Змевот, жената и остатокот ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос“ (Откровение 12:17).
Предлагаме да прочитате:
Големата борба, 582-592.
„Слободата на совеста, која била платена со толку многу жртви, нема повеќе да се почитува. Во судирот што ќе избие наскоро, ќе видиме исполнување на зборовите на пророкот.“ — Големата борба, 592.
1. ОТКРИЕНАТА ЦРКВА Недела, 24 мај
а. Што се гледа на почетокот на четвртото видение на Јован? Откровение 12:1.б. Во библиската симболика, што е предвидено да претставува жената? 2. Коринтјаните 11:2; Езекиел 23:2–4; Откровение 17:3–6.„Во Откровение 17. глава Вавилон е прикажан како жена - слика која се користи во Библијата како симбол на црква. Жената полна со доблести ја претставува чистата црква, а неморалната жена отпаднатата црква.Во Библијата светиот и траен карактер на односот меѓу Христа и Неговата црква се прикажува со брачна врска. Господ Својот народ го соединил со Себе со свечен завет и ветил дека ќе биде негов Бог, а народот се обврзал дека ќе му припаѓа Нему и само Нему. Тој вели: ‘Ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и справедливост, во благослов и милосрдност’ (Осија 2:19). И повторува: ‘Јас сум ваш маж’ (Еремија 3:14). И Павле го употребува истиот израз во Новиот завет кога кажува: ‘Ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица’ (2 Коринтјаните 11:2).“ — Големата борба, 381.
2. ЦРКВАТА ВО СУДИР Понеделник, 25 мај
а. Низ какви породилни маки помина црквата во исчекување на детето Месија? Откровение 12:2; Исаија 9:6; Лука 2:25–32.„Зборовите што ги изговорил Јаков при својата смрт ги исполниле со надеж: ‘Нема да се оддалечи жезолот од Јуда, ниту палката владеачка од кај неговите нозе, додека не дојде Шајло’. (Создавање 49:10) Опаѓањето на силата на Израел сведочело дека доаѓањето на Месијата е близу. Даниеловото пророштво ја опишало славата на Неговото владеење, над империја што ќе ги наследи сите земни царства и пророкот кажува дека ‘тоа ќе стои довека’. (Даниел 2:44) Малку имало такви, кои ја сфатиле природата на Христовата мисија, а многумина очекувале моќен Владетел, Кој ќе воспостави свое царство во Израел и Кој ќе дојде како Ослободител на народите.Времето се навршило. Човештвото, станувајќи сѐ повеќе расипано поради вековните престапи, копнеело по доаѓањето на Откупителот.“ — Копнежот на вековите, 34.б. Која граѓанска власт е претставена со големиот црвен змев? Откровение 12:3.„Под симболите на големиот црвен змев, ѕверот сличен на леопард и ѕверот со рогови како кај јагне, на Јован му беа прикажани земните власти што особено ќе се истакнат во газењето на Божјиот закон и во прогонувањето на Неговиот народ.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 972.в. Поради оваа сила налик на змев, со каква опасност се соочиле црквата и Месијата? Откровение 12:4.„Сатаната се трудел да го продлабочи понорот помеѓу Земјата и Небото и да го стори непремостлив. Со своите лаги ги поттикнувал луѓето уште повеќе да грешат. Неговата цел била да се исцрпи Божјото трпение и да се изгасне Неговата љубов кон човекот, за Бог да го препушти светот да биде под сатанска власт.“ – Копнежот на вековите, 34,35.„Сатаната на небото го мразел Христа поради Неговата положба во Божјите дворови. Тој уште повеќе го замразил Христа, кога самиот го загубил својот трон на Небото. Го мразел Оној, Кој се обврзал да го спаси грешниот човечки род. Сепак, Бог дозволил Неговиот Син беспомошно дете подложно на човечките слабости да дојде во светот, на кој сатаната полагал право на власт. Бог дозволил да се изложи на опасностите што се својствени за секоја човечка душа, да се бори, како што секое човечко дете мора да се бори и да се изложи на опасноста од неуспех и вечна загуба.“ – Копнежот на вековите, 49.
