Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
САБОТА, 27 ЈУНИ 2026 13 ЛЕКЦИЈА
Претскажаниот крај ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „И Седнатиот на престолот рече: ‘Ете, сè ново создавам.’ И ми рече: ‘Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни’“ (Откровение 21:5).
Предлагаме да прочитате:   Рани списи, 279–295. 
„Нашиот мал свет, кој поради проклетството на гревот претставува единствена темна дамка во Неговото величествено дело на создавање, ќе биде издигнат над сите останати светови во Божјата вселена.“ — Копнежот на вековите, 26.

1. СЕДУМТЕ ПОСЛЕДНИ ЗЛА Нед ела, 21 јуни
а. Што е откриено во врска со Божјите судови што ќе бидат излеани на земјата? Откровение 15:1; поглавје 16. „Потоа видов дека седумте зла наскоро треба да се излеат врз оние кои не се под заштита на Семоќниот; меѓутоа, светот за тоа се грижеше не повеќе отколку што би обрнувал внимание во случај да надоаѓа некој обичен дождец. Тогаш бев оспособена да го издржам набљудувањето на страшна глетка излевањето на Божјиот гнев во времето на седумте последни зла. Видов дека Неговиот гнев е страшен и ужасен и кога Тој би ја подигнал и би ја испружил Својата рака во гнев, жителите на овој свет би биле уништени како никогаш воопшто и да не постоеле или би страдале од неизлечиви рани и смртоносни болести кои би ги снашле; не би нашле спас, туку би биле уништени.“ — Рани списи, 64. б. На кој поинаков начин е опишана оваа иста сцена? Еремија 25:30–33; Откровение 19:17–21. „Грешните ги пречекориле границите на времето на милоста што им било дадено. Божјиот Дух, на кого толку упорно му се противеле, најпосле се повлекол од нив. Незаштитени со Божјата милост, тие се без заштита пред нечестивиот. Тогаш сатаната земните жители ќе ги турне во голема, последна неволја. Кога Божјите ангели ќе престанат да ги задржуваат страшните ветришта на човечките страсти, ќе бидат ослободени сите елементи на судирот. Целиот свет ќе биде зафатен со пропаст пострашна од онаа што некогаш го снашла Ерусалим.“ — Големата борба, 614.

2. ВТОРОТО ДОАЃАЊЕ Пон еделник, 22 јуни
а. Како книгата Откровение го опишува второто Христово доаѓање? Откровение 1:7; 6:15–17. „Набргу нашите очи беа привлечени од појавата на еден мал црн облак со големина отприлика колку половина од една човечка тупаница, за кој сите ние знаевме дека е тоа знакот на Синот човечки. Сите во свечена тишина гледаме како облакот се приближува и станува сѐ посветол и повеличествен и сѐ повеличествен, за конечно да се претвори во голем бел облак. Долната страна му изгледаше како пламен; над него се издигаше виножито, додека околу него се наоѓаа десетици илјади ангели кои пееја најубава песна; и врз облакот седеше Синот човечки. Неговата коса беше бела и кадрава, спуштајќи му се до раменици, а на главата имаше многу круни. Неговите стапала изгледаа како оган, во Неговата десна рака имаше остар срп, а во левата сребрена труба. Неговите очи беа како огнен пламен, кои ги испитуваат Неговите деца до дното на душата. На сите насобрани лицата им побледеа, а на оние кои Бог ги отфрли им беа поцрнети. Тогаш сите гласно извикавме: ‘Кој може да опстане? Дали облеката ми е беспрекорно чиста?’ Ангелите престанаа да пеат и за момент владееше ужасна тишина, кога Исус прозборе: ‘Ќе опстанат само оние кои имаат чисти раце и чисто срце; Мојата благодат е доволна за вас’. На тие зборови нашите лица повторно се облеаја во сјај и радост го исполни секое срце. И ангелите запеаја повторно еден тон повисоко, додека облакот се приближуваше сѐ поблиску до земјата.“ — Рани списи, 15,16. б. Што потоа ќе направат ангелите? Матеј 24:31; 1 Солуњаните 4:16,17. „Гревот ја изобличил и речиси ја избришал божествената слика во човекот; но Христос дошол пак да го воспостави она што е загубено. Тој ќе го преобрази нашето понижено тело и ќе го направи слично на Своето прославено тело. Смртното, распадливо тело, лишено од убавината, некогаш опогането со грев, станува совршено, убаво и бесмртно...Ангелите ги собираат ‘Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото’ (Марко 13:27). Малите деца светите ангели ги носат во прегратките на нивните мајки. Пријателите, кои толку долго смртта ги разделувала, пак се среќаваат за никогаш повеќе да не се разделат и со песни на радост се искачуваат заедно во Божјиот град.“ — Големата борба, 645. в. Каде ќе биде сместен сатаната? Откровение 20:1,2. „Тука ќе престојуваат сатаната и неговите зли ангели илјада години. Ограничен само на Земјата, тој ќе нема пристап до другите светови да ги искушава и да ги вознемирува оние што никогаш не згрешиле.“ — Големата борба, 659.

