Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
САБОТА, 4 АПРИЛ 2026 1 ЛЕКЦИЈА
Вовед во пророштвото ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца“ (2 Петрово 1:19).
Предлагаме да прочитате:   Големата борба, 593–602. 
„Историјата и пророштвата сведочат дека Богот на целата земја ги открива тајните на светот преку своите избрани носители на светлина“ — Bible Training School, December 1, 1912.

1. БЕСКОНЕЧЕН УМ Нед ела, 29 март
а. Што само Бог може да види? Исаија 46:9,10. „ЈАС СУМ значи Оној кој е вечно присутен, без почеток и крај; минатото, сегашноста и иднината пред Бога се еднакво откриени. Настаните од најдалечното минато или, пак, од најдалечната иднина Тој ги гледа токму онака како што ние го гледаме она што секојдневно се случува околу нас.“ – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 1, p. 1099. б. Што прави нашиот Господ со Своето знаење? Даниел 2:20-22. „Над сите земни немири Тој седи на Својот возвишен престол, и пред Неговиот божествен поглед сѐ е откриено; од Својата прекрасна и мирна вечност Тој управува и одредува да биде само она што во Своето божествено провидение го смета за најдобро.“ – Здравје и среќа, 417.„Во аналите на човечката историја развојот на народите, издигнувањето и падот на царствата изгледаат како да зависат од волјата и вештината на човекот; се чини дека обликувањето на настаните во голема мера е одредено од неговата моќ, амбиција или самоволја. Меѓутоа, во Божјата Реч е подигната завесата, така што низ целата оваа игра на човечки интереси, моќ и страсти можеме да ги согледаме делувањето на силата на Семожниот и речиси нечујното остварување на Неговата волја.“ – Пророци и цареви, 499.

2. ТАЈНИТЕ ОТКРИЕНИ Пон еделник, 30 март
а. Што прави Бог кога е подготвен да ја изврши Својата волја на земјата? Амос 3:7; Откровение 1:1. „‘Зашто Господ Бог, не прави ништо, а да не им ги открие Своите тајни на Своите слуги пророците’. Додека ‘она што е тајно му припаѓа на Господ, нашиот Бог,’ ‘она што е откриено ни припаѓа нам и на нашите синови довека’. (Амос 3:7; Второзаконие 29:29) Бог ни ги дал овие нешта, а Неговиот благослов ќе го следи стравопочитувачкото проучување на пророчките книги придружувано со молитва.“ – Копнежот на вековите, 234. б. Зошто Бог ни испраќа такви пораки? 1 Јованово 3:1; Јован 1:12; Колосјаните 1:25–28. „Библијата е прекрасна книга. Таа е историја што ни ги открива минатите векови. Без Библијата би биле препуштени на претпоставки и басни во врска со настаните од минатото. Нејзините пророштва ја откриваат иднината. Божјата реч ни го открива планот на спасението и ни го покажува патот по кој можеме да ја избегнеме вечната смрт и да задобиеме вечен живот. Од сите книги што го преплавиле светот, колку и да се вредни, Библијата е Книга над книгите и најмногу го заслужува нашето проучување и восхитување. Таа не ни ја дава само историјата на овој свет, туку и опис на светот што доаѓа. Таа содржи поуки за чудата на вселената и на нашиот ум му го открива карактерот на Творецот на небото и земјата. Во неа Бог им се открил на луѓето.“ – The Signs of the Times, January 30, 1893. в. Кое е најважното знаење кон кое треба да се стремиме? Еремија 9:23–24; Јован 17:3; Ефесјаните 3:17–19. „Во Божјото слово умот наоѓа предмети за најдлабоко размислување и за највозвишени стремежи. Тука можеме да општиме со патријарсите и пророците и да го слушаме гласот на Вечниот како им зборува на луѓето. Тука го гледаме небесното Величество како се понижи за да стане наша замена и гаранција, сам да се соочи со силите на темнината и да извојува победа во наша полза. Побожното размислување за ваквите вистини не може а да не го омекне, очисти и облагороди срцето, а во исто време да му вдахне на умот нова сила и енергија.“ – 5 Сведоштво, 25.