3. ВОЈНА НА НЕБОТО Вторник, 26 мај
а. Кој увид во минатото му беше откриен на Јован и какво е неговото значење? Откровение 12:7–9.„Спротивставувањето на Божјиот закон започна во небесните дворови со Луцифер, херувимот засолнувач. Сатаната реши да биде прв во небесните совети и еднаков со Бога. Своето бунтовничко дело го започна меѓу ангелите што беа под негова власт, настојувајќи меѓу нив да го прошири духот на незадоволство. Делуваше толку измамнички што многу ангели беа придобиени на негова страна уште пред неговите намери целосно да се откријат. Дури ни верните ангели не можеа целосно да го разберат неговиот карактер ниту да согледаат каде води неговото дело. Кога сатаната успеа да придобие мнозина на своја страна, тогаш ја изнесе својата работа пред Бога, претставувајќи ја како наводна желба на ангелите тој да го заземе местото што му припаѓаше на Христос.Злото продолжи да дејствува сè додека духот на незадоволство не прерасна во отворен бунт. Тогаш настана војна на небото и сатаната, заедно со сите што му се придружија, беше исфрлен.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, pp. 972, 973.б. Како изјавата од Откровение 12:10,11 укажува дека последниот чин на Сатаниното исфрлање од небото се одиграл за време на Исусовата земна мисија?„Со пророчко око Христос ги видел сцените што ќе се одиграат во Неговиот последен голем судир. Знаел дека цело небо ќе триумфира кога Тој ќе извика: ‘Се сврши!’ До Неговото уво како веќе да допирала далечната музика и победничките извици од небесните дворови. Знаел дека тогаш ќе заѕвони последното посмртно ѕвоно на сатанското царство и дека Христовото име ќе се разгласи и издигне од планета до планета низ цела вселена.“ — Копнежот на вековите, 679.„Планот на откупувањето имал една подлабока и поширока цел отколку што е спасението на човекот. Христос не дошол на земјата само за тоа жителите на овој мал свет да можат да го посматраат Божјиот закон онака како што треба да се посматра, туку да го прикаже и да го оправда Божјиот карактер и пред жителите на другите светови и пред целата вселена. На тоа мислел Спасителот кога пред своето распнување рекол: ‘Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор. И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе’ (Јован 12:31,32). Христовата смрт за човековото спасение не само што го сторила небото достапно за човекот, туку пред целата вселена го оправдала карактерот на Бога и на неговиот Син во нивната постапка со бунтот што го предизвикал сатаната. Таа го потврдила вечното постоење и непроменливоста на Божјиот закон и ја открила природата на гревот и неговите последици.“ — Патријарси и пророци, 68,69.
