Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
САБОТА, 9 МАЈ 2026 6 ЛЕКЦИЈА
Видението објаснето ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до доаѓањето на Помазаникот Божји се седум седмици. Потоа ќе биде обновен Ерусалим со улици и ѕидини, и ќе опстои шеесет и две седмици; а тоа ќе биде тешко време“ (Даниел 9:25).
Предлагаме да прочитате:   Големата борба, 409–422. 
„Ангелот е пратен кај Даниел со посебна цел да му го објасни она што не го сфатил од видението во осмата глава, а тоа е извештајот во врска со времето.“ — Големата борба, 326.

1. ЧИТАЈ ЗА ДА РАЗБЕРЕШ Нед ела, 3 мај
а. Што, отприлика во времето на освојувањето на Вавилон од страна на Медијците и Персијците, проучуваше Даниел? Даниел 9:1–2. „Додека оние што останаа верни на Бога среде Вавилон Го бараа Господа и ги проучуваа пророштвата што го најавуваа нивното ослободување, Бог ги подготвуваше срцата на царевите да покажат наклонетост кон Својот покајнички народ.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 4, p. 1172. б. Објаснете го значењето на пророштвото што го читаше Даниел. Еремија 25:8–14. в. На што го поттикнаше Божјиот народ пророштвото на Еремија? Еремија 29:10–14. „(На прогонетите) на дофат им биле и списите на Еремија во кои јасно е укажано за времето кое ќе протече пред Израел да се ослободи од Вавилон... А на остатокот на Јуда ќе му биде укажана наклонетост како одговор на срдечната молитва.“ — Пророци и цареви, 552.

2. ДАНИЕЛОВАТА МОЛИТВА Пон еделник, 4 мај
а. Што направи Даниел како одговор на она што го прочита? Даниел 9:3. „Засновувајќи ја својата вера на верната пророчка реч, Даниел се молел на Господа брзо да ги исполни ветувањата. Тој се молел за да се сочува Божјата чест, и во своите молитви потполно се изедначил со оние кои не ја исполнувале Божјата волја, признавајќи ги нивните гревови како свои.“ — Пророци и цареви, 554,555. б. Откако ќе ја прочитате Даниеловата молитва, какви заклучоци можете да извлечете за тоа како тој се понижи и се заложи за народот пред Бога? Даниел 9:4–19. „Пред тоа, тој бил долго време во службата Божја и небото за него говорело како за ‘мил човек’, но сепак Даниел излегол пред Бога како грешник, укажувајќи на големата потреба на својот љубен народ.“ — Пророци и цареви, 555. в. За што беше особено загрижен Даниел? Даниел 9:16–17. „Речиси седумдесет години Израил беше во ропство. Земјата што Бог ја избра за Себе беше во рацете на незнабошците. Возљубениот град, примател на небесната светлина, некогаш радост на целата земја, сега беше презрен и понижен. Храмот што го содржеше ковчегот на Божјиот завет и херувимите на славата што го засолнуваа престолот на милоста лежеше во урнатини. Самото негово место беше осквернето од безбожни нозе. Верните луѓе што ја знаеја поранешната слава беа исполнети со длабока болка поради запустеноста на светиот храм што го издвојуваше Израил како Божји избран народ. Тие беа сведоци на Божјите опомени поради гревовите на народот. Беа сведоци и на исполнувањето на тие зборови. Но беа сведоци и на ветувањата за Божја наклонетост ако Израил се врати кон Него и оди внимателно пред Него. Стари, поседени поклоници одеа во Ерусалим да се молат меѓу неговите урнатини. Ги бакнуваа неговите камења и ги натопуваа со своите солзи, додека Го молеа Господа да се смилува на Сион и да ја покрие со славата на Својата праведност. Даниел знаеше дека одреденото време на израилското ропство се приближува кон крај; но не мислеше дека, бидејќи Бог ветил избавување, тие немаат своја улога. Со пост и скрушеност го бараше Господа, признавајќи ги своите гревови и гревовите на народот.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 4, p. 1172.

3. НЕБЕСЕН ПОСЕТИТЕЛ Вто рник, 5 мај
а. Како беше прекината молитвата на Даниел? Даниел 9:20–21. „Небото длабоко се спуштило за да ја слушне пророковата срдечна молитва. И пред пророкот да ја заврши молитвата за простување и помош, моќниот Гаврил повторно се појавил пред него.“ — Пророци и цареви, 556.„Оваа божествена порака ангелот Гаврил, му ја пренел на пророкот Даниел, ангел, кој според рангот доаѓа веднаш по Божјиот Син... Бог ни ги дал овие нешта, а Неговиот благослов ќе го следи стравопочитувачкото проучување на пророчките книги придружувано со молитва.“ — Копнежот на вековите, 234. б. Која беше целта на посетата на Гаврил и како е поврзана со видението од осмото поглавје? Даниел 9:22–23. „(Гаврил) му обрнал внимание на видението кое што го имал пред падот на Вавилон и Валтасаровата смрт.“ — Пророци и цареви, 556.„Бог му заповедал на Својот пратеник: ‘Гавриле, објасни му го видението!’ Оваа заповед морала да се изврши и затоа ангелот подоцна се вратил кај Даниел и му рекол: ‘Даниеле, сега излегов да те научам да разбираш’. ‘Внеси се во зборот и разбери го видението’ (Даниел 9:22,23). Во споменатото видение во осмата глава останала необјаснета само една точка, и тоа периодот од 2300 денови; затоа ангелот, кога се вратил, се задржал исклучиво на прашањето на времето.“ — Големата борба, 325. в. Кој временски период беше одреден за еврејскиот народ и што требаше да се оствари во текот на тој период? Даниел 9:24. „Суштината на Христовото проповедање била: „Се исполни времето и се приближи Божјото царство. Покајте се и верувајте во евангелието”. На тој начин, евангелската порака што ја објавил Спасителот се засновала на пророштвата. „Времето“ за кое Тој рекол дека се исполнило, бил периодот што ангелот Гаврил му го објавил на Даниел... Еден ден во пророштвата претставува една година. (Види Броеви 4:34; Езекиел 4:6) Седумдесет седмици или четиристотини и деведесет дена, претставуваат четиристотини и деведесет години.“ — Копнежот на вековите, 233.

