Трите ангели ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници“ (Откровение 14:12).
Предлагаме да прочитате:
Рани списи, 232-261.
„Ми беа прикажани три степени — првата, втората и третата ангелска порака. Мојот ангел придружник рече: ‘Тешко на оној што ќе измени и најмал дел од овие пораки. Правилното разбирање на овие пораки е од животно значење.’“ — Рани списи, 258.
1. АНГЕЛИТЕ ВО ОТКРОВЕНИЕ Недела, 7 јуни
а. Спореди и разгледај ги разликите меѓу различните видови весници претставени со ангели. Откровение 1:20; 10:1,5; 11:1; 22:8.б. На кој начин Бог испраќа порака до секое човечко суштество на земјата? Римјаните 10:13–15.„За свои претставници меѓу луѓето Бог не ги бира ангелите кои никогаш не паднале, туку човечки суштества, со исти чувства и склоности како и оние кои треба да ги спасуваат. Христос се вознел во човечка природа за да може да допре до луѓето. На светот му бил потребен Спасител со божествено- човечка природа за да му донесе спасение. А сега, на луѓето им е доверена света задача ‘Христовото богатство, кое не може целосно да се сфати’ (Ефесјаните 3:8), да му го објават на своите ближни.“ — Делата на апостолите, 134.„Ние сме повикани во соработка со ангелите да го прикажуваме Исуса на светот... бидејќи каналот за врска со човекот мора да биде човек. И кога со цело свое срце ќе му се предадеме на Христа, ангелите се радуваат што можат преку нашите гласови да ја откријат Божјата љубов.“ —Копнежот на вековите, 297.в. Кој е симболизиран со ангелите од Откровение 14:6–12 и со нивната мисија? Матеј 28:19,20; Дела 1:8.„Ангелите се прикажани како летаат среде небото, објавувајќи му на светот порака на предупредување… Никој не го слуша гласот на овие ангели, затоа што тие се симбол што го претставува Божјиот народ кој работи во хармонија со небесната вселена.“ — Selected Messages, bk. 2, p. 387.
2. ПРВИОТ АНГЕЛ Понеделник, 8 јуни
а. Кому првиот ангел ја носи својата порака? Откровение 14:6.„Пророштвото запишано во 14. глава на Откровението, претставува појава на едно силно верско будење како резултат на проповедањето на веста за скорeшното Христово доаѓање...Летот на ангелот ‘среде небото’, ‘високиот глас’ со кој се проповеда веста и нејзиното ширење меѓу сите ‘жители земни’ – ‘на секое племе и колено, јазик и народ’ - ја покажуваат брзината со која се шири движењето и неговата светска распространетост.“ — Големата борба, 355.б. Како првиот ангел го насочи вниманието кон Бог како Творец? Откровение 14:7; Создавање 1:1; Ефесјаните 3:9.в. Размислете за тоа како адвентното движење се поистовети со пораката на првиот ангел и со претстојниот суд во своето проповедање за скорото Христово доаѓање. Даниел 7:26,27; 8:14; Дела 17:30,31.„На Вилијам Милер и на неговите соработници им беше дадена задача да ја проповедаат адвентната вест во Америка. Оваа земја стана средиште на големото адвентно движење. Овде директно се исполни пророштвото на првата ангелска вест. Милеровите списи и списите на неговите другари беа однесени во најоддалечените земји. Каде и да пристигнеа мисионери, беше објавена и радосната вест за скорешното Христово доаѓање. На сите страни се ширеше веста на вечното евангелие: ‘Имајте стравопочит кон Бога и подајте Му слава зашто настапи часот на Неговиот суд’.Сведочењето на пророштвото кое, како што се чинело тогаш, укажувало на второто Христово доаѓање во пролетта 1844. година, оставило длабок впечаток врз народот. Како што се ширеше веста од држава во држава, насекаде настануваше големо будење. Мнозина беа осведочени дека доказите, засновани на пророчкото сметање на времето се исправни, и напуштајќи ги своите лични мислења, со радост ја прифаќаа вистината. Некои проповедници ги отфрлија своите тесногради погледи и чувства, се откажаа од своите плати и од своите цркви и се соединија во објавувањето на повторното Исусово доаѓање. Но, сразмерно малку беа проповедниците што ја прифатија оваа вест; затоа таа во поголема мера им беше доверена на понизните лаици. Земјоделците ги напуштаа своите полиња, занаетчиите своите работилници, трговците својот добиток, службениците своите положби; сепак, бројот на работниците беше недоволен во однос на делото што требаше да се изврши. Состојбата во која се наоѓаше безбожната црква и светот потонат во зло ги тиштеа душите на верните стражари и тие доброволно поднесуваа неволји, страдања и скудност за да можат да ги повикаат луѓето на покајание и спасение. Иако сатаната им се противеше, делото сепак постојано напредуваше, а вистината за повторното Христово доаѓање ја прифатија многу илјадници.“ —Големата борба, 368.