4. ВОЈНА НА ЗЕМЈАТА Среда, 27 мај
а. Која сè поголема опасност сега станува закана за Црквата? Откровение 12:12–13.„Сатаната, знаејќи дека царството што го узурпирал на крај ќе му биде одземено, реши да не штеди никакви средства за да уништи што е можно повеќе од суштествата што Бог ги создал по Својот образ. Тој го мразеше човекот затоа што Христос му покажа толку простувачка љубов и милост, па затоа настојуваше со секоја можна измама да го одведе во пропаст. Со уште поголема жестина го следеше својот пат, свесен за безнадежноста на сопствената состојба.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, pp. 973, 974.„Интензитетот на големата борба помеѓу доброто и злото ќе се зголемува до самиот крај. Гневот на сатаната против Христовата црква се манифестирал во сите векови; Бог на Својот народ му ја подарил Својата благодат и Дух, за да го зајакне да може да се спротивстави на силата на злиот непријател. Кога Христовите апостоли требало да го објават Неговото евангелие на светот и да го запишат за сите подоцнежни поколенија, тие биле посебно надарени со просветлување од Светиот Дух. Но, како што црквата се приближува кон своето конечно избавување, така сатаната ќе дејствува со многу поголема сила: ‘Зашто ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време’ (Откровение 12:12). Тој ќе дејствува ‘со секаква сила и знаци и лажни чудеса’ (2 Солунјаните 2:9). Веќе шест илјади години овој генијален ум, кој некогаш бил највозвишен меѓу Божјите ангели, потполно е наклонет кон делото на измама и пропаст. И сета таа сатанска вештина и сето лукавство, и сета свирепост стекната во вековната борба, тој ќе ја употреби против Божјиот народ во конечниот судир. И токму во тоа време на опасност, Христовите следбеници треба да го предупредат светот укажувајќи му на второто Христово доаѓање, за да се подготви еден народ кој при Неговото доаѓање ќе застане пред Него ‘неосквернет и непорочен’ (2 Петрово 3:14). Во тоа време на црквата ќе ѝ биде потребна посебна Божја благодат, не помала од онаа во дните на апостолите.“ — Големата борба, 9.б. Опишете го искуството на црквата во текот на 1260 години угнетување и прогон. Откровение 12:6,14.в. Каква помош беше испратена за да го одбие нападот на човечките сили што змевот имаше намера да ги употреби против верните? Откровение 12:15,16.„Кога во Европа се прочула веста дека постои една земја во која секој може да ги ужива плодовите на својата работа и да живее според уверувањето на сопствената совест, илјадници луѓе се упатиле кон брегот на Новиот свет.“ — Големата борба, 296.
5. ОСТАТОКОТ Четврток, 28 мај
а. Кога гневот на змевот го достигнува својот врв, како се опишани верните? Откровение 12:17.„Гледајќи низ вековите до крајот на светот, Јован вели: ‘Се разгневи змејот на жената, и отиде да војува со остатокот од семето нејзино, кои што ги држат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исуса Христа’. (Откровение 12:7). Некои кои што живеат денес на земјата ќе го видат исполнувањето на тие зборови. Истиот оној дух кој во изминатите векови ги наведувал луѓето да ја прогонуваат вистинската заедницата, ќе направи и во иднина да се применат истите мерки кон оние кои што ќе останат верни на Бога. Веќе се вршат подготовки за последниот голем судир.“ — Пророци и цареви, 605.б. Како одликите на остатокот ја опишуваат црквата во последните денови? Откровение 14:12; 19:10.„Црквата на остатокот ќе Го признае Бога преку Неговиот закон и ќе го има дарот на пророштвото. Послушноста кон Божјиот закон и духот на пророштвото отсекогаш го разликувале вистинскиот Божји народ, а проверката најчесто се гледа во тоа како луѓето се однесуваат кон вистината што Бог ја открива во сегашното време.“ — Loma Linda Messages, p. 33.„Црквата на остатокот ќе биде изложена на тешки искушенија и неволји. Оние кои ги држат Божјите заповеди и верата Исусова, ќе ја почувствуваат на себе лутината на змевот и неговата војска. Сатаната целиот свет го вбројува во своите поданици. Тој ја задобил власта над отпаднатите цркви; меѓутоа, постои една мала група на верни кои не ја признаваат Неговата власт.“ — 9 Сведоштво, 231.„Одбивањето да се послушаат Божјите заповеди и упорноста во негувањето омраза кон оние што ги објавуваат доведуваат до жестока војна од страна на змевот, кој со сите свои сили се бори против Божјиот народ што ги држи Неговите заповеди.“ — 8 Сведоштво, 117.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок, 29 мај
1. Зошто во Библијата црквата е симболизирана со жена?2. Објасни го ризикот што Божјиот Син го презеде за да дојде на земјата како човек.3. Кога исфрлањето на сатаната од небото беше целосно довршено?4. Опиши ја причината за гневот на змевот кон црквата.5. Кои особини ги бараме кога го идентификуваме остатокот?