4. ПОЧЕТОКОТ ОТКРИЕН Сре да, 6 мај
а. Кој значаен царски декрет требаше да го означи почетокот на седумдесетте седмици? Даниел 9:25. „Заповедта за обнова и ѕидање на Ерусалим што ја издал Артаксеркс Лонгиманус, стапила на сила есента во 457. година пред Христа. (Види Ездра 6:14; 7:1,9) Тој период од четиристотини и осумдесет и три години се протега до есента 27 година по Христа.“ — Копнежот на вековите, 233. б. Опишете ги одредбите содржани во декретот со кои се исполни ова пророштво. Ездра 7:11–13, 21–27. „Господ… го поттикна срцето на царот, така што Ездра најде наклонетост пред него. Царот му стави во рацете изобилни средства за обновување на храмот и им овозможи на Евреите да се вратат.“ – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 3, p. 1134. в. Што пророштвото исто така претскажа за службата на Месијата? Даниел 9:26 (прв дел), 27 (прв дел). „Според пророштвото, тој период требало да достигне до Месијата Помазаникот. Во 27. година по Христа, при своето крштевање Исус Христос примил помазание од Светиот Дух и набргу потоа започнала неговата јавна служба. Тогаш била објавена веста: ‘Се исполни времето’.Ангелот рекол: ‘И ќе го потврди заветот со мнозина во една седмица (седум години)’. Седум години откако започнала мисијата на Спасителот, евангелието требало да им се проповеда на Евреите, и тоа: Прво три и пол години Христос, а потоа исто толку и Неговите ученици. ‘Во половина на седмицата Тој ќе направи жртвата и приносот да прекратат’. (Даниел 9:27) Пролетта 31. година од н.е. Христос, вистинската Жртва, е принесена на Голгота. Тогаш завесата во храмот била расцепена на два дела, со што е покажано дека исчезнала светоста и значењето на жртвената служба. Настапило времето да прекратат земната жртва и принос.Една седмица седум години завршила 34. година по Христа. Тогаш Евреите со каменувањето на Стефан конечно го отфрлиле евангелието. Учениците кои поради прогонството се расеале низ други земји, ‘отишле насекаде проповедајќи ја Речта’. (Дела 8:4) Набргу потоа прогонувачот Савле се обратил и станал Павле апостол на незнабошците.“ — Копнежот на вековите, 233.

5. СЕДУМДЕСЕТТЕ СЕДМИЦИ НАВРШЕНИ Чет врток, 7 мај
а. Која трагедија требаше да се случи по завршувањето на 490-те години? Даниел 9:26 (последен дел), 27 (последен дел); Лука 21:20. „Долгото Божјо трпение кон Ерусалим уште повеќе ги зацврстило Евреите во нивното упорно непокајание... Во својата слепост и богохулна дрскост, поттикнувачите на овие дрски постапки ‘патриотски’ изјавувале дека не се плашат од можноста Ерусалим да биде разорен, зашто тој е Божји град. Со цел власта уште повеќе да ја зацврстат, поткупиле лажни пророци кои, дури и тогаш кога римските легии го опколиле храмот, објавувале дека народот треба да очекува ослободување од Бога. Сѐ до последен момент народот цврсто верувал дека Севишниот ќе се вмеша и ќе ги уништи нивните непријатели. Но Израел со презир ја отфрлил божествената заштита и сега немал никаква одбрана. Несреќниот Ерусалим најнемилосрдно бил растргнат со внатрешни судири, неговите улици биле црвени од крвта на неговите деца што меѓусебно се колеле, додека туѓите армии ги разорувале неговите тврдини и ги убивале неговите војници.“ — Големата борба, 28,29. б. Откако го разјаснивме овој прв дел од пророчките денови, што сега можеме да препознаеме? Даниел 8:14; 9:24. „Така, јасно се исполнил секој дел од ова големо пророштво. Седумдесетте седмици, што без никакво сомневање почнале во 457 година пред Христа, завршиле во 34 година по Христа. Поаѓајќи од наведениот датум, не е тешко да се најде крајот на пророчките 2300 денови. Ако седумдесетте седмици или 490 дена ги отсечеме од 2300 дена, ни остануваат уште 1810 дена. Откако завршиле 490 дена, останале уште да се исполнат 1810 дена. Сметајќи од 34 година по Христа, преостанатите 1810 години допираат до 1844 година. Според тоа, 2300 дена од Даниел 8:14 завршуваат во 1844 година. По истекувањето на тоа големо пророчко време, според сведоштвото на Божјиот ангел, ‘Светилиштето ќе биде очистено’. На тој начин точно било утврдено времето на очистување на Светилиштето.“ — Големата борба, 328.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет ок, 8 мај
1. Иако и самиот бил пророк, што сакал Даниел да разбере? 2. Зошто Даниел се вклучи и себе во молитвата на покајание за поранешните гревови на Израел? 3. Како со сигурност знаеме дека Даниел 9 ја разрешува тајната од Даниел 8? 4. Објасни го настанот што го означи почетокот на пророштвото од 490 години? 5. Опиши го уништувањето на Ерусалим, како што го претскажаа Даниел и Исус?
 <<    >>