Запечатената книга повторно отворена ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „Тогаш отидов кај ангелот и му реков: „Дај ми ја книшката!” Тој ми одговори: „Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед“ (Откровение 10:9).
Предлагаме да прочитате:
Големата борба, 391-408.
„Силниот ангел што го поучуваше Јован не беше никој друг освен самиот Исус Христос.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 971.
1. МУДРИТЕ ЌЕ СВЕТАТ Недела, 10 мај
а. Опишете го искушението и победата што се откриени на крајот од последното Даниелово видение. Даниел 12:1–2.„Обратената душа живее во Христос. Нејзината темнина исчезнува, а нова небесна светлина ја осветлува душата. „Мудриот придобива човечки души.“ „Разумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда - како ѕвездите, во веки, засекогаш.“ Делото што човекот го врши во соработка со Бога никогаш нема да пропадне, туку ќе трае засекогаш. Оној што Го прави Бога своја мудрост и расте до полната мера во Христос ќе стои пред цареви и пред таканаречените великани на светот и ќе ја објавува славата на Оној што го повикал од темнина во Својата чудесна светлина. Науката и литературата не можат да внесат светлина во помрачениот човечки ум каква што може да донесе славното евангелие на Божјиот Син. Само Синот Божји може да ја осветли душата. Не е чудо што Павле извикнува: „Зашто јас не се срамам од Евангелието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин.“ Христовото евангелие станува составен дел од личноста на оние што веруваат и ги прави живи посланија, кои ги познаваат и читаат сите луѓе.“ — Fundamentals of Christian Education, pp. 199, 200.б. Како ќе изгледаат мудрите наспроти безбожните во тој ден? Даниел 12:3; Матеј 13:41–43.
2. ЗАТВОРЕНА КНИГА Понеделник, 11 мај
а. Што му беше сега речено на Даниел да направи? Даниел 12:4 (прв дел), 8, 9 (прв дел).„Додека луѓето му укажувале почитување доверувајќи му ги одговорните државни работи и тајните кои се однесувале на судбината на целото царство, Бог го почестил Даниел избирајќи го за Свој претставник и откривајќи му многу тајни во делечната иднина. Чудесните пророштва, кои сам ги забележал од седмата до дванаесеттата глава во книгата која го носи неговото име, не ги разбрал во потполност ниту тој самиот. Но пред да се заврши неговиот земски пат, му било дадено прекрасно ветување дека „при свршетокот на деновите” во завршниот период од земската историја нему повторно ќе му биде доделено да стане и да го добие својот дел. Нему не му било дадено потполно да го разбере сето она што Бог му го открил за Своите намери. ‘Затвори ги овие зборови и запечати ја оваа книга, до последното време’, му било заповедано во врска со неговите пророчки списи. ‘Оди, Даниеле’, го упатил уште еднаш ангелот верниот Господов гласник, ‘зашто се затворени и запечатени овие зборови до последното време... Оди си по својот крај; и ќе почиваш и ќе останеш на делото свое до свршетокот на деновите’ (Даниел 12:4,9,13).Бидејќи се приближуваме кон крајот на историјата на овој свет, мораме да посветиме посебно внимание на пророштвата кои ги запишал Даниел, затоа тие се однесуваат на времето во кое што живееме. Со тоа треба да се поврзат и зборовите од последната книга од Новиот Завет.“ — Пророци и цареви, 547.б. Што покажува дека зборовите на ангелот укажуваа на тајната за 2300-те денови и кога таа тајна ќе се открие? Даниел 8:17; 12:4, 9 (последен дел).„Пророштвата изнесуваат низа настани што се одигруваат до почетокот на судот. Ова е посебно случај со книгата на пророкот Даниел. Но, оној дел од неговото пророштво што се однесува на последното време, Даниел морал да го затвори и да го запечати ‘до последното време’. Дури кога ќе настапи тоа време, ќе може да биде објавена веста за судот што се темели на исполнувањето на ова пророштво. Но, во ова последно време, вели пророкот, ‘мнозина ќе ја истражуваат (таа книга) и знаењето ќе се умножи’ (Даниел 12:4).Но од 1798. година отпечатена е книгата на Даниел, пророштвото почнало сè повеќе да се сфаќа и мнозина ја објавувале свечената вест за скорешниот суд.Како и големата реформација во шеснаесеттиот век, и адвентното движење се појавило истовремено во разни христијански земји. Во Европа и Америка, луѓе од вера и молитва биле поттикнати да ги проучуваат пророштвата и на тој начин пронашле убедливи докази дека крајот на сите нешта е близу. Во разни земји се појавиле осамени групи христијани кои, проучувајќи го Светото Писмо, откриле дека доаѓањето на Спасителот е близу.“ — Големата борба, 355-357.
3. КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО Вторник, 12 мај
а. Додека Даниел гледаше и слушаше, кој свечен декрет го одреди временскиот период што води до крајот на времето? Даниел 12:5–7.б. Споредувајќи ги другите библиски текстови, одредете го времето на овој пророчки период. Даниел 7:25; Откровение 11:2–3; 12:6, 14; 13:5.„Апостол Павле ја предупредил црквата Христовото доаѓање да не го очекува во неговите денови: ‘Оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде до отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта’ (2. Солунјаните 2:3). Дури по еден голем отпад и по едно долго владеење на таканаречениот ‘човек на гревот’ можеме да го очекуваме доаѓањето на нашиот Господ. ‘Човекот на гревот’, наречен и ‘тајна на беззаконието’, ‘син на погибелта’ и ‘беззаконик’, го претставува папството кое, како што е кажано во пророштвото, ќе има превласт 1260 години. Овој период завршил во 1798. година. Христовото доаѓање не можело да се случи пред оваа година. Опомената на Павле го опфаќа целиот христијански период до 1798. година. Дури по оваа година требало да се проповеда веста за второто Христово доаѓање.“ — Големата борба, 356.в. Како ангелот го опиша периодот од 1260 години? Даниел 12:10 (прв дел).„Во тринаесеттиот век била воведена една од најстрашните творби на папството - инквизицијата. Кнезот на темнината работел заедно со водачите на папската хиерархија. На нивните тајни совети, сатаната и неговите ангели, управувале со умовите на овие зли луѓе, додека меѓу нив, иако невидлив за нивните очи, стоел еден Божји ангел кој водел еден ужасен записник за нивните безбожни одлуки, и ја пишувал историјата на делата, премногу ужасни за да можат да се изнесат пред човечките очи. „Големиот Вавилон” бил „пијан од крвта на светите“. Осакатените тела и крвта на милиони маченици викале кон Бога за одмазда над оваа отпадничка сила...Состојбата на светот под римската власт претставувала страшно и впечатливо исполнување на зборовите на пророкот Осија... ‘Нема веќе верност, нема милост, нема познавање Божјо на земјата, туку проклетство и лага, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата’ (Осија (4:6,1,2). Такви биле резултатите од отфрлањето на Божјото слово.“ — Големата борба, 59,60.
