно. Ако Ти ги вршиш овие дела, покажи му се на светот.’ Зборот ‘ако’ изразувал сомнеж и неверие. Му припишувале страшливост и слабост. Ако навистина знаел дека е Месијата, зошто тогаш таа чудна повлеченост и неактивност? Ако навистина имал таква сила, зошто да не оди храбро во Ерусалим и да го докаже Своето тврдење? Зошто да не ги изврши во Ерусалим оние прекрасни дела за кои се зборувало низ цела Галилеја? ‘Немој да се криеш во зафрлени области и да вршиш силни дела за доброто на неуките селани и рибари. Покажи се во престолнината, осигурај ја поддршката на свештениците и поглаварите, обедини го народот за воспоставување на новото царство.’“ — Копнежот на вековите, 450.б. Објасни го проблемот со кој секогаш се соочувале кротките луѓе. Псалм 86:14.„Тие му ги зборувале овие работи на Исус од себични побуди, кои често се појавуваат во срцата на оние што сакаат да се истакнат. Тој дух бил владејачкиот дух на светот. Биле соблазнети затоа што Христос, наместо да копнее по земно царство, за Себе рекол дека е лебот на животот. Биле многу разочарани кога толку многу од Неговите ученици Го напуштиле. И самите се одвратиле од Него, за да го избегнат крстот што би го носеле ако признаат дека Неговите дела јасно откриваат дека Тој е испратен од Бога.“ — Копнежот на вековите, 451.
3. ПОЛЕМИКА ОКОЛУ ИСУС Вто15 апр
а. Кои спротивставени ставови се појавиле за Исус? Јован 7:11, 12.„Веста за Христовите чуда брзо се раширила од Ерусалим насекаде каде што живееле Евреите. Иако веќе многу месеци не присуствувал на празниците, интересот за Него не се намалил. Многумина од различни краеви на светот дошле на празникот Сеници, надевајќи се дека ќе Го видат. На почетокот на празникот, многумина се распрашувале за Него. Фарисеите и поглаварите очекувале дека Тој ќе дојде и се надевале дека ќе им се пружи можност да Го осудат. Желно прашувале: ‘Каде е Тој?’ – но никој не знаел. Сите биле окупирани со мислата за Него. Од страв од свештениците и поглаварите, никој не се осмелувал јавно да го изрази своето убедување дека Тој е Месијата. Но, насекаде, тивко и сериозно, се зборувало за Него. Многумина Го бранеле како Божји пратеник, додека други Го осудувале како измамник што го заведува народот.“ — Копнежот на вековите, 451, 452.б. На кој начин Исус ги замолкна спротивставените мислења за Него? Јован 7:14–18; Лука 4:32.„За време на свеченоста, кога возбудувањето околу Него достигнало кулминација, Тој, во присуство на мноштво луѓе, влегол во предворјето на храмот. Поради Неговото отсуство на почетокот на празникот, се зборувало дека Тој не се осмелува да се појави пред свештениците и поглаварите. Затоа сите биле изненадени од Неговата појава. Настанала тишина. Сите биле восхитени од Неговото достоинство и храброст да застане среде своите моќни непријатели, кои сакале да Го уништат.Стоејќи во центарот на вниманието на собраниот народ, Исус им се обратил на начин како никој друг дотогаш. Неговите зборови откриле такво познавање на законот, израелските установи, жртвените обреди и учењата на пророците, кое далеку го надминувало знаењето на свештениците и рабините. Ги срушил бариерите на формализмот и традициите. Изгледало како пред Него да лежат отворени сите настани на идниот живот. Зборувал со неприкосновен авторитет за земното и небесното, за човечкото и божественото – како Оној што Го гледал Невидливиот. Неговите зборови биле совршено јасни и убедливи, и народот, како и некогаш во Капернаум, бил зачуден од Неговото учење, ‘бидејќи Неговото слово беше силно’ (Лука 4:32)... Сите се чуделе на Неговото длабоко познавање на законот и пророштвата.“ — Копнежот на вековите, 452, 453.
