Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
САБОТА, 18 АПРИЛ 2026 3 ЛЕКЦИЈА
Откриени идните царства ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „Тој ги контролира времињата и годините, соборува цареви и поставува цареви, дава мудрост на мудри и знаење на разумни“ (Даниел 2:21).
Предлагаме да прочитате:   Пророци и цареви, 491–502. 
„Силата на народот и на поединецот не почива врз материјални средства што ги прават непобедливи во очите на луѓето, ниту се наоѓа во самофалната големина. Таа сила се мери со верноста со која тие ја остваруваат Божјата намера.“ — Пророци и цареви, 502.

1. ВПЕЧАТЛИВ СОН Нед ела, 12 април
а. Што заповеда царот Навуходоносор откако се разбуди од вознемирувачкиот сон? Даниел 2:1, 2. б. Како одговорија царските советници на неговото необично барање? Даниел 2:3-7. „Царот знаел дека, ако тие навистина умеат да му го протолкуваат сонот, тогаш ќе можат да му кажат и што сонувал. Господ, во Своето провидение, му го дал на Навуходоносор овој сон, но направил царот да ги заборави неговите подробности — кои оставиле толку страшен впечаток врз неговиот ум — за да се разоткријат измамите на вавилонските мудреци.“ — Посветен живот, 34. в. И покрај нивните тврдења дека се поврзани со духовниот свет и задгробниот живот, што признаа овие вавилонски мудреци? Даниел 2:8-11. „Плашејќи се од последиците од својот неуспех, волшебниците се обиделе да го убедат царот дека неговото барање е наразумно, дека било кога некогаш не е побарано такво нешто од некој човек.“ — Пророци и цареви, 492.

2. ДАНИЕЛ ИНТЕРВЕНИРА Пон еделник, 13 април
а. Како реагира царот на неуспехот на мудреците да го откријат и протолкуваат неговиот сон, и како се вмеша Даниел? Даниел 2:12-16. „Со цел да се изврши царската наредба, старешините помеѓу останатите го побарале Даниел и неговите другари. Кога му било кажано дека според царската наредба и тој мора да биде погубен, Даниел „со мудри и умни зборови” го запрашал Ариох, заповедникот на стражарите: „Зошто е дадена таква брза наредба од царот?” Ариох му ја раскажал царевата загриженост во врска со необичниот сон и дека не успеал да добие помош од оние врз кои до тогаш имал целосна доверба. Слушајќи го ова, Даниел ризикувајќи го животот се осмелил да излезе пред царот, молејќи да му остави време за да му се обрати на Бога со молба да му го открие сонот и неговото значење.Владетелот го задоволил барањето. ‘Потоа отиде Даниел во домот свој, и им ја кажа работата на Ананиј, Мисаил и Азариј, своите другари’. Заедно побарале мудрост од Изворот на светлината и знаењето. Верата им била силна, зашто биле свесни дека Бог ги поставил на тоа место, да го работат Неговото дело извршувајќи ја својата должност.“ — Пророци и цареви, 493. б. Што можеме да научиме од начинот на кој Даниел и неговите другари се молеа во оваа прилика? Даниел 2:17-23. „Во денови на збунетост и опасност, тие секогаш Му се обраќале за водство и заштита, и Тој секогаш им пружал помош. Сега со смерни срца повторно се покориле пред Судијата на цела земја, молејќи Го да им подари ослободување во моментот на оваа посебна неволја. И залудно не се молеле. Бог кого го почитувале, и сам одговорил со почитување. Духот Господов почивал врз нив, и на Даниел ‘во ноќно видение’ му бил откриен царевиот сон и неговото значење.“ — Пророци и цареви, 493,494.„(Четворицата Евреи) не залудно ја побараа Божјата милост. Потоа Даниел ги собра своите другари и Му заблагодарија на Бога што ги слушна и ги услиши нивните молитви, па Му принесоа жртва на пофалба и благодарност, која на Владетелот на вселената Му беше целосно прифатлива.„И рече тогаш Даниел: Нека е благословено името на Господ од века и довека, зашто во Него има мудрост и сила. Тој ги контролира времињата и годините, соборува цареви и поставува цареви, дава мудрост на мудри и знаење на разумни.Тој открива што е длабоко и сокриено, знае што има во темнината и светлината живее со Него“.Даниел и неговите другари се собраа во молитва, и целиот небесен универзум се соедини со нив во благодарност.“ — The Youth’s Instructor, November 22, 1894.

3. НЕОБИЧЕН ЛИК Вто рник, 14 април
а. Како му се обрати Даниел на Навуходоносор во врска со откривањето на неговиот сон? Даниел 2:24-30. „Замислете го еврејскиот пленик, мирен и сталожен, во присуство на најмоќниот цар на светот. Во своите први зборови тој истакнал пред сѐ, дека честа не му припаѓа на Данило, туку на Бога како Извор на секоја мудрост. На загриженото царево прашање: ‘Можеш ли да ми го кажеш сонот што го сонив и што значи?’ Даниел одговорил: ‘Тајните кои што не можат мудреците да му ги кажат ниту ѕвездарите ниту волшебниците ниту гатачите. Туку има Бог на небото кој ги открива тајните и му соопшти на царот Навуходоносор она што ќе биде во последните денови.’“ — Пророци и цареви, 494-497.„Еврејскиот заробеник стоеше пред владетелот на најмоќното царство што сонцето некогаш го осветлило. И покрај своето богатство и слава, Навуходоносор беше во голема душевна мака, а младиот прогнаник беше спокоен и среќен во својот Бог. Тогаш, повеќе од кога било, Даниел имаше можност да се возвиши — да ја истакне сопствената добрина и својата надмоќна мудрост. Но неговиот прв чекор беше да се откаже од секоја чест за себе и да го возвиши Бога како Извор на мудроста.“ — The Youth’s Instructor, September 1, 1903. б. Опишете го ликот што царот го виде во својот сон. Даниел 2:31-33. „Слушајќи со свечено внимание како се изнесува секој детал, царот го препозна сонот што толку го вознемируваше и беше подготвен благонаклоно да го прими неговото толкување.“ – The Youth’s Instructor, 1 септември 1903.„Царот над царевите се подготвувал да ја изнесе големата вистина на вавилонскиот владетел. Бог сакал да покаже дека Тој всушност владее над царевите на овој свет, дека има моќ да поставува и да соборува цареви. Требало во граници на можностите да разбуди кај Навуходоносор чувство на одговорност кон Небото. Пред него ќе се откријат случувањата на иднината, сѐ до крајот на векот.“ — Пророци и цареви, 498. в. Што се случи со ликот додека царот го гледаше? Даниел 2:34, 35.