3. РАЗБИРАЊЕ НА ЗБОРОВИТЕ Вто рник, 31 март
а. Каква помош ни е потребна за да го разбереме Светото писмо, вклучувајќи ги и пророштвата? Јован 16:7–13. „Бог има намера уште во овој живот вистината постојано да му се открива на Неговиот народ. Ова знаење може да се стекне само на еден начин. Ние можеме да ја сфатиме Божјата реч само со просветлување од Неговиот Дух преку кого е и дадено.“ – 5 Сведоштво, 703.„Библијата никогаш не треба да ја проучуваме без молитва. Пред да ги отвориме нејзините страници треба да бараме просветлување од Светиот Дух, и тоа ќе ни се даде. Кога Натанаил дошол кај Исуса, Спасителот извикнал: ‘Еве вистински Израелец во кого нема лукавство!’ Натанаил рекол: ‘Како ме познаваш?’ Исус одговорил: ‘Пред да те повика Филип те видов кога беше под смоквата’ (Јован 1:47–48). И нас Исус ќе нè види на тајните места на молитва ако од Него бараме светлина за да ја препознаеме вистината. Ангелите од светот на светлината ќе бидат со оние кои во понизност бараат од Бога да им го покаже патот.“ – Патот кон Христа, 91. б. Зошто е важно да не ги следиме сопствените идеи кога ги проучуваме пророштвата? 2 Петрово 1:19–21. „Кога ја проучувате Божјата реч, оставете ги пред вратата сите однапред оформени мислења и наследени или стекнати идеи. Никогаш нема да ја достигнете вистината ако го проучувате Писмото за да ги оправдате своите ставови. Оставете ги настрана и со скрушено срце пристапете да слушнете што Господ сака да ви каже. Кога понизниот трагач по вистината седи кај Христовите нозе и учи од Него, Речта му дава разбирање. На оние што се сметаат премногу мудри во сопствените очи за да ја проучуваат Библијата, Христос им вели: ако сакате да станете мудри за спасение, станете кротки и понизни по срце.Не читајте ја Речта во светлината на поранешните мислења, туку со ум ослободен од предрасуди истражувајте ја внимателно и со молитва. Ако при читањето увидите дека вашите омилени ставови не се во склад со Речта, не обидувајте се да ја приспособите Речта на нив. Наместо тоа, усогласете ги своите ставови со Речта. Не дозволувајте минатите верувања или навики да управуваат со вашето разбирање. Отворете ги очите на својот ум за да ги гледате чудесата на Божјиот закон. Откријте што е напишано и утврдете ги своите нозе на вечната Стена.“ – Messages to Young People, p. 260.

