Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
Дар во првата сабота Сабота, 2 мај 2026 За светските мисии На дваесет и четвртото делегатско заседание на Генералната конференција беа претставени многу новоотворени мисии. Нашите срца се исполнети со радост поради овој напредок во сегашната вистина, и секако се радуваме на отворањето на уште нови такви полиња, зашто целиот свет треба да биде осветлен со Божјата слава. Постојат повеќе начини на кои можеме да соработуваме во делото на спасување души на нови места. „Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен. Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда? И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: ‘Колку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто?’ (Римјаните 10:13–15). И работниците и оние што го финансираат делото се одрекуваат од себе на различни начини за да ги спасат изгубените овци. „Кога сите во нашите градови би биле во состојба да сфатат колку некогаш било тешко да се почне со работа во местата кои подоцна станале значајни центри за работа, би сфатиле дека е потребно да се има храброст за да се погледне во лице на тешкотиите и со раце подигнати кон Небото да се извикне ‘Нема да се откажеме ниту ќе ја загубиме храброста.’ Оние кои не расчистувале нови и тешки полиња, не ги познаваат тешкотиите на пионерската работа. Кога би ги сфатиле Божјите патишта, не би се радувале само на она што е направено, туку би се радувале и за иднината на делото. Браќа мои, нема причина за малодушност. Доброто семе се сее. Бог ќе го чува, ќе му даде да порасне и да донесе богат род. Имајте на ум дека многу потфати за спасение на души, на почетокот се развивале среде големи тешкотии.“ - 7 Сведоштво, 242. „Секој денар што го поседуваме му припаѓа на Господ. Наместо да ги трошиме средствата на непотребни работи, треба да ги вложиме како одговор на повиците на мисионското дело. Со отворањето на нови полиња, повиците за финансиска помош постојано се умножуваат.“ – Historical Sketches, 293. Поради ова, драга браќа, сметаме на вашите дарежливи, изобилни, но пред сè сочувствителни дарови! Додека го издвојувате својот Дар за првата сабота, размислете колку многу сте примиле од Бога. Тој ќе го умножи вашиот дар и ќе ги претвори во благослов — за вас, за вашето семејство и за оние на кои им е потребна помош во време на тешкотии. Поради тоа, денешниот дар од првата сабота го собираме за светските мисии — фонд што е многу потребен во овој момент. Нека Господ го благослови секој што дава, за да приложи со радост, во самоодрекување и вера — и нека го награди секого за тоа. Вашите браќа од Генералната конференција
 <<    >>