4. СОНОТ ПРОТОЛКУВАН Сре да, 15 април
а. Кое беше значењето на главата направена од злато? Даниел 2:36-38. „Под царот Навуходоносор, Вавилон беше најбогатото и најмоќното царство на земјата. Дури и перото на вдахновението може само бледо да го опише неговото богатство и сјај.“ — The Youth’s Instructor, September 29, 1903. б. Кои царства беа означени со следните метали? Даниел 2:39, 40. „Пророците претскажувале подигнување и напредок на големите светски царства Вавилон, Медо-Персија, Грција и Рим „.“ — Пророци и цареви, 535.„Даниел… му објави на Навуходоносор дека неговото царство ќе биде заменето. Неговата величина и моќ во Божјиот свет ќе имаат свое време, по кое ќе се издигне второ царство, кое исто така ќе има свој период на испит — дали ќе го возвишува единствениот Владетел, единствениот вистински Бог. Ако не го направи тоа, неговата слава ќе избледи и трето царство ќе го заземе неговото место. Испитано преку послушност или непослушност, и тоа ќе помине; а четвртото, силно како железо, ќе ги потчини народите на светот. Овие предвидувања на Бесконечниот, запишани на пророчките страници и проследени низ историјата, се дадени за да покажат дека Бог е владејачката сила во работите на овој свет. Тој ги менува времињата и периодите, ги отстранува царевите и поставува цареви за да ја исполни Својата намера.“ — The Youth’s Instructor, September 29, 1903.„Вавилон пропадна затоа што во својот просперитет го заборави Бога и славата на својот просперитет ја припиша на човечките достигнувања.Медо-персиското царство беше погодено од небесниот гнев затоа што во тоа царство Божјиот закон беше прегазен. Стравот Господов немаше место во срцата на луѓето. Преовладувачките влијанија во Медо-Персија беа злоба, богохулење и расипаност.Царствата што следуваа беа уште поподли и поискварени. Тие се влошуваа и пропаѓаа затоа што ја отфрлија верноста кон Бога. Како што Го забораваа, тонеа сè пониско и пониско на скалата на моралните вредности.“ — The Youth’s Instructor, September 22, 1903. в. По што се разликуваа царствата претставени со стапалата и прстите? Даниел 2:41-43. „Положбата на сегашната генерација е, според ликот што го видел Навуходоносор, прикажана со меѓусебно раздвоени прсти на нозете, кои се составени од толку трошен материјал што не е можно да се одржат заедно.“ — 1 Сведоштво, 360.

5. БОЖЈОТО ЦАРСТВО ЌЕ СТОИ ДОВЕКА Чет врток, 16 април
а. Кое царство ќе стави крај на целиот систем на светски сили? Даниел 2:44, 45. „Сонот за големиот лик, кој на Навуходоносор му ги открил случките до крајот на земската историја, бил даден за тој да разбере каква улога треба да одигра во историјата на светот и во каков однос би требало да биде неговото царство кон небесното царство. Во толкувањето на сонот јасно му било покажано на воспоставување на вечното Божјо царство.“ — Пророци и цареви, 503. б. Кога ќе започне славното владеење на Божјото царство? Јован 18:36; Матеј 25:31-34; 26:64; Откривење 6:15-17. „Нашето царство не е од овој свет. Ние очекуваме нашиот Господ да дојде од небото со сила и слава, да ги укине сите овоземни сили и власти и да го воспостави Своето вечно царство... Пророштвото покажува дека големиот Божји ден е мошне близу, и дека нагло се приближува .“ — 1 Сведоштво, 360. в. Како одговори царот на Даниеловиот успех во откривањето на неговиот сон? Даниел 2:46-49. „Објаснувањето на сонот од страна на Даниел го наведе царот да му укаже чест и достоинство нему и на неговите другари… Тројцата другари на Даниел беа поставени за советници, судии и управители во земјата. Тие не се исполнија со гордост, туку видоа и се радуваа што Бог беше признат над сите земни владетели и што Неговото царство беше возвишено над сите земни царства.“ — The Youth’s Instructor, September 8, 1903.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет ок, 17 април
1. Што откри царот Навуходоносор во врска со своите доверливи мудреци? 2. Што е значајно во фактот што молитвата на благодарност на Даниел е запишана, но не и неговата молитва со која бара помош? 3. И покрај тоа што беше најмудриот човек во Вавилон, каква особина имаше Даниел? 4. Опиши ги карактеристиките на царствата претставени со различните материјали. 5. Кога ќе се исполни делот од сонот во врска со каменот?
 <<    >>