4. ОМРАЗА КОН ОНОЈ КОЈ Е СВЕТ Сре16 апр
а. Што забележал Исус кај рабините и кое прашање им го упатил? Јован 7:19.„Исус им дал доказ на рабините за Своето божество покажувајќи им дека знае што се крие во нивните срца. Тие сакале да Го уништат уште од денот кога Го излекувал болниот во Витезда, а притоа го прекршувале токму оној закон што тврделе дека го бранат. Тогаш Исус им рекол: ‘Зар Мојсеј не ви го даде законот? Но никој од вас не го извршува законот. Зошто сакате да Ме убиете?’“ — Копнежот на вековите, 456.б. Во својот одговор на Христа, за што Го обвинија рабините и како им одговорил Тој? Јован 7:20–23.„На тие инсинуации (дека Неговите прекрасни дела се поттикнати од злобен дух), Христос не обрнувал внимание. Тој сакал да покаже дека исцелувањето во Витезда било во совршена хармонија со Саботата и дека било оправдано дури и според толкувањето што Евреите му го давале на Законот. Тој рекол: ‘Вам Мојсеј ви даде обрезание... и вие во саботен ден обрежувате човек.’ Според законот, секое дете морало да биде обрежано на осмиот ден. Ако тој ден бил Сабота, обредот морал да се изврши без одлагање. Колку повеќе, тогаш, треба да биде во склад со духот на законот да се ‘исцели сиот човек во саботен ден.’“ — Копнежот на вековите, 456.c. Објасни шири значај следећег Христовог упозорења. Јован 7:24.„Поглаварите замолкнале, а многумина од народот извикале: ‘Зар ова не е оној што сакаат да го убијат? А, еве, Тој слободно зборува и ништо не му велат. Да не се увериле и поглаварите дека Тој навистина е Христос?’ — Копнежот на вековите, 457.„(Христос) не гледа на надворешниот изглед; Тој не суди како што суди човекот. Тој не го вреднува човекот според неговиот статус, талент, образование или положба. ‘А еве на кого ќе погледнам — изјавува Тој, на понизниот и скршениот по дух и на оној што трепери пред Моето слово.’“ — The Signs of the Times, October 21, 1897.
5. БОЖЈИОТ СУД НАСПРОТИ ЧОВЕЧКИОТ Чет17 апр
а. Како Светото Писмо ја опишува менталната состојба на општеството во денешниот свет – често слично на она од старите времиња, а особено денес? Исаија 59:14, 15.„Претставниците на злото се здружуваат и ги зацврстуваат своите сили. Тие се подготвуваат за последната голема криза. Наскоро ќе се случат големи промени во светот, а последните настани ќе се развиваат нагло...Непријателот успеал да ја изопачи правдата и да го исполни човечкото срце со жед за себична добивка. Плачењето на напатеното човештво се издига кон Бога, додека луѓето, користејќи ги сите можни средства за угнетување и изнудување, натрупуваат огромни богатства.“ — 9 Сведоштво, 11, 12.б. Среде превирања и немири, како можеме да имаме доверба во Божјите патишта? Исаија 55:8, 9.„Иако ограничениот човечки ум е неспособен да навлезе во советите на Бесконечниот и целосно да ги сфати Неговите намери, сепак, причината зошто луѓето не можат толку добро да ги сфатат небесните пораки често лежи во нивните многубројни заблуди и во нивната немарност. Неретко умовите на луѓето, па дури и на Божјите слуги, се толку заслепени со човечки мислења, со преданија и со лажни учења, и поради тоа само делумно може да ги сфатат големите нешта што Тој ги открил во Своето слово.“ — Големата борба, 344.„Божјиот идеал за Неговите деца е повозвишен од тоа што може да го замисли и најголемата човечка мисла. Тој во Својот свет закон дал препис на Својот карактер.“ — 8 Сведоштво, 63.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА: Пет18 април
1. Опиши го домашното опкружување во кое растел Исус.2. На кој начин однесувањето на Христовите браќа често се повторува и денес?3. Кои спротивставени мислења кружеле за Исус?4. Објасни го духот што го покажале рабините кон Исус.5. Опиши ја големата спротивност меѓу Божјите и човечките патишта.