3. ВТОРИОТ АНГЕЛ Вторник, 9 јуни
а. Што вели вториот ангел за духовната состојба на оние што тврдат дека се Христова црква? Откровение 14:8.„Што е тоа вино? — Тоа се лажните учења на Вавилон. Вавилон му даде на светот лажна сабота наместо саботата од четвртата заповед и ја повтори лагата што сатаната првпат ѝ ја кажа на Ева во Едем — дека душата е природно бесмртна. Надалеку и нашироко рашири многу слични заблуди, ‘учејќи науки, што се човечки заповеди’ (Матеј 15:9).“ — Selected Messages, bk. 2, p. 118.„Вавилон негуваше отровни учења — виното на заблудата. Тоа вино на заблудата се состои од лажни учења, како што се: природната бесмртност на душата, вечното мачење на безбожниците, негирањето на Христовото постоење пред Неговото раѓање во Витлеем и застапувањето и возвишувањето на првиот ден од седмицата над Божјиот свет и осветен ден. Овие и сродни заблуди им се претставуваат на светот од страна на разни цркви, и така се исполнува Писмото што вели: ‘Зашто зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство.’“ — Testimonies to Ministers, pp. 61, 62.б. Опишете како оние што веруваа во вистинитоста на адвентното движење го разбраа своето прво разочарување, откритието за вистинскиот завршеток на 2300-те денови и налогот упатен до нив да се одвојат од оние што ја отфрлија пораката. Авакум 2:3; Матеј 25:6.„Во летото 1844 година, во средината на времето кога првпат се очекуваше крајот на 2300 денови, и есента истата година, кога тие денови навистина истекле, како што се докажа подоцна, веста се објавуваше со библиските зборови: ‘Еве го младоженецот, излезете да го пречекате!’Она што доведе до ова движење беше откритието дека декретот на Артаксеркс за обнова на Ерусалим, кој беше појдовна точка на пророчкото време од 2300 дена, стапил во сила есента 457 година пред Христа, а не на почетокот на таа година, како што се мислеше порано. Ако овие 2300 години почнуваат есента 457 година пред Христа, тогаш овој период завршува во есента 1844 година.“ — Големата борба, 398,399.„Бидејќи црквите одбија да ја примат пораката на првиот ангел, ја отфрлија светлината од небото и отпаднаа од Божјата наклонетост. Се потпреа на сопствената сила и, спротивставувајќи се на првата порака, се ставија во положба во која не можеа да ја видат светлината на пораката на вториот ангел. Но Божјите возљубени, кои беа угнетувани, ја прифатија пораката: ‘Падна Вавилон,’ и ги напуштија црквите.“ — Рани списи, 237.