3. СУДОТ Вто рник, 23 јуни
а. Што ќе прават светите во текот на илјада години од Сатаниното заточеништво? Откровение 20:4–6; 1 Коринтјаните 6:2,3. „За време на овие илјада години, меѓу првото и второто воскресение, ќе им се суди на грешниците. Апостол Павле укажува на овој суд како на настан што се случува по второто Христово доаѓање. ‘Не судете ништо предвреме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата’ (1 Коринтјаните 4:5). Даниел кажува дека, кога ќе дојде Старецот, ќе им го даде судот ‘на светиите од Севишниот’ (Даниел 7:22). Во ова време праведниците ќе владеат како цареви и свештеници на Бога. Јован во Откровението кажува: ‘И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат... Ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада години’ (Откровение 20:4,6). Во ова време, како што предвидел Павле, ‘светите ќе го судат светот’ (1 Коринтјаните 6:2). Заедно со Христа тие ќе им судат на грешниците споредувајќи ги нивните дела со Книгата на законот, со Библијата, и ќе го решат случајот на секој поединец според делата што ги направил во животот. Тогаш казната што мора да ја искусат грешниците ќе биде одмерена според нивните дела и запишана покрај нивното име во книгата на смртта.Христос и Неговиот народ ќе им судат на сатаната и на неговите зли ангели. Павле кажува: ‘Не знаете ли дека ангели ќе судиме?’ (1 Коринтјаните 6:3) А апостол Јуда изјавува: ‘Ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија живеалиштето, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на големиот ден’ (Јуда 6).“ — Големата борба, 660,661. б. Што треба да се случи на крајот од 1.000-годишниот суд? Откровение 21:2; 20:7,8. „По истекот на овие илјада години, ќе настапи второто воскресение. Тогаш грешниците ќе воскреснат од мртвите и ќе се појават пред Бога за ‘да го изврши над нив напишаниот суд’... А Исаија, за грешниците, изјавува: ‘Ќе бидат собрани и затворени во јама, затворени во темница и казнети по многу денови’ (Исаија 24:22).“ — Големата борба, 661. в. Каков ќе биде конечниот крај на безбожниците? Откровение 20:9; Малахија 4:1. „Најпосле сите грешници ќе бидат уништени со огнот што ги чисти и коренот и гранките - сатаната како корен, а неговите следбеници како гранки. Казната за кршењето на Божјиот закон е целосно извршена, правдата е задоволена, а небото и земјата, набљудувајќи го сето тоа, ја признаваат Господовата праведност.“ — Големата борба, 673.