4. КНИГАТА ОТПЕЧАТЕНА Среда, 13 мај
а. Препознавајќи ја паралелата со Даниел 12:7, како пророкот Јован го виде отворањето на Даниеловото запечатено видение? Откровение 10:1–2, 5–6.„Силниот ангел што го поучуваше Јован не беше никој друг освен самиот Исус Христос. Ставајќи ја десната нога на морето, а левата на копното, Тој ја покажува Својата улога во завршните сцени на големата борба со сатаната. Таа положба ја означува Неговата врховна моќ и власт над целата земја…Јован ја виде малата книшка отпечатена. Тогаш пророштвата на Даниел го добија своето вистинско место во првата, втората и третата ангелска порака што требаше да му бидат објавени на светот. Отпечатувањето на книшката беше порака поврзана со одредено време…Тоа време за кое ангелот зборува со свечена заклетва не е крај на историјата на овој свет, ниту крај на времето на милоста, туку крај на пророчкото време што треба да му претходи на доаѓањето на нашиот Господ. Тоа значи дека народот повеќе нема да има порака врзана за точно одредено време. По овој период… кој се протега до 1844 година, повеќе нема прецизно одредување на пророчко време. Најдолгиот пресметан период достигнува до есента 1844 година.Положбата на ангелот — со една нога на морето, а со другата на копното — ја означува широката распространетост на објавувањето на пораката. Таа ќе ги премине големите води и ќе биде објавена во други земји, па дури и по целиот свет.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 971.б. Објаснете како искуството на Јован во видението за јадењето на малата книга беше паралела со искуството на адвентното движење од 1840-тите години. Откровение 10:9–11.„Времето на очекување помина, а Христос не дојде да го ослободи Својот народ. Оние што го очекуваа својот Спасител со искрена вера и со срдечна љубов, доживеаја горко разочарување. Но, Божјата намера беше постигната. Тој ги испита срцата на оние што тврдеа дека го чекаат Неговото доаѓање...Но Исус и сите небесни војски со љубов и сочувство ги гледаа проверените и разочарани верници. Кога би се подигнал невидливиот превез што го дели видливиот од невидливиот свет, тогаш би можеле да се видат ангелите како им се приближуваа на овие непоколебливи души и како ги штитат од стрелите на сатаната.“ — Големата борба, 374.
5. МЕЃУ МУДРИТЕ Четврток, 14 мај
а. Како беше опиша Даниел од Езекиел, еден од неговите современици? Езекиел 14:14.б. Како можеме и ние да бидеме меѓу мудрите, како што беше Даниел? Даниел 12:10 (последен дел); Изреки 9:10; Матеј 7:24–25.„Наскоро ќе настапи „време тешко, какво што немало откако постојат луѓето“ (Даниел 12:1), и тогаш ќе ни биде потребно искуство што сега го немаме, а кое мнозина занемаруваат да го стекнат. Често се случува очекуваната неволја да ја преувеличуваме, отколку што е во стварноста, но тоа не е случај со кризата што е пред нас. Ниту најбујната мечта не може да замисли колку тешко ќе биде искушението. Во тоа време на искушение секоја душа ќе мора да стои сама за себе пред Бога. Ако Ное, Даниел и Јов беа на земјата ‘Се колнам во Себе, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души’ (Езекиел 14:20).Сега, додека нашиот Првосвештеник врши помирување за нас, треба да настојуваме да станеме совршени во Христа. Дури ниту со една единствена мисла нашиот Спасител не попуштил пред силата на искушението. Во човечкото срце сатаната обично ќе најде некоја слаба точка која може да ја искористи како свое упориште; понекоја грешна склоност секогаш се негува што ја потврдува силата на неговите искушенија. Но Христос со право можел да каже за Себе: „Иде кнезот на овој свет и во Мене Тој нема ништо“ (Јован 14:30). Сатаната не можел да најде во Божјиот Син ништо што би му овозможило да извојува победа над Него. Исус ги одржал заповедите на својот Отец и кај Него немало грев со кој сатаната би можел да се послужи во своја корист. Тоа е состојбата во која мора да се најдат сите оние што сакаат да се одржат во времето на големата неволја.“ — Големата борба, 622,623.в. Како ангелот на крајот се прости од Даниел? Даниел 12:13.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок, 15 мај
1. Кога ќе се случи воскресението од Даниел 12:2?2. Што се случи за да биде отпечатено Даниеловото пророштво?3. Кој настан го означи почетокот на крајот на времето?4. Кое пророштво го откри отворањето на Даниеловата книга?5. Како можам да бидам сигурен дека ќе бидам меѓу мудрите?