4. ТРЕТИОТ АНГЕЛ Среда, 10 јуни
а. Какво запрепастувачко предупредување доаѓа од третиот ангел? Откровение 14:9–11.„Најстрашна закана, која некогаш им е упатена на смртниците, е содржана во пораката на третиот ангел. Гревот за кој тука станува збор, и што го предизвикува излевањето на Божјиот гнев непомешан со милост, мора навистина да е страшен. Луѓето не смеат да останат во темнина во врска со овој мошне важен предмет. Предупредувањето против овој грев треба да му се објави на светот уште пред излевањето на Божјите судови за сите да можат да знаат зошто тие треба да се излеат и да им се даде можност да ги избегнат... Според пророштвото, оваа опомена ќе биде објавена ‘со силен глас’ од страна на еден ангел кој лета среде небото и кој ќе го привлече на себе вниманието на целиот свет.“ —Големата борба, 449,450.б. На кој начин светите се издвојуваат во времето на пораката на третиот ангел? Откровение 14:12.„Поклониците на вистинскиот Бог особено ќе се одликуваат со држење на четвртата заповед, бидејќи тоа е знак на Божјата создавачка сила и сведоштво за Неговото право на стравопочитување и уважување од страна на човекот. Безбожниците ќе се препознаат по своето настојување да ја омаловажуваат саботата која како споменик потсетува на Творецот и да ја издигнат институцијата на Рим (неделата). По исходот од борбата, целокупното христијанство ќе биде поделено на две големи групи - на оние кои ги држат Божјите заповеди и верата Исусова, и оние кои се поклонуваат на белегот и Неговата биста и го примаат Неговиот белег. Иако црквата и државата ќе ги соединат своите сили за да ги присилат сите ‘мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови’ за да го примат белегот на ѕверот, народот Божји сепак нема да го прими. (Откровение 13:16)." — 9 Сведоштво, 16,17.в. Како е опишано ширењето на пораката на третиот ангел? Откровение 7:2,3.„На состанок одржан во Дорчестер, Масачусетс, во ноември 1848 година, ми беше дадено видение за објавувањето на пораката за запечатувањето и за должноста на браќата да ја објавуваат светлината што ја осветлуваше нашата патека.Откако излегов од видението, му реков на мојот сопруг: ‘Имам порака за тебе. Мораш да почнеш да печатиш еден мал весник и да го испраќаш до луѓето. Нека на почеток биде мал; но кога луѓето ќе почнат да го читаат, ќе ти испраќаат средства за печатење, и делото ќе биде успешно уште од самиот почеток. Ми беше покажано дека од тој мал почеток ќе потечат струи светлина што ќе се рашират по целиот свет.’“ – Life Sketches, p. 125.
5. ВРВОТ НА ПОРАКАТА Четврток, 11 јуни
а. Како ќе се исполни проречениот благослов за оние што умреле во вера за време на објавувањето на пораката на третиот ангел? Откровение 14:13; Даниел 12:2.„На полноќ Бог одлучи да го избави Својот народ. Додека злите се потсмеваа околу нив, одеднаш се појави сонцето, сјаејќи во својот полн сјај, а месечината застана. Злите го гледаа тој призор со запрепастување, додека светиите со свечена радост ги набљудуваа знаците на своето избавување. Знаци и чуда следеа брзо едно по друго. Сè изгледаше изместено од својот природен тек. Потоците престанаа да течат. Темни, тешки облаци се насобраа и се судираа еден со друг. Но на едно место се гледаше јасен сјај на постојана слава, од каде доаѓаше Божјиот глас како шум на многу води. Настана силен земјотрес. Гробовите се отворија и оние што умреа во вера во времето на пораката на третиот ангел, пазејќи ја саботата, излегоа од своите прашливи лежишта прославени, за да го слушнат заветот на мирот што Бог ќе го склучи со оние што го пазеле Неговиот закон.“ — Рани списи, 285.б. Што ќе се случи кога пораките на тројцата ангели ќе бидат приведени кон својот крај? Откровение 14:14–16; Марко 4:26–29.„Видов ангели како брзаат наваму-натаму по небото. Еден ангел, со писарска мастилница покрај себе, се врати од земјата и го извести Исуса дека неговата работа е завршена и дека светиите се преброени и запечатени. Потоа го видов Исуса, кој служеше пред ковчегот што ги содржеше десетте заповеди, како ја фрли кадилницата. Тој ги подигна Своите раце и со силен глас рече: ‘Свршено е.’“ — Рани списи, 279.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок, 12 јуни
1. Зошто Бог го направил проповедањето на евангелието зависно од човечки орудија?2. На кој начин пораката на првиот ангел го обиколи светот?3. Опиши ја причината за давањето на пораката на вториот ангел.4. Која разлика ја истакнува пораката на третиот ангел?5. Кој настан ќе се случи по завршувањето на пораките на тројцата ангели?