4. НОВАТА ЗЕМЈА Сре да, 24 јуни
а. Опишете го Божјото ветување дека повторно ќе создаде сè ново. Откровение 21:1,5; 22:1,2; Исаија 65:17. „Делото на спасение ќе биде довршено. На местото, каде што гревот изобилувал, Божјата милост ќе изобилува многу повеќе. Самата Земја, местото за кое сатаната тврди дека е негово, нема само да биде само откупена, туку и возвишена. Нашиот мал свет, кој поради проклетството на гревот претставува единствена темна дамка во Неговото величествено дело на создавање, ќе биде издигнат над сите останати светови во Божјата вселена. Овде, каде што Божјиот Син престојувал во облик на човек, каде што Царот на славата живеел, страдал и умрел овде, каде што Тој ќе допринесе сѐ наново, ќе биде Божјиот шатор со луѓето, ‘и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ и Сам Бог ќе биде со нив и ќе биде нивен Бог’. И низ бескрајните векови, додека спасените живеат во светлината на Господа, тие ќе Го фалат за Неговиот неискажлив Дар за Емануел ‘Бог со нас’“ — Копнежот на вековите, 26. б. Што ќе биде поинаку на новата земја? Исаија 65:21–25; Откровение 21:4. „Во небесната атмосфера не може да постои болка. Нема да има повеќе солзи, ниту погреби, нема да има знаци на жалост...Во Божјиот град ‘нема да има ноќ’. Никој ќе нема потреба ниту ќе посака одмор. Нема да има замор при извршувањето на Божјата волја и прославувањето на Неговото име. Ние постојано ќе чувствуваме утринска свежина која никогаш нема да престане. ‘Не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови’ (Откровение 22:5). Светлината на Сонцето ќе биде заменета со светлина чијшто блесок нема да им пречи на очите, а сепак, далеку ја надминува пладневната сончева светлина.“ — Големата борба, 676.„Во Библијата наследството на спасените се нарекува татковина (Евреите 11:14-16). Таму небесниот Пастир го води Своето стадо на извори на жива вода. Дрвото на животот дава плод секој месец, а неговите лисја служат за здравје на народот. Таму течат потоци кои вечно жуборкаат, чисти како кристал, на чиишто брегови се нишаат дрвја кои ги фрлаат своите сенки врз патеките што Господ им ги подготвил на откупените. Таму пространите рамнини прераснуваат во прекрасни ритчиња, а Божјите гори ги издигнуваат своите возвишени врвови. Во овие тивки рамнини, покрај овие живи потоци, Божјиот народ, кој толку долго патувал и скитал, ќе го најде својот дом.“ — Големата борба, 675.

5. ПОВИК И БЛАГОСЛОВ Чет врток, 25 јуни
а. Со кои зборови Исус сакаше да ги охрабри читателите на пророштвата запишани во книгата Откровение? Откровение 22:7,12–14. „Господ му ги открил на својот слуга тајните што се содржат во таа книга и Тој сака тие да му бидат достапни за проучување на секого кој има желба за тоа. Нејзините вистини се наменети за оние што живеат во последните денови од земната историја, исто како и за оние што живееле во деновите на Јована. Некои од настаните опишани во тоа пророштво му припаѓаат на минатото, некои се одигруваат сега, а некои ни го предочуваат крајот на големата борба меѓу силата на темнината и небесниот Кнез, додека некои го опишуваат триумфот и радоста на откупените на обновената земја.Никој, затоа што не е во состојба да го објасни значењето и смислата на секој симбол даден во Откровението, нека не мисли дека поради тоа не е ниту потребно ниту корисно да ја истражува таа книга и да ги запознава вистините што се наоѓаат во неа. Оној, кој на Јована му ги открил овие тајни, и на трудољубивиот истражувач ќе му помогне во извесна мера да ги доживее тие небесни нешта. Луѓето, чиешто срце е отворено да ја примат вистината, ќе бидат во состојба да ги сфатат нејзините учења и тие ќе го добијат благословот ветен на оние ‘кои ја слушаат речта на пророштвото и држат што е напишано во него.’“ — Делата на апостолите, 584,585. б. Како Христос нè повикува да најдеме вечен живот и мир преку Него? Откровение 22:17; Исаија 55:1; Јован 7:37,38. „Повикот што Христос го упатил кон жедните сѐ уште одѕвонува и тој повик ни се упатува и нам со уште поголема сила, отколку на оние кои го слушнале последниот ден од празникот. Изворот е достапен за секого. На уморните и исцрпените им се нуди освежувачка напивка на вечниот живот. Исус сѐ уште зборува: ‘Ако некој е жеден, нека дојде кај Мене и нека пие.’“ — Копнежот на вековите, 454.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет ок, 26 јуни
1. Како последните зла ќе предизвикаат крај на овоземната историја? 2. Кој ќе може да опстане кога Христос ќе се врати? 3. Опиши ја целта на судот во текот на илјада години. 4. Каков ќе биде конечниот дом на искупените? 5. Дали со целото свое срце сакам да бидам дел од Божјото вечно царство?
 <<    >>