4. ПРАВИЛО ПО ПРАВИЛО Сре да, 1 април
а. Како Бог ја соопштува Својата реч, и како треба да ја проучуваме? Исаија 28:9–10. „Доказот за вистинитоста на Божјото Слово се наоѓа во самото Слово. Светото Писмо е клуч за разбирање на самото себе. Светиот Дух му ја открива на нашиот ум длабоката смисла на вистината што ја содржи Божјото Слово.“ – 8 Сведоштво, 157.„Ако некој го вреднува учењето на Библијата, нема да може да прочита ниту еден единствен стих од неа, а од него да нѐ извлече некоја полезна мисла. Но, највредните поуки од Библијата не можат да се добијат со повремено или неповрзано проучување. Нејзиниот голем систем на вистини не е прикажан така што ќе може да го разбере некој забрзан или невнимателен читател. Многу нејзини богатства лежат длабоко под површината и можат да се најдат само со вредно истражување и долготраен труд. Вистините, кои ја сочинуваат големата целина, мораат да се истражуваат и собираат ‘малку тука, малку таму’ (Исаија 28:10).Кога ќе се истражат и присоберат на ваков начин, ќе се покаже дека совршено си одговараат една на друга. Секое Евангелие ги надополнува другите, секое пророштво го објаснува другото, секоја вистина понатаму развива некоја друга вистина. Евангелието ги објаснува симболите на јудејскиот систем. Секој принцип во Божјата Реч има свое место, секој факт свое значење. А севкупната структура, и според нацртот и според изведбата, сведочи за својот Автор. Таквата структура не можел да ја замисли ниту да ja создаде ниту еден друг ум, освен умот на Бесконечниот.“ – Воспитување, 123,124. б. Зошто секој дел од Библијата е важен? Матеј 4:4; Лука 24:27. „Ние не смееме да се поведуваме по тврдењата на кој и да е човек во врска со она што го учи Писмото, туку мораме самите за себе да ги проучуваме Божјите зборови... Умот ќе се развива, ако го ангажираме со проучување на меѓусебната поврзаност на библиските теми, со споредување на еден библиски текст со друг, една духовна вистина со друга...Ние не можеме да стекнеме мудрост без сериозно, внимателно проучување и молитва. Некои делови на Писмото навистина се многу јасни, така што никој не може погрешно да ги сфати; но има и такви чиешто значење не лежи на површината, не се гледа на прв поглед. Треба да се споредува еден библиски текст со друг. Мора грижливо да се проучува, со молитва и размислување. И таквото проучување ќе биде богато наградено. Како што рударот ги открива жилите на скапоцената руда скриена под земјината површина, така и оној, кој трпеливо го проучува Божјото слово, како да бара закопано богатство, ќе ја најде вистината со најголема вредност која била скриена од погледот на немарливиот барател. Вдахновените зборови, ако сериозно се прифатат во срцето, ќе станат слични на потоците кои течат од изворот на животот.“ – Патот кон Христа, 90.

5. ПРОУЧУВАЊЕ СО МОЛИТВА Чет врток, 2 април
а. На кој начин нашиот став и нашите избори влијаат врз нашата способност да ги разбереме пророштвата? Даниел 12:10; 2 Тимотеј 3:1–8. „Духот со кој пристапувате кон истражувањето на Писмото го одредува карактерот на помошникот што ќе биде покрај вас. Ангелите од светот на светлината ќе бидат со оние што во понизност на срцето бараат божествено водство. Но ако Библијата се отвора со непочитување, со чувство на самодоволност, ако срцето е исполнето со предрасуди, сатаната е покрај вас и јасните изјави на Божјата реч ќе ги прикаже во изопачена светлина.“ – Testimonies to Ministers, p. 108.„Сатаната успеал мнозина да ги наведе на мислата дека пророчките делови во споменатите книги на пророкот Даниел и апостолот Јован, не можат да се разберат. Меѓутоа, ние имаме јасно ветување дека од проучувањето од овие пророштва произлегува посебен благослов.“ – Пророци и цареви, 547. б. Објаснете ја важноста на примената на вистината во личниот живот. Откровение 22:7; Матеј 7:24–27; Јован 7:17. „Господ ги води кротките затоа што тие дозволуваат да бидат поучени и прифаќаат да бидат упатени. Тие искрено сакаат да ја дознаат Божјата волја и да ја творат. Ветувањето на Спасителот гласи: ‘Ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога, или Јас Самиот од Себе зборувам’ (Јован 7:17). А преку апостол Јаков тој објаснува: ‘Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање - и ќе му се даде’ (Јаков 1:5). Но овие ветувања се однесуваат само на оние кои со сето срце се подготвени да го следат Господа.“ – Патријарси и пророци, 384.„Ако сакаш да ја познаеш тајната на побожноста, мораш да ја следиш јасната реч на вистината — со чувство или без чувство, со емоции или без емоции. Послушноста мора да се темели на начело, и она што е исправно мора да се следи во сите околности.“ – Fundamentals of Christian Education, p. 125.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет ок, 3 април
1. Во однос на знаењето, како Бог се разликува од сите други суштества? 2. Што ни открива Бог во списите на пророците, и зошто? 3. Кога ја отвораме Божјата реч, за каква помош треба да се молиме? 4. Каков труд треба да бидам подготвен да вложам во проучувањето на Библијата? 5. Дали сум подготвен да го применам она што го откривам во Божјата реч?
 <<    >>